Контакт

Избори 2019

(Видео) Арсовски: Ја охрабруваме антикорупциската комосија да ги провери сите политички фактори во земјата

Објавено пред

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски, на прес-конференција порача дека денеска ќе ја потсетат антикорупциската комисија на неколку случаи и ќе апелираат за дополнително отворање на овие случаеви и нивни истраги сè со цел да се дознае вистината и да има нивна разрешница.

„Ние ги поддржуваме и охрабруваме антикорупционерите, целата антикорупциска комисија, да стават крај на корупцијата во нашата држава, но и во Владата и буквално да бидат проверени сите политички фактори во Република Македонија за конечно во Република Македонија да се стави рез и во иднина да може да се почне од почеток. Јавноста и граѓаните, освен паушални одговори, изминатиов период од Владата и нивните функционери сè уште немаат вистински одговор и не ја знаат целосната вистина за следниве неколку случаи што ќе ги споменам денеска.

Зоран Заев е аболиран за криминал вреден 8 милиони евра за случајот „Глобал“ и сè уште јавноста нема одговор со што и колку се стекнаа тој и неговите бизнис-партнери што беа аболирани од случајот „Глобал“, каде што тој што е фатен жив во криминал и подоцна како што знаеме сите аболиран.

Граѓаните сè уште чекаат разрешница на случајот „Цареви Кули“, случај што го обелодени ВМРО-ДПМНЕ, каде што Заев практично се потврди дека е виновен преку пресудата на тужбата кон медиумите, која ја имаше поднесено, кои обелоденија за истиот случај. Криминал исто така вреден неколку милиони евра.
Граѓаните сè уште чекаат разрешница за случајот со земјиштето во старата касарна во Струмица, каде што бизнис-партнерот на Зоран Заев и брат му Вице Заев, Сашо Брндевски, купува земјиште од над 18.000 квадрати за сума од 700.000 евра во време кога Зоран Заев е градоначалник и му го продава на неговиот брат Вице Заев и фирмата „Тотал инженеринг“, братот на Зоран Заев, Вице Заев, го купува, односно го презема истото земјиште за стан од 40-ина квадрати, што му го дава за замена на Сашо Брндевски. Станот има вредност од 30-ина илјади евра. Замислете, земјиште од 700.000 евра го добива за стан од 30.000 евра.

Јавноста сè уште чека одговор каква е врската на Вице Заев и фирмата „Тотал инженеринг“ во ископот во РЕК „Битола“ и со каква корист и колкава сума се стекнуваат „Тотал инженеринг“ и Вице Заев изминатиот период откако брат му Зоран Заев е на власт и тоа со превоз и ископ во рудникот РЕК „Битола“. Јавноста сè уште чека одговор дали и колку има стекнато Зоран Заев пари по примерот на едно евро за Вицето додека бил градоначалник, а и сега додека е премиер. Тоа е пример каде што целата јавност виде како функционира оваа криминогена Влада на чело со Зоран Заев.

Јавноста сè уште чека разрешница на случајот за вицепремиерот Кочо Анѓушев, кој го објавив пред половина година, каде што по пат на непосредна спогодба, Заев, кој е премиер, ѝ доделува градежно земјиште на фирмата на Кочо Анѓушев, „МХЕ тополки“, од неколку илјади квадрати во местото Дреново, поточно над 7.000 квадрати, додека и двајцата се на високи функции во Владата – прв и втор човек на владата на Република Македонија.

Јавноста особено е загрижена и ја интересираат фирмите на Заеви во Бугарија, „Ориент груп“, „Гомасидра“ и „Радиша трејд“, што ги објавивме и кои се во сопственост на Трајче Заев, неговиот братучед, Вице Заев и другите, како тоа дека јавноста чека одговор за фирмата „Мегатрон“ или, како и да е, на Дамјан Манчевски, која се поврзува со Грција, а деновиве можевме да ја сретнеме, како што пишуваат интернет-медиумите.

Антикорупциската комисија исто така треба и да го испита случајот за вработување на ќерката на пратеничката од СДСМ од Струмица на Гинекологија, тоа е пратеничката Катерина Кузмановска. Дали оваа пратеничка влијаела за вработувањето на ќерка си и на кој начин?

