Контакт

Свет

Стиглиц: Германија економски ги заплашува ЕУ и Франција

Објавено пред

Добитникот на Нобеловата награда за економија, Јозеф Стиглиц оценува дека Европската унија (ЕУ) и Франција трпат некој вид „заплашувања“ од страна на Германија. Стиглиц, исто така, ја повикува левицата во Европа и САД да реагира против порастот на нееднаковста.
 

dobivaj vesti na viber

Добитникот на Нобеловата награда за економија, Јозеф Стиглиц оценува дека Европската унија (ЕУ) и Франција трпат некој вид „заплашувања“ од страна на Германија. Стиглиц, исто така, ја повикува левицата во Европа и САД да реагира против порастот на нееднаковста.

 

„Постои некој вид заплашување“, оценува американскиот економист во интервју за агенцијата France press.

Стиглиц, кој заедно со економистите Пол Кругман и Томас Пикети, е критичар на мерките за штедење, не гледа позитивно на влијанието на Германија врз економската политика која што ја води францускиот претседател Франсоа Оланд.

Стиглиц изјави дека верува на изјавите на поранешниот грчки министер за финансии Јанис Варуфакис, кој во една прилика изјави дека бескомпромисниот став на Германија кон Грција има цел да ја заплаши и Франција.

„Владата на левиот центар во Франција не е способна да ѝ парира на Германија кон буџетските насочувања или, пак, кон грчката финансиска криза“, смета тој.

Американецот оценува дека во Франција најсилен е концептот на нееднаковст, но дека земјата сега се соочува со „сериозен ризик од ширењето на нееднаковста“, поради буџетските одлуки.

Стиглиц, кој во 2001-та година ја освои Нобеловата награда за неговиот труд за несовршеностите во размената на информациите околу пазарите, вели дека Франција, и покрај состојбата на државниот буџет, има политика на штедење во јавната потрошувачка.

Економистот, идејата за намалување на данокот за компаниите кои ја стимулираат економијата ја оцени како „глупава“, споредувајќи ја со сличните мерки на поранешниот американски претседател Роналд Реган, кои не дадоа резултат.

Намалувањето на трошоците и даноците се клучна мерка на Оландовиот економски пакет на одговорност и солидарност, кој беше претставен на почетокот на 2014-та година.

Стиглиц рекол дека не разбира „зошто Европа денес избира еден таков пат“, и додава дека изборите во Германија и Франција во 2017 година најверојатно нема да донесат некакви промени. Тој не го сокрил ниту своето разочарување од левицата која е на власт последните неколку години во Европа и САД.

„Последните 20 години, социјалдемократите не докажаа дека треба да им се верува. Било да станува збор за Тони Блер во Велика Британија, Герхард Шредер во Германија и сега Барак Обама во САД. Сите тие ги поддржуваат банките, дерегулацијата и лошите трговски договори“, оценува Стиглиц./крај/мф/бс

 



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет

(Видео) Трамп до австралискиот амбасадор: Не те сакам и веројатно никогаш нема да те сакам

Објавено пред

Од

Претседателот на САД, Доналд Трамп, му рече на австралискиот амбасадор во САД и поранешен премиер, Кевин Рад, дека не го сака и веројатно никогаш нема да го сака.

dobivaj vesti na viber

Трамп вчера се сретна со сегашниот австралиски премиер, Ентони Албанезе. Политичкиот уредник на австралискиот „Скај њуз“, Ендру Кленел, го праша Трамп зошто требало толку долго време за да се организира состанокот. Тој беше заинтересиран дали има некаква врска со ставот на Австралија за климатските промени, Палестина или изјавите на Рад.

„Не знам ништо за него. Ако рекол нешто лошо, тогаш можеби би сакал да се извини. Дали амбасадорот рекол нешто лошо? Не кажувајте ми. Не сакам да знам. Каде е тој? Дали сè уште работи за вас“, Трамп го праша Албанезе.

Албанезе одговори дека Рад е сè уште амбасадор и покажа кон него. Рад призна дека кажал лоши работи за Трамп пред да стане амбасадор. „Ги повлекувам тие изјави“, рече тој.

„Ни мене не ми се допаѓаш. И веројатно никогаш нема да ми се допаднеш“, рече Трамп.

Во ноември минатата година, откако Рад беше потврден како избор на Албанезе за амбасадор на САД, се појави интервју од 2021 година во кое тој го опиша Трамп како селски идиот. Подоцна се дозна дека Рад избришал некои стари објави на социјалните мрежи во кои го нарекол Трамп предавник на Западот и лудак.

Прикажи повеќе...

