Контакт

Свет

УНДП: Околу 2,2 милијарди лица се сиромашни или на раб на сиромаштија

Објавено пред

Околу 2,2 милијарди лица ширум светот се сиромашни или на раб на сиромаштија – предупредува Глобалниот извештај за човековиот развој за 2014, кој е објавен во четвртокот.

dobivaj vesti na viber

 

Извештајот повикува на универзално обезбедување на основни социјални услуги и поодлучни политики за социјална заштита и вработување за сите за да се поттикне и задржи остварениот развој

 

И покрај тоа што на глобално ниво човековиот развој бележи раст, сепак тој е значително успорен, се вели во најновиот Извештај на Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП).

 

Со наслов Одржување на човековиот напредок: намалување на ранливоста и зголемување на отпорноста, Извештајот смета дека ранливоста е причината за успорувањето на растот и повикува на воведување на политики кои што ќе ја зајакнат ‘отпорноста’.

 

Извештајот ги рангира и сите земји според Индексот на човековиот развој – индекс кој што комбинира мерки на доход, здравје, и образвование.

 

Македонија секоја година напредува според индексот на човековиот развој. Во 2014, земјата е рангирана како 84 од 187 земји и спаѓа во категорија на земји со висок човеков развој.

 

Граѓаните во Македонија можат да очекуваат дека ќе живеат 6,6 години подолго отколку во 1980 и дека ќе поминат 2,7 години повеќе во школо отколку што тоа би бил случај во 1990-те. Исто така, БНД (Бруто национален доход) по глава на жител, е зголемен за скоро 17% од 1990.

 

Во регионот,  според Индексот за човековиот развој за 2014, Словенија е на 25 место, Грција на 29, Хрватска на 47, Црна Гора на 51, Србија на 77, Босна и Херцеговина на 86 и Албанија на 95.

 

Земјите лидери во 2014 во светот се Норвешка, Австралија, Швајцарија, Холандија и САД. Земјите кои што забележаа најнизок степен на човеков развој се Сиера Леоне, Чад, Централната Афричка Република и Конго.

 

 

Според УНДП, 1,5 милијарда луѓе во светот се сиромашни, и скоро 800 милиони луѓе се соочуваат со ризикот повторно да се вратат во кругот на сиромашни, доколку се случат неповолни трендови како што се финансиски кризи, флуктуации во цената на храна, климатски промени, природни катастрофи и насилни конфликти. Ваквата закана од кризи, се вели во извештајот, треба да ги обедини светските лидери да дефинираат нови развојни цели по 2015 година.

 

Намалување на ранливоста е клучно за која било агенда која што има за цел да го подобри човековиот развој,” вели нобеловецот Џозеф Штиглиц во Извештајот. “Мораме да и пристапиме на ранливоста од една широка системска перспектива.”

 

Една компонента од овој поголем потфат за градење на отпорноста е универзалното обезбедување на основни социјални услуги.  Извештајот ги доведува во прашање досегашните конвенционални теории и тврди дека сите земји – не само најбогатите- можат да си дозволат сеопфатна социјална заштита. Како пример, Извештајот ги наведува случаите на Северна Кореја и Коста Рика, покрај Данска, Норвешка и Шведска.

 

И покрај тоа што поголемиот дел од светското население нема пристап до пензиско и социјално осигурување, се проценува дека обезбедување на ваков тип на основни социјални услуги за сите сиромашни лица во светот би чинело помалку од 2% од глобалниот БДП.

 

Втора компонента на предложената агенда за градење на отпорноста е владите да се обврзат на вработување за сите. Ова беше цел на макроекономските политики од 1950-те и 1960-те кои беа истиснати со други приоритети на макро-економските политики по нафтените шокови во 1970-те.

 

Исто така, Извештајот вели дека вработување за сите може да стане реалност дури и за најсиромашните земји во развој, и покрај тоа што за ваква успешна транзиција ќе биде потребно време и инвестиција во образование и инфраструктура.

 

Исто така, тоа би имало позитивни ефекти врз социјалната кохезија и стабилноста.

 

“Доколку ранливостите се адресираат соодветно, секој човек би имал можност да даде свој придонес и да ги почувствува ефектите од прогресот, а човековиот развој би станал многу поеднакво или порамномерно распределен а воедно и одржлив” изјави Администраторот на Програмата за развој на Обединетите нации, Хелен Кларк.

 

Трите клучни закани за ранливоста во помалку развиените земји од Европа и Централна Азија се природните катастрофи (особено земјотресите), влијанието на климатските промени (сушите во Централна Азија, Кавказот и поплавите во речните и морските сливови), и социјалната исклученост која што прави одредени групи – како на пример руралното население и етничките малцинства како што се Ромите – да бидат поранливи од другите. /крај/



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет

(Видео) Трамп до австралискиот амбасадор: Не те сакам и веројатно никогаш нема да те сакам

Објавено пред

Од

Претседателот на САД, Доналд Трамп, му рече на австралискиот амбасадор во САД и поранешен премиер, Кевин Рад, дека не го сака и веројатно никогаш нема да го сака.

dobivaj vesti na viber

Трамп вчера се сретна со сегашниот австралиски премиер, Ентони Албанезе. Политичкиот уредник на австралискиот „Скај њуз“, Ендру Кленел, го праша Трамп зошто требало толку долго време за да се организира состанокот. Тој беше заинтересиран дали има некаква врска со ставот на Австралија за климатските промени, Палестина или изјавите на Рад.