Така да очекуваме за сите овие случаи антикорупциската комисија да отвори предмети, убаво да ги истражи и да ги доведе до самиот крај, до разрешница. Во моментот имаме подготвено документ што ќе го оставиме до антикорупционерите, ќе го заведат во архивата, по кој ќе може да се водат и да почнат да истражуваат за сите овие случаи“, рече Арсовски.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Избори 2019

(Видео) Заев со честитки до Пендаровски: Драг Стево, се гледаме наскоро во Скопје, на првото претседателско-премиерско кафе

Објавено пред

Премиерот Зоран Заев испрати честитка по повод инаугурацијата на претседателот на државата Стево Пендаровски. Честитката ви ја презентираме во целост:

„Почитувани граѓани, денес нашата земја добива претседател – тоа е нашиот Стево Пендаровски, лидер кој ни се приклучува во водството напред, во нашата заедничка иницијатива со која ја правиме Северна Македонија убаво место за живеење. Денес Пендаровски ја презема должноста да биде претседател на сите граѓани, натпартиски, да се бори за правда и правичност и да ја претставува земјата достоинствено насекаде низ светот.

,,Драг Стево, Нека е честито, успеавме, граѓаните потврдија дека мораме да продолжиме напред, преку заедништво. Ти посакувам успех и верувам во конструктивна соработка во интерес на развојот. Сега одговорноста е голема. Те поддржувам за да им служиш посветено и праведно на сите граѓани и на нашата држава.Честитки, се гледаме наскоро во Скопје, на првото претседателско-премиерско кафе и на првиот работен состанок. Нѐ чека многу заедничка работа, за нашиот народ”, се вели во честитката на Заев.

Прикажи повеќе...

Избори 2019

Напладне инаугурација на Пендаровски во Собрание, ќе присуствуваат повеќе државници од регионот

Објавено пред

Новоизбраниот претседател Стево Пендаровски денеска ќе ја преземе функцијата, по свечената инаугурацијата во Собранието, по што официјално ќе започне неговиот петгодишен мандат.

На давањето заклетва на петтиот по ред претседател на земјава во 12 часот во Собранието, ќе присуствува и претседателот на Србија, Александар Вучиќ, како и претседателите на Албанија, Бугарија и на Косово.

Во Кабинетот на претседателот „Вила Водно”, според најавата, во 13.45 часот ќе се одржи официјална церемонија на примопредавање на функцијата претседател со највисоки воени и државни почести.

По свечената церемонија, предвидено е претседателот Ѓорге Иванов и претседателот Стево Пендаровски да одржат тет-а-тет средба, по што ќе следува и заедничка средба на двајцата претседатели со вработените во кабинетот на претседателот.

Пендаровски ќе оствари билатерални средби со претседателот на Република Бугарија, Румен Радев, со претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ, со претседателот на Република Албанија, Илир Мета, со претседателот на Република Косово, Хашим Тачи.

Предвидено е претседателот Пендаровски да оствари билатерални средби и со Срѓан Дармановиќ, министер за надворешни работи и европски интеграции на Црна Гора, со Фарук Кајмакчи, заменик МНР на Република Турција и со Пјотр Вавжик, државен потсекретар во МНР на Република Полска.

Пендаровски вчера во Државната изборна комисија (ДИК) го доби уверението за избран претседател, пред неговата утрешна инаугурација во Собранието.

„По првпат, ако не се лажам, а памтам долго бидејќи имам доволен број години, од деведесетите па наваму, сите учесници во изборниот процес го признаа изборниот резултат и тоа е исклучително добра препорака за земјава. За тоа се заслужни не само моите двајца противкандидати на кои им благодарам за однесувањето во целата кампања туку и сите државни институции надлежни за организацијата, од Државната изборна комисија па сè до последниот гласачки одбор. Државата се однесуваше европски во целиот изборен процес“, рече Пендаровски.

Прикажи повеќе...

Избори 2019

Управниот суд пресече – нема прегласување во Ново Село

Објавено пред

Управниот суд ја одби како неоснована тужбата поднесена од ВМРО – ДПМНЕ за изборите за градоначалник на Ново Село. Тие на својата веб-страница соопштија дека го потврдуваат решението што претходно го донесе Државната изборна комисија.

ВМРО-ДПМНЕ бараше да се поништи гласањето на Избирачкото место број 1789 во постапката за избор на градоначалник на Општина Ново Село и гласањето да се повтори. Тоа го бараа оти констатирале дека во Избирачкиот список за тоа изборно место се потпишале вкупно 411 избирачи, додека во гласачката кутија биле пронајдени 412 ливчиња.

Државната изборна комисија на 11 мај го отфрли приговорот на ВМРО – ДПМНЕ за гласањето на ова избирачко место.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија9 часа

Митрески: Законот за Советoт на јавни обвинители не се носи со двојно мнозинство

Координаторот на пратеничката група на СДСМ, Јован Митрески на социјалните мрежи сподели листа на закони кои се носат со двојно...

Македонија9 часа

(Видео) Мицкоски: Изгласувањето на Законот за ЈО е спротивно на процедурите

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на прес-конференција изјави дека изгласувањето на Законот за јавно обвинителство било „се, само не правда,...

Македонија10 часа

Пендаровски ги потпиша Законите за ЈО и за Советот на јавни обвинители

Претседателот Стево Пендаровски, попладнево ги потпиша Указите за прогласување на повеќе закони кои беа усвоени во Собранието. Потпишани за законите...

Македонија11 час

Димовски: Законот за Советот на јавни обвинители не е донесен, немаше бадентер

Законот за Советот за јавни обвинители не е донесен, истакна пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски и рече дека...

Македонија11 час

Се распушти Собранието

Со 108 гласа „за“, без против или воздржани Собранието се распушти, што значи дека предвремените парламентарни избори ќе се одржат...

Македонија12 часа

Заев: Со Законот за ЈО гарантирана е разрешница на сите судски процеси почнати од СЈО

Им честитам на сите 80 пратеници, кои презедоа одговорност, го препознаа овој момент како клучен за владеењето на правото и...

Македонија13 часа

Спасовски ја повика ВМРО-ДПМНЕ да предложи нов министер за труд и социјална политика

Техничкиот премиер Оливер Спасовски упати јавен апел до ВМРО-ДПМНЕ да даде предлог за избор на министер за труд и социјална...

Македонија13 часа

Независната пратеничка група: Го поддржуваме законот за ЈО со чиста совест

Независната пратеничка група од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата соопшти дека законот за ЈО е од исклучително значење за нашата земја на...

Македонија14 часа

Изгласани законите за Совет на јавни обвинители и за одбрана без присуство на ВМРО-ДПМНЕ

Собранието ги донесе и другите два закони предвидени за денешната седница. Законот за Совет на јавни обвинители беше донесен со...

Македонија14 часа

Мицевски: Го повикуваме Пендаровски да не го потпишува законот за ЈО донесен на нелегален начин

Слугите на Зоран Заев денеска се надминаа себеси. Законот за амнесија на криминалите на Заев не помина. Го донесоа на...

Македонија16 часа

Изгласан законот за јавно обвинителство

Собранието го донесе законот за јавно обвинителство со 80 гласови за и 6 против. На гласањето беа присутни 116 пратеници....

Топ17 часа

Тројца повредени во судир на три возила на патот Струмица-Ново Село

На магистралниот пат Струмица – Ново Село, кај „Робовска крстосница“, вчера се случила сообраќајна незгода помеѓу три возила – „тојота...

Свет17 часа

Цукерберг повика на построга регулација на штетните содржини на интернет

Сопсвтеникот на Фејсбук, Марк Цукерберг повика на поголема регулација на штетната содржина на Интернет, нагласувајќи дека не е на компаниите,...

Свет18 часа

Бројот на заразени надмина 68.000, 70 нови случаи на крузерот во Јапонија

Бројот на заболени од коронавирусот на крузерот во Јапонија, од вчера порасна за 70. Министерот за здравство на Кина, Кацунобу...

Македонија19 часа

Владата ги поништи распоредувањата во МВР од министерот Чулев

На деветтата седница на техничката влада, што се одржа доцна синоќа, Владата донесе неколку одлуки, меѓу кои и за поништување...

Свет19 часа

Водителката која го истепа својот дечко пронајдена мртва

Каролин Флек, поранешната водителка на британското риалити шоу „Лав Ајланд“, е пронајдена мртва во нејзиниот стан во Лондон. Таа имаше...

Македонија19 часа

Пратениците ќе гласаат за законот за ЈО, одбрана и Совет на јавни обвинители

Пратениците денеска треба да гласаат за законот за јавно обвинителство, законот за одбрана и за законот за Советот на јавни...

Свет1 ден

(Видео) Итно евакуирани патници од авион на аеродромот во Дизелдорф

Патниците од авион на компанијата „Пегасус“, Боинг 737-800, попладнево итно беа евакуирани откако авионот слета на аеродромот во Дизелдорф. Патниците...

Македонија2 дена

Двајца македонски државјани позитивни на коронавирусот

Министерството за здравство има информација за двајца македонски државјани коишто се позитивни на коронавирус. Станува збор за еден член на...

Македонија2 дена

Макрон ја отвора вратата на ЕУ за Северна Македонија и Албанија

Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека ако извештајот на Европската комисија за Северна Македонија и Албанија во март е позитивен,...

Досие