Свет
Падот на цената на нафтата и слабата рубља може да го намалат рускиот буџет за 6 млрд долари

Падот на цената на нафтата и намалувањето на вредноста на рубљата би можеле да го чинат рускиот буџет 331 милијарди рубљи (шест милијарди долари) во 2015 година, го пренесуваат руските медиуми предупредувањето на руската Ревизорска комора.
Проценката на загубените буџетски приходи се темели на актуелната макро-економска прогноза која ја подготви руското министерство за економски развој, рече Татјана Голикова, а пренесе руската новинска агенција Итар-Тасс.
Кон почетокот на декември министерството за економија остро ги намали прогнозите за руската економија, предвидувајќи пад на активностите за 0,8 отсто во наредната година, во контекст на западните санкции поврзани со кризата во Украина и падот на цената на нафтата. Проценка е дека активностите ќе го допрат дното кон средината на наредната година и потоа ќе се тргне кон закрепнување паралелно со цените на нафтата.
Од министерството проценија дека цената на нафтата ќе се врати во распон од 85 до 95 долари.
Цената на нафтата денеска падна на светските берзи на наново најниско ниво во последните пет години, од 66 долари, а во изминатите шест месеци намалени се за околу 40 отсто.
Голикова предупредува дека износот на буџетски приходи во 2015 година би можел да биде и поголем од најавените 331 милијарди рубљи, зависно од исплатата на дивидендата на Роснфгас, државната холдинг компанија мкоја држи удели во Гаспром и Роснефт.
Одвоено Светска банка (СБ) во вторникот прогнозираше дека активности во руската економија ќе се намали во наредната година за 0,7 отсто, предупреди воедно и дека падот би можел да биде поголем доколку цената на нафтата и натаму паѓа. /крај/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Пресврт во трговската војна – САД побараа разговори со Кина

Соединетите Американски Држави се обратија до Кина за да побараат разговори за царините од 145 проценти што ги воведе претседателот Доналд Трамп, а вратата на Пекинг е отворена за разговори, соопшти утрово кинеското Министерство за трговија сигнализирајќи потенцијално ублажување на трговската војна.
„САД треба да бидат подготвени да преземат мерки за да ги исправат погрешните практики и да ги откажат едностраните царини“, соопшти Министерството за трговија додавајќи дека Вашингтон мора да покаже искреност во преговорите.
„Обидот да се искористи разговорот како изговор за принуда и изнуда нема да функционира“, соопшти Министерството за трговија.
Пекинг отворено го изрази својот гнев поради царините за кои вели дека не може да го запрат подемот на втората по големина економија во светот. Тој го фокусира својот гнев на поттикнување на јавната и глобалната осуда на американските ограничувања за увоз.
„Кина сака да се сретне и да разговара за трговија, а разговорите ќе следуваат набргу“, изјави синоќа американскиот државен секретар Марко Рубио за „Фокс њуз“.
„Нашиот министер за финансии Скот Бесент е вклучен во овие напори и нивните дискусии ќе следуваат набргу“, рече тој додавајќи дека прашањето е колку САД треба да купуваат од Кина во иднина.
Трамп завчера изјави дека верува оти постои многу голема шанса неговата администрација да постигне договор со Кина.
Тој го изјави ова неколку часа откога кинескиот претседател Шји Џјинпинг ги повика официјалните лица да преземат мерки за приспособување кон промените во меѓународната средина, без конкретно да ги спомене САД.
Економија
Скок на берзите по објавата на Трамп за стопирање на царините

Берзите силно растат по објавата на претседателот на САД, Доналд Трамп, за стопирање на царините.
Брз поглед на тоа како некои клучни индекси на Волстрит пораснале:
Dow Jones порасна за 5,76 отсто
S&P 500 порасна за 6,46 отсто
Nasdaq порасна за 8,04 отсто
Од вчерашното затворање на пазарот, омпаниите од S&P 500 изгубија пазарна вредност од 5,8 трилиони долари од објавувањето на тарифите на Трамп минатата среда. Тоа е најдлабоката загуба од четири дена од основањето на индексот во 1950-тите, според податоците на „ЛСЕГ“.
Економија
Германија тврди дека трговската војна би била штетна и за САД

Италијанската премиерка, Џорџа Мелони, предупреди на опасностите од трговската војна со Соединетите Американски Држави, а сега слично предупредување доаѓа и од Германија.
Германија, најголемата европска економија и трета по големина во светот според податоците на Светската банка, предупредува дека реципрочните тарифи ќе бидат штетни за сите инволвирани страни пред објавувањето на новите царини подоцна денеска од страна на Трамп.
„Трошоците за трговска војна не паѓаат само на едната страна, туку може да станат скапи за двете страни“, рече владиниот портпарол Штефен Хебестрајт.
Тој додаде дека Берлин е „подготвен да преговара на европско ниво со Соединетите Американски Држави“ за да не биде вовлечен во трговска војна.
Германската економија е многу зависна од извозот, особено од возилата и автоделовите. Според податоците на германската влада, минатата година биле извезени приближно 3,4 милиони нови автомобили, од кои околу 13 проценти биле увезени во САД.