Контакт

Свет

Пад на светското производство на челик

Објавено пред

Светското производство на челик минатата година паднало за 2,8 отсто, на 1,62 милијарди тони, по петгодишен константен раст.

dobivaj vesti na viber

Според податоците на Светската асоцијација за челик, Кина како најголем потрошувач и произведувач на челик, лани произвела 803,8 милиони тони челик, 2,3 отсто помалку во однос на 2014 година.И покрај тоа, нејзиниот удел во глобалното производство на челик пораснал 0,2 процентни поени на 49,5 отсто, пренесуваат светските агенции.„производството на сиров челик минатата година е намалено во сите региони, освен во Океанија“, се наведува во извештајот на Светската асоцијација за челик.Од оваа Асоцијација уште додаваат дека тоа е прв годишен пад на производството од 2009 година, кога вкупното производство изнесуваше 1,24 милијарди тони.Во октомври минатата година Светската асоцијација за челик прогнозираше раст на глобалната побарувачка на челик во минатата година од 1,7 отсто, по што за оваа година е прогнозирано зголемување на побарувачката за 0,7 отсто.Производството на челик во Јапонија, втор најголем производител во светот, е намалена минатата година пет отсто на 105,2 милиони тони, додека производството во Индија пораснало 2,3 отсто на 83,2 милиони тони.„Европските држави минатата година произвеле 166,2 милиони тони сиров челик, што е пад од 1,8 отсто во однос на 2014“, велат од Светската асоцијација за челик. /крај/он/ст

Свет

(Видео) Трамп до австралискиот амбасадор: Не те сакам и веројатно никогаш нема да те сакам

Објавено пред

Од

Претседателот на САД, Доналд Трамп, му рече на австралискиот амбасадор во САД и поранешен премиер, Кевин Рад, дека не го сака и веројатно никогаш нема да го сака.

dobivaj vesti na viber

Трамп вчера се сретна со сегашниот австралиски премиер, Ентони Албанезе. Политичкиот уредник на австралискиот „Скај њуз“, Ендру Кленел, го праша Трамп зошто требало толку долго време за да се организира состанокот. Тој беше заинтересиран дали има некаква врска со ставот на Австралија за климатските промени, Палестина или изјавите на Рад.

„Не знам ништо за него. Ако рекол нешто лошо, тогаш можеби би сакал да се извини. Дали амбасадорот рекол нешто лошо? Не кажувајте ми. Не сакам да знам. Каде е тој? Дали сè уште работи за вас“, Трамп го праша Албанезе.

Албанезе одговори дека Рад е сè уште амбасадор и покажа кон него. Рад призна дека кажал лоши работи за Трамп пред да стане амбасадор. „Ги повлекувам тие изјави“, рече тој.

„Ни мене не ми се допаѓаш. И веројатно никогаш нема да ми се допаднеш“, рече Трамп.

Во ноември минатата година, откако Рад беше потврден како избор на Албанезе за амбасадор на САД, се појави интервју од 2021 година во кое тој го опиша Трамп како селски идиот. Подоцна се дозна дека Рад избришал некои стари објави на социјалните мрежи во кои го нарекол Трамп предавник на Западот и лудак.

Прикажи повеќе...

Економија

Светските берзи паднаа поради заканата на Трамп за ЕУ

Објавено пред

На светските берзи цените на акциите паднаа минатата недела бидејќи инвеститорите беа загрижени за намалувањето на кредитниот рејтинг на САД, а на пазарите негативно влијаеа и новите закани на Вашингтон за зголемување на царините за увозот од Европската унија.

dobivaj vesti na viber

На Волстрит минатата недела, Dow Jones се лизна за 2,5 отсто, на 41.603 поени, додека S&P 500 падна за 2,6 отсто, на 5.802 поени, а индексот Nasdaq 2,5 отсто, на 18.737 поени.

Од самиот почеток на неделата индексите беа во минус бидејќи агенцијата Мудис го намали кредитниот рејтинг на САД од Ааа на Аа1 поради големиот дефицит на федералниот буџет, високите финансиски трошоци и планираните даночни намалувања.

