Контакт

Свет

Путин и Ердоган ја потврдија целта за трговска размена од 100 млрд долари

Објавено пред

Претседателите на Русија и на Турција, Владимир Путин и Реџеп Тајип Ердоган, на разговорот зад затворени врати во азербејџанската престолнина Баку, ја потврдиле стратешката определба на двете земји за зголемување на трговската размена меѓу нивните две земји до 100 милијарди американски долари, изјави во саботата портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

dobivaj vesti na viber

„Беа разменети мислења за речиси целиот спектар на билатералните односи, вклучително и конкретните прашања, како што се трговијата и економската соработка, ја истекнаа целокупната позитивна динамика во односите, иако е познато дека во 2014 година имаше мало намалување на вкупниот обем. Во принцип, тоа е поврзано со општата криза, и потврдено е заемната цел да нема откажување од претходно декларираната стратешка цел во скора иднина трговијата да достигне до 100 милијарди долари“, рече Песков.

Ердоган притоа го информирал рускиот колега за текот на формирањето на новата турска влада, откако неговата Партија на правдата и развојот (АКР) не успеа да го освои двотретинското мнозинство и оствари слаб резултат во однос на претходните дванаесет години од владеењето.

Путин и Ердоган, кои разговорите ги водеа без присуство на медиумите, разговарале и со гасоводниот проект „Турски тек“, изградбата на нуклеарната централа „Акују“, ситуацијата во Украина, и други прашања, додаде Песков. Портпаролот на Кремљ потврдил дека проектот „Турски тек“, како и градењето на нуклеарката, биле дискутирани „во контекстот на енергетскиот дијалог меѓу двете земји“. „Беа утврдени техничките проблеми, кои секогаш го следат големите проекти“, рече Песков.

Во составот на руската делегација рускиот претседател го придружувале на разговорите, помошникот на Путин, Јуриј Ушаков, шефот на дипломатијата Сергеј Лавров, министерот за енергетика Александар Новак, челниците на државните енергетски компании „Росатом“ и „Газпром“, Сергеј Киријенко односно Алексеј Милер./крај/мф/сн

Извор: РИА Новости

Економија

Светските берзи паднаа поради заканата на Трамп за ЕУ

Објавено пред

На светските берзи цените на акциите паднаа минатата недела бидејќи инвеститорите беа загрижени за намалувањето на кредитниот рејтинг на САД, а на пазарите негативно влијаеа и новите закани на Вашингтон за зголемување на царините за увозот од Европската унија.

dobivaj vesti na viber

На Волстрит минатата недела, Dow Jones се лизна за 2,5 отсто, на 41.603 поени, додека S&P 500 падна за 2,6 отсто, на 5.802 поени, а индексот Nasdaq 2,5 отсто, на 18.737 поени.

Од самиот почеток на неделата индексите беа во минус бидејќи агенцијата Мудис го намали кредитниот рејтинг на САД од Ааа на Аа1 поради големиот дефицит на федералниот буџет, високите финансиски трошоци и планираните даночни намалувања.

Јавниот долг на САД е околу 36.200 милијарди долари, а може да се зголеми за уште 3.800 милијарди во следните десет години бидејќи претседателот на САД Доналд Трамп има намера да ги намали даноците. Поради ова, приносите на државните обврзници значително се зголемија, што значи дека владата мора да се задолжува по повисока цена.

Намалувањето на даноците веројатно би ја стимулирало потрошувачката и би го поддржало економскиот раст, но од друга страна, јавниот долг би се зголемил доколку не се намалат државните трошоци. И намалувањето на федералните трошоци, што е еден од приоритетите на Трамп, не оди толку глатко како што најави претседателот. Освен тоа, се чини дека проектот не е доволно добро подготвен.

Сепак, на крајот на неделата, приносите на обврзниците донекаде се стабилизираа, откако Претставничкиот дом на Конгресот тесно го поддржа предлог-законот на Трамп за даночни намалувања, па се уште се чека поддршката од Сенатот.

Но, во петокот, Трамп повторно ги потресе пазарите заканувајќи ѝ се на Европската унија со царини од 50 отсто од 1 јуни, бидејќи не е задоволен од тоа како напредуваат трговските разговори меѓу САД и ЕУ.

