Контакт

Избори 2019

(Видео) Вишок ливчиња во гласачките кутии, ДИК поништи гласање на повеќе избирачки места

Објавено пред

Државната изборна комисија го поништи гласањето на повеќе избирачки места затоа што во гласачките кутии имало повеќе гласачки ливчиња од бројот на гласачи во избирачкото место. Од шест приговори, гласањето е поништено на три избирачки места, две во Кавадарци и едно во Куманово. ДИК исто така донесе и одлука да ги разреши избирачките одбори на овие места.

„Направени се обуки, кои траеа цел месец, но очигледно не се почитуваат процедурите и не се работи професионално. Апелирам избирачките одбори повеќе да внимаваат“, изјави членот на ДИК, Јанаќе Витановски.

Сите членови на Комисијата се согласија дека вината не е во целите избирачки одбори, туку во поединци, но сепак ќе се бара одговорност и разрешување на целиот одбор што бил на смена на денот на глсањето на посочените избирачки места.

На денешната седница се разгледуваат 14 приговори, сите поднесени од изборниот штаб на Гордана Силјановска-Давкова. Имаше приговор за избирачко место во Берово, каде што гласало болно и изнемоштено лице, но не било пријавено на списокот, и приговор за избирачко место во Боговиње, каде што 29 гласачки ливчиња биле откинати со дел од кочанот што го содржи серискиот број, но овие приговори беа одбиени.

Избори 2019

(Видео) Заев со честитки до Пендаровски: Драг Стево, се гледаме наскоро во Скопје, на првото претседателско-премиерско кафе

Објавено пред

Премиерот Зоран Заев испрати честитка по повод инаугурацијата на претседателот на државата Стево Пендаровски. Честитката ви ја презентираме во целост:

„Почитувани граѓани, денес нашата земја добива претседател – тоа е нашиот Стево Пендаровски, лидер кој ни се приклучува во водството напред, во нашата заедничка иницијатива со која ја правиме Северна Македонија убаво место за живеење. Денес Пендаровски ја презема должноста да биде претседател на сите граѓани, натпартиски, да се бори за правда и правичност и да ја претставува земјата достоинствено насекаде низ светот.

,,Драг Стево, Нека е честито, успеавме, граѓаните потврдија дека мораме да продолжиме напред, преку заедништво. Ти посакувам успех и верувам во конструктивна соработка во интерес на развојот. Сега одговорноста е голема. Те поддржувам за да им служиш посветено и праведно на сите граѓани и на нашата држава.Честитки, се гледаме наскоро во Скопје, на првото претседателско-премиерско кафе и на првиот работен состанок. Нѐ чека многу заедничка работа, за нашиот народ”, се вели во честитката на Заев.

Прикажи повеќе...

Избори 2019

Напладне инаугурација на Пендаровски во Собрание, ќе присуствуваат повеќе државници од регионот

Објавено пред

Новоизбраниот претседател Стево Пендаровски денеска ќе ја преземе функцијата, по свечената инаугурацијата во Собранието, по што официјално ќе започне неговиот петгодишен мандат.

На давањето заклетва на петтиот по ред претседател на земјава во 12 часот во Собранието, ќе присуствува и претседателот на Србија, Александар Вучиќ, како и претседателите на Албанија, Бугарија и на Косово.

Во Кабинетот на претседателот „Вила Водно”, според најавата, во 13.45 часот ќе се одржи официјална церемонија на примопредавање на функцијата претседател со највисоки воени и државни почести.

По свечената церемонија, предвидено е претседателот Ѓорге Иванов и претседателот Стево Пендаровски да одржат тет-а-тет средба, по што ќе следува и заедничка средба на двајцата претседатели со вработените во кабинетот на претседателот.

Пендаровски ќе оствари билатерални средби со претседателот на Република Бугарија, Румен Радев, со претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ, со претседателот на Република Албанија, Илир Мета, со претседателот на Република Косово, Хашим Тачи.

Предвидено е претседателот Пендаровски да оствари билатерални средби и со Срѓан Дармановиќ, министер за надворешни работи и европски интеграции на Црна Гора, со Фарук Кајмакчи, заменик МНР на Република Турција и со Пјотр Вавжик, државен потсекретар во МНР на Република Полска.

Пендаровски вчера во Државната изборна комисија (ДИК) го доби уверението за избран претседател, пред неговата утрешна инаугурација во Собранието.

„По првпат, ако не се лажам, а памтам долго бидејќи имам доволен број години, од деведесетите па наваму, сите учесници во изборниот процес го признаа изборниот резултат и тоа е исклучително добра препорака за земјава. За тоа се заслужни не само моите двајца противкандидати на кои им благодарам за однесувањето во целата кампања туку и сите државни институции надлежни за организацијата, од Државната изборна комисија па сè до последниот гласачки одбор. Државата се однесуваше европски во целиот изборен процес“, рече Пендаровски.

Прикажи повеќе...

Избори 2019

Управниот суд пресече – нема прегласување во Ново Село

Објавено пред

Управниот суд ја одби како неоснована тужбата поднесена од ВМРО – ДПМНЕ за изборите за градоначалник на Ново Село. Тие на својата веб-страница соопштија дека го потврдуваат решението што претходно го донесе Државната изборна комисија.

