Контакт

Daily news

Турската дијаспора од Македонија гласаше за Ердоган

Објавено пред

Според неофицијалните резултати од референдумот за зголемување на овластувањата на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, во Македонија „Да“ гласале 57,97 отсто од регистрираните гласачи од турската дијаспора, додека „Не“ гласале 42,03 отсто, објави агенцијата „Анадолу“. Во бројки, тоа се 618 гласа „Да“ и 448 „Не“.

Ердоган вечерва прогласи победа на референдумот со кој му се овозможуваат далекусежни нови овластувања, велејќи дека победил со јасно мнозинство. Со повеќе од 99 отсто преброени гласови, „Да“ имаше 51,36%, додека „Не“ имаше 48,64%.

Без да губи време, Ердоган кажа дека сега ќе дискутира за враќање на смртната казна со премиерот Бинали Јилдирим и лидерот на националистичката опозициска партија МХП. Тој рече и дека ќе свика референдум за прашањето ако е потребно.

Двете најголеми опозициски партии, ЦХП и ХДП ги спорат резултатите од референдумот и велат дека додека не биде одлучено по нивните приговори, резултатот не е финален.

Победата на „Да“ на референдумот ќе овозможи 18 уставни реформи коишто ќе му дадат моќ на претседателот да назначува владини министри, високи функционери и половина од членовите на Врховниот суд, а ќе може и да издава декрети. Со новиот систем, Ердоган може да остане на претседателската функција до 2029 година.

Најново

Македонија2 минути

Филипче: Карпалак не смее да биде само датум во календарот

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, упати порака со почит и сеќавање кон загинатите бранители кај Карпалак, кои на денешен ден...

Македонија4 минути

Мицкоски: Карпалак е наша заедничка рана, но и наша обврска да паметиме

Постојат датуми кои не се само дел од календарот, туку остануваат засекогаш врежани во колективната меморија на еден народ. 8...

Македонија11 минути

ДУИ: Отстранувањето на албанскиот јазик од државните табли на Табановце е тешка провокација

Отстранувањето на албанскиот јазик од државните табли на граничниот премин Табановце, на територијата на Општина Куманово, претставува директно прекршување на...

Топ18 минути

Уапсен возач од Арачиново кој избегал по несреќата во Радишани во која загина 19-годишен мотоциклист

Полицијата приведе едно лице во врска со сообраќајната несреќа во Скопје во која вчера загина 19-годишен мотоциклист од скопско „На...

Црна хроника23 минути

Двајца фатени под сомнение дека подметнувале пожари во Македонија

Полициски службеници од ОВР Македонски Брод и ОВР Прилеп привеле две лица под сомнение дека предизвикувале пожари на отворен простор....

Црна хроника30 минути

Полицаец удрил лице со врзани раце во Градски парк, пријавен за малтретирање

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи до ОЈО ГОКК поднел кривична пријава...

Црна хроника33 минути

Осумгодишно девојче тешко повредено откако во него удрил „јагуар“ во Гостивар

Oсумгодишно девојче од Гостивар е тешко повредено по удар од автомобил во градот. „На 07.08.2026 во 21:30 часот во ОВР...

Црна хроника36 минути

Со автоматска пушка пукал кон семејна куќа во Тетово, оштетени и автомобил и фасада

Вчера во Тетово било пријавено дека околу 04:20 часот, машко лице од мопед во движење испукало повеќе куршуми од автоматска...

Црна хроника39 минути

Охриѓанец бил пуштен на викенд од затвор, па ја нападнал мајка му и фрлал предмети кон домот

Синоќа во 22:40 часот, полициски службеници од СВР Охрид го лишиле од слобода С.Ѓ.(46) од овој град, по претходна пријава...