И на повеќето европски берзи цените на акциите паднаа минатата недела. Додуша, лондонскиот FTSE индекс зајакна за 0,4 отсто, на 8.717 поени, но франкфуртски DAX се лизна за 0,6 отсто, на 23.629 поени, а париски CAC 1,9 отсто, на 7.734 поени.

Прикажи повеќе...

Економија

Макрон: Албанија за 2 години ќе биде во ЕУ, дојдете и инвестирајте

Објавено пред

Францускиот претседател Емануел Макрон од Тирана упати силна порака до странските инвеститори, повикувајќи ги да дојдат и да вложуваат во Албанија, за која изрази убеденост дека „за две години ќе биде дел од Европската унија“.

dobivaj vesti na viber

Изјавата беше дадена на економскиот форум „Приоритет Европа“, организиран од Институтот „Иницијатива за идни инвестиции“ на Ричард Атијас, кој има за цел да ги поврзе европските лидери и иноватори со големи инвестициски фондови од Блискиот Исток, Азија и САД.

„Албанија е влезна точка за регионот на Балканот и медитеранскиот басен. Европа е стабилно и доверливо место. Во овој луд свет, да не ја потценуваме силата на таквите квалитети“, порача Макрон.

Тој додаде дека премиерот Еди Рама има јасен мандат и посветеност Албанија да ја внесе во ЕУ до 2027 година, а според Макрон, тоа би можело да се случи дури и порано – за две години.

Премиерот Рама, пак, изјави дека неговата земја ги започна преговорите со Европската Унија во 2022 година и дека ако ги завршат сите задачи добро, ќе може да ги затворат преговорите до 2027 година. Ова според Рама би било навистина неверојатно.

Прикажи повеќе...

Свет

Пресврт во трговската војна – САД побараа разговори со Кина

Објавено пред

Од

Соединетите Американски Држави се обратија до Кина за да побараат разговори за царините од 145 проценти што ги воведе претседателот Доналд Трамп, а вратата на Пекинг е отворена за разговори, соопшти утрово кинеското Министерство за трговија сигнализирајќи потенцијално ублажување на трговската војна.

dobivaj vesti na viber

„САД треба да бидат подготвени да преземат мерки за да ги исправат погрешните практики и да ги откажат едностраните царини“, соопшти Министерството за трговија додавајќи дека Вашингтон мора да покаже искреност во преговорите.

„Обидот да се искористи разговорот како изговор за принуда и изнуда нема да функционира“, соопшти Министерството за трговија.

Пекинг отворено го изрази својот гнев поради царините за кои вели дека не може да го запрат подемот на втората по големина економија во светот. Тој го фокусира својот гнев на поттикнување на јавната и глобалната осуда на американските ограничувања за увоз.

„Кина сака да се сретне и да разговара за трговија, а разговорите ќе следуваат набргу“, изјави синоќа американскиот државен секретар Марко Рубио за „Фокс њуз“.

„Нашиот министер за финансии Скот Бесент е вклучен во овие напори и нивните дискусии ќе следуваат набргу“, рече тој додавајќи дека прашањето е колку САД треба да купуваат од Кина во иднина.

Трамп завчера изјави дека верува оти постои многу голема шанса неговата администрација да постигне договор со Кина.

Тој го изјави ова неколку часа откога кинескиот претседател Шји Џјинпинг ги повика официјалните лица да преземат мерки за приспособување кон промените во меѓународната средина, без конкретно да ги спомене САД.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија32 минути

Османи: Владата направи огромна грешка што го постави јазикот како алатка за популистичка егзибиција, време е да се престане со националистичко родео

Владата направи огромна грешка што го постави јазикот како алатка за дневна политика и популистичка егзибиција. Со тоа тие ја...

Топ1 час

Претходно осудувано лице: скопјанецот кој го усмрти пешакот со мотоцикл, немал возачка дозвола

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 25-годишен скопјанец, осомничен за -Тешки дела против безбедноста на...

Топ2 часа

МНР со детали за несреќата во Србија: загинатиот Македонец има 39 години, тешко повреден е уште еден македонски државјанин

МНР соопшти дека до Амбасадата на Република Северна Македонија во Белград е доставена информација за сообраќајна незгода. Според соопштението несреќата...

