Свет
S&P: Мала е опасноста од ширење на грчките превирања врз еврозоната

Ризикот од ширење на превирањата од Грција врз останатите членки на еврозоната е мал, изјави претставник на агенцијата за кредитен рејтинг Standard and Poor’s (S&P) за германските медиуми.
„Премијата на ризик за Грција повторно драстично порасна, но паниката не се прошири врз другите држави претходно погодени од криза. Опасноста од ширење на грчките превирања всушност не се чини дека е голема“, вели претставникот на S&P задолжен за кредитни рејтинзи на државите Мориц Крамер за германскиот весник Boersen-Zeitung.
Пред неколку години во екот на првата грчка криза финансиските пазари ги зафати паника, по што силно пораснаа и цените на задолжувањето на останатите членки на еврозоната, како што се Грција, Ирска, Шпанија и Италија.
Крамер вели дека еврозоната денеска може да излезе на крај со евентуалното излегување на Грција од еврозоната, иако признава дека е тешко да се предвидат ризиците поврзани со можноста на нејзино излегување од 19-члената еврозона поради примена на единствената европска валута.
„Грчката економија е многу слаба и нејзината поврзаност со остатокот од еврозоната сеуште е помала од што сугерира додадената вредност“, вели Крамер, додавајќи дека и поради тоа опасноста од ширење на другите држави сега е помала.
Тој исто така смета дека врз кредитните рејтинзи на грчките заемодавачи не би влијаело негативно доколу заемите на Грција би морале да бидат отпишани.
„Спротивно на јавната перцепција, размерите на побарување воопшто не се толку големи во однос на економската сила на кредитори“, толкува Крамер, додавајќи дека Берлин многу повеќе пари издвои за потребите за спасување на германските банки во текот на глобалната финансиска криза отколку да ги загуби сите пари кои ги има позајмено на Грција. /крај/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Пресврт во трговската војна – САД побараа разговори со Кина

Соединетите Американски Држави се обратија до Кина за да побараат разговори за царините од 145 проценти што ги воведе претседателот Доналд Трамп, а вратата на Пекинг е отворена за разговори, соопшти утрово кинеското Министерство за трговија сигнализирајќи потенцијално ублажување на трговската војна.
„САД треба да бидат подготвени да преземат мерки за да ги исправат погрешните практики и да ги откажат едностраните царини“, соопшти Министерството за трговија додавајќи дека Вашингтон мора да покаже искреност во преговорите.
„Обидот да се искористи разговорот како изговор за принуда и изнуда нема да функционира“, соопшти Министерството за трговија.
Пекинг отворено го изрази својот гнев поради царините за кои вели дека не може да го запрат подемот на втората по големина економија во светот. Тој го фокусира својот гнев на поттикнување на јавната и глобалната осуда на американските ограничувања за увоз.
„Кина сака да се сретне и да разговара за трговија, а разговорите ќе следуваат набргу“, изјави синоќа американскиот државен секретар Марко Рубио за „Фокс њуз“.
„Нашиот министер за финансии Скот Бесент е вклучен во овие напори и нивните дискусии ќе следуваат набргу“, рече тој додавајќи дека прашањето е колку САД треба да купуваат од Кина во иднина.
Трамп завчера изјави дека верува оти постои многу голема шанса неговата администрација да постигне договор со Кина.
Тој го изјави ова неколку часа откога кинескиот претседател Шји Џјинпинг ги повика официјалните лица да преземат мерки за приспособување кон промените во меѓународната средина, без конкретно да ги спомене САД.
Економија
Скок на берзите по објавата на Трамп за стопирање на царините

Берзите силно растат по објавата на претседателот на САД, Доналд Трамп, за стопирање на царините.
Брз поглед на тоа како некои клучни индекси на Волстрит пораснале:
Dow Jones порасна за 5,76 отсто
S&P 500 порасна за 6,46 отсто
Nasdaq порасна за 8,04 отсто
Од вчерашното затворање на пазарот, омпаниите од S&P 500 изгубија пазарна вредност од 5,8 трилиони долари од објавувањето на тарифите на Трамп минатата среда. Тоа е најдлабоката загуба од четири дена од основањето на индексот во 1950-тите, според податоците на „ЛСЕГ“.
Економија
Германија тврди дека трговската војна би била штетна и за САД

Италијанската премиерка, Џорџа Мелони, предупреди на опасностите од трговската војна со Соединетите Американски Држави, а сега слично предупредување доаѓа и од Германија.
Германија, најголемата европска економија и трета по големина во светот според податоците на Светската банка, предупредува дека реципрочните тарифи ќе бидат штетни за сите инволвирани страни пред објавувањето на новите царини подоцна денеска од страна на Трамп.
„Трошоците за трговска војна не паѓаат само на едната страна, туку може да станат скапи за двете страни“, рече владиниот портпарол Штефен Хебестрајт.
Тој додаде дека Берлин е „подготвен да преговара на европско ниво со Соединетите Американски Држави“ за да не биде вовлечен во трговска војна.
Германската економија е многу зависна од извозот, особено од возилата и автоделовите. Според податоците на германската влада, минатата година биле извезени приближно 3,4 милиони нови автомобили, од кои околу 13 проценти биле увезени во САД.