Свет
Светските економисти ја повикаа Меркел да ѝ дозволи отстапки на Грција
Водечките светски економисти ја повикаа германската канцеларка Ангела Меркел да го промени политичкиот курс и да ѝ дозволи отстапки на Грција.
Економистите апелирале до Меркел да престани насила да го храни грчкиот народ преку бескрајни мерки за штедење.
„Нашата порака е јасна. Апелираме да се преземат мерки од витално значење за Грција, Германија и за целиот свет. Историјата ќе ве памети по вашите постапки оваа недела“, се наведува во писмото кое го потпишале економистите Хајнер Фласбек, Томас Пикети, Џефри Сакс, Дани Родрик и Сајмон Врен-Луис.
Во писмото, кое што го пренесува The Guardian, тие оценуваат дека лекот кој бил препишан од страна на германското министерство за финансии и Брисел, довел само со крварење на пациентот, а не ја излечил болеста.
„Сега од грчката влада се бара да стави пиштол на слепоочницата и да го повлече орозот. Нажалост, куршумот нема само да ја убие иднината на Грција во Европа. Колатералната штета ќе ја убие еврозоната како светилник на надежта, демократијата и просперитетот, а би можело да има и големи економски последици за целиот свет“, предупредуваат економистите.
Тие се надеваат дека Меркел ќе преземе храбри и дарежливи чекоро кон Грција, кои ќе бидат значајни за Европа и генерациите кои доаѓаат. Меркел во вторникот, по доаѓањето на самитот на лидерите на еврозоната во Брисел, изјавила дека се уште нема основа за преговори околу новиот пакет финансиска помош за Грција. Германската канцеларка додала дека веќе не остануваат недели, туку денови за решавање на грчкото прашање./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
(Видео) Трамп до австралискиот амбасадор: Не те сакам и веројатно никогаш нема да те сакам
Претседателот на САД, Доналд Трамп, му рече на австралискиот амбасадор во САД и поранешен премиер, Кевин Рад, дека не го сака и веројатно никогаш нема да го сака.
Трамп вчера се сретна со сегашниот австралиски премиер, Ентони Албанезе. Политичкиот уредник на австралискиот „Скај њуз“, Ендру Кленел, го праша Трамп зошто требало толку долго време за да се организира состанокот. Тој беше заинтересиран дали има некаква врска со ставот на Австралија за климатските промени, Палестина или изјавите на Рад.
🤪 Trump to Australia’s ambassador: “I don’t like you either.”
An awkward exchange took place between the U.S. president and the Australian ambassador🇦🇺
After signing an agreement on rare earth minerals, a journalist reminded Trump that Ambassador Kevin Rudd had once called him… pic.twitter.com/UEooOxvqYs
— NEXTA (@nexta_tv) October 20, 2025
„Не знам ништо за него. Ако рекол нешто лошо, тогаш можеби би сакал да се извини. Дали амбасадорот рекол нешто лошо? Не кажувајте ми. Не сакам да знам. Каде е тој? Дали сè уште работи за вас“, Трамп го праша Албанезе.
Албанезе одговори дека Рад е сè уште амбасадор и покажа кон него. Рад призна дека кажал лоши работи за Трамп пред да стане амбасадор. „Ги повлекувам тие изјави“, рече тој.
„Ни мене не ми се допаѓаш. И веројатно никогаш нема да ми се допаднеш“, рече Трамп.
Во ноември минатата година, откако Рад беше потврден како избор на Албанезе за амбасадор на САД, се појави интервју од 2021 година во кое тој го опиша Трамп како селски идиот. Подоцна се дозна дека Рад избришал некои стари објави на социјалните мрежи во кои го нарекол Трамп предавник на Западот и лудак.
Економија
Светските берзи паднаа поради заканата на Трамп за ЕУ
На светските берзи цените на акциите паднаа минатата недела бидејќи инвеститорите беа загрижени за намалувањето на кредитниот рејтинг на САД, а на пазарите негативно влијаеа и новите закани на Вашингтон за зголемување на царините за увозот од Европската унија.
На Волстрит минатата недела, Dow Jones се лизна за 2,5 отсто, на 41.603 поени, додека S&P 500 падна за 2,6 отсто, на 5.802 поени, а индексот Nasdaq 2,5 отсто, на 18.737 поени.
Од самиот почеток на неделата индексите беа во минус бидејќи агенцијата Мудис го намали кредитниот рејтинг на САД од Ааа на Аа1 поради големиот дефицит на федералниот буџет, високите финансиски трошоци и планираните даночни намалувања.
Јавниот долг на САД е околу 36.200 милијарди долари, а може да се зголеми за уште 3.800 милијарди во следните десет години бидејќи претседателот на САД Доналд Трамп има намера да ги намали даноците. Поради ова, приносите на државните обврзници значително се зголемија, што значи дека владата мора да се задолжува по повисока цена.
Намалувањето на даноците веројатно би ја стимулирало потрошувачката и би го поддржало економскиот раст, но од друга страна, јавниот долг би се зголемил доколку не се намалат државните трошоци. И намалувањето на федералните трошоци, што е еден од приоритетите на Трамп, не оди толку глатко како што најави претседателот. Освен тоа, се чини дека проектот не е доволно добро подготвен.
Сепак, на крајот на неделата, приносите на обврзниците донекаде се стабилизираа, откако Претставничкиот дом на Конгресот тесно го поддржа предлог-законот на Трамп за даночни намалувања, па се уште се чека поддршката од Сенатот.
Но, во петокот, Трамп повторно ги потресе пазарите заканувајќи ѝ се на Европската унија со царини од 50 отсто од 1 јуни, бидејќи не е задоволен од тоа како напредуваат трговските разговори меѓу САД и ЕУ.
И на повеќето европски берзи цените на акциите паднаа минатата недела. Додуша, лондонскиот FTSE индекс зајакна за 0,4 отсто, на 8.717 поени, но франкфуртски DAX се лизна за 0,6 отсто, на 23.629 поени, а париски CAC 1,9 отсто, на 7.734 поени.
Економија
Макрон: Албанија за 2 години ќе биде во ЕУ, дојдете и инвестирајте
Францускиот претседател Емануел Макрон од Тирана упати силна порака до странските инвеститори, повикувајќи ги да дојдат и да вложуваат во Албанија, за која изрази убеденост дека „за две години ќе биде дел од Европската унија“.
Изјавата беше дадена на економскиот форум „Приоритет Европа“, организиран од Институтот „Иницијатива за идни инвестиции“ на Ричард Атијас, кој има за цел да ги поврзе европските лидери и иноватори со големи инвестициски фондови од Блискиот Исток, Азија и САД.
„Албанија е влезна точка за регионот на Балканот и медитеранскиот басен. Европа е стабилно и доверливо место. Во овој луд свет, да не ја потценуваме силата на таквите квалитети“, порача Макрон.
Тој додаде дека премиерот Еди Рама има јасен мандат и посветеност Албанија да ја внесе во ЕУ до 2027 година, а според Макрон, тоа би можело да се случи дури и порано – за две години.
Премиерот Рама, пак, изјави дека неговата земја ги започна преговорите со Европската Унија во 2022 година и дека ако ги завршат сите задачи добро, ќе може да ги затворат преговорите до 2027 година. Ова според Рама би било навистина неверојатно.

