Свет
Полска бара ЕУ да се жали до СТО поради руското ембарго
Полска побарала од Европската комисија (ЕК) да упати формална жалба до Светската трговска организација (СТО) за руското ембарго за увоз на прехранбени производи од ЕУ, соопштиле од полското министерство за економија, пренесува EurActiv.
Полска побарала од Европската комисија (ЕК) да упати формална жалба до Светската трговска организација (СТО) за руското ембарго за увоз на прехранбени производи од ЕУ, соопштиле од полското министерство за економија, пренесува EurActiv.
Досега Комисијата беше внимателна околу одлуката да се жали поради ембаргото до СТО, бидејќи според правните совети кои биле упатени до Брисел, состојбата би можела да доведе до трговска војна со Русија поради Украина.
На 7-ми август Русија воведе забрана за увоз на прехранбени производи од ЕУ, вклучувајќи и овошје и зеленчук од Полска. Извозот на Полска кон Русија годишно вреди околу 1,13 милијарди евра, а како втор најголем произведувач на јаболка во Унијата, на Полска сега и’ останаа околу 700 илјади тони јаболка, планирани за продажба на Русија. Забраната од страна на Русија беше изречена како одговор на западните економски санкции кон Русија поради присоединувањето на полуостровот Крим , што Западот го смета за анексија на украинска територија.
Од полското министерство за економија за Reuters изјавиле дека испратиле барање до еврокомесарот за трговија Карел де Гухт, кој ја преставува ЕУ во сите случаи кои се водат во СТО.
По состанокот со Де Гухт во вторникот, полскиот министер за земјоделство Марек Савицки изјави дека во моментов се водат прелиминарни консултации меѓу земјите членки на ЕУ и дека првичните одлуки околу тужбата би требало да се донесат до 12-ти септември.
„Мислењата на САД, Австралија и Канада, исто така, ќе бидат важни. Вицепремиерот Јануш Пиехочински ќе разговара со овие земји“, изјавил Савицки.
Доколу СТО пресуди во корист на жалбата на Европската комисија, тогаш би можела да ја казни Русија поради прекршување на правилата на слободниот пазар./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Турција ѝ нуди помош на Европа, 10 милијарди кубни метри гас годишно преку балканскиот гасовод
Турскиот министер за енергетика, Алпарслан Бајрактар, изјави дека Турција е подготвена да и испорачува на Европа до 10 милијарди кубни метри природен гас годишно преку балканскиот гасовод, но само доколку европските земји покажат политичка волја и вложат во потребните инфраструктурни врски.
„Турција е подготвена да придонесе повеќе за енергетската безбедност на Европа. Доколку Европа покаже политичка волја и посветеност, и се направат дополнителни инвестиции во меѓусебните врски, ќе можеме да извезуваме до 10 милијарди кубни метри гас годишно во Централна и Источна Европа преку балканскиот гасовод“, истакна Бајрактар во интервју за јапонското економско издание „Никеи“.
Изјавата на турскиот министер доаѓа по прекинот на транзитот на рускиот гас преку Украина, кој беше значаен дел од снабдувањето на Европа.
Транзитниот договор меѓу Русија и Украина истече на 1 јануари годинава, а Киев одби да преговара за продолжување на договорот поради тековната воена агресија на Русија врз Украина. Ова предизвика сериозни прашања за идното снабдување со природен гас во Европа и можноста Турција да стане клучен играч во енергетската стабилност на регионот.
Економија
Македонците од ова лето ќе плаќаат повеќе, Грција ги зголеми туристичките такси
Грција од оваа година ќе ги зголеми таксите за туристите, со цел да генерира средства за подобрување на инфраструктурата и промоција на одржлив туризам. Според информации објавени на порталот „Шенген њуз“, туристите кои ќе посетат Грција ќе плаќаат дневен данок од 2 евра, што претставува значително зголемување во однос на досегашните 0,5 евра. Во периодот од април до октомври, во текот на ударната туристичка сезона, таксата ќе се зголеми на 8 евра.
Зголемување на таксите се очекува и за сместувањето. Така, за хотелите со една и две ѕвезди, како и за изнајмување соби, ќе се плаќа 2 евра, наместо досегашните 1,5 евра. Во хотелите со три ѕвезди ќе се плаќаат 2 евра повеќе, додека госите во хотелите со четири ѕвезди ќе платат 10 евра наместо 7. Најголемо поскапување ќе биде за хотелите со пет ѕвезди и вилите, каде што таксата ќе порасне од 10 на 15 евра.
Исто така сместувањето преку „Airbnb“ ќе биде поскапено, со такса од 2 евра во зимските месеци и 8 евра во летните месеци, се очекува и зголемување на таксите за туристите кои ќе одлучат да патуваат со крстарење. Прогнозите велат дека Грција ќе биде домаќин на 8 милиони туристи во 2025 година.
Како дел од новите такси, посетителите на Санторини и Миконос ќе треба да плаќаат по 20 евра, додека за останатите острови, вклучувајќи ја и Атина, таксата ќе изнесува 5 евра на ден. За споредба, иако Миконос има само 12.000 жители, секој ден го посетуваат до 20.000 туристи, што го прави островот едно од најпопуларните дестинации.
Промените беа најавени во септември од страна на грчкиот премиер Киријакос Мицотакис, кој истакна дека се очекува приходот од зголемените такси да изнесува 600 милиони евра. Овие средства ќе бидат насочени кон фондот за санација на штетите предизвикани од климатските промени.
Свет
Ердоган ветува поддршка за сирискиот народ по падот на Асад
По пауза од 12 години, Турција повторно ја отвори својата амбасада во сирискиот главен град Дамаск. Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека неговата земја ќе го поддржи сирискиот народ во процесот на обновување и закрепнување, оценувајќи дека Турција ќе продолжи да биде клучен фактор за стабилност во регионот.
На провинцискиот конгрес на Партијата на правдата и развојот, Ердоган истакна дека сирискиот народ извојувал значајна победа со соборувањето на режимот на Башар ал Асад. Потсети и дека Турција пред 13 години ги отворила своите граници за милиони бегалци од Сирија, обезбедувајќи засолниште за околу четири милиони луѓе кои побегнале од конфликтот.
„Турција останува како остров на стабилност среде хаосот и превирањата во регионот“, рече Ердоган, истакнувајќи ја улогата на неговата земја во решавањето на регионалните кризи.
Денеска, турското знаме повторно се вее пред зградата на амбасадата во Дамаск, лоцирана во дипломатскиот кварт. За привремен вршител на должност на амбасадор е назначен Бурхан Короглу, кој досега беше амбасадор на Турција во Мавританија.
Амбасадата на Турција ја прекина својата работа на 26 март 2012 година, поради влошувањето на односите меѓу Анкара и режимот на Асад, но со денешното отворање, активностите се официјално обновени.