Економија
ВМРО-ДПМНЕ иницира измени на Законот за хонорарците
Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ до Собранието на ќе достави предлог за изменување и дополнување на Законот за придонеси од задолжително социјално осигурување.
Со најновите измени и дополнувања на Законот за придонеси од задолжително социјално осигурување лицата кои не се вработени, а остваруваат приходи по основ на договор, придонеси ќе плаќаат само на разликата меѓу исплатениот нето надоместок и минималната плата.
Вработените лица и пензионерите кои остваруваат приходи по основ на договор придонеси ќе плаќаат само на разликата меѓу исплатениот нето надоместок и просечната нето плата.
-Лицата кои остваруваат приходи од работен однос (вработени лица) и лицата кои остваруваат приходи по основ на пензија (пензионери) се ослободени од обврската за плаќање придонеси доколку остваруваат дополнителни приходи на месечно ниво по основ на договор на дело, авторски договор или друг вид на договор, помали од износот на просечната нето плата исплатена во РМ во претходната година согласно податоците на Државниот завод за статистика (околу 21.300 денари). Овие лица ќе плаќаат придонеси само на износот кој го надминува овој праг од 21.300 денари. Ова од причина што овие лица веќе се вклучени во системот на социјално осигурување.
Пример 1: Доколку вработено лице или пензионер оствари дополнителен приход по еден од овие основи помал од 21.300 денари, нема да плаќа придонеси.
Пример 2: Доколку вработено лице или пензионер оствари дополнителен приход од 27.00 денариа, ќе плати придонеси само за разликата до просечната плата, односно придонеси ќе плати само за сумата (разликата) од 5.700 денари.
-Лицата кои не се во редовен работен однос (невработени лица), а кои остваруваат надоместоци по основ на договор за дело, авторски договор или друг вид на договор, се ослободени од обврската за плаќање на придонеси до износот на минималната плата утврдена со закон (9590 денари). Овие лица ќе плаќаат придонеси само на износот кој го надминува овој праг од 9.590 денари. Ова е со цел да се заштитат интересите на лицата кои до сега се ангажираа по некој од овие основи, но на коине им се плаќа пензиско и здравствено осигурување.
Пример 1: Доколку невработено лице оствари дополнителен приход по еден од овие основи помал од 9.590 денери, нема да плаќа придонеси.
Пример 2: Доколку невработено лице оствари дополнителен приход по еден од овие основи од 15.000 денари, ќе плати придонеси само на сумата над минималната плата, односно придонеси ќе плати само за сумата (разликата) од 5.410 денари.
И во двата случаи олеснување е што придонеси ќе се плаќаат само на износот кој го надминува прагот од 9.590 денари (за невработените лица), односно прагот од 21.300 денари (за вработените и пензионерите). Ова значи дека лицата кои не се вработени, а остваруваат приходи по основ на договор, придонеси ќе плаќаат само на разликата меѓу исплатениот нето надоместок и минималната плата. Вработените лица и пензионерите кои остваруваат приходи по основ на договор придонеси ќе плаќаат само на разликата меѓу исплатениот нето надоместок и просечната нето плата.
-Лимитот за просечната нето плата за плаќање придонеси ќе се применува се до влезот на Република Македонија во Европската унија. По влезот во ЕУ, вработените и пензионерите ќе плаќаат придонеси на приходите остварени од дополнителна работа над износот кој го надминува прагот од минималната плата.
-Доколку вработено лице остварува дополнителни приходи по основ на договор кај истиот работодавач или кај правно лице кое е капитално, управувачки и/или роднински поврзано со работодавачот, во тој случај придонеси ќе се плаќаат на целиот износ на приходите остварени по основ на договорот. Целта на ова решение е да се спречат евентуални злоупотреби на работодавачи кои ангажираат лица на минимална плата и плаќаат минимални придонеси, а им исплаќаат дополнителни приходи преку договори со што им го скратуваат правото за соодветна пензија. Ова решение е во интерес на работниците.
– Со цел постигнување поголема правичност, со измените на Законот се укинува и ограничувањето на највисоката основица за пресметка и плаќање на придонесите како по основ на плата, така и по основ на приходи остварени од договори за дело, авторски договори или друг вид на договор со кој е определен надоместок за извршена работа.
