Контакт

Featured

За оштетeна џамија во Арачиново од воениот конфликт, државата треба да плати 152 илјади евра отштета

Објавено пред

Врховниот суд одлучи: Р. Македонија на Исламската верска заедница треба да ѝ плати отштета од 9.349.220 денари или приближно 152 илјади евра за оштетената џамија во Арачиново за време на конфликтот во 2001 година. Судискиот совет на Врховниот суд го одби барањето на Р. Македонија за ревизија на постапката за надомест на штета, во кој странка е ИВЗ. Државата треба да плати и 9.300 евра за судски трошоци за водењето на постапката. Отштетата треба да се уплати за оштетената дрвена граѓа набавена за изградба на новата џамија.

dobivaj vesti na viber

Според образложението на Врховниот суд, на територијата на село Арачаиново, во временскиот период од 22.6.2001 до 24.6.2001 година, имало воени дејства што се состоеле од пукање од авиони, тенкови и гранатирање (масовно по 10.000 гранати дневно). Од воените дејства оштетени биле џамиите во село Арачиново, и тоа долна или стара џамија, горна џамија и новата џамија, со тоа што новата џамија, која била во фаза на изградба, била опожарена,
односно запалена од гранатирањето и со тоа била целосно оштетена.

Бидејќи новата џамија за време на воените дејства била во фаза на изградба, за неа не постоел степен на амортизација. Со вештачење било констатирано дека објектот нова џамија е современ верски објект, кој сè уште е во градба, а на денот на увидот објектот бил изведен само во конструкција, односно биле изградени армирано-бетонски темели, столбови, греди, плочи, скали, куполи и друго. При увидот на вештите лица на самото место биле
забележани оштетувања на бетонските конструкциски елементи и арматурата за што бил изготвен табеларен преглед доставен со вештачењето за поправка на фасадата на џамијата, поправка на покривната конструкција на џамијата, поправка на внатрешните оштетувања на приземјето и галеријата, како и за електроинсталациите.

Врховниот суд констатира дека пониските судови правилно го примениле материјалното право кога го усвоиле тужбеното барање на тужителот. Имајќи ја предвид содржината на законската одредба од членот 166 став 1 од Законот за облигационите односи, како и неоспорно утврдениот факт дека штетата настанала како резултат на акти на насилство – воени дејства, правилно заклучиле пониските судови дека постои одговорност на државата, без утврдување вина во согласност со правилата за објективна одговорност за надомест на штета, навеле судиите во образложението.

 



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Featured

(Видео) Костовски: Скандалот со тепањето полицајци од страна на обезбедувањето на Мицкоски мора да биде расчистен

Објавено пред

Скандалот со тепањето полицајци од страна на обезбедувањето на Христијан Мицкоски и попречувањето на полициската акција против дрога мора целосно да биде расчистен, изјави пратеникот од СДСМ, Мартин Костовски.

dobivaj vesti na viber

Рече дека најавите за проширување на истрагата се позитивен момент во вистинската насока.

Но, надлежните институции, вели Костовски, имаат обврска да постапат професионално, во рамки на своите законски надлежности и секој инволвиран да понесе одговорност.

„МВР мора да одговори на прашањето за улогата на Мицкоски? Затоа што станува збор за спречување на акцијата против дрога од страна на негово обезбедување. Особено што и многу скандали со дрога се поврзуваат со ДПМНЕ и Белата палата. Професор во музичко училиште и претседател на ОК-ДПМНЕ Пештани неодамна беше фатен со кокаин. Наставничка во училиште во Ново Лисиче, претставник на ДПМНЕ во изборната комисија во Аеродром беше уапсена за дрога. Телохранителот на Мицковски, физички нападна полицаец за да спречи акција за откривање на дрога во познат скопски локал.Дали структурите на ДПМНЕ во ВМРО-МВРО, сега откако имаат министер, ја попречуваат борбата против дилерите со дрога?“, праша Костовски.

