Свет
УНИЦЕФ ќе инвестира во новоформирани компании за информатичка технологија со отворен код

УНИЦЕФ во понеделникот ги повика новоформираните информатичко-технолошки фирми кои развиваат решенија со потенцијал за подобрување на животот на најзагрозените деца во светот да аплицираат за средства од Фондот за иновации.
„Целта на Фондот за иновации на УНИЦЕФ е да инвестира во софтверски технологии со отворен код за деца“, вели Кристофер Фабијан, колидер на УНИЦЕФ Иновации.
„Ќе идентификуваме можности од земјите низ светот, вклучувајќи и некои во кои нема многу капитални инвестиции во новоформирани информатичко-технолошки фирми. Се надеваме дека ќе ги идентификуваме заедниците на решавачи на проблеми и ќе им помогнеме да развијат едноставни решенија за некои од најгорливите проблеми со кои се соочуваат децата,“ рече Фабијан.
За да се квалификуваат за финансиски средства, проектите мора да бидат со отворен код и да имаат работен прототип. Тие може да опфатат развивање на нова технологија, или проширување или подобрување на веќе постоечката.
Фондот за иновации на УНИЦЕФ, во кој досега се собрани 9 милиони долари, на иноваторите од земјите во развој им нуди здружен механизам на финансирање, со цел да им помогне своите тестирани проекти да ги доведат до следната фаза.
Фондот ги фокусира своите инвестиции во три области од портфолиото: Производи за млади под 25 години за решавање на низа потреби, вклучувајќи учење и учество на младите, Информации во реално време заради носење одлуки и Инфраструктура за зголемување на пристапот до услуги и информации, вклучувајќи и конективност, електрична енергија, финансии, сензори и транспорт.
„Овие три области се зрели за инвестиции како резултат на брзото менување на технологиите како што се блокчејн, 3Д-печатење, приклучоци што се носат на себе и сензори, вештачка интелигенција и обновливи извори на енергија“, рече Фабијан.
Пријавите ќе се оценуваат според неколку критериуми, вклучувајќи ја и силината на тимот, релевантноста на проектот за децата, како и способноста да се види потенцијална идна вредност во создавање софтверска интелектуална сопственост со отворен код.
УНИЦЕФ Иновации има направено претходни инвестиции во технолошки решенија, како што се RapidSMS, RapidPro и U-Report, кои сега досегаат до милиони корисници.
Поднесоците за изразување интерес мора да се достават најдоцна до 26 февруари 2016 година. Повеќе информации се достапни на www.unicefinnovationfund.org. /крај/мф/ап/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Пресврт во трговската војна – САД побараа разговори со Кина

Соединетите Американски Држави се обратија до Кина за да побараат разговори за царините од 145 проценти што ги воведе претседателот Доналд Трамп, а вратата на Пекинг е отворена за разговори, соопшти утрово кинеското Министерство за трговија сигнализирајќи потенцијално ублажување на трговската војна.
„САД треба да бидат подготвени да преземат мерки за да ги исправат погрешните практики и да ги откажат едностраните царини“, соопшти Министерството за трговија додавајќи дека Вашингтон мора да покаже искреност во преговорите.
„Обидот да се искористи разговорот како изговор за принуда и изнуда нема да функционира“, соопшти Министерството за трговија.
Пекинг отворено го изрази својот гнев поради царините за кои вели дека не може да го запрат подемот на втората по големина економија во светот. Тој го фокусира својот гнев на поттикнување на јавната и глобалната осуда на американските ограничувања за увоз.
„Кина сака да се сретне и да разговара за трговија, а разговорите ќе следуваат набргу“, изјави синоќа американскиот државен секретар Марко Рубио за „Фокс њуз“.
„Нашиот министер за финансии Скот Бесент е вклучен во овие напори и нивните дискусии ќе следуваат набргу“, рече тој додавајќи дека прашањето е колку САД треба да купуваат од Кина во иднина.
Трамп завчера изјави дека верува оти постои многу голема шанса неговата администрација да постигне договор со Кина.
Тој го изјави ова неколку часа откога кинескиот претседател Шји Џјинпинг ги повика официјалните лица да преземат мерки за приспособување кон промените во меѓународната средина, без конкретно да ги спомене САД.
Економија
Скок на берзите по објавата на Трамп за стопирање на царините

Берзите силно растат по објавата на претседателот на САД, Доналд Трамп, за стопирање на царините.
Брз поглед на тоа како некои клучни индекси на Волстрит пораснале:
Dow Jones порасна за 5,76 отсто
S&P 500 порасна за 6,46 отсто
Nasdaq порасна за 8,04 отсто
Од вчерашното затворање на пазарот, омпаниите од S&P 500 изгубија пазарна вредност од 5,8 трилиони долари од објавувањето на тарифите на Трамп минатата среда. Тоа е најдлабоката загуба од четири дена од основањето на индексот во 1950-тите, според податоците на „ЛСЕГ“.
Економија
Германија тврди дека трговската војна би била штетна и за САД

Италијанската премиерка, Џорџа Мелони, предупреди на опасностите од трговската војна со Соединетите Американски Држави, а сега слично предупредување доаѓа и од Германија.
Германија, најголемата европска економија и трета по големина во светот според податоците на Светската банка, предупредува дека реципрочните тарифи ќе бидат штетни за сите инволвирани страни пред објавувањето на новите царини подоцна денеска од страна на Трамп.
„Трошоците за трговска војна не паѓаат само на едната страна, туку може да станат скапи за двете страни“, рече владиниот портпарол Штефен Хебестрајт.
Тој додаде дека Берлин е „подготвен да преговара на европско ниво со Соединетите Американски Држави“ за да не биде вовлечен во трговска војна.
Германската економија е многу зависна од извозот, особено од возилата и автоделовите. Според податоците на германската влада, минатата година биле извезени приближно 3,4 милиони нови автомобили, од кои околу 13 проценти биле увезени во САД.