Свет
Растот на американската економија забрза на 2,3 отсто

Растот на американската економија забрза во вториот квартал, пред сѐ благодарение на јакнењето на личната побарувачка која ја потисна во втор план намалената потрошувачка на компаниите, покажа најновиот извештај на американската влада.
Бруто домашниот производ (BDP) во вториот квартал од годината порасна за 2,3 отсто, на годишно ниво, објави во четвртокот американското министерство за трговија, Притоа значително се ревидирани податоците за првото тромесечје, кои сега покажуваат дека БДП-то пораснало за 0,6 отсто, додека претходната проценка говореше за пад од 0,2 отсто.
Сепак, стапката на раст е нешто послаба од очекувањата на аналитичарите кои прогнозираа раст од 2,6 отсто.
Најголема поддршка на растот пружи личната потрошувачка бидејќи домаќинствата се одлучија да ги потрошат оние пари кои им останаа од поевтинувањето на бензинот. Подобрената состојба на пазарот на трудите исто така ги охрабри потрошувачите полесно да ги вадат паричниците.
Личната потрошувачка, која чини над две третини од вкупните економски активности во САД, во вториот квартал пораснала за 2,9 отсто, со што дополнително забрза во споредба со претходните три месеци кога нејзиниот раст изнесуваше 1,8 отсто.
Стапката на штедење е намалена на 4,8 отсто, во споредба со 5,2 отсто во претходното тромесечје, покажа извештајот на министерството.
Најголемата светска економија во вториот квартал доби поддршка и од јакнењето на активностите на пазарот на недвижности, а позитивен придонес дадоа и извозните активности и јавната потрошувачка, на сојузно и локално ниво.
И покрај силниот долар, американскиот извоз во вториот квартал зајакна, додека увозот скромно порасна.
Негативен придонес, пак, дојде од намалените инвестиции на компаниите, кои во изминатото тромесечје ја скастрија потрошувачката за 4,1 отсто. Ова пред сѐ е последица на кратењето во енергетскиот сектор бидејќи нафтените компании остро ги намалија инвестициите откако цената на сировата нафта во претходната година потона за над 60 отсто. /крај/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Пресврт во трговската војна – САД побараа разговори со Кина

Соединетите Американски Држави се обратија до Кина за да побараат разговори за царините од 145 проценти што ги воведе претседателот Доналд Трамп, а вратата на Пекинг е отворена за разговори, соопшти утрово кинеското Министерство за трговија сигнализирајќи потенцијално ублажување на трговската војна.
„САД треба да бидат подготвени да преземат мерки за да ги исправат погрешните практики и да ги откажат едностраните царини“, соопшти Министерството за трговија додавајќи дека Вашингтон мора да покаже искреност во преговорите.
„Обидот да се искористи разговорот како изговор за принуда и изнуда нема да функционира“, соопшти Министерството за трговија.
Пекинг отворено го изрази својот гнев поради царините за кои вели дека не може да го запрат подемот на втората по големина економија во светот. Тој го фокусира својот гнев на поттикнување на јавната и глобалната осуда на американските ограничувања за увоз.
„Кина сака да се сретне и да разговара за трговија, а разговорите ќе следуваат набргу“, изјави синоќа американскиот државен секретар Марко Рубио за „Фокс њуз“.
„Нашиот министер за финансии Скот Бесент е вклучен во овие напори и нивните дискусии ќе следуваат набргу“, рече тој додавајќи дека прашањето е колку САД треба да купуваат од Кина во иднина.
Трамп завчера изјави дека верува оти постои многу голема шанса неговата администрација да постигне договор со Кина.
Тој го изјави ова неколку часа откога кинескиот претседател Шји Џјинпинг ги повика официјалните лица да преземат мерки за приспособување кон промените во меѓународната средина, без конкретно да ги спомене САД.
Економија
Скок на берзите по објавата на Трамп за стопирање на царините

Берзите силно растат по објавата на претседателот на САД, Доналд Трамп, за стопирање на царините.
Брз поглед на тоа како некои клучни индекси на Волстрит пораснале:
Dow Jones порасна за 5,76 отсто
S&P 500 порасна за 6,46 отсто
Nasdaq порасна за 8,04 отсто
Од вчерашното затворање на пазарот, омпаниите од S&P 500 изгубија пазарна вредност од 5,8 трилиони долари од објавувањето на тарифите на Трамп минатата среда. Тоа е најдлабоката загуба од четири дена од основањето на индексот во 1950-тите, според податоците на „ЛСЕГ“.
Економија
Германија тврди дека трговската војна би била штетна и за САД

Италијанската премиерка, Џорџа Мелони, предупреди на опасностите од трговската војна со Соединетите Американски Држави, а сега слично предупредување доаѓа и од Германија.
Германија, најголемата европска економија и трета по големина во светот според податоците на Светската банка, предупредува дека реципрочните тарифи ќе бидат штетни за сите инволвирани страни пред објавувањето на новите царини подоцна денеска од страна на Трамп.
„Трошоците за трговска војна не паѓаат само на едната страна, туку може да станат скапи за двете страни“, рече владиниот портпарол Штефен Хебестрајт.
Тој додаде дека Берлин е „подготвен да преговара на европско ниво со Соединетите Американски Држави“ за да не биде вовлечен во трговска војна.
Германската економија е многу зависна од извозот, особено од возилата и автоделовите. Според податоците на германската влада, минатата година биле извезени приближно 3,4 милиони нови автомобили, од кои околу 13 проценти биле увезени во САД.