Контакт

Свет

Путин: Не е возможно враќањето на Јужен поток

Објавено пред

Рускиот претседател Владимир Путин изјави за време на својата посета на унгарската престолнина Будимпшта во вторникот, дека Русија не се откажала од проектот „Јужен поток“, туку дека не ѝ дале да го реализира, но дека враќање на неговата реализирање во претходниот облик не е возможно. 

dobivaj vesti na viber

„Ние не се откажавме од ‘Јужен поток’, нам едноставно не ги дозволија да го спроведеме. Постојат неколку детали, за кои веќе одамна е познато, но очигледно тоа морам да го кажам уште еднаш. Во април минатата година Европскиот парламент донесе решени, според коешто ‘Јужниот поток’ беше прогласен не само како без перспектива, туку и штетен за Европската унија. Потоа Европската комисија ѝ пиша на Бугарија, барајќи да ги запре сите подготвителни работи“, изјави рускиот претседател Владимир Путин на заедничката прес-конфернеција со Виктор Орбан, една од земјите на Европската унија којашто се залагаше за продолжување на проектот за гасоводот „Јужен поток“.

„Враќање на ‘Јужен поток’ во таа форма кои којашто беше претходно претставен, се разбира, веќе е невозможно. Се договоривме со турските партнери, а Турција по Германија, доколку се сеќавам точно, е вториот според обемот на купувањето на нашиот гас партнер во Европа за ‘Газпром’, тоа е многу голем пазар додаде Путин.

Претходно во вторникот беше објавена анкетата според која 3.000 луѓе, анкетирани меѓу 12-ти и 30-ти јануари 2015 година во Бугарија, Србија и Австрија сметаат дека запирањето на проектот „Јужен поток“ ќе има негативно влијание врз економијата на нивните земји. Со такво мислење се 3.000 луѓе, анкетирани меѓу 12 и 30 јануари 2015 година во Бугарија, Србија и Австрија. Резултатите покажуваат дека 56 oтсто од анкетираните изјавиле дека откажувањето на проектот ќе се одрази негативно врз економијата на нивната земја. Тоа е мислењето на 64 отсто од анкетираните во Бугарија и на 61 отсто од испитаниците во Србија. Само 38 отсто од Австријците сметаат дека запирањето на проектот негативно ќе влијае врз австриската економија.

Русија кон крајот на минатата година го објави запирањето на проектот за гасоводот „Јужен поток“, кој требаше да минува под Црното Море и на територијата на Европската унија да излегува во Бугарија, и преку него да испорачува гас за неа и Унгарија, како и за другите две членки на ЕУ, Австрија и Италија. Москва за пропаѓањето на проектот го обвини Брисел, поради „неконструктивниот став“ и политички пречки, откако ЕК бараше усогласување со европското законодавство.

Рускиот претседател Владимир Путин на 1-ви декември, при посетата на турската престолнина Анкара по средбата со својот домаќин турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган, објави дека Москва се откажува од проектот Јужен тек. Веднаш потоа беа потпишани договори со Турција за изградба на гасовод по дното на Јужно Море, кој ќе излегува на турско копно, наместо претходно планираното во Бугарија.

Веќе истиот ден „Газпром“ и турската компанија „Ботас“ потпишаа меморандум за разбирање за изградба на гасовод преку Црното Море со капацитет од 63 милијарди кубни гас годишно, исто како и Јужен тек. Од ова количество, 14 милијарди кубни метри гас ќе бидат наменети за Турција, којашто најверојатно добива и повластена цена, а другите 49 милијарди кубни метри руски гас ќе бидат пренасочени кон гасниот центар на границата меѓу Турција и Грција./крај/мф/сн

Извор: Макфакс



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет

(Видео) Трамп до австралискиот амбасадор: Не те сакам и веројатно никогаш нема да те сакам

Објавено пред

Од

Претседателот на САД, Доналд Трамп, му рече на австралискиот амбасадор во САД и поранешен премиер, Кевин Рад, дека не го сака и веројатно никогаш нема да го сака.

dobivaj vesti na viber

Трамп вчера се сретна со сегашниот австралиски премиер, Ентони Албанезе. Политичкиот уредник на австралискиот „Скај њуз“, Ендру Кленел, го праша Трамп зошто требало толку долго време за да се организира состанокот. Тој беше заинтересиран дали има некаква врска со ставот на Австралија за климатските промени, Палестина или изјавите на Рад.

„Не знам ништо за него. Ако рекол нешто лошо, тогаш можеби би сакал да се извини. Дали амбасадорот рекол нешто лошо? Не кажувајте ми. Не сакам да знам. Каде е тој? Дали сè уште работи за вас“, Трамп го праша Албанезе.

