Контакт

Featured

(ВИДЕО) Нови претставки за судиите кои го ослободија Сеад Кочан

Објавено пред

Здружението „Зелена лупа“ поднесе нови 18 претставки за одговорност на судии до Советот за утврдување факти, меѓу кои и за судиите кои му овозможија на бизнисменот Сеад Кочан законска можност да излезе од притвор. Новите иницијативи се против судии од Основниот суд Скопје I- Скопје, Апелациониот суд и од Врховниот суд. Иницијативите се поднесува за „несовесно работење со службата” и „злоупотреба на сл. должност и овластувања” поради суштествени повреди во текот на постапката во предметите по кои постапувале како судии. Меѓу нив се првиот човек на Врховниот суд, Јово Вангеловски, и судиите Фаик Арлсани, Џемали Саити, Ристо Катавеновски и Рахилка Стојковска. Иницијатива е поведена и против судијката Билјана Коцевска од кривичниот суд, потоа против судиите во Апелациониот суд, Зуица Наумова, Цветанка Периќ и Африм Фидани.

dobivaj vesti na viber

Претставки се поднесени и за судијката Моника Бахчовановска и Лидија Петровска, Милка Ангеловска-Васевска која досуди условна казна затвор за напаѓачите од Собранието, Џенета Бектовиќ и Марин Станевски. Васко Тодоровски од „Зелена лупа“ информираше дека инцијативи за утврдување одговорност на судии се поднесени и за претседателката на Апелациониот суд, Љиљана Шопова Ивановска, Татјана Дуковска, Зоран Димитриевски и Енвер Амзаи.

В. Маглешов

Featured

(Видео) Костовски: Скандалот со тепањето полицајци од страна на обезбедувањето на Мицкоски мора да биде расчистен

Објавено пред

Скандалот со тепањето полицајци од страна на обезбедувањето на Христијан Мицкоски и попречувањето на полициската акција против дрога мора целосно да биде расчистен, изјави пратеникот од СДСМ, Мартин Костовски.

dobivaj vesti na viber

Рече дека најавите за проширување на истрагата се позитивен момент во вистинската насока.

Но, надлежните институции, вели Костовски, имаат обврска да постапат професионално, во рамки на своите законски надлежности и секој инволвиран да понесе одговорност.

„МВР мора да одговори на прашањето за улогата на Мицкоски? Затоа што станува збор за спречување на акцијата против дрога од страна на негово обезбедување. Особено што и многу скандали со дрога се поврзуваат со ДПМНЕ и Белата палата. Професор во музичко училиште и претседател на ОК-ДПМНЕ Пештани неодамна беше фатен со кокаин. Наставничка во училиште во Ново Лисиче, претставник на ДПМНЕ во изборната комисија во Аеродром беше уапсена за дрога. Телохранителот на Мицковски, физички нападна полицаец за да спречи акција за откривање на дрога во познат скопски локал.Дали структурите на ДПМНЕ во ВМРО-МВРО, сега откако имаат министер, ја попречуваат борбата против дилерите со дрога?“, праша Костовски.

Овој случај, како што додаде, мора целосно да се расветли и сите инволвирани да понесат одговорност.

Прикажи повеќе...

Featured

(Видео) Груевски: Ретко се гледам со Мицкоски

Објавено пред

Експремиерот Никола Груевски по судското рочиште за предметот на СЈО, „Насилство во Центар“, на новинарско прашање одговори дека со новиот лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, ретко се гледа и дека тој самостојно ја води партијата.

dobivaj vesti na viber

„Тоа е ново раководство, си имаат свои приоритети. На почетокот се на својот мандат и треба да им се остави време за да се докажат со работењето, да ги покажат своите идеи“, изјави Груевски пред судот.

Прикажи повеќе...

Featured

Заев: Во борбата на нотарите и адвокатите за подобра заработка забораваат дека сите им служиме на граѓаните

Објавено пред

Премиерот Зоран Заев, одговарајќи на новинарско прашање дали ќе го повлече најавениот предлог-закон за нотаријат бидејќи адвокатите бараа повлекување или најавија штрајк, тој одговори дека правото на штрајк на адвокатите не им бега.

dobivaj vesti na viber

„Ред е првин да разговараме, а по тоа, правото на штрајк не им бега. Јас денеска закажав состанок со министерот за правда и заменик-министерот за правда, мојот советник за правни работи, но и претседателот на Комората за нотаријат на нотарите, претседателот на Комората на адвокатите и претставникот на Стопанската комора, која работи на оваа проблематика. Верувам дека денеска ќе најдеме решение што ќе биде прифатливо за двете страни, а во функција на закон што, пред сè, ќе им служи на граѓаните. Во борбата кој ќе добие повеќе можности да заработи се забораваат дека сите им служиме на граѓаните преку пренесени овластувања, пред сè, нотарите, но секако и адвокатите. Наша конечна цел како Влада е да ги намалиме трошоците на граѓаните во која било постапка“, рече премиерот.

Тој се надева дека ќе имаат разбирање од претставниците на двете комори и на Стопанската комора на Македонија да изнајдеме правично решение и секој да добие фер шанса во согласност со Уставот и законите да заработува од Република Македонија, но и граѓаните да добијат пониски сметки при нивните правно-формални постапки што ги водат пред институциите.