„Не знам ништо за него. Ако рекол нешто лошо, тогаш можеби би сакал да се извини. Дали амбасадорот рекол нешто лошо? Не кажувајте ми. Не сакам да знам. Каде е тој? Дали сè уште работи за вас“, Трамп го праша Албанезе.

Албанезе одговори дека Рад е сè уште амбасадор и покажа кон него. Рад призна дека кажал лоши работи за Трамп пред да стане амбасадор. „Ги повлекувам тие изјави“, рече тој.

„Ни мене не ми се допаѓаш. И веројатно никогаш нема да ми се допаднеш“, рече Трамп.

Во ноември минатата година, откако Рад беше потврден како избор на Албанезе за амбасадор на САД, се појави интервју од 2021 година во кое тој го опиша Трамп како селски идиот. Подоцна се дозна дека Рад избришал некои стари објави на социјалните мрежи во кои го нарекол Трамп предавник на Западот и лудак.

Прикажи повеќе...

Економија

Светските берзи паднаа поради заканата на Трамп за ЕУ

Објавено пред

На светските берзи цените на акциите паднаа минатата недела бидејќи инвеститорите беа загрижени за намалувањето на кредитниот рејтинг на САД, а на пазарите негативно влијаеа и новите закани на Вашингтон за зголемување на царините за увозот од Европската унија.

dobivaj vesti na viber

На Волстрит минатата недела, Dow Jones се лизна за 2,5 отсто, на 41.603 поени, додека S&P 500 падна за 2,6 отсто, на 5.802 поени, а индексот Nasdaq 2,5 отсто, на 18.737 поени.

Од самиот почеток на неделата индексите беа во минус бидејќи агенцијата Мудис го намали кредитниот рејтинг на САД од Ааа на Аа1 поради големиот дефицит на федералниот буџет, високите финансиски трошоци и планираните даночни намалувања.

Јавниот долг на САД е околу 36.200 милијарди долари, а може да се зголеми за уште 3.800 милијарди во следните десет години бидејќи претседателот на САД Доналд Трамп има намера да ги намали даноците. Поради ова, приносите на државните обврзници значително се зголемија, што значи дека владата мора да се задолжува по повисока цена.

Намалувањето на даноците веројатно би ја стимулирало потрошувачката и би го поддржало економскиот раст, но од друга страна, јавниот долг би се зголемил доколку не се намалат државните трошоци. И намалувањето на федералните трошоци, што е еден од приоритетите на Трамп, не оди толку глатко како што најави претседателот. Освен тоа, се чини дека проектот не е доволно добро подготвен.

Сепак, на крајот на неделата, приносите на обврзниците донекаде се стабилизираа, откако Претставничкиот дом на Конгресот тесно го поддржа предлог-законот на Трамп за даночни намалувања, па се уште се чека поддршката од Сенатот.

Но, во петокот, Трамп повторно ги потресе пазарите заканувајќи ѝ се на Европската унија со царини од 50 отсто од 1 јуни, бидејќи не е задоволен од тоа како напредуваат трговските разговори меѓу САД и ЕУ.

И на повеќето европски берзи цените на акциите паднаа минатата недела. Додуша, лондонскиот FTSE индекс зајакна за 0,4 отсто, на 8.717 поени, но франкфуртски DAX се лизна за 0,6 отсто, на 23.629 поени, а париски CAC 1,9 отсто, на 7.734 поени.

Прикажи повеќе...

Економија

Макрон: Албанија за 2 години ќе биде во ЕУ, дојдете и инвестирајте

Објавено пред

Францускиот претседател Емануел Макрон од Тирана упати силна порака до странските инвеститори, повикувајќи ги да дојдат и да вложуваат во Албанија, за која изрази убеденост дека „за две години ќе биде дел од Европската унија“.

dobivaj vesti na viber

Изјавата беше дадена на економскиот форум „Приоритет Европа“, организиран од Институтот „Иницијатива за идни инвестиции“ на Ричард Атијас, кој има за цел да ги поврзе европските лидери и иноватори со големи инвестициски фондови од Блискиот Исток, Азија и САД.

„Албанија е влезна точка за регионот на Балканот и медитеранскиот басен. Европа е стабилно и доверливо место. Во овој луд свет, да не ја потценуваме силата на таквите квалитети“, порача Макрон.

Тој додаде дека премиерот Еди Рама има јасен мандат и посветеност Албанија да ја внесе во ЕУ до 2027 година, а според Макрон, тоа би можело да се случи дури и порано – за две години.

