Свет
САД по 40 години дозволи извоз на одредени видови нафта

Американската влада отвори нов фронт во глобалната борба за удел на пазарот на нафта, дозволувајќи испораки и до милион барели дневно на многу лесна нафта, со што ја релаксираше забраната која трае 40 години.
Американското минситерство за трговија во вторникот го заврши едногодишниот молк за спорната четиридецениска забрана за извоз на нафта, објавувајќи дека започна да одобрува заостанати барања за продажба на преработена лесна нафта во странство. Исто така, издаден е долго очекуваниот документ во кој се наведува кои точно видови нафта потенцијалните извозници можат да ги испорачуваат.
Првиот сериозен напор на властите да го разјаснат проблемот кој повеќе од една година предизвикува збрка на енергетските пазари веројатно ќе биде поздравен од амерканските производители на нафта, надворешно трговските партнери и дел од републиканците кои го повикаа претседателот Барак Обама да ја олабави забраната за извоз воведена во 70-те години од минатиот век како одговор на арапското нафтено ембарго.
„Во пракса овој долгоочекуван потег може да ги отвори патиштата за зголемување на извозот до крајот на 2015 година“, кажа нафтениот аналитичар Ед Морси од банката Citigroup.
Со отворањето на вратата за американскиот извоз на нафтата властите им нудат мало олеснување на локалните производители кои се жалат дека се присилени да ја продаваат нафтата од шкрилци по цена коа е 15 долари пониска од цената на светските пазари, бидејќи брзорастечките залихи во САД ја надминаа домашната побарувачка.
Сепак, зголемувањето на количината на нафтата на светските берзи би можело да го интензивира она што многу аналитичари го нарекуваат нафтена војна, со оглед дека
Саудиска Арабија и OPEC не сакаат да го намалат производството, а сега ќе се соочат со уште поголема конкуренција. /крај/мф/ап
Извор: Reuters
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Пресврт во трговската војна – САД побараа разговори со Кина

Соединетите Американски Држави се обратија до Кина за да побараат разговори за царините од 145 проценти што ги воведе претседателот Доналд Трамп, а вратата на Пекинг е отворена за разговори, соопшти утрово кинеското Министерство за трговија сигнализирајќи потенцијално ублажување на трговската војна.
„САД треба да бидат подготвени да преземат мерки за да ги исправат погрешните практики и да ги откажат едностраните царини“, соопшти Министерството за трговија додавајќи дека Вашингтон мора да покаже искреност во преговорите.
„Обидот да се искористи разговорот како изговор за принуда и изнуда нема да функционира“, соопшти Министерството за трговија.
Пекинг отворено го изрази својот гнев поради царините за кои вели дека не може да го запрат подемот на втората по големина економија во светот. Тој го фокусира својот гнев на поттикнување на јавната и глобалната осуда на американските ограничувања за увоз.
„Кина сака да се сретне и да разговара за трговија, а разговорите ќе следуваат набргу“, изјави синоќа американскиот државен секретар Марко Рубио за „Фокс њуз“.
„Нашиот министер за финансии Скот Бесент е вклучен во овие напори и нивните дискусии ќе следуваат набргу“, рече тој додавајќи дека прашањето е колку САД треба да купуваат од Кина во иднина.
Трамп завчера изјави дека верува оти постои многу голема шанса неговата администрација да постигне договор со Кина.
Тој го изјави ова неколку часа откога кинескиот претседател Шји Џјинпинг ги повика официјалните лица да преземат мерки за приспособување кон промените во меѓународната средина, без конкретно да ги спомене САД.
Економија
Скок на берзите по објавата на Трамп за стопирање на царините

Берзите силно растат по објавата на претседателот на САД, Доналд Трамп, за стопирање на царините.
Брз поглед на тоа како некои клучни индекси на Волстрит пораснале:
Dow Jones порасна за 5,76 отсто
S&P 500 порасна за 6,46 отсто
Nasdaq порасна за 8,04 отсто
Од вчерашното затворање на пазарот, омпаниите од S&P 500 изгубија пазарна вредност од 5,8 трилиони долари од објавувањето на тарифите на Трамп минатата среда. Тоа е најдлабоката загуба од четири дена од основањето на индексот во 1950-тите, според податоците на „ЛСЕГ“.
Економија
Германија тврди дека трговската војна би била штетна и за САД

Италијанската премиерка, Џорџа Мелони, предупреди на опасностите од трговската војна со Соединетите Американски Држави, а сега слично предупредување доаѓа и од Германија.
Германија, најголемата европска економија и трета по големина во светот според податоците на Светската банка, предупредува дека реципрочните тарифи ќе бидат штетни за сите инволвирани страни пред објавувањето на новите царини подоцна денеска од страна на Трамп.
„Трошоците за трговска војна не паѓаат само на едната страна, туку може да станат скапи за двете страни“, рече владиниот портпарол Штефен Хебестрајт.
Тој додаде дека Берлин е „подготвен да преговара на европско ниво со Соединетите Американски Држави“ за да не биде вовлечен во трговска војна.
Германската економија е многу зависна од извозот, особено од возилата и автоделовите. Според податоците на германската влада, минатата година биле извезени приближно 3,4 милиони нови автомобили, од кои околу 13 проценти биле увезени во САД.