„Законот, секако, ќе претрпи промени. Тоа што можам од почеток да го кажам е дека во еден дел сигурно се во право адвокатите, а во друг дел сигурно се во право и нотарите. Верувам дека има и меѓународни пракси, ние не го измисливме ова, ќе ги примениме сите меѓународно добри, признати примери и она што е пракса во Република Македонија, сослушувајќи ги аргументите на двете страни, на крајот да се донесе правично законско решение за заинтересираните страни. Но, како што реков, во функција на интересите на граѓаните на Република Македонија“, рече Заев.

 

Прикажи повеќе...

Најново

Топ26 минути

Загина маж во пожар во стан во Тетово: со изгореници се здобило уште едно лице

Вчера во 19:20 часот во СВР Тетово е пријавено дека на улицата „180“ во Тетово настанал пожар во стан, сопственост...

Македонија2 часа

Oбјавена листата на најмоќните пасоши за 2026 година: Македонија бележи напредок

Азиските земји продолжуваат да доминираат на рангирањето на најмоќните пасоши во светот, според најновиот извештај на „Henley Passport Index“. Сингапур...

Македонија2 часа

(Видео) Димитријевиќ: Кој оди на средба со Мицкоски легитимира криминал и изолација на земјата

Сите што денеска ќе одат на средба со Мицкоски за укинување на техничката стануваат соучесници во легитимирање на криминалот и...

Македонија3 часа

За новогодишно украсување, општините дале 785 илјади евра – најмногу пари потрошила Општина Штип

За новогодишно украсување, општините потрошиле 785 илјади евра, а 78 отсто од вредноста е концентрирана кај една фирма. Ова го...

Македонија5 часа

Вељаноски за техничката влада: Eксперимент кој предизвикува штета за државата

За поранешниот претседател на Собранието Трајко Вељаноски, техничката влада е експеримент кој како што оценува, предизвикува повеќе штета од корист...

Свет7 часа

Денешниот состанок во Вашингтон ја одлучува судбината на Гренланд

Денес во Белата куќа се одржува состанок кој би можел да ја одреди иднината на Арктикот, но и на самиот...

Свет7 часа

Трамп: Сакам да победам во Иран, обожавам да победувам

Претседателот на САД, Доналд Трамп, се закани дека ќе „преземе многу силни мерки“ ако иранските власти почнат да ги бесат...

Македонија8 часа

Лидерска средба за техничката влада, СДСМ одби да учествува

Во Клубот на пратениците денеска треба да се одржи лидерска средба на премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, со...

Свет15 часа

(Видео) Премиерот на Гренланд: Ако треба да избереме помеѓу САД и Данска, ја бираме Данска

Премиерот на Гренланд изјави дека доколку неговиот народ мора да избере „тука и сега“, ќе ја избере Данска пред САД....

Европа16 часа

Поранешни вработени го обвинија Хулио Иглесијас за сексуална злоупотреба, откриени детали

Шпанскиот пејач Хулио Иглесијас е обвинет за сексуален напад од страна на две поранешни вработени, кои тврдат дека биле подложени...

Македонија19 часа

(Фото) Тошковски на проштална средба со амбасадорката Агелер: САД остануваат клучен стратешки партнер во безбедноста

Министерот за внатрешни работи на Република Северна Македонија, Панче Тошковски, денеска оствари проштална средба со амбасадорката на Соединетите Американски Држави...

Европа19 часа

Зеленски се обиде да го назначи поранешниот премиер за министер за енергетика, парламентот го одби

Украинските пратеници го отфрлија назначувањето на министерот за одбрана во заминување Денис Шмихал за министер за енергетика, што е ретка...

Свет20 часа

Бројот на жртви варира во голема мера: „Иран Интернешнл“ тврди дека најмалку 12.000 луѓе се убиени во протестите

Се појавуваат извештаи за илјадници жртви во немирите во Иран, што би претставувало најголем број смртни случаи во протестите од...

Свет20 часа

Каја Калас: Историјата е полна со примери за паѓање на режими, но прашањето е што следува потоа

Високиот претставник на Европската Унија за надворешни работи и безбедносна политика, Каја Калас, изјави дека е неизвесно што ќе се...

Македонија21 час

Времето утре – сончево со мала до умерена облачност, максималната температура до 10 степени

Времето утре ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и северозападен...

Македонија22 часа

Јордан Апостолски, Наташа Бошкова и Сашо Георгиевски кандидати за судии во Европскиот суд за човекови права

Владата на денешната 141 седница беше информирана за текот на постапката за номинирање кандидати за позицијата судија во Европскиот суд...

Македонија1 ден

Утрешното судење за пожарот во „Пулс“ е одложено за 26 јануари

Судењето за пожарот во „Пулс“ што требаше да се одржи утре е одложено за 26 јануари, соопшти Кривичниот суд. Расправата...

Македонија1 ден

Бугарски државјанин протеран од земјава, кај него се пронајдени боксирач и транспарент со навредлива содржина

Полицијата уапси бугарски државјанин на Граничен премин Деве Баир, кај него се пронајдени боксирач и транспарент со навредлива содржина. Според...

Македонија1 ден

МНР апелира македонските државјани да го напуштат Иран во прва можна прилика

Министерството за надворешни работи апелира сите македонски државјани што се наоѓаат во Иран да ја напуштат земјата поради влошената состојба....

Македонија1 ден

Обвинителството бара притвор за лицето што ја искрши влезната врата на бугарската Амбасада

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 55-годишник осомничен за кривично дело – Оштетување туѓи предмети од член 243 став...