Овој случај, како што додаде, мора целосно да се расветли и сите инволвирани да понесат одговорност.

Прикажи повеќе...

Featured

(Видео) Груевски: Ретко се гледам со Мицкоски

Објавено пред

Експремиерот Никола Груевски по судското рочиште за предметот на СЈО, „Насилство во Центар“, на новинарско прашање одговори дека со новиот лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, ретко се гледа и дека тој самостојно ја води партијата.

dobivaj vesti na viber

„Тоа е ново раководство, си имаат свои приоритети. На почетокот се на својот мандат и треба да им се остави време за да се докажат со работењето, да ги покажат своите идеи“, изјави Груевски пред судот.

Прикажи повеќе...

Featured

Заев: Во борбата на нотарите и адвокатите за подобра заработка забораваат дека сите им служиме на граѓаните

Објавено пред

Премиерот Зоран Заев, одговарајќи на новинарско прашање дали ќе го повлече најавениот предлог-закон за нотаријат бидејќи адвокатите бараа повлекување или најавија штрајк, тој одговори дека правото на штрајк на адвокатите не им бега.

dobivaj vesti na viber

„Ред е првин да разговараме, а по тоа, правото на штрајк не им бега. Јас денеска закажав состанок со министерот за правда и заменик-министерот за правда, мојот советник за правни работи, но и претседателот на Комората за нотаријат на нотарите, претседателот на Комората на адвокатите и претставникот на Стопанската комора, која работи на оваа проблематика. Верувам дека денеска ќе најдеме решение што ќе биде прифатливо за двете страни, а во функција на закон што, пред сè, ќе им служи на граѓаните. Во борбата кој ќе добие повеќе можности да заработи се забораваат дека сите им служиме на граѓаните преку пренесени овластувања, пред сè, нотарите, но секако и адвокатите. Наша конечна цел како Влада е да ги намалиме трошоците на граѓаните во која било постапка“, рече премиерот.

Тој се надева дека ќе имаат разбирање од претставниците на двете комори и на Стопанската комора на Македонија да изнајдеме правично решение и секој да добие фер шанса во согласност со Уставот и законите да заработува од Република Македонија, но и граѓаните да добијат пониски сметки при нивните правно-формални постапки што ги водат пред институциите.

„Законот, секако, ќе претрпи промени. Тоа што можам од почеток да го кажам е дека во еден дел сигурно се во право адвокатите, а во друг дел сигурно се во право и нотарите. Верувам дека има и меѓународни пракси, ние не го измисливме ова, ќе ги примениме сите меѓународно добри, признати примери и она што е пракса во Република Македонија, сослушувајќи ги аргументите на двете страни, на крајот да се донесе правично законско решение за заинтересираните страни. Но, како што реков, во функција на интересите на граѓаните на Република Македонија“, рече Заев.

 

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија35 минути

Сиљановска-Давкова: Состојбата е стабилна и нема опасност по безбедноста

Не сме изложени на нестабилност и нема опасност по безбедноста внатре и во регионот. Систем за предупредување постои, институциите ја...

Македонија1 час

Повеќе од 150 македонски државјани побарале помош од амбасадите во Тел Авив, Доха и Абу Даби за евакуација

Расте бројот на македонски државјани кои пријавуваат дека се затечени во загрозените подрачја на Блискиот Исток. Од Министерството за надворешни...

Македонија3 часа

Малолетник сакал да се самоубие, МВР го спречи постапувајќи по објава оставена на социјалните мрежи

Секторот за компјутерски криминал при Министерството за внатрешни работи интервенираше навремено откако беше забележана објава на социјалните мрежи што укажуваше...

Свет3 часа

Во напад врз женско училиште во Иран убиени се 165 ученички

Сто шеесет и пет ученички се убиени во женско училиште во Минаб, Иран, објавија иранските државни медиуми. Иран вели дека...

