Контакт

Избори 2019

„Мост“: Гласањето помина во фер и демократска атмосфера

Објавено пред

Прелиминарната оценка на граѓанската асоцијација „Мост“ е дека и во вториот круг од изборите граѓаните, овој пат во поголем број, слободно излегоа да го дадат својот глас, а гласањето се спроведе во фер и демократска атмосфера. Во текот на изборниот ден биле забележани само неколку изолирани случаи на неправилности, кои не влијаеја на квалитетот на изборниот процес.

dobivaj vesti na viber

Од „Мост“ оценуваат дека изборната кампања помеѓу двата круга исто така поминала во генерално релаксирана атмосфера со неколку случаи на негативна кампања и присуство на малолетници на митинзите. И помеѓу вториот круг, велат од „Мост“, беа организирани соочувања на двајцата кандидати што им помогнаа на граѓаните да направат информиран избор.

Иако на овие избори не беше забележан поголем број избирачи, кои не можеа да се пронајдат во Избирачкиот список, сепак „Мост“ ја повторува својата препорака дека набргу што може надлежните институции треба да ги отстранат долгогодишните системски проблеми во водењето и ажурирањето на Избирачкиот список.

„Иако ДИК ја продолжи позитивната практика од референдумот и при одлучувањето по приговорите во првиот круг не можеше да се забележи гласање по партиски линии, сепак ДИК во четири случаи поништи гласање без да го отвори целокупниот изборен материјал, а тоа е обврска предвидена со Изборниот законик. Исто така, еден приговор беше отфрлен, иако во записникот од избирачкото место имаше забелешка што укажува на тоа дека ИО не го спровел гласањето во согласност со Изборниот законик“, велат од „Мост.“

Избори 2019

(Видео) Заев со честитки до Пендаровски: Драг Стево, се гледаме наскоро во Скопје, на првото претседателско-премиерско кафе

Објавено пред

Премиерот Зоран Заев испрати честитка по повод инаугурацијата на претседателот на државата Стево Пендаровски. Честитката ви ја презентираме во целост:

dobivaj vesti na viber

„Почитувани граѓани, денес нашата земја добива претседател – тоа е нашиот Стево Пендаровски, лидер кој ни се приклучува во водството напред, во нашата заедничка иницијатива со која ја правиме Северна Македонија убаво место за живеење. Денес Пендаровски ја презема должноста да биде претседател на сите граѓани, натпартиски, да се бори за правда и правичност и да ја претставува земјата достоинствено насекаде низ светот.

,,Драг Стево, Нека е честито, успеавме, граѓаните потврдија дека мораме да продолжиме напред, преку заедништво. Ти посакувам успех и верувам во конструктивна соработка во интерес на развојот. Сега одговорноста е голема. Те поддржувам за да им служиш посветено и праведно на сите граѓани и на нашата држава.Честитки, се гледаме наскоро во Скопје, на првото претседателско-премиерско кафе и на првиот работен состанок. Нѐ чека многу заедничка работа, за нашиот народ”, се вели во честитката на Заев.

Прикажи повеќе...

Избори 2019

Напладне инаугурација на Пендаровски во Собрание, ќе присуствуваат повеќе државници од регионот

Објавено пред

Новоизбраниот претседател Стево Пендаровски денеска ќе ја преземе функцијата, по свечената инаугурацијата во Собранието, по што официјално ќе започне неговиот петгодишен мандат.

dobivaj vesti na viber

На давањето заклетва на петтиот по ред претседател на земјава во 12 часот во Собранието, ќе присуствува и претседателот на Србија, Александар Вучиќ, како и претседателите на Албанија, Бугарија и на Косово.

Во Кабинетот на претседателот „Вила Водно”, според најавата, во 13.45 часот ќе се одржи официјална церемонија на примопредавање на функцијата претседател со највисоки воени и државни почести.

По свечената церемонија, предвидено е претседателот Ѓорге Иванов и претседателот Стево Пендаровски да одржат тет-а-тет средба, по што ќе следува и заедничка средба на двајцата претседатели со вработените во кабинетот на претседателот.

Пендаровски ќе оствари билатерални средби со претседателот на Република Бугарија, Румен Радев, со претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ, со претседателот на Република Албанија, Илир Мета, со претседателот на Република Косово, Хашим Тачи.

Предвидено е претседателот Пендаровски да оствари билатерални средби и со Срѓан Дармановиќ, министер за надворешни работи и европски интеграции на Црна Гора, со Фарук Кајмакчи, заменик МНР на Република Турција и со Пјотр Вавжик, државен потсекретар во МНР на Република Полска.

Пендаровски вчера во Државната изборна комисија (ДИК) го доби уверението за избран претседател, пред неговата утрешна инаугурација во Собранието.

„По првпат, ако не се лажам, а памтам долго бидејќи имам доволен број години, од деведесетите па наваму, сите учесници во изборниот процес го признаа изборниот резултат и тоа е исклучително добра препорака за земјава. За тоа се заслужни не само моите двајца противкандидати на кои им благодарам за однесувањето во целата кампања туку и сите државни институции надлежни за организацијата, од Државната изборна комисија па сè до последниот гласачки одбор. Државата се однесуваше европски во целиот изборен процес“, рече Пендаровски.