Премиерот Рама, пак, изјави дека неговата земја ги започна преговорите со Европската Унија во 2022 година и дека ако ги завршат сите задачи добро, ќе може да ги затворат преговорите до 2027 година. Ова според Рама би било навистина неверојатно.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет3 часа

(Видео) Иран во пламен – објавени нови снимки од протестите, додека бројот на загинати надмина 500

Бројот на загинати во протестите во Иран се искачи на 538 лица, објави Ројтерс. Меѓу нив се 490 демонстранти и...

Свет4 часа

Трамп размислува за можна воена интервенција во Иран, вели Си-Ен-Ен

Претседателот на САД, Доналд Трамп, разгледува низа можни воени опции за Иран по смртоносните протести во земјата, изјавија двајца американски...

Свет11 часа

Стармер преговара со европските сојузници за испраќање на воени сили на Гренланд

Британскиот премиер Кир Стармер е во преговори со европските сојузници за распоредување на воени сили на Гренланд, со цел да...

Свет11 часа

Францускиот министер за надворешни ги повика САД да престанат со „уцената“ за Гренланд

Францускиот министер за надворешни работи Жан-Ноел Баро ги повика САД да „престанат да ја уценуваат“ Данска за да добијат директна...

Свет11 часа

Иран ги предупреди американската војска и Израел дека ќе бидат „легитимни цели“ ако САД нападне поради протестите

Иранскиот парламент денеска се состана за да разговара за смртоносните антивладини протести кои беснеат повеќе од две недели. За време...

Свет12 часа

Болниците во Иран преплавени со повредени од протестите, доктори опишуваат „ужасни сцени“

Протестите во Иран продолжуваат, а улиците на градовите, особено Техеран, се исполнети со илјадници демонстранти, и покрај блокадата на интернет...

Свет12 часа

Вашингтон одржа „прелиминарни“ разговори за потенцијален удар врз Иран, објави Волстрит журнал

Американски официјални лица разговарале за планови за можни напади врз Иран, вклучувајќи потенцијални цели, објави Волстрит журнал, повикувајќи се на...

Македонија1 ден

Детален список: каде целосно ќе се забранат сите видови цигари со новиот закон за заштита од пушење

Државата подготвува целосно нов и значително построг Закон за заштита од пушење, со кој драстично се заоструваат правилата за употреба,...

Македонија1 ден

Состојба по обилните дождови во Македонија: пресек на ЦУК до 18:30 часот

Центарот за управување со криви направи пресек на состојбата по обилните врнежи до 18:30 часот. Источен регион – Штип Во...

Македонија1 ден

УХМР: Водостоите остануваат високи, вечерва се очекува заладување и снег

Според податоците од хидролошките станици се уште е висок водостојот на река Сатеска, како и на река Коселска кој почнува...

Македонија1 ден

ЈСП Скопје: Ниските температури и снегот може да предизвикаат изменето сообраќање на автобусите

Јавното сообраќајно претпријатие Скопје ги информира корисниците на јавниот превоз во Градот Скопје дека, поради ниските минусни температури и најавените...

Топ1 ден

18-годишникот кој со автомобил усмрти жена во Капиштец немал возачка, од Македонија избегал преку Табановце

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за – Тешки дела...

Македонија1 ден

Николоски на терен: Сите патишта се проодни, снегот редовно се чисти од Македонија пат

Сите патишта во државата се проодни благодарение на макотрпната работа на луѓето од Македонија пат, кои даваат се’ од себе...

Свет1 ден

Хамнеи ѝ нареди на Револуционерната гарда да ја преземе контролата: Иран во најголема готовност досега

Иранскиот врховен лидер, ајатолахот Али Хамнеи, ѝ нареди на Револуционерната гарда да ја преземе главната улога во справувањето со протестите...

Свет1 ден

Сè што треба да знаете за протестите во Иран

Ако штотуку дознавте за растечките протести во Иран, имаме брз преглед на тоа што стои зад оваа тековна ситуација. Протестите...

Топ1 ден

18-годишниот возач кој вчера прегази жена во Капиштец избегал од државата, МВР распиша потерница

СВР Скопје поднесе кривична пријава против четири лица во врска со вчерашната сообраќајна несреќа на ул. „Народен фронт“ во Скопје...

Македонија1 ден

Денеска гласаат болните и затворениците пред повторните избори за градоначалници во четири општини

Денес се спроведува гласањето на болните или немоќни лица и лицата кои се на издржување на казна затвор за повторните...

Свет1 ден

(Видео) „Се враќам во земјата за да бидам со луѓето“ – синот на поранешниот шах на Иран повика на протести

Реза Пахлави, син на покојниот поранешен ирански шах, кој живее во Вашингтон, ги повика демонстрантите во Иран да продолжат со...

Европа1 ден

Растат цените на становите во ЕУ – Унгарија рекордер со зголемување од 275%

Во периодот од 2015 до крајот на 2025 година, цените на становите во ЕУ во просек пораснале за 63,6%, додека...

Свет1 ден

(Фото+видео) Катастрофа во Викторија: беснеат стотици пожари, уништени куќи, илјадници без струја

Во австралиската сојузна држава Викторија во последните 24 часа избиле повеќе од 250 пожари, од кои 11 се класифицирани како...