Контакт

Свет

Почина американскиот милијардер Кирк Керкорјан

Објавено пред

Американскиот милијардер Кирк Керкорјан, ткн крал на Лос Анџелес, поранешен холивудски магнат, починал во вторникот во 98-та година, објави портпаролот на компанијата „Metro-Goldwin-Mayer (MGM)“.

dobivaj vesti na viber

Роден на 6-ти јуни 1917 година во Калифорнија во семејство на ерменски имигранти, ги напуштил образованието и започнал да работи како доставувач на весници, чувар во куглана и аматерски боксер.

Во текот на Втората светска војна им се приклучил на канадските Кралски воздухопловни сили, а потоа бидејќи одел во воздухопловна школа и бил пилот инструктор основал компанија за приватни авиони кои ги поврзувале Лос Анџелес и Лас Вегас, чијашто продажба во 1968 година му овозможила да заработи 85 милиони долари.

Во меѓувреме во 1962 година купува триесет хектари во Лас Вегас каде што во шеесеттите години од минатиот век гради три огромни хотели-казина и откупува повеќе други, меѓу кои и компанијата „Mirage“ во 2000. Меѓу нејзините ограноци се „MGM Grand“ и „Bellagio“. Во 2005 година го проширува своето царство на игри на среќа откупувајќи ја за речиси осум милијарди долари групацијата хотели-казина од „Mandalay Resort“.

Керкорјан имаше уште две страсти – филмот и автомобилите. Така во 1969 година ги откупува холивудските филмски студија MGM кои ги спои со студијата „United Artists“. Во 1990-те станува и главен акционер на автомобилскиот гигант „Chrysler“ од кој се повлече по спојувањето со „DaimlerBenz“, но од тоа спојување и тој извлече убава финансиска полза.

Во март 2015 година, финансискиот магазин Forbes го процени неговото богатство на четири милијарди американски долари.

Керкор „Кирк“ Киркорјан беше познат по дискретниот начин на живот, ги избегнуваше интервјуата, поради што го споредуваа со легендарниот милијардер Хауард Хјуз. Зад себе имаше повеќе бракови, но во информациите за неговата смрт и оние кои ги остава зад себе се споменуваат само три ќерки и тројца внуци./крај/мф/сн

Извор: Макфакс



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет

Пресврт во трговската војна – САД побараа разговори со Кина

Објавено пред

Од

Соединетите Американски Држави се обратија до Кина за да побараат разговори за царините од 145 проценти што ги воведе претседателот Доналд Трамп, а вратата на Пекинг е отворена за разговори, соопшти утрово кинеското Министерство за трговија сигнализирајќи потенцијално ублажување на трговската војна.

dobivaj vesti na viber

„САД треба да бидат подготвени да преземат мерки за да ги исправат погрешните практики и да ги откажат едностраните царини“, соопшти Министерството за трговија додавајќи дека Вашингтон мора да покаже искреност во преговорите.

„Обидот да се искористи разговорот како изговор за принуда и изнуда нема да функционира“, соопшти Министерството за трговија.

Пекинг отворено го изрази својот гнев поради царините за кои вели дека не може да го запрат подемот на втората по големина економија во светот. Тој го фокусира својот гнев на поттикнување на јавната и глобалната осуда на американските ограничувања за увоз.

„Кина сака да се сретне и да разговара за трговија, а разговорите ќе следуваат набргу“, изјави синоќа американскиот државен секретар Марко Рубио за „Фокс њуз“.

„Нашиот министер за финансии Скот Бесент е вклучен во овие напори и нивните дискусии ќе следуваат набргу“, рече тој додавајќи дека прашањето е колку САД треба да купуваат од Кина во иднина.

Трамп завчера изјави дека верува оти постои многу голема шанса неговата администрација да постигне договор со Кина.

Тој го изјави ова неколку часа откога кинескиот претседател Шји Џјинпинг ги повика официјалните лица да преземат мерки за приспособување кон промените во меѓународната средина, без конкретно да ги спомене САД.

Прикажи повеќе...

Економија

Скок на берзите по објавата на Трамп за стопирање на царините

Објавено пред

Берзите силно растат по објавата на претседателот на САД, Доналд Трамп, за стопирање на царините.

dobivaj vesti na viber

Брз поглед на тоа како некои клучни индекси на Волстрит пораснале:

Dow Jones порасна за 5,76 отсто
S&P 500 порасна за 6,46 отсто
Nasdaq порасна за 8,04 отсто

Од вчерашното затворање на пазарот, омпаниите од S&P 500 изгубија пазарна вредност од 5,8 трилиони долари од објавувањето на тарифите на Трамп минатата среда. Тоа е најдлабоката загуба од четири дена од основањето на индексот во 1950-тите, според податоците на „ЛСЕГ“.

Прикажи повеќе...

Економија

Германија тврди дека трговската војна би била штетна и за САД

Објавено пред

Италијанската премиерка, Џорџа Мелони, предупреди на опасностите од трговската војна со Соединетите Американски Држави, а сега слично предупредување доаѓа и од Германија.

dobivaj vesti na viber

Германија, најголемата европска економија и трета по големина во светот според податоците на Светската банка, предупредува дека реципрочните тарифи ќе бидат штетни за сите инволвирани страни пред објавувањето на новите царини подоцна денеска од страна на Трамп.

