Свет
Русија и Саудиска Арабија ќе работат на стабилизација на производството на нафта
Русија и Саудиска Арабија, двата најголеми светски производители на нафта, се согласни дека заеднички ќе делуваат за стабилизација на производството на црното злато.
Министрите за енергетика на Русија и Саудиска Арабија, Александар Новак и Халид ал Фалих, се сретнаа во понеделник на маргините на самитот на Г20 во Кина.Во заедничкото соопштение што го објави Русија, обата министри укажаа на потребата за воздржување од потреси на нафтениот пазар и постигнале согласност заеднички да делуваат на стабилизација на пазарот на нафта.Новак и Ал Фатих рекле дека во октомври ќе претседаваат со првиот состанок на руско-саудиската работна група за нафта и гас.Русија, која не е членка на ОПЕК, порано ги поддржуваше повиците за замрзнување на производството, но тие напори пропаднаа бидејќи Иран беше против.„Со Ал Фатих договоривме заеднички акции заради стабилизирање на ситуацијата на пазарот на нафта“, рече Новак, по состанокот со саудискиот претставник.Цената на барел „брент“ нафта порасна за испораките во ноември преку пет отсто по објавувањето на извештајот за заедничкото соопштение на Русија и Саудиска Арабија.Барелот во моментот се продава по цена од 49,15 американски долари. /крај/он/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Илон Маск го сруши сопствениот рекорд на богатство, има 347,8 милијарди долари
Богатството на американскиот тајкун Илон Маск достигна рекордни 347,8 милијарди долари во петокот, поттикнато од континуираните добивки во акциите на „Тесла“ и новата рунда на финансирање откако неговиот стартап со вештачка интелигенција беше проценет на 50 милијарди долари.
Многу компании на Маск забележаа пораст на нивната вредност откако изборната победа на Доналд Трамп го круниса со политичко внимание.
Акциите на Тесла пораснале за 3,8 отсто во петокот, продолжувајќи да го поттикнува оптимизмот дека плановите на тимот на Трамп за автономни возила и субвенции за електрични возила ќе и дадат предност на компанијата на Маск пред конкуренцијата.
Маск, најбогатиот човек на светот, сега го собори сопствениот рекорд од 340,4 милијарди долари поставен во ноември 2021 година, според индексот на милијардери на „Блумберг“.
Свет
Градоначалникот на Чилпасинго убиен шест дена по преземањето на функцијата во Мексико
Алехандро Аркос, градоначалникот на Чилпансинго, главниот град на мексиканската држава Гереро, е убиен во неделата, помалку од една недела по преземањето на функцијата, потврди гувернерот на државата.
Аркос е убиен само шест дена откако станал градоначалник на Чилпанцинго во југозападно Мексико, град со околу 280.000 жители, пренесува Ројтерс.
„Поради неговото убиство, целата заедница на државата Гереро тагува и не исполнува со гнев“, рече гувернерката на таа држава Евелин Салгадо во изјавата споделена на социјалните мрежи.
Свет
Западноафриканските земји најавуваат подобра жетва, но какаото и чоколадото нема да поевтинат
Клучните производители на какао во Западна Африка, Гана и Брегот на Слоновата Коска најавуваат дека бербата на плодовите од какаото ќе биде поуспешна од претходните сезони, но дека е извесно дека тоа нема да ја намали цената на чоколадото на светските берзи.
Временските услови се подобри, а локалните производители добија пестициди за контрола на какао болестите и очекуваат приносите да бидат значително повисоки од минатата година, пренесува Блумберг.
Бербата започнува веќе во октомври.