Свет
Вработувањето во САД нагло забави во мај

Американските работодавачи во мај нето отвориле само 38.000 нови работни места, најмалку во повеќе од пет години и повеќекратно помалку од она што се очекуваше, покажаа во петок податоците на американската влада.
Вкупниот број на нето отворени нови работни места е најмал од септември 2010 година. Економистите од анкетата на Reuters очекуваа значително поголема бројка, или приближно 164 илјади.Тоа значи дека во тримесечниот период заклучно со мај просечно се отворани по 116 илјади нови работни места месечно, во однос на 181 илјада месечно колку што беа отворани во тримесечниот период со крајот на април.Од владата толкуваат дека на мајската бројка влијаел едномесечниот штрајк на работниците во компанијата Веризон, што го смали бројот на нововработени за 34 илјади.Министерството за труд, воедно, ги ревидираше податоците за претходните два месеца кои покажуваат дека се отворени вкупно 59.000 работни места помалку од почетно проценетото. Така, според новите проценки, во април вкупно се отворени 123 илјади, а во март 186 илјади нови работни места.Од мајските 38 илјади на приватниот сектор отпаѓаат 25 илјади нето отворени работни места, најмалку од февруари 2010 година, а преостанатите 13 илјади се отворени во државниот сектор, покажува извештајот на министерството.Стапката на невработеност, при тоа, падна на 4,7 отсто, од пет отсто еден месец претходно, што делумно се толкува со излегувањето на дел од граѓаните од евиденцијата на работна сила.Според објавените податоци во секторот на производство на стока, кој го вклучува секторот за вадење на руда и преработувачката индустрија, минатиот месец се укинати 36 илјади работни места, најмногу од февруари 2010 година. Дури и кога би се изземал штрајкот во Веризон, извештајот покажува само 72 илјади нови работни места во САД во мај.Посебно големи загуби на работни места бележи секторот за вадење на руда во кој бројот на вработени нето е намален за 10 илјади во мај. Во однос на септември 2014 година, кога вработувањето го достигна врвот, бројот на вработени е намален за дури 207 илјади, од кои три четвртини од отказите претрпеле активности на поддршка, покажаа податоците на министерството.Нето зголемување на бројот на работни места е забележано во секторот малопродажба, кој во мај отвори 11.400 нови работни места, откако претходниот месец првпат од декември 2014 година го намали бројот на вработени.Најновите податоци укажуваат на влошување на ситуацијата на пазарот на труд, што на американската централна банка Фед би можело да и ја отежне евентуалната одлука за зголемување на каматните стапки на седница кон средината на месецот. Во декември лани ги подигна за првпат во речиси десет години. /крај/мф/ст
Извор: Reuters
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Пресврт во трговската војна – САД побараа разговори со Кина

Соединетите Американски Држави се обратија до Кина за да побараат разговори за царините од 145 проценти што ги воведе претседателот Доналд Трамп, а вратата на Пекинг е отворена за разговори, соопшти утрово кинеското Министерство за трговија сигнализирајќи потенцијално ублажување на трговската војна.
„САД треба да бидат подготвени да преземат мерки за да ги исправат погрешните практики и да ги откажат едностраните царини“, соопшти Министерството за трговија додавајќи дека Вашингтон мора да покаже искреност во преговорите.
„Обидот да се искористи разговорот како изговор за принуда и изнуда нема да функционира“, соопшти Министерството за трговија.
Пекинг отворено го изрази својот гнев поради царините за кои вели дека не може да го запрат подемот на втората по големина економија во светот. Тој го фокусира својот гнев на поттикнување на јавната и глобалната осуда на американските ограничувања за увоз.
„Кина сака да се сретне и да разговара за трговија, а разговорите ќе следуваат набргу“, изјави синоќа американскиот државен секретар Марко Рубио за „Фокс њуз“.
„Нашиот министер за финансии Скот Бесент е вклучен во овие напори и нивните дискусии ќе следуваат набргу“, рече тој додавајќи дека прашањето е колку САД треба да купуваат од Кина во иднина.
Трамп завчера изјави дека верува оти постои многу голема шанса неговата администрација да постигне договор со Кина.
Тој го изјави ова неколку часа откога кинескиот претседател Шји Џјинпинг ги повика официјалните лица да преземат мерки за приспособување кон промените во меѓународната средина, без конкретно да ги спомене САД.
Економија
Скок на берзите по објавата на Трамп за стопирање на царините

Берзите силно растат по објавата на претседателот на САД, Доналд Трамп, за стопирање на царините.
Брз поглед на тоа како некои клучни индекси на Волстрит пораснале:
Dow Jones порасна за 5,76 отсто
S&P 500 порасна за 6,46 отсто
Nasdaq порасна за 8,04 отсто
Од вчерашното затворање на пазарот, омпаниите од S&P 500 изгубија пазарна вредност од 5,8 трилиони долари од објавувањето на тарифите на Трамп минатата среда. Тоа е најдлабоката загуба од четири дена од основањето на индексот во 1950-тите, според податоците на „ЛСЕГ“.
Економија
Германија тврди дека трговската војна би била штетна и за САД

Италијанската премиерка, Џорџа Мелони, предупреди на опасностите од трговската војна со Соединетите Американски Држави, а сега слично предупредување доаѓа и од Германија.
Германија, најголемата европска економија и трета по големина во светот според податоците на Светската банка, предупредува дека реципрочните тарифи ќе бидат штетни за сите инволвирани страни пред објавувањето на новите царини подоцна денеска од страна на Трамп.
„Трошоците за трговска војна не паѓаат само на едната страна, туку може да станат скапи за двете страни“, рече владиниот портпарол Штефен Хебестрајт.
Тој додаде дека Берлин е „подготвен да преговара на европско ниво со Соединетите Американски Држави“ за да не биде вовлечен во трговска војна.
Германската економија е многу зависна од извозот, особено од возилата и автоделовите. Според податоците на германската влада, минатата година биле извезени приближно 3,4 милиони нови автомобили, од кои околу 13 проценти биле увезени во САД.