ВМРО-ДПМНЕ бараше да се поништи гласањето на Избирачкото место број 1789 во постапката за избор на градоначалник на Општина Ново Село и гласањето да се повтори. Тоа го бараа оти констатирале дека во Избирачкиот список за тоа изборно место се потпишале вкупно 411 избирачи, додека во гласачката кутија биле пронајдени 412 ливчиња.

Државната изборна комисија на 11 мај го отфрли приговорот на ВМРО – ДПМНЕ за гласањето на ова избирачко место.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија36 минути

Русковска: Обвинителките засега нема да бидат изведени пред судија

Шефицата на Обвинителството за организиран криминал, Вилма Русковска вели дека постоеле индиции оти Бојан Јовановски познат како Боки 13 се...

Македонија1 час

Притвор од 30 дена и за Боки 13

Триесет дена притвор вечерва доби и првиот човек на 1ТВ и неформалниот директор на „БМЈ Медиа груп“, Бојан Јовановски, познат...

Македонија2 часа

Притвор од 30 дена за бизнисменот Зоран Милевски

Судот вечерва му изрече 30 дена притвор на бизнисменот Зоран Милевски, познат како Зоки Кичеец, кој беше неколку часа на...

Македонија3 часа

Полицијата влезе и во домот на Катица Јанева

Полицијата вечерва влезе и во домот на специјалната обвинителка Катица Јанева, откако била издадена судска наредба за одземање на предмети....

Регион5 часа

Вучиќ по средбата со Макрон: Го молев да ни помогне за косовското прашање

Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека не е сонувач ниту фантазер за да мисли дека францускиот претседател, Емануел Макрон, ќе...

Македонија7 часа

Јовески поддржува ветинг по ослободителната пресуда за Латас

Првиот човек на Јавното обвинителство, Љубомир Јовески, рече дека го поддржува решението за ветинг или друга форма на проверка на...

Македонија8 часа

(Видео) Обвинителството со детали: Боки 13 и Милевски барале 8 милиони евра рекет од бизнисмен

Бојан Јовановски, познат како Боки 13, и Зоран Милевски, познат како Зоки Кичеец, се осомничени за примање награда за противзаконито...

Македонија10 часа

(Видео) Заев: Новите снимки за Нешкоски само потврдуваат како владеел Груевски

Новообјавените разговори за убиството на Мартин Нешкоски само потврдуваат како владеела претходната гарнитура и како се обиделе да скријат убиство,...

Македонија11 час

Уапсен Боки 13

Попладнево е уапсен Бојан Јовановски – Боки 13. Неофицијално, апсењето е по барање на Обвинителството за организиран криминал. Тој попладнево...

Македонија11 час

Шефицата на СЈО, Катица Јанева, поднесе оставка

Шефицата на специјалното јавно обвинителство, Катица Јанева, поднесе оставка. Таа објави дека нејзината оставка ќе стане активна тогаш кога политичките партии...

Македонија11 час

(Видео) Заев повика на лидерска средба в петок

Премиерот Зоран Заев на прес-конференција повика на лидерска средба в петок во 14 часот во Клубот на пратениците. На средбата...

Сеад Кочан Трансмет, Труст, СЈО Сеад Кочан Трансмет, Труст, СЈО
Македонија12 часа

Кривичен го одби барањето на Кочан, в среда треба да се појави во затворот

Кривичниот суд во Скопје ја одби жалбата на Сеад Кочан за одложување на затворската казна од четири години и осум...

Економија13 часа

Поскапуваат горивата

Горивата од ноќеска на полноќ поскапуваат 1,5, односно 1 денар, соопшти Регулаторната комисија за енергетика. Малопродажните цени на бензините „евросупер...

Македонија15 часа

Када на дното на Охридското Езеро

Нуркачкиот клуб „Акватек“ објави фотографии на кои се гледа када на дното на Охридското Езеро помеѓу Срјшче и Мостот на...

Забава16 часа

На Гренланд откриени повеќе од 50 нови езера, досега се знаеше само за четири

Под мразот на Гренланд научниците откриле повеќе од 50 нови езера, а досега се знаело за само четири. Антарктикот под...

Свет16 часа

Трамп ги навреди обоените жени демократи во Конгресот

Претседателот на САД, Доналд Трамп, критикува група обоени демократски претставнички во Конгресот нарекувајќи ги предизвикувачи на нереди родени во странство...

Свет17 часа

Нетанјаху им се закани на Либан и Хезболах: Ќе ве уништиме

Израелскиот премиер, Бенјамин Нетанјаху, се закани дека ќе ги уништи Либан и Хезболах ако ова либанско движење ги реализира сите...

Регион17 часа

Макрон во посета на Србија

Францускиот претседател, Емануел Mакрон, денеска ќе пристигне во дводневна посета на Србија со намера да покаже дека Париз сè уште...

Спорт1 ден

(Видео) По триумфот во Вимблдон, Ѓоковиќ ексклузивно за Макфакс: Ја прифаќам поканата од премиерот да ја посетам Македонија

По епското финале во Вимблдон, во кое славеше старо-новиот шампион, Новак Ѓоковиќ на победничката прес-конференцијата одговори и на две прашања...

Европа1 ден

(Видео) Приведени повеќе од 150 лица по воената парада во Париз 

Вкупно 152 лица се приведени денеска во Париз, на маргините на воената парада која се одржа по повод националниот празник...

Досие