-Со измените на Законот се предвидува дека придонеси ќе се плаќаат само на веќе исплатени хонорари.
-Новите решенија од измените и дополнувањата на Законот ќе стапат на сила веднаш со денот на донесувањето и со оглед на тоа што се поповолни за граѓаните ќе се однесуваат и на пресметките и исплатите за приходите остварени во јануари 2015, преку порамнување.
-Рокот за поднесување на пријави во месец февруари 2015 година ќе биде до 25 во месецот, со цел овие измени да имаат ефект веднаш.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Гувернерот Трајко Славески учествува на конференција на гувернери во Брисел, во фокус глобалните економски предизвици
Гувернерот на Народната банка, Трајко Славески учествува на конференцијата на гувернерите од Kонституенцата на Меѓународниот монетарен фонд, на која се разгледуваат клучните предизвици и идните насоки на централнобанкарските политики во услови на зголемена глобална неизвесност и променет геоекономски амбиент.
Во фокусот на дискусиите се изгледите за инфлацијата и монетарната политика, како и улогата на централните банки во одржувањето стабилни финансиски системи. Особено внимание е посветено на можните трендови на дерегулација и нивните потенцијални импликации врз финансиската стабилност.
На конференцијата се разговара и за влијанието на технолошките иновации и геостратегиските промени врз економскиот развој и финансиските текови, како фактори што сè повеќе го обликуваат глобалниот финансиски систем.
Во рамките на настанот, се одвива размена на искуства и ставови со гувернери, претставници на европските институции и меѓународните организации, што придонесува кон креирање политики засновани на знаење и соработка, како и кон зајакнување на капацитетите на централните банки за справување со современите економски предизвици и обезбедување стабилен и предвидлив економски амбиент.
Економија
Божиновска на средби со меѓународни партнери за унапредување на енергетиката и рударството
Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, денеска оствари низа работни средби со меѓународни партнери со цел продлабочување на соработката и размена на искуства во енергетскиот и рударскиот сектор.
На средба со амбасадорот на Кралството Шведска во Република Северна Македонија, Ола Солстром, беше разговарано за интензивирање на билатералната соработка во секторот рударство, вклучително размена на добри практики од шведски експерти и соработка со македонските универзитети за унапредување на техничките и научните капацитети. Дополнително, на средбата беа разгледани теми поврзани со развој на обновливи извори на енергија и проекти за подобрување на квалитетот на амбиенталниот воздух како дел од заложбите за одржлив економски развој и зелена транзиција.
Министерката Божиновска оствари средба и со амбасадорката на Кралството Холандија, Узлем Џанел, со која разговараа за унапредување на соработката во енергетскиот сектор, вклучително поддршка за обновливи извори на енергија, зајакнување на енергетската ефикасност. Соговорниците ja нагласија важностa од континуирана експертска соработка и размена на иновативни решенија помеѓу двете земји.
Божиновска оствари средба и со преставници на Strategic and Social Research Foundation – Marmara Group. Фокус на разговорот беше организацијата на 29-тиот Евроазиски Економски Самит и официјалната покана до министерката Божиновска за учество на Самитот. На средбата се разговараше и за инвестициони можности во соларната енергија, како и тековните активности и планови на Министерството за енергетика.
Министерката Божиновска ја истакна важноста на овие средби за промоција на Северна Македонија како модерна, инвестиционо атрактивна и еколошки одговорна земја, која континуирано го унапредува енергетскиот и рударскиот сектор и ја зајакнува регионалната соработка.
Економија
Мицкоски: Очекувам убави вести за шеесетина македонски производи да се извезуваат во САД по повластена тарифа
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на очекувањата за поволна одлука за тарифите од САД, изјави:
„Да, очекувам денеска убава вест. Изминативе месеци жестоко преговаравме. Се сеќавате тогаш кога излегуваа голем дел од опозициските, условно кажано, медиуми коишто критикуваа како Македонија добила 34% тарифи, не знам што и не знам како. Очекувам сето тоа да биде потврдено со заедничка изјава денеска. Очекувам поволни вести од таму и очекувам негде околу 63-64 производи коишто се за нас стратешки, да бидат со повластена тарифа којашто ќе биде едноцифрена и ќе се движи меѓу 0 и 6,5%.“
фото/Depositphotos