Албанезе одговори дека Рад е сè уште амбасадор и покажа кон него. Рад призна дека кажал лоши работи за Трамп пред да стане амбасадор. „Ги повлекувам тие изјави“, рече тој.

„Ни мене не ми се допаѓаш. И веројатно никогаш нема да ми се допаднеш“, рече Трамп.

Во ноември минатата година, откако Рад беше потврден како избор на Албанезе за амбасадор на САД, се појави интервју од 2021 година во кое тој го опиша Трамп како селски идиот. Подоцна се дозна дека Рад избришал некои стари објави на социјалните мрежи во кои го нарекол Трамп предавник на Западот и лудак.

Прикажи повеќе...

Економија

Светските берзи паднаа поради заканата на Трамп за ЕУ

Објавено пред

На светските берзи цените на акциите паднаа минатата недела бидејќи инвеститорите беа загрижени за намалувањето на кредитниот рејтинг на САД, а на пазарите негативно влијаеа и новите закани на Вашингтон за зголемување на царините за увозот од Европската унија.

dobivaj vesti na viber

На Волстрит минатата недела, Dow Jones се лизна за 2,5 отсто, на 41.603 поени, додека S&P 500 падна за 2,6 отсто, на 5.802 поени, а индексот Nasdaq 2,5 отсто, на 18.737 поени.

Од самиот почеток на неделата индексите беа во минус бидејќи агенцијата Мудис го намали кредитниот рејтинг на САД од Ааа на Аа1 поради големиот дефицит на федералниот буџет, високите финансиски трошоци и планираните даночни намалувања.

Јавниот долг на САД е околу 36.200 милијарди долари, а може да се зголеми за уште 3.800 милијарди во следните десет години бидејќи претседателот на САД Доналд Трамп има намера да ги намали даноците. Поради ова, приносите на државните обврзници значително се зголемија, што значи дека владата мора да се задолжува по повисока цена.

Намалувањето на даноците веројатно би ја стимулирало потрошувачката и би го поддржало економскиот раст, но од друга страна, јавниот долг би се зголемил доколку не се намалат државните трошоци. И намалувањето на федералните трошоци, што е еден од приоритетите на Трамп, не оди толку глатко како што најави претседателот. Освен тоа, се чини дека проектот не е доволно добро подготвен.

Сепак, на крајот на неделата, приносите на обврзниците донекаде се стабилизираа, откако Претставничкиот дом на Конгресот тесно го поддржа предлог-законот на Трамп за даночни намалувања, па се уште се чека поддршката од Сенатот.

Но, во петокот, Трамп повторно ги потресе пазарите заканувајќи ѝ се на Европската унија со царини од 50 отсто од 1 јуни, бидејќи не е задоволен од тоа како напредуваат трговските разговори меѓу САД и ЕУ.

И на повеќето европски берзи цените на акциите паднаа минатата недела. Додуша, лондонскиот FTSE индекс зајакна за 0,4 отсто, на 8.717 поени, но франкфуртски DAX се лизна за 0,6 отсто, на 23.629 поени, а париски CAC 1,9 отсто, на 7.734 поени.

Прикажи повеќе...

Економија

Макрон: Албанија за 2 години ќе биде во ЕУ, дојдете и инвестирајте

Објавено пред

Францускиот претседател Емануел Макрон од Тирана упати силна порака до странските инвеститори, повикувајќи ги да дојдат и да вложуваат во Албанија, за која изрази убеденост дека „за две години ќе биде дел од Европската унија“.

dobivaj vesti na viber

Изјавата беше дадена на економскиот форум „Приоритет Европа“, организиран од Институтот „Иницијатива за идни инвестиции“ на Ричард Атијас, кој има за цел да ги поврзе европските лидери и иноватори со големи инвестициски фондови од Блискиот Исток, Азија и САД.

„Албанија е влезна точка за регионот на Балканот и медитеранскиот басен. Европа е стабилно и доверливо место. Во овој луд свет, да не ја потценуваме силата на таквите квалитети“, порача Макрон.

Тој додаде дека премиерот Еди Рама има јасен мандат и посветеност Албанија да ја внесе во ЕУ до 2027 година, а според Макрон, тоа би можело да се случи дури и порано – за две години.

Премиерот Рама, пак, изјави дека неговата земја ги започна преговорите со Европската Унија во 2022 година и дека ако ги завршат сите задачи добро, ќе може да ги затворат преговорите до 2027 година. Ова според Рама би било навистина неверојатно.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

Поголем пристап до американскиот пазар, Македонија и САД усогласија рамка за договор за реципрочна, фер и балансирана трговија, соопшти МНР

Република Северна Македонија и Соединетите Американски Држави усогласија Заедничка изјава и Рамка за договор за реципрочна, фер и балансирана трговија,...

