Економија
YES, OF CORSA! Новата Opel Corsa пристигна во Македонија
• Македонска премиера: дружење во пријатна атмосфера со новата Opel Corsa;
• Јасна визија: Opel Corsa останува да биде еден од најпосакуваните модели на брендот, како од физичките така и од правните лица ;
Скопје. Презентација на новата Opel Corsa? Yes, of Corsa!
Новата Opel Corsa, “volume maker“ во гамата на Опел со продадени 14 милиони примероци во 6 генерации. Новиот изглед сега е помодерен и стилски, а реакциите се високо позитивни. Овој модел ги претставува сите постулати на Opel брендот:
– #Detox. Има комплетно детоксифицирана надворешност и внатрешност. Одстранети се сите „непотребни“ елементи и детали, сѐ со цел деа се добијат чисти линии, кои се манифестираат во нов и смел дизајн.

– #ModernGerman. Новата Opel Corsa зрачи со германска самоувереност и германски стил.
– #Greenovation. Во неа има вградено современи и еколошки материјали.
Од напред – сјајна црна предна маска т.н Opel визор кој ги интегрира новите предни LED светла кои се достапни дури и во стандардното ниво на орпеменост и Ве наведува да помислите дека се работи за електрична верзија. Прилагодливи LED Матрикс предни светла без отсјај, со 7 LED елементи во секој фар.

Назад – самоуверено испишано името Corsa и нов спортски заден браник.
Внатре – холистички пристап со нов интуитивен инфозабавен систем базиран на Snap Dragon Cocpit платфомата и 10“ екран, дополнет со опционалална дигитална инструмент табла од 7 инчи. Ергономски седишта, нова ткаенина и светли материјали кои ја акцентираат пространа внатрешност. Во согласност со нашето ново начело #Greenovation, употребени се вегански материјали и отстранет е хромот од употреба.

Опременост – „детоксифицирани“ нивоа на опременост, со два пристапа: Edition ниво на опременост, рафиниран со побогата сериска опрема, како: паркинг сензори назад, автоматски брисачи како и GS ниво на опременост, одважен и атлетски.
Под хаубата – бензински мотори од 75КС до 100КС. Или пак 50 KWh батерија за електричната верзија Corsa Electric, сега со подобрена автономија на движење со едно полнење до 357км или пак Corsa Electric Long со 51kWh батерија и автономија до 405км според WLTP нормите.

Вториот важен параметар за клиентите е времето на полнење…. до 80% на брз полнач за време од 30 мин или прилагодено на нашата енергетска мрежасо Wallbox, трофазен од 11KW полнењето ќе биде до 5 часа и 15 мин или кај Electric Long до 3 часа.

„Дизел моторите повеќе нема да се понудуваат и ги заменивме со самополнечки 48V хибридни верзии на нови бензиски 1.2 мотори со 100КС и 130КС кои имаат електомотор сместен во менувачот и произведува сила од 28КС и вртежен момент од 55Nm. Погонуван од литиум јонска батерија со капацитет од 432Wh, ќе има задача да го стартува возилото на ладен старт или опслужува при маневрирање на мали брзини до 30км/час. Во целосно електричен режим на возење автономојата на движењето е до 1км. Оваа 48V хибридна технологија набргу ќе ја имаме понуда и ни носи намалување на емисијата на јаглерод диоксид до 22g на 100km и 1 литар помала потрошувачка според WLTP нормите.

Со новата Opel Corsa можеме да одговориме на желбите и потребите на физичките лица но и на компаниските (B2B) побарувања.“ – изјави Драган Јовев, Продукт менаџер за Opel во Македонија.
Новата Opel Corsa e конструирана од Германските инжинери во Руселсхајм, а ќе се произведува во опеловата фабрика во Зарагоса, во Шпанија, каде овој модел од „Б“ сегментот се произведува веќе 41 година (од 1982).
ПР
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Отворен Економскиот бизнис форум помеѓу Северна Македонија и Словачка
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска во Скопје, заедно со министерот за финансии на Словачката Република, Ладислав Каменицки, го отвори Економскиот бизнис форум помеѓу Република Северна Македонија и Словачката Република, на кој присуствуваа голем број домашни и словачки компании.
„Настанот, организиран од двете министерства со вклученост на повеќе економски институции, беше одлично посетен од претставници на стопанските комори и бизнис-заедницата. Присутните имаа можност за директни средби и вмрежување со словачките компании од секторите енергетика, градежништво, здравство и медицина, туризам, ИКТ, трговија и други услужни дејности“, соопштија од Министерството.
Во своето обраќање, министерот Муцунски истакна дека форумот претставува потврда не само на политичката блискост меѓу двете држави, туку и на заедничката верба во силата на економското партнерство.
„Економската дипломатија не е дополнување на надворешната политика – таа е нејзино јадро. Силните политички односи мора да бидат придружени со силни економски темели“, нагласи Муцунски, изразувајќи благодарност до словачките партнери и компании за нивното присуство, кое, како што посочи, претставува знак на доверба.
Тој истакна дека Северна Македонија нуди стабилност, отвореност и предвидливост како основа за инвестирање, при што континуираното усогласување со европското законодавство претставува заложба за транспарентност и правна сигурност. Посебно ги нагласи потенцијалите во автомобилската индустрија, производството на компоненти, ИКТ-секторот, обновливите извори на енергија и агробизнисот.
Министерот посочи дека достигнувањата на Словачка во автомобилското производство, иновациите и енергетската транзиција создаваат природна основа за продлабочување на партнерството преку заеднички инвестиции, интеграција на синџирите на снабдување и трансфер на технологии.
Во рамки на форумот беше потпишан и Меморандум за соработка меѓу Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот на Северна Македонија и словачката агенција SARIO, со што се отвора дополнителен простор за директна институционална соработка и заедничка промоција на економските потенцијали.
Муцунски истакна дека Владата останува цврсто посветена на поддршка на бизнис-заедницата преку дипломатската мрежа, институциите за промоција на инвестиции и механизмите за олеснување на трговијата, со цел идентификување нови можности и отстранување на административните пречки.
Форумот, како што беше оценето, претставува конкретен чекор кон продлабочување на економската соработка и создавање нови можности за инвестиции, иновации и одржлив раст во интерес на двете држави.
Економија
Компанијата Зегин и Фондацијата д-р Верица Механџиска со донација за погодените семејства од поплавите во Кичево
По поплавите во Кичево што доведоа до евакуација на околу 250 луѓе од 63 домаќинства, компанијата Зегин и Фондацијата д-р Верица Механџиска уште еднаш ја потврдија својата општествена одговорност преку донација на средства за лична хигиена за лицата кои се привремено згрижени во градската спортска сала „Христо Узунов“.

