Контакт

Свет

Регионалната соработка и унапредување на конкуретноста главна тема на првиот ден од Копаоник бизнис форумот

Објавено пред

Првиот ден од традиционалниот Копоаник бизнис форумот, една од главните панел дискусии беше на тема „Регионалната соработка и унапредување на конкурентноста“, при што беше истакнато дека регионалната соработка е важна за напредокот на сите земји од западен Балкан поради тоа што имаат заеднички проблеми и воедно поради тоа што само како регион може да бидат конкурентни во привлекување на инвестиции.

dobivaj vesti na viber

Претседателот на Стопанска комора на Македонија, Бранко Азески, укажа дека е неопходна регионална соработка на економиите, додавајќи дека сé уште постојат многу сектори каде што таа не е започната. Во тој контекст, потсети дека не постои доволна поврзаност меѓу земјите, наведувајќи како пример дека нема директни авионски линии меѓу Скопје и Љубљана, како и Скопје и Тирана или Приштина.

„Зборуваме дека регионот ни е како буре барут. Некои велат дека не сме буре барут, туку дека има многу пиромани околу нас. Веќе три децении таа теза го преоптоварува Балканот, а компаниите кои дошле да инвестираат кај нас остваруваат пет пати повеќе профит отколку во сопствените земји”, рече Азески.

Претседателот на Стопанската комора на Србија, Марко Чадеж, рече дека продолжувањето со структурните реформи, борбата против корупцијата и другите предизвици кои претстојат, не се проблеми само на Србија и нема секоја земја да ги решава само на национално ниво, туку неопходно е тоа да се направи во соработка со регионот.

Чадеж истакна дека стопанските комори, во рамките на Берлинскиот процес, покренале иницијатива и го основале Инвестицискиот форум на Коморите, во кој се вклучени сите стопански комори од регионот па дури и членките на ЕУ, Хрватска и Словенија.

„Имаме заеднички непријатели, тие се лошата конкурентност на нашите компании, високата стапка на невработеност и сеуште недоизградениот деловен амбиент кој би овозможил стопанството повеќе да се развива”, објасни Чадеж.

Особено укажа на заедничкиот проблем со високата стапка на невработеност, која во просек изнесува 22 отсто во регионот, а посебно меѓу младите, чие учество во невработениte е дури 42 проценти.Генералниот секретар на Советот за регионална соработка, Горан Свилановиќ, истакна дека е тешко да се прецени важноста на регионалната соработка. Тој пренесе дека неодамнешниот собир на ЕБРД во Лондон покажа дека европскиот бизнис е сѐ помалку заинтересиран за поединечен пристап кон нашите економии а сé повеќе заинтересиран за регионот со целокупниот потенцијал кој го нуди. Потсети, притоа, дека постојат повеќе од три милјарди евра меѓусебни инвестиции во рамките на регионот, што е показател дека бизнисот е неколку чекори понапред од нивото на соработка на владите во регионот.Претседателот на Стопанската комора на Црна Гора, Велимир Мијушковиќ, пак, истакна дека не го чуди фактот што бизнис заедницата е поголем оптимист од граѓаните во регионот во однос на прашањето за напредокот, затоа што стопанствениците знаат низ што поминуваа во последните две децении и пред сѐ дека не постои никаква соработка меѓу земјите.

Бизнисот, според него, бил задушен од секоја насока. Мијушковиќ укажа дека е охрабрен со повикот од премиерот на Србија Александар Вучиќ економијата да ѝ помогне на владата, додавајќи дека коморите со децении ги повикувале на соработка владите а дека тоа сега го прави политиката./крај/мф/ап

Свет

(Видео) Трамп до австралискиот амбасадор: Не те сакам и веројатно никогаш нема да те сакам

Објавено пред

Од

Претседателот на САД, Доналд Трамп, му рече на австралискиот амбасадор во САД и поранешен премиер, Кевин Рад, дека не го сака и веројатно никогаш нема да го сака.

dobivaj vesti na viber

Трамп вчера се сретна со сегашниот австралиски премиер, Ентони Албанезе. Политичкиот уредник на австралискиот „Скај њуз“, Ендру Кленел, го праша Трамп зошто требало толку долго време за да се организира состанокот. Тој беше заинтересиран дали има некаква врска со ставот на Австралија за климатските промени, Палестина или изјавите на Рад.

„Не знам ништо за него. Ако рекол нешто лошо, тогаш можеби би сакал да се извини. Дали амбасадорот рекол нешто лошо? Не кажувајте ми. Не сакам да знам. Каде е тој? Дали сè уште работи за вас“, Трамп го праша Албанезе.