Јавниот долг на САД е околу 36.200 милијарди долари, а може да се зголеми за уште 3.800 милијарди во следните десет години бидејќи претседателот на САД Доналд Трамп има намера да ги намали даноците. Поради ова, приносите на државните обврзници значително се зголемија, што значи дека владата мора да се задолжува по повисока цена.

Намалувањето на даноците веројатно би ја стимулирало потрошувачката и би го поддржало економскиот раст, но од друга страна, јавниот долг би се зголемил доколку не се намалат државните трошоци. И намалувањето на федералните трошоци, што е еден од приоритетите на Трамп, не оди толку глатко како што најави претседателот. Освен тоа, се чини дека проектот не е доволно добро подготвен.

Сепак, на крајот на неделата, приносите на обврзниците донекаде се стабилизираа, откако Претставничкиот дом на Конгресот тесно го поддржа предлог-законот на Трамп за даночни намалувања, па се уште се чека поддршката од Сенатот.

Но, во петокот, Трамп повторно ги потресе пазарите заканувајќи ѝ се на Европската унија со царини од 50 отсто од 1 јуни, бидејќи не е задоволен од тоа како напредуваат трговските разговори меѓу САД и ЕУ.

И на повеќето европски берзи цените на акциите паднаа минатата недела. Додуша, лондонскиот FTSE индекс зајакна за 0,4 отсто, на 8.717 поени, но франкфуртски DAX се лизна за 0,6 отсто, на 23.629 поени, а париски CAC 1,9 отсто, на 7.734 поени.

Прикажи повеќе...

Економија

Макрон: Албанија за 2 години ќе биде во ЕУ, дојдете и инвестирајте

Објавено пред

Францускиот претседател Емануел Макрон од Тирана упати силна порака до странските инвеститори, повикувајќи ги да дојдат и да вложуваат во Албанија, за која изрази убеденост дека „за две години ќе биде дел од Европската унија“.

dobivaj vesti na viber

Изјавата беше дадена на економскиот форум „Приоритет Европа“, организиран од Институтот „Иницијатива за идни инвестиции“ на Ричард Атијас, кој има за цел да ги поврзе европските лидери и иноватори со големи инвестициски фондови од Блискиот Исток, Азија и САД.

„Албанија е влезна точка за регионот на Балканот и медитеранскиот басен. Европа е стабилно и доверливо место. Во овој луд свет, да не ја потценуваме силата на таквите квалитети“, порача Макрон.

Тој додаде дека премиерот Еди Рама има јасен мандат и посветеност Албанија да ја внесе во ЕУ до 2027 година, а според Макрон, тоа би можело да се случи дури и порано – за две години.

Премиерот Рама, пак, изјави дека неговата земја ги започна преговорите со Европската Унија во 2022 година и дека ако ги завршат сите задачи добро, ќе може да ги затворат преговорите до 2027 година. Ова според Рама би било навистина неверојатно.

Прикажи повеќе...

Најново

Топ1 час

Се претставил како инспектор, изнудил пари од жена за наводна сообраќајка, па бил фатен на граница

СВР Битола, во координација со Одделот за криминалистичка полиција при Бирото за јавна безбедност, поднесе кривична пријава до Основното јавно...

Топ1 час

Пешак се бори за живот на Ургентен во Скопје , малолетник го удрил со автомобил

Малолетник со возило удрил во автомобил и пешак, кој се бори за живот во Ургентен цнетар во Скопје, информираа денеска...

Свет3 часа

Најдено тело на четиригодишно дете кое паднало oд брод со мигранти

Крајбрежната стража на Грција вчеравечер уапси маж кој со брод се обидел да избега додека криумчарел мигранти, додека пак пред...

Свет4 часа

Киев е без греење на минусни температури, Зеленски бара поддршка за воздушна одбрана додека

Украинскиот претседател Володимир Зеленски побара од сојузниците поголема поддршка за воздушна одбрана, бидејќи стотици згради во Киев се без греење...