Пакетите, кои содржат основни производи за секојдневна хигиена, како и вода и храна се наменети за најзагрозените домаќинства со цел да им помогнат полесно да се справат со последиците од природната непогода.


Со оваа хуманитарна иницијатива, компанијата испраќа силна порака за солидарност и поддршка во моменти кога заедништвото е најпотребно, останувајќи доследна на својата општествено одговорна мисија.
(ПР)
Економија
MG Motor достигна 1 милион продадени возила во Европа
◾ Продадени 1 милион MG Motor возила во Европа
◾ Испорачани над 300.000 електрични MG Motor возила
◾ 386.000 продажби на домашниот пазар во Обединетото Кралство
◾ Продажбата на Hybrid+ моделите го поттикнува растот
MG Motor денес потврди дека го испорача своето милионито возило во Европа. MG Motor се врати на својот домашен пазар во Обединетото Кралство во 2011 година со моделот MG6, а оттогаш прерасна во сè поприсутен и популарен бренд низ Европа, со повеќе од 1.300 дилерски партнери и присуство на 34 пазари.
Клучен фактор зад подемот на MG Motor е способноста на брендот да понуди навистина достапни, стилски и возбудливи за возење електрични и напредни хибридни возила, достапни пред многу други брендови. Оригиналниот и високо пофален MG4 EV се покажа како значаен успех. До денес, MG Motor има испорачано 317.000 електрични возила во Европа и неодамна ги лансираше моделите 2026 MG4 EV и целосно новиот MG4 EV Urban.
Компанијата исто така беше предводник во воведувањето на електрични возила фокусирани на перформанси, при што впечатливо дизајнираниот MG Cyberster нуди модерно искуство на возење со отворен покрив. Осмислен во дизајнерското студио на компанијата во Лондон, наградуваниот Cyberster имаше водечка улога во одбележувањето на 100-годишнината на MG Motor на фестивалот Goodwood Festival of Speed.
MG Motor оствари и значителен пораст на нарачките во текот на 2025 година со своите високо ефикасни и практични Hybrid+ модели, со 139.000 испораки што дополнително го забрзаа растот на брендот. Guy Pigounakis, комерцијален директор на MG Motor UK, кој придонесе MG повторно да се позиционира меѓу топ 10 брендови на британскиот пазар со вкупно 386.000 продажби, изјави:
„MG Motor успешно се врати во европскиот автомобилски мејнстрим со испораката на своето милионито возило. Длабоката наклонетост кон MG, иконскиот британски спортски бренд, кој има развиена култура на класични автомобили и бројни групи на страствени сопственици, претставува вредност што ја цениме и почитуваме. Ова наследство продолжува да ја обликува нашата стратешка насока и ја зацврстува нашата посветеност кон електричните перформансни автомобили.“
„Сепак, денешниот MG повторно ја стекна својата истакната позиција нудејќи широк избор на модели и усвојувајќи визионерски пристап, особено во сегментот на хибридни и електрични возила, често пред другите, како и преку инвестиции во релевантна и достапна технологија. Воедно, доследно ја истакнуваме вкупната вредност што ја нудиме, на што бројни клиенти позитивно одговорија.“
MG Motor во првата половина од 2026 година ќе објави неколку значајни новитети поврзани со технологија и дизајн, со што дополнително ќе ја нагласи својата посветеност кон европските клиенти.
MG Motor ВО ЕВРОПА – 1 МИЛИОН ПРОДАЖБИ
Клучни бројки

За MG Motor
Основан во Англија во 1924 година, MG Motor стана еден од најпрепознатливите автомобилски брендови во светот, познат по стилските и достапни британски спортски автомобили кои донесоа возбудливо возачко искуство на милиони луѓе. Повеќе од еден век подоцна, наследството на иновации и достапност на MG продолжува – како преку илјадниците класични модели, така и преку новата генерација возила дизајнирани за иднината на мобилноста.
Денес, MG Motor им нуди на европските возачи сеопфатна палета модели за сите потреби – од бензински и високо-ефикасни хибридни погонски системи, до достапни целосно електрични возила. MG е препознатлив по тоа што ги прави електричните возила достапни, практични и забавни за возење.
MG Motor е активен во 34 еврoпски земји со околу 1.300 дилерски партнери, поддржани со 7-годишна / 150.000 km гаранција, градејќи доверба кај клиентите низ целиот континент.
(ПР)