Албанезе одговори дека Рад е сè уште амбасадор и покажа кон него. Рад призна дека кажал лоши работи за Трамп пред да стане амбасадор. „Ги повлекувам тие изјави“, рече тој.

„Ни мене не ми се допаѓаш. И веројатно никогаш нема да ми се допаднеш“, рече Трамп.

Во ноември минатата година, откако Рад беше потврден како избор на Албанезе за амбасадор на САД, се појави интервју од 2021 година во кое тој го опиша Трамп како селски идиот. Подоцна се дозна дека Рад избришал некои стари објави на социјалните мрежи во кои го нарекол Трамп предавник на Западот и лудак.

Прикажи повеќе...

Економија

Светските берзи паднаа поради заканата на Трамп за ЕУ

Објавено пред

На светските берзи цените на акциите паднаа минатата недела бидејќи инвеститорите беа загрижени за намалувањето на кредитниот рејтинг на САД, а на пазарите негативно влијаеа и новите закани на Вашингтон за зголемување на царините за увозот од Европската унија.

dobivaj vesti na viber

На Волстрит минатата недела, Dow Jones се лизна за 2,5 отсто, на 41.603 поени, додека S&P 500 падна за 2,6 отсто, на 5.802 поени, а индексот Nasdaq 2,5 отсто, на 18.737 поени.

Од самиот почеток на неделата индексите беа во минус бидејќи агенцијата Мудис го намали кредитниот рејтинг на САД од Ааа на Аа1 поради големиот дефицит на федералниот буџет, високите финансиски трошоци и планираните даночни намалувања.

Јавниот долг на САД е околу 36.200 милијарди долари, а може да се зголеми за уште 3.800 милијарди во следните десет години бидејќи претседателот на САД Доналд Трамп има намера да ги намали даноците. Поради ова, приносите на државните обврзници значително се зголемија, што значи дека владата мора да се задолжува по повисока цена.

Намалувањето на даноците веројатно би ја стимулирало потрошувачката и би го поддржало економскиот раст, но од друга страна, јавниот долг би се зголемил доколку не се намалат државните трошоци. И намалувањето на федералните трошоци, што е еден од приоритетите на Трамп, не оди толку глатко како што најави претседателот. Освен тоа, се чини дека проектот не е доволно добро подготвен.

Сепак, на крајот на неделата, приносите на обврзниците донекаде се стабилизираа, откако Претставничкиот дом на Конгресот тесно го поддржа предлог-законот на Трамп за даночни намалувања, па се уште се чека поддршката од Сенатот.

Но, во петокот, Трамп повторно ги потресе пазарите заканувајќи ѝ се на Европската унија со царини од 50 отсто од 1 јуни, бидејќи не е задоволен од тоа како напредуваат трговските разговори меѓу САД и ЕУ.

И на повеќето европски берзи цените на акциите паднаа минатата недела. Додуша, лондонскиот FTSE индекс зајакна за 0,4 отсто, на 8.717 поени, но франкфуртски DAX се лизна за 0,6 отсто, на 23.629 поени, а париски CAC 1,9 отсто, на 7.734 поени.

Прикажи повеќе...

Економија

Макрон: Албанија за 2 години ќе биде во ЕУ, дојдете и инвестирајте

Објавено пред

Францускиот претседател Емануел Макрон од Тирана упати силна порака до странските инвеститори, повикувајќи ги да дојдат и да вложуваат во Албанија, за која изрази убеденост дека „за две години ќе биде дел од Европската унија“.

dobivaj vesti na viber

Изјавата беше дадена на економскиот форум „Приоритет Европа“, организиран од Институтот „Иницијатива за идни инвестиции“ на Ричард Атијас, кој има за цел да ги поврзе европските лидери и иноватори со големи инвестициски фондови од Блискиот Исток, Азија и САД.

„Албанија е влезна точка за регионот на Балканот и медитеранскиот басен. Европа е стабилно и доверливо место. Во овој луд свет, да не ја потценуваме силата на таквите квалитети“, порача Макрон.

Тој додаде дека премиерот Еди Рама има јасен мандат и посветеност Албанија да ја внесе во ЕУ до 2027 година, а според Макрон, тоа би можело да се случи дури и порано – за две години.

Премиерот Рама, пак, изјави дека неговата земја ги започна преговорите со Европската Унија во 2022 година и дека ако ги завршат сите задачи добро, ќе може да ги затворат преговорите до 2027 година. Ова според Рама би било навистина неверојатно.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија13 часа

Полицијата ја тргнала плочката, а зад неа – 350.000 евра скриени во ѕидот: детали за падот на судијата

Единицата за корупција при Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал поднела кривична пријава против судијата Ѓоко Ристов (53)...

