Свет
Подобрена економската клима во ЕУ во октомври

Економската клима во 28-те земји членки на Европската унија благо е подобрена во октомври, по четиримесечниот период на стагнација и влошување, покажува извештајот на Европската комисија објавен во четвртокот.
Економската клима во 28-те земји членки на Европската унија благо е подобрена во октомври, по четиримесечниот период на стагнација и влошување, покажува извештајот на Европската комисија објавен во четвртокот.
Индексот на економската клима (ESI) пораснал во октомври во рамките на целата Европска унија за благите 0,5 процентни поени, на 104 поени. Тоа е првиот негов почувствителен раст од март 2014 година, кога беше зголемен за еден поен.
Очекувањата се подобрени во индустријата, како и во градежниот и услужниот сектор, а поголем оптимизам искажале и потрошувачите. Влошувањето е забележано само во малопродажбата, покажува истражувањето на Европската комисија.
Позначително зголемување на индексот на ниво на ЕУ го закочи Велика Британија чиј индекс е намален за 2,1 поен. Значителна поддршка, пак, му пружила Полска чиј ESI e зголемен за 2,9 поени.
Економската клима во октомври е подобрена и во 18-члената еврозоната, со раст на соодветниот индекс за 0,8 поени, на 100,7 поени, што значи дека е малку над долгорочниот просек. Притоа, меѓу големите економии најголем раст на индексот забележала Франција за 1,1 поен, па следуваат Германија со зголемувањето на индексот ESI за 0,6 поени и Италија со 0,5 отсто.
Во одвоен извештај Европска комисија утврди дека деловната клима во еврозоната во октомври останала непроменета во однос на септември, со раст на соодветниот индекс за 0,05 поени, од 0,02 поени колку што изнесуваше минатиот месец. Притоа очекувањата на менаџерите во поглед на производството и извозните нарачки се подобрени, додека оцените за резервите од финализираните производи и досегашното производство останаа речиси непроменети./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Пресврт во трговската војна – САД побараа разговори со Кина

Соединетите Американски Држави се обратија до Кина за да побараат разговори за царините од 145 проценти што ги воведе претседателот Доналд Трамп, а вратата на Пекинг е отворена за разговори, соопшти утрово кинеското Министерство за трговија сигнализирајќи потенцијално ублажување на трговската војна.
„САД треба да бидат подготвени да преземат мерки за да ги исправат погрешните практики и да ги откажат едностраните царини“, соопшти Министерството за трговија додавајќи дека Вашингтон мора да покаже искреност во преговорите.
„Обидот да се искористи разговорот како изговор за принуда и изнуда нема да функционира“, соопшти Министерството за трговија.
Пекинг отворено го изрази својот гнев поради царините за кои вели дека не може да го запрат подемот на втората по големина економија во светот. Тој го фокусира својот гнев на поттикнување на јавната и глобалната осуда на американските ограничувања за увоз.
„Кина сака да се сретне и да разговара за трговија, а разговорите ќе следуваат набргу“, изјави синоќа американскиот државен секретар Марко Рубио за „Фокс њуз“.
„Нашиот министер за финансии Скот Бесент е вклучен во овие напори и нивните дискусии ќе следуваат набргу“, рече тој додавајќи дека прашањето е колку САД треба да купуваат од Кина во иднина.
Трамп завчера изјави дека верува оти постои многу голема шанса неговата администрација да постигне договор со Кина.
Тој го изјави ова неколку часа откога кинескиот претседател Шји Џјинпинг ги повика официјалните лица да преземат мерки за приспособување кон промените во меѓународната средина, без конкретно да ги спомене САД.
Економија
Скок на берзите по објавата на Трамп за стопирање на царините

Берзите силно растат по објавата на претседателот на САД, Доналд Трамп, за стопирање на царините.
Брз поглед на тоа како некои клучни индекси на Волстрит пораснале:
Dow Jones порасна за 5,76 отсто
S&P 500 порасна за 6,46 отсто
Nasdaq порасна за 8,04 отсто
Од вчерашното затворање на пазарот, омпаниите од S&P 500 изгубија пазарна вредност од 5,8 трилиони долари од објавувањето на тарифите на Трамп минатата среда. Тоа е најдлабоката загуба од четири дена од основањето на индексот во 1950-тите, според податоците на „ЛСЕГ“.
Економија
Германија тврди дека трговската војна би била штетна и за САД

Италијанската премиерка, Џорџа Мелони, предупреди на опасностите од трговската војна со Соединетите Американски Држави, а сега слично предупредување доаѓа и од Германија.
Германија, најголемата европска економија и трета по големина во светот според податоците на Светската банка, предупредува дека реципрочните тарифи ќе бидат штетни за сите инволвирани страни пред објавувањето на новите царини подоцна денеска од страна на Трамп.
„Трошоците за трговска војна не паѓаат само на едната страна, туку може да станат скапи за двете страни“, рече владиниот портпарол Штефен Хебестрајт.
Тој додаде дека Берлин е „подготвен да преговара на европско ниво со Соединетите Американски Држави“ за да не биде вовлечен во трговска војна.
Германската економија е многу зависна од извозот, особено од возилата и автоделовите. Според податоците на германската влада, минатата година биле извезени приближно 3,4 милиони нови автомобили, од кои околу 13 проценти биле увезени во САД.