Економија

Светските берзи паднаа поради заканата на Трамп за ЕУ

Објавено пред

На светските берзи цените на акциите паднаа минатата недела бидејќи инвеститорите беа загрижени за намалувањето на кредитниот рејтинг на САД, а на пазарите негативно влијаеа и новите закани на Вашингтон за зголемување на царините за увозот од Европската унија.

dobivaj vesti na viber

На Волстрит минатата недела, Dow Jones се лизна за 2,5 отсто, на 41.603 поени, додека S&P 500 падна за 2,6 отсто, на 5.802 поени, а индексот Nasdaq 2,5 отсто, на 18.737 поени.

Од самиот почеток на неделата индексите беа во минус бидејќи агенцијата Мудис го намали кредитниот рејтинг на САД од Ааа на Аа1 поради големиот дефицит на федералниот буџет, високите финансиски трошоци и планираните даночни намалувања.

Јавниот долг на САД е околу 36.200 милијарди долари, а може да се зголеми за уште 3.800 милијарди во следните десет години бидејќи претседателот на САД Доналд Трамп има намера да ги намали даноците. Поради ова, приносите на државните обврзници значително се зголемија, што значи дека владата мора да се задолжува по повисока цена.

Намалувањето на даноците веројатно би ја стимулирало потрошувачката и би го поддржало економскиот раст, но од друга страна, јавниот долг би се зголемил доколку не се намалат државните трошоци. И намалувањето на федералните трошоци, што е еден од приоритетите на Трамп, не оди толку глатко како што најави претседателот. Освен тоа, се чини дека проектот не е доволно добро подготвен.

Сепак, на крајот на неделата, приносите на обврзниците донекаде се стабилизираа, откако Претставничкиот дом на Конгресот тесно го поддржа предлог-законот на Трамп за даночни намалувања, па се уште се чека поддршката од Сенатот.

Но, во петокот, Трамп повторно ги потресе пазарите заканувајќи ѝ се на Европската унија со царини од 50 отсто од 1 јуни, бидејќи не е задоволен од тоа како напредуваат трговските разговори меѓу САД и ЕУ.

И на повеќето европски берзи цените на акциите паднаа минатата недела. Додуша, лондонскиот FTSE индекс зајакна за 0,4 отсто, на 8.717 поени, но франкфуртски DAX се лизна за 0,6 отсто, на 23.629 поени, а париски CAC 1,9 отсто, на 7.734 поени.

Прикажи повеќе...

Економија

Макрон: Албанија за 2 години ќе биде во ЕУ, дојдете и инвестирајте

Објавено пред

Францускиот претседател Емануел Макрон од Тирана упати силна порака до странските инвеститори, повикувајќи ги да дојдат и да вложуваат во Албанија, за која изрази убеденост дека „за две години ќе биде дел од Европската унија“.

dobivaj vesti na viber

Изјавата беше дадена на економскиот форум „Приоритет Европа“, организиран од Институтот „Иницијатива за идни инвестиции“ на Ричард Атијас, кој има за цел да ги поврзе европските лидери и иноватори со големи инвестициски фондови од Блискиот Исток, Азија и САД.

„Албанија е влезна точка за регионот на Балканот и медитеранскиот басен. Европа е стабилно и доверливо место. Во овој луд свет, да не ја потценуваме силата на таквите квалитети“, порача Макрон.

Тој додаде дека премиерот Еди Рама има јасен мандат и посветеност Албанија да ја внесе во ЕУ до 2027 година, а според Макрон, тоа би можело да се случи дури и порано – за две години.

Премиерот Рама, пак, изјави дека неговата земја ги започна преговорите со Европската Унија во 2022 година и дека ако ги завршат сите задачи добро, ќе може да ги затворат преговорите до 2027 година. Ова според Рама би било навистина неверојатно.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија13 часа

Мицкоски не знаел за инцидентот со Аца Лукас, но најави строга контрола на естрадата: Јасни се законите и правилата, секој мора да ги почитува

Премиерот Христијан Мицкоски од кого викендов на социјалните мрежи се бара извинување по приведувањето на српскиот пејач Аца Лукас во...

Македонија13 часа

Мораме да се срамиме и да црвениме пред Стразбур, вели Мицкоски откако судот најави отворање предмет за случајот на Јанкулоска

Мораме да се срамиме и да црвениме пред Стразбур, вели премиерот, Христијан Мицкоски, откако судот најави отворање предмет за случајот...

Топ13 часа

Уапсен 16-годишник од Охрид: силувал 12-годишно девојче, друг малолетник го снимал, а трет го уценувал девојчето

Денеска во 10:00 часот, полициски службеници од СВР Охрид лишија од слобода 16-годишник од Охрид поради сомнение дека на 12.11.2025...