Македонија14 часа

МВР алармира: Граѓаните да не отвораат лажни пораки, наводно испратени од „Безбеден град“, и да не споделуваат лични податоци

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека изминатиов период е забележана појава на фишинг напади кои се изведуваат преку...

Македонија16 часа

Јаневска: Колку повеќе децата се во училиште, толку е поголем нивниот резултат

Македонските ученици до 15-годишна возраст поминуваат дури 900 часови помалку во училишните клупи во споредба со нивните врсници од Европската...

Македонија16 часа

Обвинителството побара куќен притвор за судијата Ѓоко Ристов осомничен за корупција

Обвинителството побара куќен притвор за судијата Ѓоко Ристов осомничен за корупција, кај кого беа пронајдени 350.000 евра соѕидани во ѕид...

Македонија16 часа

Се зголемуваат цените на бензините и дизелот

Цените на бензините и на дизелот од ноќеска на полноќ ќе се зголемат за 1,5 и за 2 денари, соопшти...

Македонија17 часа

Анел Фидоски нов шеф на скопското јавно обвинителство

На денешната седница на Советот на јавни обвинители, Анел Фидоски е избран за нов шеф на Основното јавно обвинителство Скопје....

Македонија18 часа

(Видео) СДСМ обвини дека „Алфа“ не е само медиум туку политички проект: „Како и во времето на Груевски, повторно функционира како центар за црни кампањи“

Денеска, членот на Извршниот одбор на СДСМ, Јон Фрчкоски, на прес-конференција објави ново разоткривање на Антикорупцискиот тим – АКТ. Тој...

Свет18 часа

Лавров: Гренланд не е природен дел од Данска

Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, го коментираше конфликтот меѓу САД и Европа околу иднината на Гренланд, доведувајќи го...

Топ20 часа

Сакале насилно да влезат во затворена гостилница па го истепале сопственикот: 30-дневен притвор за двајца осомничени

Основното јавно обвинителство Куманово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против две лица за кои постои основано сомнение дека заеднички...

Свет21 час

Трамп објави фотографија и порача: Мора да го добиеме Гренланд

Американскиот претседател Доналд Трамп го повтори своето барање да ја преземе контролата врз Гренланд, автономна данска територија. Зборувајќи со новинарите...

Свет21 час

(Видео) Снежна бура во САД: верижен судир на повеќе од 100 возила

Повеќе од 100 возила се судрија или излетаа од меѓудржавен пат во Мичиген, САД, во снежна бура. Полицијата објави дека...

Свет21 час

Данска со предупредување за одбраната на Гренланд: Воен конфликт со САД е реална можност

Копенхаген предупреди дека евентуалниот обид на САД да ја преземат контролата врз Гренланд со сила би довел до директен воен...

Свет21 час

Поранешен советник на Трамп: Гренланд ќе остане Гренланд

Доналд Трамп нема да може да го принуди Гренланд да биде продаден на САД, изјави за Би-би-си поранешен висок советник...

Европа22 часа

(Видео) Русија го нападна Киев: делови од градот останаа без греење во студена ноќ

Русија ги нападна Киев и другите украински градови преку ноќ со балистички ракети и беспилотни летала, додека земјата се бори...

Свет23 часа

120 членови на Исламска држава избегаа од затвор во Сирија

Сирискиот министер за внатрешни работи изјави дека околу 120 припадници на Исламска држава избегале од затвор во градот Шадади, откако...

Свет23 часа

Австралија затвора десетици плажи поради напади од ајкули

Десетици плажи долж источниот брег на Австралија, вклучувајќи го и Сиднеј, се затворени по четири напади од ајкули во последните...

Македонија2 дена

Заменик министерот за образование поднесе оставка

Заменик министерот за образование, Лулзим Алиу, поднесе оставка. Тој вели дека сака да се посвети на неговата истражувачко – научна...

Македонија2 дена

(Видео) Филипче: Жалам што дел од партиите легитимираа корумпирана и изолирана власт на лидерска средба

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, одговарајќи на новинарско прашање, истакна дека разговорите со Али Ахмети биле во врска со локалната...

Македонија2 дена

Николоски од Охрид: Засилено работиме на завршување на автопатот Охрид – Кичево

Интензивно работиме на завршување на автопатот Охрид-Кичево. Користиме совремеми техники за да ги стабилизираме косините. Од 16, веќе 14 косини...

Македонија2 дена

Утре почнува тестирањето на камерите, на неколку локации во Скопје сообраќајот ќе биде запрен

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека во рамки на проектот „Безбеден град“, во периодот од 20.01.(вторник) до 31.01.(сабота)...