Свет1 час

Шефот на Пентагон им порача на членките на НАТО да ги зајакнат своите борбени капацитети

Високиот функционер на Пентагон, Елбриџ Колби, им порача на европските министри за одбрана во Брисел дека мора да ги зајакнат...

Свет2 часа

Рубио во пресрет на Минхенската конференција: Стариот свет повеќе не постои, време е да се стави крај на војната во Украина

Државниот секретар на САД, Марко Рубио, изјави дека Соединетите Американски Држави интензивно работат на завршување на конфликтот во Украина, нагласувајќи...

Европа2 часа

Откриена масовна измама со билети за Лувр: Запленети 130.000 евра

Париската полиција уапси десет лица осомничени за организирање масовна измама со билети во музејот Лувр. Меѓу уапсените наводно има вработени...

Свет2 часа

Трамп сè уште одбива да се извини за видеото на кое Обама и неговата сопруга се прикажани како мајмуни

Доналд Трамп продолжи да ги игнорира широко распространетите критики за расистичкото видео објавено на неговиот профил на социјалните мрежи минатата...

Свет2 часа

Нови е-пораки откриваат: Епстин нарачал скриени камери за куќата во Флорида

Објавена е преписка од е-мејл од 2014 година на која се гледа како осудениот сексуален престапник Џефри Епстин бара од...

Европа3 часа

Зеленски: За Трамп, прекинот на огнот во Украина е само политичка победа и прашање на наследство

Украинскиот претседател Володимир Зеленски во интервју за „The Atlantic“ изјави дека претпочита да не склучува никаков мировен договор со Русија...

Регион12 часа

„Не сум магионичар“: Кос за идејата сите земји од Западен Балкан да влезат во ЕУ одеднаш

„Живееме во геополитички чувствително време. Може да има мир во Украина и тоа ќе донесе нова реалност во Европа“, изјави...

Македонија13 часа

Касами: Собранието го разреши раководството на партијата, важен чекор кон спојување на ВЛЕН во еден субјект

Централното собрание на Движењето Беса со мнозинство гласови ја одобри одлуката за распуштање на Централното претседателство на Движењето Беса, во...

Свет15 часа

Скандал во ЕУ: полицијата упадна во просториите на Европската комисија

Белгиската полиција спроведе претрес во просториите на Европската комисија во Брисел. Станува збор за истрага за можни неправилности во продажбата...

Македонија18 часа

ССМ: Ако газдите не се одважат да дадат дел од колачот на работниците, ќе бидеме приморани секојдневно да бидеме на улица

Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) денес напладне ги блокираше стопанските комори во Скопје кои одбиваат да се согласат минималната...

Македонија21 час

Трендафилов треба да ѝ се извини на Стојановска, смета Мицкоски: Со крвави зеници и белки во очите напаѓа мајки, сестри и сопруги

Ниту истраги од МВР и Обвинителството ниту одземање на имунитетот, премиерот Христијан Мицкоски смета дека претседателот на Сојузот на синдикати...

Македонија21 час

Бислимоски го информирал Собранието за оставката, РКЕ му се заблагодарува за долгогодишната соработка

Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, Марко Бислимоски, го известил Собранието дека поднесува оставка од функцијата, соопшти Регулаторната комисија за...

Македонија22 часа

Државниот архив со неповолна ревизија: Неевидентирани објекти, слабости во пописот и пресметката на платите

Државниот завод за ревизија изврши ревизија на финансиските извештаи заедно со ревизија на усогласеност со законската регулатива, упатствата и воспоставените...

Македонија22 часа

Филков: Изборот на јавните обвинители повеќе нема да биде резултат на договори, туку процес заснован на заслуги

Изборот на јавните обвинители повеќе нема да биде формалност или резултат на затворени договори – туку процес заснован на заслуги,...

Македонија23 часа

Заврши истрагата за отпадот во Визбегово, обвинети три физички и едно правно лице

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје, по спроведена истражна постапка, поднесе обвинение против три физички и едно правно лице...

Топ1 ден

Во Белград уапсен Саит Саитов, кој прегази жена во Капиштец и избега

Министерството за внатрешни работи извести дека вчера биле информирани од надлежните служви во Србија дека во Белград е лишен од...

Европа1 ден

(Видео) Поранешен шеф на МИ6: Руските загуби се застрашувачки

Русија можеби изгубила околу двојно повеќе војници во Украина во декември 2025 година отколку што Советскиот Сојуз изгубил за време...

Свет1 ден

Објавена фотографија од убиецот од Канада со пушка: и неговата мајката меѓу жртвите

Трансродов 18-годишник кој го напуштил средното училиште ги убил мајка си и полубратот пред да убие уште шест други во...

Европа1 ден

Русија се обиде да го блокира WhatsApp: промовира апликација во државна сопственост

Американската технолошка компанија Мета соопшти дека руските власти се обиделе да ја блокираат нејзината апликација за пораки WhatsApp во обид...