Свет
Унгарија и Русија потпишаа договори за два нови реактора

Унгарија и Русија потпишаа договори за два нови нуклеарни реактора со моќност од 1.200 мегавати за централата во Пакс, извести во вторникот унгарската влада.
Според соопштението што го цитира унгарската новинска агенција MTI, потпишани се три договора со коишто се „формализираат параметрите на нацртите, јавните набавки и изградбата на новите единици, условите во врска со нивното работење и за одржувањето, како и детали за набавката на горивото и управувањето и складирањето на потрошеното нуклеарно гориво“.
Договорите во вторникот ги потпишале унгарскиот оператор „Пакс-2“ и руската компанија „Нижни Новгород Инженеринг Компани Атоменергопроект“.
„Унгарија склучи поволен договор, почитувајќи ја расположливата финансиска рамка за тој проект“, се истакнува во соопштението на владата во Будимпешта.
Владиниот повереник за нуклеарни централи Атила Ажоди истакнал дека електричната централа ќе остане во сопственост на Унгарија. Русија, како што појаснил, преку заем ќе обезбеди 10 милијарди евра, од вкупната вредност од 12,5 милијарди евра за овој проект, а преостанатите 2,5 милијарди евра ќе ги обезбеди Унгарија.
Градежните работи најверојатно ќе започнат во 2018 година, а првиот реактор ќе биде пуштен во работа во 2025 година.
Во Букурешт истакнуваат дека земјата е во постојана комуникација со Европската комисија во врска со прашањето на оваа инвестиција, додавајќи дека проектот не содржи елементи на државна поддршка, па со него не можат да се кршат законите во Европската унија за државните поддршки./крај/мф/сн
Извор: MTI
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Пресврт во трговската војна – САД побараа разговори со Кина

Соединетите Американски Држави се обратија до Кина за да побараат разговори за царините од 145 проценти што ги воведе претседателот Доналд Трамп, а вратата на Пекинг е отворена за разговори, соопшти утрово кинеското Министерство за трговија сигнализирајќи потенцијално ублажување на трговската војна.
„САД треба да бидат подготвени да преземат мерки за да ги исправат погрешните практики и да ги откажат едностраните царини“, соопшти Министерството за трговија додавајќи дека Вашингтон мора да покаже искреност во преговорите.
„Обидот да се искористи разговорот како изговор за принуда и изнуда нема да функционира“, соопшти Министерството за трговија.
Пекинг отворено го изрази својот гнев поради царините за кои вели дека не може да го запрат подемот на втората по големина економија во светот. Тој го фокусира својот гнев на поттикнување на јавната и глобалната осуда на американските ограничувања за увоз.
„Кина сака да се сретне и да разговара за трговија, а разговорите ќе следуваат набргу“, изјави синоќа американскиот државен секретар Марко Рубио за „Фокс њуз“.
„Нашиот министер за финансии Скот Бесент е вклучен во овие напори и нивните дискусии ќе следуваат набргу“, рече тој додавајќи дека прашањето е колку САД треба да купуваат од Кина во иднина.
Трамп завчера изјави дека верува оти постои многу голема шанса неговата администрација да постигне договор со Кина.
Тој го изјави ова неколку часа откога кинескиот претседател Шји Џјинпинг ги повика официјалните лица да преземат мерки за приспособување кон промените во меѓународната средина, без конкретно да ги спомене САД.
Економија
Скок на берзите по објавата на Трамп за стопирање на царините

Берзите силно растат по објавата на претседателот на САД, Доналд Трамп, за стопирање на царините.
Брз поглед на тоа како некои клучни индекси на Волстрит пораснале:
Dow Jones порасна за 5,76 отсто
S&P 500 порасна за 6,46 отсто
Nasdaq порасна за 8,04 отсто
Од вчерашното затворање на пазарот, омпаниите од S&P 500 изгубија пазарна вредност од 5,8 трилиони долари од објавувањето на тарифите на Трамп минатата среда. Тоа е најдлабоката загуба од четири дена од основањето на индексот во 1950-тите, според податоците на „ЛСЕГ“.
Економија
Германија тврди дека трговската војна би била штетна и за САД

Италијанската премиерка, Џорџа Мелони, предупреди на опасностите од трговската војна со Соединетите Американски Држави, а сега слично предупредување доаѓа и од Германија.
Германија, најголемата европска економија и трета по големина во светот според податоците на Светската банка, предупредува дека реципрочните тарифи ќе бидат штетни за сите инволвирани страни пред објавувањето на новите царини подоцна денеска од страна на Трамп.
„Трошоците за трговска војна не паѓаат само на едната страна, туку може да станат скапи за двете страни“, рече владиниот портпарол Штефен Хебестрајт.
Тој додаде дека Берлин е „подготвен да преговара на европско ниво со Соединетите Американски Држави“ за да не биде вовлечен во трговска војна.
Германската економија е многу зависна од извозот, особено од возилата и автоделовите. Според податоците на германската влада, минатата година биле извезени приближно 3,4 милиони нови автомобили, од кои околу 13 проценти биле увезени во САД.