Свет
Шпанија сака да ја врати водечката позиција во секторот на обновливи извори на енергија

Шпанија своевремено беше водечка сила во секторот на обновливи избори на енергија, а денеска сака да ја врати позицијата загубена во време на економската криза заради намалувањето на државните субвенции.
Големиот број сончеви денови, околу 300 годишно, како и силните ветришта во поголемиот дел од земјата, и обезбедија на Шпанија водечка позиција во сегментот на соларната и енергијата од ветерот во 2007 и 2008 година, благодарејќи меѓу другото и на дарежливите државни субвенции.
Дополнителниот остар пад на економските активности по кризата со недвижностите во 2008 година, го запре тој развој, бидејќи Владата значително ги намали субвенциите во секторот за обновливи извори.
Во 2007 година тогашната социјалистичка влада усвои закон со кој на производителите низ период од 25 години им гарантираше таканаречена соларна тарифа од дури 44 евроценти по киловат час произведена електрична енергија. Ветувањето не беше одржано бидејќи официјален Мадрид заради огромниот буџетски дефицит во 2011 година ги намали субвенциите што требало да го поттикнат растот на секторот.
Дополнително ги намали и конзервативаната Народна партија, која дојде на власт кон крајот на 2011 година.
Заради промените во владините политики, приходите на фармите на соларни електрани потонаа меѓу 15 и 50 отсто, смета првиот човек на шпанското соларно лобистичко здружение Хосе Доносо. Според него, соларниот сектор од 2008 година укинал вкупно 35.000 работни места и сега вработува само 5.000 луѓе.
Шпанија минатата година ги зголеми фотоволтаичните капацитети за само 22 мегавата, а Британија за дури 2.270 мегавати.
Запна и развојот во секторот што произведува струја од енергијата на ветерот. Во осум години отпуштиле половина од вработените, а ова година воопшто не ги зголемиле капацитетите за производство на електрична струја.
„Промената на регулативата од 2008 година негативно влијаеше врз целата индустрија“, заклучи специјалистот за обновливи извори на енергија при мадридската бизнис школа IE, Карлос Гарсиа.
Под притисок се најдоа и малите и средни претпријатија, но и гигантите како Abengoa, кој вработува повеќе од 27 илјади луѓе ширум светот, а балансира на работ на стечај. Иако губењето на субвенциите не е главната причина за неговите проблеми, стручњаците велат дека ниту, пак, му помогнал.
„Годината 2015 ја означува најниската точка во развојот на обновливи извори во Шпанија во изминатите 20 години“, констатира директорката на шпанското здружение за енергија од ветерот Хеики Вилстед.
„Шпанија мора да го надомести загубеното време и да ги исполни целите зацртани за 2020 година“, додава Вилстед, при тоа додавајќи дека Шпанија се обврзала дека до 2020 година ќе подмирува 20 отсто од своите потреби за енергија од обновливи извори на енергија. Во моментот тоа изнесува 15 отсто.
Земјата и натаму е петти производител на електрична енергија од енергијата на ветерот и трет извозник во светот, напомнува агенцијата AFP. /крај/мф/ст
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Пресврт во трговската војна – САД побараа разговори со Кина

Соединетите Американски Држави се обратија до Кина за да побараат разговори за царините од 145 проценти што ги воведе претседателот Доналд Трамп, а вратата на Пекинг е отворена за разговори, соопшти утрово кинеското Министерство за трговија сигнализирајќи потенцијално ублажување на трговската војна.
„САД треба да бидат подготвени да преземат мерки за да ги исправат погрешните практики и да ги откажат едностраните царини“, соопшти Министерството за трговија додавајќи дека Вашингтон мора да покаже искреност во преговорите.
„Обидот да се искористи разговорот како изговор за принуда и изнуда нема да функционира“, соопшти Министерството за трговија.
Пекинг отворено го изрази својот гнев поради царините за кои вели дека не може да го запрат подемот на втората по големина економија во светот. Тој го фокусира својот гнев на поттикнување на јавната и глобалната осуда на американските ограничувања за увоз.
„Кина сака да се сретне и да разговара за трговија, а разговорите ќе следуваат набргу“, изјави синоќа американскиот државен секретар Марко Рубио за „Фокс њуз“.
„Нашиот министер за финансии Скот Бесент е вклучен во овие напори и нивните дискусии ќе следуваат набргу“, рече тој додавајќи дека прашањето е колку САД треба да купуваат од Кина во иднина.
Трамп завчера изјави дека верува оти постои многу голема шанса неговата администрација да постигне договор со Кина.
Тој го изјави ова неколку часа откога кинескиот претседател Шји Џјинпинг ги повика официјалните лица да преземат мерки за приспособување кон промените во меѓународната средина, без конкретно да ги спомене САД.
Економија
Скок на берзите по објавата на Трамп за стопирање на царините

Берзите силно растат по објавата на претседателот на САД, Доналд Трамп, за стопирање на царините.
Брз поглед на тоа како некои клучни индекси на Волстрит пораснале:
Dow Jones порасна за 5,76 отсто
S&P 500 порасна за 6,46 отсто
Nasdaq порасна за 8,04 отсто
Од вчерашното затворање на пазарот, омпаниите од S&P 500 изгубија пазарна вредност од 5,8 трилиони долари од објавувањето на тарифите на Трамп минатата среда. Тоа е најдлабоката загуба од четири дена од основањето на индексот во 1950-тите, според податоците на „ЛСЕГ“.
Економија
Германија тврди дека трговската војна би била штетна и за САД

Италијанската премиерка, Џорџа Мелони, предупреди на опасностите од трговската војна со Соединетите Американски Држави, а сега слично предупредување доаѓа и од Германија.
Германија, најголемата европска економија и трета по големина во светот според податоците на Светската банка, предупредува дека реципрочните тарифи ќе бидат штетни за сите инволвирани страни пред објавувањето на новите царини подоцна денеска од страна на Трамп.
„Трошоците за трговска војна не паѓаат само на едната страна, туку може да станат скапи за двете страни“, рече владиниот портпарол Штефен Хебестрајт.
Тој додаде дека Берлин е „подготвен да преговара на европско ниво со Соединетите Американски Држави“ за да не биде вовлечен во трговска војна.
Германската економија е многу зависна од извозот, особено од возилата и автоделовите. Според податоците на германската влада, минатата година биле извезени приближно 3,4 милиони нови автомобили, од кои околу 13 проценти биле увезени во САД.