Економија
United Group ја презеде бугарската Нова ТВ

United Grоup, водечки телекомуникациски и медиумски оператор во Југоисточна Европа, објави дека ја заврши аквизицијата на Nova Broadcasting Group, најголемата бугарска мулти-платформска медиумска компанија.
Tелевизија сo национална фреквенција NOVA TV, 10 телевизиски канали, најголемата онлајн платформа Net Info, која секој месец просечно ја посетуваат дури 80% од населението на Бугарија. Исто така и четири радио станици се дел од Nova Broadcasting Group.
Во рамките на United Grоup, водечкиот телекомуникациски и медиумски оператор во Југоисточна Европа, во С. Македонија работи компанијата Тотал ТВ и нејзините сервиси EON и Total TV.
Викторија Боклаг, извршната директорка на United Grоup, изјави: „Задоволна сум што можеме да им посакаме добредојде на компанијата Nova и нејзините вработени во семејството на United Grоup. Бугарија е атрактивен пазар за нас и Nova како дел од Групацијата ќе продолжи да ја зајакнува својата позиција. Силната врска помеѓу Nova и нашите останати медиумски компании ни дава можност да создадеме синергетски ефект и да продолжиме да инвестираме во локалните содржини што ќе ги воодушеви нашите корисници “.
Раководењето со Nova Broadcasting Group ќе го надзира Dirk Gerkens, поранешен директор на RTL, телевизиски експерт со повеќе од 25 години искуство во медиумите.
Аквизицијата на Nova Broadcasting Group е дел од стратегијата на United Grоup да поседува и телекомуникациски и медиумски компании на пазарите на кои работи. Платформата на United Group ги комбинира водечките оператори и најдобрите производители на медиумска содржина во Југоисточна Европа.
Медиумскиот дел на United Group, United Media, произведува повеќе од 20 000 часови оригинални содржини секоја година и емитува повеќе од 30 канали кои се достапни за терестриална, кабелска, DTH, OTT и IPTV дистрибуција.
За United Group:
United Group, со седиште во Холандија, е водечки телекомуникациски и медиумски оператор во Југоисточна Европа. На крајот на 2020 година, компанијата работи во осум земји и има приближно 10 милиони корисници и 11 илјади вработени. United Group има најширока мрежна покриеност во регионот и им нуди на корисниците најатрактивен избор на ТВ содржини од целиот свет. Значителни инвестиции во дигитална инфраструктура, медиумски содржини и технологија, обезбедуваат извонредност на производите и услугите што им ги обезбедува на клиентите. Од март 2019 година, United Group е во мнозинска сопственост на BC Partners, една од најголемите инвестициски компании во светот.
За повеќе информации, посетете ги https://united.group и http://www.unitedmedia.net
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија
Бачовски: Исплатени 512,5 милиони денари субвенции за повеќе мерки

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, денеска на сметките на 23.524 субјекти исплати над 512,5 милиони денари на име субвенции, информира директорот на АФПЗРР, Никица Бачовски.
„Исплатени се директни плаќања по обработлива земјоделска површина за сите поледелски култури освен тутунот, и за оваа мерка исплатени се 411,5 милиони денари. На сметките на малите земјоделските стопанства кои се дефинирани според историски плаќања за претходните три години исплатени се 54,5 милиони денари, додека кај сите кои имаат заклани амортизирани несилии во регистриран кланичен капацитет исплатени се над 46 милиони денари“, информира Бачовски.
Економија
„Нептун“ и LG со искрена видеопорака го честитаат Денот на жената

Колку љубов и искрени насмевки може да собере едно срце? Со неповторливите моменти со најблиските, секојдневно креираме приказни, кои нè потсетуваат на бесценетата улога кои ја имаат во нашите животи.
Жената која по сопствен избор има моќ да биде и поединечно и одеднаш и борец, и лидер, и мајка, и сопруга, и пријател, дефинитивно го заслужува нашето внимание и почит. Тоа ја прави уште посилна за сите нови предизвици со кои дел по дел секојдневно успева да го направи светот поубав за сите.
Нептун, како компанија која ja вреднува жената и еднаквоста, и дава голема поддршка за нејзиниот удел во општеството, заедно со LG, преку искрена видео порака испраќа благодарност до сите жени и мајки.
Сара Мејс, Димитар Атанасовски и Илина, за Интернационалниот ден на жената во кампања поддржана од LG, испратија искрена честитка до нивната мајка, баба и свекрва, поддржувајќи ја жената како симбол на сите безгрижни мигови и среќни моменти. Нептун и LG и овојпат, на иновативен и практичен начин нè потсетуваат дека и во време на новото нормално, технологијата ни овозможува лесно комуницирање со семејството и пријателите.
Дека вистинската љубов не познава граници, сведочи ова видео и ангажираноста на Нептун и LG, секогаш да нè потсетат дека секој момент заслужува да биде овековечен со нешто ново и уникатно.
Заблагодарете им се на жените, сопругите и мајките во вашиот живот и покажете им колку ги сакате. Нептун и LG секогаш ќе бидат тука да ви помогнат во изборот на изненадувања со помош на иновативната палета на модерни и квалитетни производи.
ПР-текст
Економија
Граѓани, компании и институции во осигурување вложиле 163,7 милиони евра

Граѓани, компании и институции лани купиле осигурителни полиси за животно и за неживотно осигурување во вкупна вредност од 10,06 милијарди денари (163,7 милиони евра), покажуваат официјалните агрегатни податоци на Агенцијата за супервизија на осигурување (АСО) за состојбите на осигурителниот пазар во 2020 година.
На нашиот осигурителен пазар оперираат 16 компании од кои 11 друштва продаваат неживотно осигурување, а пет се компании за животно осигурување.
Вкупната бруто полисирана премија односно вкупната вредност на продадени полиси лани е за 270,6 милиони денари (4,4 милиони евра) односно 5 отсто пониска од вредноста на продадените полиси во 2019 година, кога сите осигурителни друштва инкасирале 10,58 милијарди денари (172,1 милиони евра) од продажба на полиси.
Во вкупната продажба на осигурителни полиси друштвата за неживотно осигурување учествувале со 82,7 отсто. Продажбата на полиси од класите на неживотно осигурување изнесува 8,3 милијарди денари (135,4 милиони евра). Друштвата за животно осигурување лани од продажба на полиси наплатиле 460,2 милиони денари (28,3 милиони евра).
Од АСО наведуваат дека здравствената пандемија лани генерално негативно влијаела врз националната економија, а тоа се одразило и врз работата на осигурителните друштва. Нивната вкупна продажба на осигурителни продукти се намали за 5 отсто. Но и покрај тоа 14 осигурителни друштва минатата година ја завршиле со добивка во вкупна вредност од 627,3 милиони денари (10,2 милиони евра).
АСО неодамна препорача осигурителните компании да се воздржат од исплата на дивиденда. Препораката има за цел компаниите да останат во добра финансиска кондиција во овие специфични и неизвесни услови на работење предизвикани од глобалната здравствена пандемија, а добивките да ги пренесат во капиталот и резервите со цел да останат солвентни и ликвидни.
- Книги3 месеци
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Македонија3 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија2 месеци
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Регион2 месеци
(Видео) Прекината прес-конференција на градоначалникот на Бања Лука: „Луѓе ова е сериозен земјотрес“
- Регион2 месеци
(Видео) Снимен моментот на потресот во Петриња – луѓе не можат да се задржат на земјата
- Европа1 недела
Планот за отклучување на Германија протече во медиумите, Меркел: Имаме трет бран
- Свет1 месец
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер