Контакт

Featured

По налог на Грујевски, осудената во „Таргет-Тврдина“, ги бришела трагите  од прислушувањето

Објавено пред

Осудената во предметот на СЈО „Таргет-Тврдина“, Е. Џ.,  по налог на бегалецот, Горан Грујевски, три и пол часа во УБК ги бришела трагите од прислушувањето. Ова го пишува во пресудата на кривичниот суд за спогодбата на осудената со специјалното јавно обвинителство до која дојде „Макфакс“, користејќи го правто на слободен пристап до информации од јавен караткер.

dobivaj vesti na viber

На 28 јануари 2016 година, E. Џ. како началник на „Единицата за телекомуникации“ при „Одделот за оперативно-техничка поддршка“ при УБК, познат како петта управа, им помогнала на обвинетиот Горан Грујевски и уште на неколку други лица и ги прикрила елктронските траги од незаконското прислушување. Според пресудата, Е. Џ. ги архивирала податоците од три интермедијациски LI IMS сервери, кои се во сопственост на телекомуникациските оператори, сместени во УБК: Eден сервер на T-Mobile, еден на One, и еден сервер на ВИП. На овие системи се наоѓале електронските траги и податоци за телефонските броеви кои биле предмет на следење на комуникациите. „Податоците од регистарот на активности ги отстранила од северите и ги експортирала во соодветна датотека на систмот, а датотеката ја отстранила од системот на надворешен мемориски уред, со што ги прикрила трагите од кривичното дело“, пишува во пресудата на кривичниот суд.

Истиот ден, таа го повикала обвластеното лице од „Ериксон“, кое подоцна било сведок во постапката. Лицето било задолжено да ги сервисира серверите, а сега осудената го прашувала технички прашања за архивирањето податоци. „Побарала да ѝ биде демонстрирана постапката за архивирање, под изговор дека УБК треба да ги архивира податоците, иако во тој момент, таква потреба не постоела“, напишале судијките Ленка Давиткова и Татјана Михајлова во образложението на пресудата.

Сега осудената преку корисничкото име ImsAdmin им пристапила на серверите и ги отстранила податоците од регистарот на активности. „Откако увидела дека се отстранети податоците од LI IMS серверите, со што се прикриваат електронските траги за да не бидат откриени сторителите и стореното кривично дело поврзано со незаконското следење на комуникациите, во 20:51:12 часот ја напуштила зградата“, пишува во пресудата.

Еден од обвинетите во „Тврдина-Таргет“

Осудената доби условна казна во траење од 6 месеци која нема да се изврши доколку во следните 2 години по правосилноста на пресудата не стори нови кривично дело. Судот ја осуди за „Помагање во извршување на кривичното дело“. Таа, отако СЈО поднесе обвинение, самата се јавила во обвинителството и дала исказ со која признала вина. Обвинителите од СЈО Ленче Ристоска, Артан Ајро и Трајче Пеливанов за неа побарале алтернативна мерка, поради, како што посочиле големиот број олеснителни околности кои биле на страна, на тогашната обвиинета. Осудената се покајала за стореното и изјавила дека била присилена од нејзините претпоставени и веднаш по поднесувањето на обвинението, доброволно побарала отказ од МВР, за да не потсетувала во средината, каде што работела.

Истрагата за предметот „Тврдина“ беше отворена на 29 март 2016 година, а за предметот „Таргет“ на 17 ноември 2016 година. Поради нивната поврзаност се споени во еден предмет. Според обвинението, подигнато на 30 јуни 2017 година, преку три системи за следење на комуникациите во УБК, во периодот од 2008 до 2015 година незаконски биле следени 4.286 телефонски броеви за кои воопшто не биле издадени судски наредби. Комуникацијата била следена пред да бидат издадени и по завршување на траењето на важноста на судските наредби на 1.541 број или вкупно 5.827 телефонски броеви. Прислушувани биле над 20 илјади граѓани.

Судењето за предметот „Таргет-Тврдина“ е најавено дека ќе се одржи на 27 март, но поради фактот што Врховниот суд во Атина, по третпат ја одложи седницата за одлуката по жалбата за нивната екстрадиција за 26 април, најверојатно и ова рочиште ќе биде одложено.

Во „Таргет-Тврдина“обвинети се поранешниот началник на петтата управа во МВР, Горан Грујевски, неговиот колега, Никола Бошкоски, поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска и поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков, како и поранешниот шеф на неговиот кабинет, Тони Јакимовски.

В. Маглешов

Featured

(Видео) Костовски: Скандалот со тепањето полицајци од страна на обезбедувањето на Мицкоски мора да биде расчистен

Објавено пред

Скандалот со тепањето полицајци од страна на обезбедувањето на Христијан Мицкоски и попречувањето на полициската акција против дрога мора целосно да биде расчистен, изјави пратеникот од СДСМ, Мартин Костовски.

dobivaj vesti na viber

Рече дека најавите за проширување на истрагата се позитивен момент во вистинската насока.

Но, надлежните институции, вели Костовски, имаат обврска да постапат професионално, во рамки на своите законски надлежности и секој инволвиран да понесе одговорност.

„МВР мора да одговори на прашањето за улогата на Мицкоски? Затоа што станува збор за спречување на акцијата против дрога од страна на негово обезбедување. Особено што и многу скандали со дрога се поврзуваат со ДПМНЕ и Белата палата. Професор во музичко училиште и претседател на ОК-ДПМНЕ Пештани неодамна беше фатен со кокаин. Наставничка во училиште во Ново Лисиче, претставник на ДПМНЕ во изборната комисија во Аеродром беше уапсена за дрога. Телохранителот на Мицковски, физички нападна полицаец за да спречи акција за откривање на дрога во познат скопски локал.Дали структурите на ДПМНЕ во ВМРО-МВРО, сега откако имаат министер, ја попречуваат борбата против дилерите со дрога?“, праша Костовски.

Овој случај, како што додаде, мора целосно да се расветли и сите инволвирани да понесат одговорност.

Прикажи повеќе...

Featured

(Видео) Груевски: Ретко се гледам со Мицкоски

Објавено пред

Експремиерот Никола Груевски по судското рочиште за предметот на СЈО, „Насилство во Центар“, на новинарско прашање одговори дека со новиот лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, ретко се гледа и дека тој самостојно ја води партијата.

dobivaj vesti na viber

„Тоа е ново раководство, си имаат свои приоритети. На почетокот се на својот мандат и треба да им се остави време за да се докажат со работењето, да ги покажат своите идеи“, изјави Груевски пред судот.

Прикажи повеќе...

Featured

Заев: Во борбата на нотарите и адвокатите за подобра заработка забораваат дека сите им служиме на граѓаните

Објавено пред

Премиерот Зоран Заев, одговарајќи на новинарско прашање дали ќе го повлече најавениот предлог-закон за нотаријат бидејќи адвокатите бараа повлекување или најавија штрајк, тој одговори дека правото на штрајк на адвокатите не им бега.

dobivaj vesti na viber

„Ред е првин да разговараме, а по тоа, правото на штрајк не им бега. Јас денеска закажав состанок со министерот за правда и заменик-министерот за правда, мојот советник за правни работи, но и претседателот на Комората за нотаријат на нотарите, претседателот на Комората на адвокатите и претставникот на Стопанската комора, која работи на оваа проблематика. Верувам дека денеска ќе најдеме решение што ќе биде прифатливо за двете страни, а во функција на закон што, пред сè, ќе им служи на граѓаните. Во борбата кој ќе добие повеќе можности да заработи се забораваат дека сите им служиме на граѓаните преку пренесени овластувања, пред сè, нотарите, но секако и адвокатите. Наша конечна цел како Влада е да ги намалиме трошоците на граѓаните во која било постапка“, рече премиерот.

Тој се надева дека ќе имаат разбирање од претставниците на двете комори и на Стопанската комора на Македонија да изнајдеме правично решение и секој да добие фер шанса во согласност со Уставот и законите да заработува од Република Македонија, но и граѓаните да добијат пониски сметки при нивните правно-формални постапки што ги водат пред институциите.

„Законот, секако, ќе претрпи промени. Тоа што можам од почеток да го кажам е дека во еден дел сигурно се во право адвокатите, а во друг дел сигурно се во право и нотарите. Верувам дека има и меѓународни пракси, ние не го измисливме ова, ќе ги примениме сите меѓународно добри, признати примери и она што е пракса во Република Македонија, сослушувајќи ги аргументите на двете страни, на крајот да се донесе правично законско решение за заинтересираните страни. Но, како што реков, во функција на интересите на граѓаните на Република Македонија“, рече Заев.

 

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија8 часа

Сиљановска-Давкова се сретна со шпанскиот премиер Педро Санчез

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, во рамки на учеството на 4. Меѓународна конференција за финансирање на развојот во Севиља оствари средба со...

Топ10 часа

(Фото) Запленети околу 100 килограми марихуана во Струмица, уапсени три лица

Полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Струмица во координација со Агенцијата за национална безбедност, а во согласност со своите...

Македонија12 часа

Филипче: Не е време за калкулации, ниту за ситнопартиски интереси, СДСМ останува силен промотор на европската идеја

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, по средбата со еврокомесарката за проширување Марта Кос, изјави дека поддршката од Европската Унија за...

Македонија13 часа

Уписот во средно в година ќе биде подигитален од годинешниот: родителите нема да трчаат да ги скенираат свидетелствата, тие дигитално ќе се преземаат

Годинешното дигитално пријавување во средните училишта значеше само повеќе мака и ангажман на родителите во споредба со претходните уписи. Иако...

Македонија13 часа

(Видео) Мицкоски: Не прифаќаме наметнувања под маска на европскиот процес

Не прифаќаме наметнувања под маска на европскиот процес, изјави премиерот Христијан Мицкоски, на заедничката прес – конференција со еврокомесарката за...

Топ17 часа

Го удрил со тупаница докторот што му давал лекарска помош, а потоа тепал и полицајци: предложен притвор за 28-годишник

Основното јавно обвинителство Битола поведе постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило дело – Напад врз...

Македонија18 часа

Арсовска со отворено писмо до Михалис Рокас: Во секоја држава има мафија, само во Македонија мафијата си има своја држава

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска упати отворено писмо до Михалис Рокас, Амбасадор на Европската Унија во Македонија. „Почитуван господин...

Свет18 часа

Трамп остро му одговори на Маск: Без субвенции, би се вратил дома, во Јужна Африка

Американскиот претседател Доналд Трамп повторно јавно го нападна Илон Маск, тврдејќи дека без владини субвенции, шефот на „Тесла“, „Спејс Екс“...

Свет18 часа

Маск жестоко го нападна законот на Трамп: „Ќе изгубат, дури и ако ми е последно“

По објавувањето на неговото повлекување од политичкиот свет, милијардерот и основач на Тесла, Илон Маск, речиси веднаш се врати во...

Свет20 часа

Трамп потпиша укинување на санкциите против Сирија

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера потпиша извршна наредба со која се укинуваат санкциите на САД врз Сирија, со што се...

Свет20 часа

Палестинците во Газа протестираа со фотографии од убиени израелски деца

Група Палестинци во Појасот Газа покажаа слики од израелски деца убиени од Хамас на 7 октомври 2023 година, за време...

Македонија1 ден

Мицкоски-Кос: нагласена определбата на Владата за интеграција во ЕУ, достоинствено и преку спроведување на суштински реформи

Премиерот Христијан Мицкоски, денес во Скопје оствари средба со еврокомесарката за проширување и добрососедска политика, Марта Кос, која престојува во...

Македонија1 ден

Достапни се лековите за третман на онколошки заболувања, сите пациенти ја добиваат потребната терапија, вели директорот

Од Клиниката за радиотерапија и онкологија информираат дека сите пациенти ја добиваат потребната терапија и дека се достапни лековите за...

Македонија1 ден

Нема повредени лица во запалениот глисер во Охридското Езеро

Денеска во 10,30 часот, во полициската станица за граничен надзор „Охридско езеро“, пријавено е дека на пловен објект глисер кој...

Македонија2 дена

(Видео) Филипче: Македонија заложник на туѓи агенди – ЕУ алармира на влијание од Србија, Унгарија, Русија и Кина

СДСМ од првиот ден предупредуваше дека Владата на ВМРО ДПМНЕ ја става државата во заложништво на други држави – наместо...

Македонија2 дена

Директор и вработени во Општината и во Министерството пустошеле во Националниот парк Маврово, заработиле над 3 милиони денари

Полицијата поднесе кривична пријава за вработен во Општина Маврово Ростуше, директор во ЈУ Национален парк Маврово, раководител на одделение за одржливо...

Македонија2 дена

Пожар на глисер во Охрид

Утрово се запали глисер во Студенчишкиот Канал во Охрид. Според првичните информации, пламенот се појавил кога сопственикот го стартувал моторот,...

Македонија2 дена

Муртезани: 150 институции и над 800 експерти ќе учествуваат во подготовката на преговарачките позиции со ЕУ

Пред една година започнавме со јасна цел: да ѝ дадеме нов импулс на европската агенда на земјава. Денес, по 12...

Македонија2 дена

Опасен пожар во близина на границата со Грција: се слуша пукање од муниција, постои опасност од неоткопани гранати

Пожар се шири во близина на границата со Грција. Од Центарот за управување со кризи велат дека пожарот се развива на...

Македонија2 дена

Латас го спомена таткото на Костадин Костадинов, па доби закана: „Цела фамилија те чекаме, со наш суд“

Навреди и закани помеѓу Драган Павловиќ-Латас и струмичкиот градоначалник од СДСМ, Костдин Костадинов, откога новинарот во јавно излагање на поткаст...