Македонија8 часа

Безбеден град ќе казнува по 500 евра и една година без возачка за брзо возење

Министерството за внатрешни работи денеска во рамки на проектот „Безбеден град“ ќе спроведува активности за тестирање, калибрација и верификација на...

Македонија9 часа

Да беше жив Тоше Проески денес ќе полнеше 45 години

На денешен ден, 25 јануари 1981 година, е роден Тоше Проески, македонски пејач чиј музички опус и хуман ангажман го направија...

Македонија9 часа

АХВ за една година спровела над 125 илјади контроли и наплатила 618 илјади евра

Над 125 илјади инспекциски контроли од областа на безбедноста на храната и храната за животни, здравствената заштита и благосостојбата на...

Македонија9 часа

Денес може да се дарува крв во чест на хуманоста на Тоше Проески

Во рамките на традиционалните крводарителски акции на Црвениот крст на град Скопје и оваа година ќе се реализира крводарителска акција...

Македонија22 часа

Адвокатката на газда Деко од „Пулс“ бара надлежните да реагираат откако родителите на загинатите деца ја ставија на транспарент

Адвокатката Ивана Коцевска, која е бранител на прво и на третообвинетиот во процесот „Пулс“ денеска излезе со реакција, поради употреба...

Македонија23 часа

Семејствата на загинатите во „Пулс“ со порака: Правдата што доцни не е правда

„Правдата што доцни не е правда“ – ова беше пораката што денеска повторно одекна во Кочани, од блиските на загинатите...

Свет1 ден

Зеленски: Трилатералните разговори беа конструктивни

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека трилатералните разговори меѓу делегациите на Украина, Русија и САД во Абу Даби биле...

Топ1 ден

86-годишна жена од Виница измамена за 30.000 евра, лажен лекар ја довел во заблуда дека ќерката е повредена

Осумдесет и шестгодишна жена од Виница пријавила дека била жртва на телефонска измама во која останала без 30.000 евра, откако...

Свет1 ден

Завршија преговорите меѓу делегациите на Москва, Вашингтон и Киев во Абу Даби

Во Абу Даби предмалку завршија преговорите за безбедноста на Украина  меѓу делегациите на Москва, Вашингтон и Киев, јавијха руските медиуми....

Македонија1 ден

Државата наплати данок од над 2 милиони денари од донациите за настраданите во пожарот во Кочани

Иницијативата „Супорт Кочани“ ја реализираше третата распределба на средства собрани преку заедничката наменска сметка за донации. На лица директно погодени...

Свет1 ден

На минусни температури, 6.000 згради во Киев останаа без греење по синоќешниот руски напад

Речиси 6.000 згради во украинската престолнина Киев останаа без греење по синоќешниот руски напад, изјави градоначалникот на градот, Виталиј Кличко,...

Регион1 ден

Крвава ноќ во Калуѓерица, маж по расправија со девојка се прободел со кујнски нож

Д.Г. (40) се повредил со нож во пределот на стомакот по расправија со девојка. Инцидентот се случил во белградската населба...

Македонија1 ден

Со понудени куќи, булдожери и милионска гаранција конзулот Марковски излезе од притвор

Куќа со двор и 3 стана во Битола, 25 булдожери и камиони, се гаранцијата која ја дал сопственикот на „Марковски...

Македонија2 дена

По денешните протести, Синдикатот на „Македонска пошта“: Надминати се сите проблеми, декемвриската плата е исплатена

Незадоволството на вработените во Македонска Пошта денеска прерасна во организиран протест низ целата држава, а причина за ваквата реакција и...

Европа2 дена

(Видео) Се појавија првите снимки од денешната средба: разговорите меѓу САД, Украина и Русија во Абу Даби ќе продолжат утре

Трилатералните разговори меѓу САД, Украина и Русија, што се одржаа денес во Абу Даби, беа оценети како продуктивни и ќе...

Европа2 дена

(Видео) Зеленски: Разговорот веќе се одржа, долго време немало ваков трилатерален состанок

Украинскиот претседател Володимир Зеленски во своето видео обраќање извести за клучните дипломатски напори, ситуацијата на фронтот, енергетската криза и мерките...