Свет
СБ прогнозира јакнење на европската економија
Економскиот раст ширум Европа ќе продолжи да јакне, па по стагнацијата во 2013. и растот од 1,3 отсто во 2014., економијата на ЕУ во оваа година ќе порасне за 1,8 отсто, а во наредната за 2 отсто, проценува Светската банка (СБ) во најновиот редовен извештај.
Економскиот раст ширум Европа ќе продолжи да јакне, па по стагнацијата во 2013. и растот од 1,3 отсто во 2014., економијата на ЕУ во оваа година ќе порасне за 1,8 отсто, а во наредната за 2 отсто, проценува Светската банка (СБ) во најновиот редовен извештај.
Притоа државите од централни и источна Европа ќе продолжат да растат над европскиот просек, по стапка од над 2,4 отсто во 2015 година, и тоа врз основа на силната лична побарувачка, постепено враќање на инвестициите и продолжување на растот на извозот.
СБ додава дека економскиот раст во 2014. особено бил изразен во Германија, Унгарија, Ирска, Полска и Велика Британија, а јужноевропските држави започнале конечно да закрепнуваат по значајното финансиско и економско реструктуирање и покрај растечката загриженост поради финансиските проблеми на Грција и општата слаба глобална трговија.
„Извозот беше главен придвижувач на растот во многу земји на централна и источна Европа, како Полска, Бугарија и Романија“, рече Мамта Мурти, директор на Светската банка за централна Ервопа и балтичките држави. /крај/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Градоначалникот на Чилпасинго убиен шест дена по преземањето на функцијата во Мексико
Алехандро Аркос, градоначалникот на Чилпансинго, главниот град на мексиканската држава Гереро, е убиен во неделата, помалку од една недела по преземањето на функцијата, потврди гувернерот на државата.
Аркос е убиен само шест дена откако станал градоначалник на Чилпанцинго во југозападно Мексико, град со околу 280.000 жители, пренесува Ројтерс.
„Поради неговото убиство, целата заедница на државата Гереро тагува и не исполнува со гнев“, рече гувернерката на таа држава Евелин Салгадо во изјавата споделена на социјалните мрежи.
Свет
Западноафриканските земји најавуваат подобра жетва, но какаото и чоколадото нема да поевтинат
Клучните производители на какао во Западна Африка, Гана и Брегот на Слоновата Коска најавуваат дека бербата на плодовите од какаото ќе биде поуспешна од претходните сезони, но дека е извесно дека тоа нема да ја намали цената на чоколадото на светските берзи.
Временските услови се подобри, а локалните производители добија пестициди за контрола на какао болестите и очекуваат приносите да бидат значително повисоки од минатата година, пренесува Блумберг.
Бербата започнува веќе во октомври.
Свет
Тони Блер: Бомбардирањето на НАТО беше правилно, стојам со народот на Косово
Поранешниот премиер на Велика Британија, Тони Блер, во Приштина истакна дека „интервенцијата на НАТО пред 25 години била вистинската работа“ и дека „застанува со граѓаните на Косово“.
„Да се биде овде, буди длабоки емоции. Му честитам на народот на Косово за храброста и непоколебливата решителност да ја искористат за ослободување на земјата. Тогаш се уверив дека тоа е вистинската работа и денеска стојам со народот на Косово со убедување“, рече Блер на заедничката конференција со претседатката на Косово, Вјоса Османи.
Блер додаде дека очекува Косово во иднина да стане дел од Европската Унија.
„Овде се случуваат многу позитивни работи, кои се добри за целиот свет. Едвај го чекам денот кога Косово ќе го заземе своето место во европското семејство“, изјави Блер.