Свет
Русија и Грција договорија соработка за гасоводот Турски тек

Русија и Грција постигнаа во петокот согласност за планираниот гасовод познат како Турски тек, кој е замена за прекинатиот проект Јужен тек поради недоразбирањата меѓу Москва и Брисел, и со кој според руските намери ќе се испорачува енергенсот до европските потрошувачи, откако по 2019 година рускиот природен гас нема повеќе да оди преку гасоводната мрежа на Украина.
Договорот кој го потпишаа рускиот министер за енергетика Алескандр Новак и неговиот грчки колега Панајотис Лафазанис, се однесува на соработка во градењето и користењето на гасоводот на територијата на Грција, пренесуваат руските медиуми.
„Потпишаниот меморандум ја потврдува повеќемесечната наша работа за да се спроведе гасоводот преку територијата на Грција. Овој гасовод ќе одигра стабилизирачка улога во регионот. Проектот не е насочен против никој, туку напротив, ги обединува сите региони низ коишто ќе минува“, истакна Лафазанис, кого го цитира агенцијата РИА, по средбата со Новак која му претходеше на потпишувањето на договорот.
Рускиот министер изразил задоволство од тоа што проектот во сферата на енергетиката се движи напред според планот, истакнувајќи дека со потпишувањето на договорот соработката меѓу Русија и Грција „влегува на ново ниво“.
На свеченоста на потпишувањето на договорот, Лафазанис истакнал и дека на Грција ѝ е неопходна поткрепа а не притисок во ситуацијата во којашто се наоѓа, односно должничката криза, и повтори дека оваа соработка со Русија не е насочена против трети земји или против Европа. Договорот е потпишан во рамките на рускиот економски самит кој се одржува во Санкт Петербург до сабота. На самитот ќе учествува и рускиот претседател Владимир Путин, кој на маргините ќе се сретне со грчкиот премиер Алексис Цирпас.
Новиот гасовод кој ќе оди преку Турција е осмислен како алтернатива за Јужниот тек, од кој се Москва поради пречките за коишто ја обвини Европската унија. Грција, којашто е во незавидна економска и енергетска состојба, се смета за клучна алка во сите проекти за гасоводи кои би воделе до земјите од ЕУ.
Проектот Турски тек вклучува изградба на гасовод со капацитет од 63 милијарди кубни метри гас на годишно ниво кои од Русија ќе бидат транспортирани во Турција преку Црното Море. Гасоводот во должина од околу 1.100 километри ќе се состои од четири раздели и до труско-грчката граница треба да оси до 47 милијарди кубни метри гас.
Таму треба да биде создадена гасоводна мрежа (хаб), а земјите од Европската унија ќе треба самостојно да ги изградат своите капацитети за прифаќање на гасот на своите територии. /крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Пресврт во трговската војна – САД побараа разговори со Кина

Соединетите Американски Држави се обратија до Кина за да побараат разговори за царините од 145 проценти што ги воведе претседателот Доналд Трамп, а вратата на Пекинг е отворена за разговори, соопшти утрово кинеското Министерство за трговија сигнализирајќи потенцијално ублажување на трговската војна.
„САД треба да бидат подготвени да преземат мерки за да ги исправат погрешните практики и да ги откажат едностраните царини“, соопшти Министерството за трговија додавајќи дека Вашингтон мора да покаже искреност во преговорите.
„Обидот да се искористи разговорот како изговор за принуда и изнуда нема да функционира“, соопшти Министерството за трговија.
Пекинг отворено го изрази својот гнев поради царините за кои вели дека не може да го запрат подемот на втората по големина економија во светот. Тој го фокусира својот гнев на поттикнување на јавната и глобалната осуда на американските ограничувања за увоз.
„Кина сака да се сретне и да разговара за трговија, а разговорите ќе следуваат набргу“, изјави синоќа американскиот државен секретар Марко Рубио за „Фокс њуз“.
„Нашиот министер за финансии Скот Бесент е вклучен во овие напори и нивните дискусии ќе следуваат набргу“, рече тој додавајќи дека прашањето е колку САД треба да купуваат од Кина во иднина.
Трамп завчера изјави дека верува оти постои многу голема шанса неговата администрација да постигне договор со Кина.
Тој го изјави ова неколку часа откога кинескиот претседател Шји Џјинпинг ги повика официјалните лица да преземат мерки за приспособување кон промените во меѓународната средина, без конкретно да ги спомене САД.
Економија
Скок на берзите по објавата на Трамп за стопирање на царините

Берзите силно растат по објавата на претседателот на САД, Доналд Трамп, за стопирање на царините.
Брз поглед на тоа како некои клучни индекси на Волстрит пораснале:
Dow Jones порасна за 5,76 отсто
S&P 500 порасна за 6,46 отсто
Nasdaq порасна за 8,04 отсто
Од вчерашното затворање на пазарот, омпаниите од S&P 500 изгубија пазарна вредност од 5,8 трилиони долари од објавувањето на тарифите на Трамп минатата среда. Тоа е најдлабоката загуба од четири дена од основањето на индексот во 1950-тите, според податоците на „ЛСЕГ“.
Економија
Германија тврди дека трговската војна би била штетна и за САД

Италијанската премиерка, Џорџа Мелони, предупреди на опасностите од трговската војна со Соединетите Американски Држави, а сега слично предупредување доаѓа и од Германија.
Германија, најголемата европска економија и трета по големина во светот според податоците на Светската банка, предупредува дека реципрочните тарифи ќе бидат штетни за сите инволвирани страни пред објавувањето на новите царини подоцна денеска од страна на Трамп.
„Трошоците за трговска војна не паѓаат само на едната страна, туку може да станат скапи за двете страни“, рече владиниот портпарол Штефен Хебестрајт.
Тој додаде дека Берлин е „подготвен да преговара на европско ниво со Соединетите Американски Држави“ за да не биде вовлечен во трговска војна.
Германската економија е многу зависна од извозот, особено од возилата и автоделовите. Според податоците на германската влада, минатата година биле извезени приближно 3,4 милиони нови автомобили, од кои околу 13 проценти биле увезени во САД.