Топ13 часа

Бебе почина во Општата болница во Кичево: било донесено во тешка здравствена состојба

Вчера во 22:10 часот во ОВР Кичево е пријавено дека на детското одделение при Општата болница во Кичево во тешка...

Македонија14 часа

„По налог на Груевски Мицкоски ја враќа државата деценија назад“, велат од СДСМ

„Македонија повторно се наоѓа во изолација. Наместо држава што чекори напред, со јасна европска перспектива, денес гледаме изолирана земја додека...

Македонија14 часа

Јанкулоска: Судот во Стразбур отвора сериозни прашања за судењето и пресудата против мене

Европскиот суд за човекови права денес објави дека отвара сериозни прашања во однос на документираните повреди на правото на правично...

Македонија16 часа

„Кацарска со двојни стандарди, за себе и судиите полни џебови и привилегии, за пензионерите бара укинување на зголемувањето на пензиите“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

„Добрила Кацарска беше наградена во уставен судија поради понизноста и послушноста кон СДС. Кацарска како послушничка и извршителка на Заев,...

Топ18 часа

Маж почина во авион пред слетување во Белград: oпшта драма на аеродромот

57-годишен маж од Македонија почина вчера за време на летот од Чикаго до Белград. Според српски Телеграф, на патникот му...

Македонија1 ден

Кардиологот и алпинист Сашко Кедев одликуван со Орден „8 Септември“

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова го одликува кардиологот и алпинист Сашко Кедев со Орден „8 Септември“, за особените заслуги во медицината, не...

Македонија1 ден

Четириесет дена откако почина Панчо од „ДНК“, колегите од македонската сцена со трогателни пораки

Четириесет дена по смртта на Владимир Блажев, познат на јавноста како Панчо од хип-хоп дуото „ДНК“, социјалните мрежи повторно се исполнети со неговото име....

Македонија1 ден

11.500 студенти веќе подигнале нови електронски уреди, Владата додели над 33.000 ваучери

Владата информира дека заклучно со вчерашниот ден се доделени вкупно 33.682 ваучери за студенти, секој во вредност од 15.300 денари....

Македонија2 дена

Градоначалникот Митко Јанчев по скандалот со Аца Лукас: Кочани сценарио нема да дозволиме

Не стивнуваат реакциите по скандалот што се случи со пејачот Аца Лукас кога беше прекинат неговиот концерт во Кавадарци. Тој...

Македонија2 дена

Пакуван помфрит со поминат рок требало да се продава на македонскиот пазар, АХВ го спречи увозот и го уништи

Инспекциските служби на Агенција за храна и ветеринарство (АХВ), спречија увоз на 20.500 килограми замрзнат компир – помфрит, со поминат...

Регион2 дена

Еден загинат во поплавите во Албанија по обилните дождови

Најмалку едно лице загина во Албанија во поплавите предизвикани од обилните дождови што паѓаат во изминатите неколку дена, соопшти денес...

Македонија2 дена

Ако живеете во поплавено подрачје превријте ја водата за пиење 10 минути, фрлете ја храната што дошла во допир со поплавата – ИЈЗ со препораки до граѓаните

Институтот за јавно здравје издаде препораки за населението во поплавените подрачја, со посебен акцент на безбедната употреба на вода, личната...

Свет2 дена

Американскиот план за Украина бара дополнителна работа, велат западните челници

Американскиот план за Украина бара дополнителна работа, се согласија челниците на 11 земји и ЕУ во заедничка изјава по состанокот...

Регион2 дена

(Видео) Снежните врнежи го парализираа регионот: застои во сообраќајот во Сараево, автомобили заглавени кај Сплит

Обилните снежни вренежи предизвикаа проблеми во регионот, а снег падна во Босна и Херцеговина и Хрватска, каде што дојде до...

Македонија2 дена

Настапувал без дозвола: Аца Лукас приведен на концерт во Кавадарци

Српскиот пејач Аца Лукас синоќа бил приведен во Кавадарци околу 00:10 часот, за време на настап во угостителски објект. Според...

Македонија3 дена

(Видео) ВМРО-ДПМНЕ ја напаѓа Кацарска поради предметот за линеарното зголемување на пензиите, од Уставен велат дека прозивките се преседан

На прес-конференција, Валентин Манасиевски, член на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, обвини дека уставната судијка Добрила Кацарска бара укинување на зголемувањето...

Македонија3 дена

Поплавени 50 домови во Ресен, под вода земјоделски површини и во Демир Хисар, во Прилеп паднал таван од куќа

Според информациите на Центарот за управување со кризи до 8 часот, обилните врнежи предизвикаа локални излевања, поплави и прекини во...