Свет
Варуфакис исклучува грчко излегување од еврозоната, Катаинен бара структурни реформи

Грчкиот министер финансии Јанис Варуфакис изјави дека е исклучено излегување на Грција од еврозоната, бидејќи тоа не би било разумно решение на грчката должничка криза. А во интервјуто за германски весник во понеделникот изјави и дека реструктуирањето на долгот е единствениот пат да се постигне напредок.
„Го исклучуван ‘Грекзит’ (излегување од еврозоната – з.м.) како разумно решение. Меѓутоа, никој не може сé да исклучи. Дури не може да се исклучи можноста комета да ја погоди Земјата“, вели грчкиот министер за финансии Јанис Варуфакис за германскиот весник Bild.
Преговорите меѓу Грција и нејзините доверители беа прекинати во неделата навечер без да биде постигнат договор, откако разговорите во текот на викендот не успеаја да ги премостат големите разлики во ставовите меѓу двете страни за грчките реформи во замена за новата програма за финансиска помош.
Варуфакис верува дека верува оти е можно Грција брзо да постигне договор со доверителите. Според него, единствен начин Атина да успее да го отплати својот долг е тој да биде реструктуиран, а договор е можен доколку во преговорите се вклучи и германската канцеларка Ангела Меркел.
„Не сакаме повеќе пари… Договорот може да се склучи за една ноќ, но канцеларката ќе мора да учествува“, додава Варуфакис во разговорот за Bild истакнувајќи дека Грција од Германија и остатокот од еврозоната веќе добила „далеку премногу“ пари.
Потпретседателот на Европската комисија, Јурки Катаинен, изјави за австрискиот дневен весник Der Standard, дека Грција треба да усвои структурни реформи, доколку сака да добие финансиска помош. „Решението е можно, но зависи од грчката влада“, додава.
Во интервјуто објавено во понеделникот, Катаинен вели и дека претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер, сторил сé што е во негова моќ за постигнување договор. „За жал, грчката влада не беше кооперативна“, заклучува.
Грција веќе со месеци преговара со своите кредитори за реформите неопходни за да ја добие ланскиот август запрената транша од 7,2 милијарди евра од актуелниот пакет меѓународна финансиска помош. Рокот за европскиот дел од финансиската помош истекува кон крајот на јуни, и доколку договорот не биде постигнат до тогаш, Атина би можела да ја загуби преостаната транша./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Пресврт во трговската војна – САД побараа разговори со Кина

Соединетите Американски Држави се обратија до Кина за да побараат разговори за царините од 145 проценти што ги воведе претседателот Доналд Трамп, а вратата на Пекинг е отворена за разговори, соопшти утрово кинеското Министерство за трговија сигнализирајќи потенцијално ублажување на трговската војна.
„САД треба да бидат подготвени да преземат мерки за да ги исправат погрешните практики и да ги откажат едностраните царини“, соопшти Министерството за трговија додавајќи дека Вашингтон мора да покаже искреност во преговорите.
„Обидот да се искористи разговорот како изговор за принуда и изнуда нема да функционира“, соопшти Министерството за трговија.
Пекинг отворено го изрази својот гнев поради царините за кои вели дека не може да го запрат подемот на втората по големина економија во светот. Тој го фокусира својот гнев на поттикнување на јавната и глобалната осуда на американските ограничувања за увоз.
„Кина сака да се сретне и да разговара за трговија, а разговорите ќе следуваат набргу“, изјави синоќа американскиот државен секретар Марко Рубио за „Фокс њуз“.
„Нашиот министер за финансии Скот Бесент е вклучен во овие напори и нивните дискусии ќе следуваат набргу“, рече тој додавајќи дека прашањето е колку САД треба да купуваат од Кина во иднина.
Трамп завчера изјави дека верува оти постои многу голема шанса неговата администрација да постигне договор со Кина.
Тој го изјави ова неколку часа откога кинескиот претседател Шји Џјинпинг ги повика официјалните лица да преземат мерки за приспособување кон промените во меѓународната средина, без конкретно да ги спомене САД.
Економија
Скок на берзите по објавата на Трамп за стопирање на царините

Берзите силно растат по објавата на претседателот на САД, Доналд Трамп, за стопирање на царините.
Брз поглед на тоа како некои клучни индекси на Волстрит пораснале:
Dow Jones порасна за 5,76 отсто
S&P 500 порасна за 6,46 отсто
Nasdaq порасна за 8,04 отсто
Од вчерашното затворање на пазарот, омпаниите од S&P 500 изгубија пазарна вредност од 5,8 трилиони долари од објавувањето на тарифите на Трамп минатата среда. Тоа е најдлабоката загуба од четири дена од основањето на индексот во 1950-тите, според податоците на „ЛСЕГ“.
Економија
Германија тврди дека трговската војна би била штетна и за САД

Италијанската премиерка, Џорџа Мелони, предупреди на опасностите од трговската војна со Соединетите Американски Држави, а сега слично предупредување доаѓа и од Германија.
Германија, најголемата европска економија и трета по големина во светот според податоците на Светската банка, предупредува дека реципрочните тарифи ќе бидат штетни за сите инволвирани страни пред објавувањето на новите царини подоцна денеска од страна на Трамп.
„Трошоците за трговска војна не паѓаат само на едната страна, туку може да станат скапи за двете страни“, рече владиниот портпарол Штефен Хебестрајт.
Тој додаде дека Берлин е „подготвен да преговара на европско ниво со Соединетите Американски Држави“ за да не биде вовлечен во трговска војна.
Германската економија е многу зависна од извозот, особено од возилата и автоделовите. Според податоците на германската влада, минатата година биле извезени приближно 3,4 милиони нови автомобили, од кои околу 13 проценти биле увезени во САД.