Свет
Скромен резултат од првата седмица од купување на ECB на осигурените обврзници

Европската централна банка (ECB) потрошила минатата седмица 1,7 милијарди евра за купување на осигурените обврзници во рамките на новата програма со којашто се сака да се поттикне кредитирањето на компаниите во еврозоната и со тоа да се поддржи подзапрената економија.
Со оваа програма, централната монетарна институција во еврозоната отвори нов фронт во борбата за заживување на економијата во еврозоната и задушување на заканите од дефлација, потсетува Reuters.
Во септември инфлацијата во зоната на примената на единствената европска валута изнесуваше само 0,3 отсто, а европската агенција за статистика ќе ја објави првата процена за октомври кој крајот на оваа седмица.
Програмата за купување на споменатите обврзници е дел од пакетот за поттикнување со кој Европската централна банка (ECB) се надева дека ќе ублажи условите за кредитирање и ќе генерира прелевање на тој позитивен ефект врз другите пазари.
Овој месец потпретседателот на ECB Витор Констансио изјави дека банката за таа програма оставила настрана околу 600 милијарди евра. Во првата седмица потрошен е многу скромен износ, судејќи според кој банката тешко ќе се приближи до зацртаното ниво, забележува Reuters.
На Европа отпаѓаат речиси 90 отсто од светскиот пазар на осигурените обврзници, а особено се развиени оние во Данска, Германија, Шпанија, Франција и Шведска.
Освен осигурените обврзници ECB има намера до крајот на годината да започне да ги купува и осигурените хартии од вредност (ABS) а вее го симна на клучните каматни стапки на чекор од нулата. Констансио вредноста на хартиите од вредноста кои ги исполнуваат критериумите за купување ги процени на околу 400 милијарди евра.
Во ECB очекуваат дека најновите поттикнувачки мерки значително ќе ја зголемат вредноста на активата којашто повторно на нивоата од почетокот на 2012 година, кога изнесуваше околу 3.000 милијарди евра. Кон средината на октомври вредноста на активата изнесуваше повеќе од 2.000 милијарди евра./крај/мф/сн
Извор: Reuters
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Пресврт во трговската војна – САД побараа разговори со Кина

Соединетите Американски Држави се обратија до Кина за да побараат разговори за царините од 145 проценти што ги воведе претседателот Доналд Трамп, а вратата на Пекинг е отворена за разговори, соопшти утрово кинеското Министерство за трговија сигнализирајќи потенцијално ублажување на трговската војна.
„САД треба да бидат подготвени да преземат мерки за да ги исправат погрешните практики и да ги откажат едностраните царини“, соопшти Министерството за трговија додавајќи дека Вашингтон мора да покаже искреност во преговорите.
„Обидот да се искористи разговорот како изговор за принуда и изнуда нема да функционира“, соопшти Министерството за трговија.
Пекинг отворено го изрази својот гнев поради царините за кои вели дека не може да го запрат подемот на втората по големина економија во светот. Тој го фокусира својот гнев на поттикнување на јавната и глобалната осуда на американските ограничувања за увоз.
„Кина сака да се сретне и да разговара за трговија, а разговорите ќе следуваат набргу“, изјави синоќа американскиот државен секретар Марко Рубио за „Фокс њуз“.
„Нашиот министер за финансии Скот Бесент е вклучен во овие напори и нивните дискусии ќе следуваат набргу“, рече тој додавајќи дека прашањето е колку САД треба да купуваат од Кина во иднина.
Трамп завчера изјави дека верува оти постои многу голема шанса неговата администрација да постигне договор со Кина.
Тој го изјави ова неколку часа откога кинескиот претседател Шји Џјинпинг ги повика официјалните лица да преземат мерки за приспособување кон промените во меѓународната средина, без конкретно да ги спомене САД.
Економија
Скок на берзите по објавата на Трамп за стопирање на царините

Берзите силно растат по објавата на претседателот на САД, Доналд Трамп, за стопирање на царините.
Брз поглед на тоа како некои клучни индекси на Волстрит пораснале:
Dow Jones порасна за 5,76 отсто
S&P 500 порасна за 6,46 отсто
Nasdaq порасна за 8,04 отсто
Од вчерашното затворање на пазарот, омпаниите од S&P 500 изгубија пазарна вредност од 5,8 трилиони долари од објавувањето на тарифите на Трамп минатата среда. Тоа е најдлабоката загуба од четири дена од основањето на индексот во 1950-тите, според податоците на „ЛСЕГ“.
Економија
Германија тврди дека трговската војна би била штетна и за САД

Италијанската премиерка, Џорџа Мелони, предупреди на опасностите од трговската војна со Соединетите Американски Држави, а сега слично предупредување доаѓа и од Германија.
Германија, најголемата европска економија и трета по големина во светот според податоците на Светската банка, предупредува дека реципрочните тарифи ќе бидат штетни за сите инволвирани страни пред објавувањето на новите царини подоцна денеска од страна на Трамп.
„Трошоците за трговска војна не паѓаат само на едната страна, туку може да станат скапи за двете страни“, рече владиниот портпарол Штефен Хебестрајт.
Тој додаде дека Берлин е „подготвен да преговара на европско ниво со Соединетите Американски Држави“ за да не биде вовлечен во трговска војна.
Германската економија е многу зависна од извозот, особено од возилата и автоделовите. Според податоците на германската влада, минатата година биле извезени приближно 3,4 милиони нови автомобили, од кои околу 13 проценти биле увезени во САД.