Македонија3 часа

МВР со апел до граѓаните: да не отвораат линкови од СМС пораки, можат да бидат цел на криминални групи

Секторот за компјутерски криминал при Министерството за внатрешни работи, ги информира граѓаните дека во изминатиот период се забележани зголемен број...

Македонија4 часа

Јаневска: Во изминатите седум години имаме 17.000 ученици и 7.000 студенти помалку, се празнат училниците

Во седум изминати години имаме 17.000 ученици и 7.000 студенти помалку. Училниците и амфитеатрите се празнат. Ако тоа не се...

Македонија5 часа

Предлогот на Мицкоски за даночење на самците кореспондира со идеите од авторитарни режими, реагира Мрежата за заштита од дискриминација

За време на настанот „Демографски трендови, предизвици и можни решенија – Развој на стратешки документи за демографска отпорност“, претседателот на...

Топ6 часа

Драма во Шуто Оризари – насилници со палки, боксови и со клоци претепале вработен во „Водовод“

Тројца насилници со железни и дрвени палки, клоци и боксови претепале вработен во „Водовод“ пред пунктот на претпријатието во Шуто...

Македонија8 часа

Поднесено обвинение против директорот на болницата за геријатрија за примање поткуп од 20.000 евра

Обвинителството поднесе обвинение против директорот на ЈЗУ Специјализирана болница за геријатриска и палијативна медицина во Скопје, Мухсин Арифи, и уште за...

Македонија8 часа

Владата размислува да ги даночи немажените и неженетите, рече Мицкоски

Владата размислува за дополнителни даноци за немажени и за неженети, соопшти премиерот Христијан Мицкоски говорејќи дека е време за држава во...

Македонија9 часа

Од денеска до вторник топлотен бран во Македонија, се активираат препораките за заштита на населението

Министерството за здравство ја информира јавноста дека во согласност со прогнозите од УХМР и врз основа на акцискиот план за...

Топ9 часа

Уапсен 42-годишник од Радовишко, силувал 77-годишна жена

На втори јули, во 17 часот полициски службеници од СВР Струмица- ОВР Радовиш го лишиле од слобода 42-годишниот А.С. од...

Топ10 часа

39-годишен Македонец е загинатиот во несреќата во Србија

Во сообраќајна несреќа што се случи рано утрово на автопатот Нови Сад – Суботица загина македонски државјанин, додека друг се...

Македонија11 часа

Најголем интересот за студии по медицина и социјална заштита, порасна бројот на запишани студенти за една година

Во академската 2024/2025 година се запишале 53.535 студенти, што претставува зголемување од 2,3 процента во однос на претходната година. Според...

Регион11 часа

(Видео) Студенти уапсени на ливада пред Факултетот за драмски уметности во Белград

Белград, Нови Сад и Ниш денес ќе бидат целосно блокирани, најавија студентите на големите собири синоќа. Žandarmerija u Cvijićevoj. pic.twitter.com/IEpLk4p9d8...

Свет12 часа

(Видео) Трамп: Не постигнав никаков напредок во разговорот со Путин

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера им изјави на новинарите дека не постигнал никаков напредок во врска со завршувањето на војната...

Европа13 часа

(Видео) Брутален руски напад врз Киев по разговорите Путин – Трамп

Руските сили започнаа повеќечасовен ракетен и беспилотен напад врз украинскиот главен град Киев во текот на ноќта, насочен кон станбени...

Регион14 часа

(Видео) Студентите: Тотална блокада на Србија наутро; Вучиќ: Ве молам, вразумете се

Белград, Нови Сад и Ниш денес ќе бидат целосно блокирани. Студентите го најавија ова на големите собири синоќа. Тие најавија...

Македонија14 часа

Приближно половина час се чека на Богородица и на Табановце

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, извести АМСМ. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од...

Македонија14 часа

Сончево и многу топло, температурата денеска до 40 степени

Времето денеска ќе биде претежно сончево и многу топло со слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе...

Топ1 ден

Уапсен мотоциклистот кој усмрти пешак на кејот во Скопје

Полицијата го уапси мотоциклистот кој завчера усмрти пешак на кејот во Скопје, на пешачка патека во близина на Паркот на...