Свет4 часа

Трамп се согласил да разговара со новите ирански лидери

Американскиот претседател вели дека новото раководство на земјата сака да разговара со неговата администрација и дека тој планира да го...

Свет5 часа

Трамп изјави дека 48 ирански лидери се убиени во тековните американско-израелски напади

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека 48 ирански лидери се убиени во тековните американско-израелски напади врз земјата. „Никој не може...

Свет5 часа

Израелската војска пак го нападна Иран

Израелската војска соопшти дека нејзините сили започнале со спроведување нови воздушни напади врз иранскиот главен град. „Воздухопловните сили сега започнаа...

Свет6 часа

Папата го предупредува Трамп додека тој го крши молчењето за „спиралата на насилство“

Папата го повика Доналд Трамп да ја запре „спиралата на насилство“ на Блискиот Исток „пред да стане непоправлива бездна!“ Папата...

Свет9 часа

Иранскиот претседател: Одмаздата е наше легитимно право по убиството на Хамнеи

Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан во ново соопштение порача дека одмаздата по убиството на врховниот лидер е легитимно право и должност...

Македонија11 часа

МНР и НТ формира кризен штаб, се повеќе македонски граѓани бараат помош по нападите на Блискиот Исток

Со оглед на влошената безбедносна состојба во регионот на Блискиот Исток, вчера во Министерството за надворешни работи и надворешна трговија...

Свет13 часа

Откриени детали за тоа како е убиен врховниот лидер на Иран, ајатолахот Хамнеи

Израел и САД го темпираа нападот врз Иран за сабота, за да се совпадне со самитот меѓу ајатолахот Али Хамнеи...

Свет14 часа

Гори Блискиот Исток, експлозии и денеска се слушаат во арапските држави во Заливот

Експлозии денеска повторно се слушнаа во арапските држави во Заливот, по убиството на иранскиот врховен водач, ајатолахот Али Хамнеи, во...

Свет19 часа

Техеран ја потврди смртта на врховниот лидер Али Хамнеи и објави 40 дена жалост

Иранскиот државен радиодифузер ја потврди смртта на врховниот лидер Али Хамнеи, неколку часа откако САД и Израел соопштија дека тој...

Свет22 часа

(Видео) На улиците на Техеран, Иран, се слави убиството на Али Хамнеи

Со музика и танцување вечерва жителите на многу ирански градови слават за убиството на лидерот на Исламската Република, ајатолахот Али...

Свет23 часа

(Видео) Ирански дрон го погоди и хотелот Бурџ ал Араб во Дубаи

Иран вечерва започна трет бран одмазднички напади. Покрај аеродромот, во Дубаи беше погоден и Бурџ Ал Араб. BREAKING: Iranian drone...

Свет23 часа

Трамп: Ајатолахот е мртов

Иран очигледно потврди дека ајатолахот е мртов. На неговиот профил на социјалните мрежи е објавена порака: „Во возвишеното име на...

Свет24 часа

(Видео) Погоден аеродромот во Дубаи, евакуацијата е во тек

Иран вечерва започна трет бран одмазднички напади. BREAKING: Iranian drone strike hits Dubai International Airport. Evacuations are underway at the...

Свет1 ден

(Видео) Американците објавија снимки од операцијата „Епски гнев“: „За прв пат употребивме ново оружје“

Централната команда на САД (CENTCOM) објави дека нема извештаи за американски жртви или повредени по нападот во Иран и дека...

Свет1 ден

Иран ги демантира извештаите за смртта на ајатолахот

Ирански извори остро негираа дека ајатолахот Али Хамнеи е убиен. „Можам да ве уверам дека лидерот на револуцијата е стабилен...

Македонија1 ден

Претседателката за утре го свика Советот за безбедност

По извршените консултации претседателката Гордана Сиљановска – Давкова за утре – 1 март 2026 година, закажа седница на Советот за...