„Трошоците за трговска војна не паѓаат само на едната страна, туку може да станат скапи за двете страни“, рече владиниот портпарол Штефен Хебестрајт.

Тој додаде дека Берлин е „подготвен да преговара на европско ниво со Соединетите Американски Држави“ за да не биде вовлечен во трговска војна.

Германската економија е многу зависна од извозот, особено од возилата и автоделовите. Според податоците на германската влада, минатата година биле извезени приближно 3,4 милиони нови автомобили, од кои околу 13 проценти биле увезени во САД.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија9 минути

Судот – мафија!, извика таткото на Кулакова по пресудата од 12 години затвор за Јованов

„Судот – мафија“ извика таткото на Фросина, Тодор Кулаков, по изрекувањето на пресудата за Васил Јованов. На 20-годишниот Јованов, кој...

Македонија16 минути

Дванаесет години затвор за Васил Јованов, кој ја усмрти Кулакова на пешачки премин

Судот изрече 12 години затворска казна за 20-годишниот Васил Јованов, кој смртно ја прегази Фросина Кулакова на пешачки премин. Јованов...

Македонија2 часа

МВР со апел до граѓаните: Внимавајте на лажни е-пораки – фишинг-линкови, се злоупотребуваат имињата на повеќе македонски компании

Секторот за компјутерски криминал при Бирото за јавна безбедност на Министерството за внатрешни работи периодов констатираше зачестена појава на така...

Европа3 часа

Со какви санкции му се заканува ЕУ на Путин?

Главните европски сојузници на Украина ја повикаа Русија на безусловно 30-дневно примирје и се заканија со нови санкции, според заедничкото...

Македонија3 часа

Несреќа на патниот правец Берово – Виница, сообраќајот во прекин

АМСМ извести дека се случила сообраќајна незгода на патниот правец Берово – Виница, кај село Будинарци. Поради незгодата од 07:30...

Свет4 часа

(Видео) Трамп: ЕУ игра повалкано од Кина

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера повторно ја нападна Европската Унија, велејќи дека е полоша од Кина во многу аспекти, само...

Свет4 часа

Кинескиот претседател по договорот со Трамп: Малтретирањето води до самоизолација

Кинескиот лидер Кси Џинпинг ги осуди малтретирањето и хегемонијата во своето прво јавно појавување откако САД и Кина постигнаа привремен...

Македонија4 часа

Опожарено возило во Аеродром

Во периодот од 01:40 до 02:40 часот, пожарникарите гаснеле запалено патничко моторно возило, на површина од 2м2 на булеварот Видое...

Свет5 часа

(Видео) Трогателна средба: Еден Александар го прегрнува своето семејство откога Хамас го ослободи

Израелско-американскиот заложник Еден Александар се врати на своето семејство во Израел откога помина 19 месеци во заробеништво на Хамас во...

Европа5 часа

Ултиматумот на Европската Унија до Путин и Русија истече

Украина и европските лидери се согласија на безусловно примирје во траење од 30 дена, почнувајќи од 12 мај, со поддршка...

Македонија13 часа

Одиме во опозиција, доколку има сомнежи во тие што се во Владата, нема што да бараме таму, соопшти Таравари

Минатата година со гордост ја донесовме промената во албанскиот блок после 20 години и за тоа сме многу гроди, изјави...

Свет15 часа

Зеленски: Ќе бидам во Турција, се надевам дека ќе дојдат и Путин и Трамп

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека ќе отпатува во Истанбул на мировни преговори и дека е подготвен да се сретне...

Свет17 часа

Орбан: Никој не се осмелува да признае, но ја загубивме војната во Украина

Зapaдната стратегија насочена кон уништување на Русија не успеа, санкциите не ја постигнаа својата цел, а Русија ја спречи Украина...

Македонија23 часа

Левицата предлага инспекторат кој ќе казнува за непочитување на грбот, знамето и химната: МВР реагира за сквернавење, но не влегува во канцеларии

Партијата Левица оваа недела ќе поднесе предлог-закон за формирање инспекторат за употреба на грбот, знамето и химната на државата, како...

Македонија23 часа

Мицкоски: Државата беше во слободно паѓање, ни требаше стабилизација во оваа прва година

Премиерот, Христијан Мицкоски, на денешниот Самит 2025 во организација на „Македонија 2025“ истакна дека првиот ден од стапување на функцијата...

Економија23 часа

Се зголемуваат цените на бензините, се намалува на дизелот

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука...

Македонија1 ден

СДСМ: Филипче нема никави инвестиции, ниту имот во ОАЕ

„ВМРО-ДПМНЕ во целосна безидејност продолжува да лаже иако претседателот на СДСМ, Венко Филипче јасно кажа дека не поседува никакви инвестиции...

Свет1 ден

Масовни апсења деца во Европа, планирале терористички напади врз концертни сали и верски објекти

Вештачката интелигенција, колку и да е корисна, е сè повеќе фактор во радикализацијата на младите луѓе, што го покажуваат случаите...

Свет1 ден

САД и Кина постигнаа договор

САД И Кина се согласија за значително намалување на царините за стоките меѓусебно за период од 90 дена, по разговорите...

Македонија1 ден

Независниот синдикат на полицијата најави протест: Основната плата не може да биде под минималната во државата

Независниот синдикат на полицијата денеска со почеток од 12.00 часот на раскрсницата Мавровка кај судовите ќе одржи полициски протест. „Полициската...