Прикажи повеќе...

Избори 2019

Управниот суд пресече – нема прегласување во Ново Село

Објавено пред

Управниот суд ја одби како неоснована тужбата поднесена од ВМРО – ДПМНЕ за изборите за градоначалник на Ново Село. Тие на својата веб-страница соопштија дека го потврдуваат решението што претходно го донесе Државната изборна комисија.

dobivaj vesti na viber

ВМРО-ДПМНЕ бараше да се поништи гласањето на Избирачкото место број 1789 во постапката за избор на градоначалник на Општина Ново Село и гласањето да се повтори. Тоа го бараа оти констатирале дека во Избирачкиот список за тоа изборно место се потпишале вкупно 411 избирачи, додека во гласачката кутија биле пронајдени 412 ливчиња.

Државната изборна комисија на 11 мај го отфрли приговорот на ВМРО – ДПМНЕ за гласањето на ова избирачко место.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија4 часа

Taткото на Вања во полициска станица, досега не е побаран притвор

Таткото на 14-годишната, Вања Ѓорчевска, по која се трагаше цела недела, а чиешто тело беше најдено денеска, се’ уште е...

Македонија5 часа

Истите лица што ја убиле Вања се осомничени и за убиството на велешкиот фризер Панче по кој се трагаше, автомобилот му беше пронајден опожарен во средата

Истите лица кои стојат зад убиството на 14-годишната Вања по која со денови трагаше целата држава, се осомничени и за...

Македонија7 часа

Вања е пронајдена мртва – била убиена дента кога исчезнала

Во околината на Скопје пронајдено е безживотното тело на малолетната Вања Ѓ., која беше пријавена за исчезната на 27 ноември,...

Економија14 часа

(Видео) Кузеска: Пензионерите добиваат до 15.000 денари во наредните пет месеци

Со новиот пакет антикризни мерки пензионерите со најниски пензии до 14.000 денари, во наредните 5 месеци ќе добијат 15.000 денари...

Свет16 часа

Нов силен земјотрес на Филипините, повторно издадено предупредување за цунами

Земјотрес со јачина од 6,6 степени според Рихтеровата скала денеска ги погоди Филипините, а веднаш беше издадено предупредување за цунами....

Топ17 часа

Скопјанец запали автомобил во Центар, огнот се прошири и на друго возило

Полицијата доцна синоќа околу 3.30 часот, во Центар, го приведе А.Г.(21) од Скопје. Тој се сомничи дека претходно на подрачје...

Македонија17 часа

Николоски: Омилената фирма на власта, Марковски, ќе заработува 63 илјади евра на ден од само 10 булдожери од РЕК Битола

Владата руши рекорди во крадење, омилената фирма на власта, Марковски компани, ќе заработува 63 илјади евра на ден од само...

Свет19 часа

Мистерија нерешена 14 години: го избришал своето минато, а потоа бил пронајден мртов

Во јуни 2009 година, човек по име Питер Бергман беше пронајден мртов на плажа во Ирска.Слаб маж облечен во црно...

Европа19 часа

(Видео) Напаѓач уби турист кај Ајфеловата кула и нападна уште двајца, извикал „Алах акбар“

Маж е убиен, а двајца повредени во напад со нож и чекан на улица во центарот на Париз. Францускиот министер...

Свет19 часа

Четири лица загинаа, 42 се повредени во експлозија на католичка миса на Филипините

Четири лица загинаа утрово во експлозија на католичка миса на југот на Филипините. Инцидентот се случил во гимназијата на државниот...

Македонија1 ден

Голема загаденот во Струмица, стапија во сила мерките и препораките

Високо е загадувањето на воздухот во Струмица, каде два дена мерните станици покажуваат високи концентрации на ПМ10 честички повеќе од...

Свет1 ден

Прекинати преговорите меѓу Израел и Хамас за ослободување на заложниците

Преговорите меѓу Израел и Хамас за заложниците држени во Газа прекинаа денеска откако Израел продолжи да инсистира на ослободување на...

Топ1 ден

Деца силувале дете во Скопје, таткото на момчето пријавил во полиција

Maж од Скопје пријавил во полицијата дека две лица го силувале неговиот малолетен син. Според информациите во полицијата, таткото рекол...

Македонија2 дена

Приведени пет лица за случајот со исчезнувањето на 14-годишната Вања, полицијата обезбеди и едно возило

Пет лица се приведени доцна синоќа во врска со случајот со исчезнувањето на 14-годишната Вања, и обезбедено е едно возило,...

Македонија2 дена

Ковачевски вели дека не постои расположение сега да се укине техничката влада, туку од следните избори

Не постои консензуално расположение сега на краток период пред одржување на изборите да се укине техничката влада. Ова го истакна...

Македонија2 дена

(Видео) Автомобил удри во мечка кај Тетово – полесно повредени децата во возилото

Доцна синоќа на локалниот пат Тетово – Ноштено , автомобил удрил во млада мечка која го минувала патот заедно со...

Регион2 дена

Случаен избор или порака – сите очи вперени во вратоврската на кралот Чарлс со грчкото знаме

Изборот на вратоврската од страна на британскиот крал Чарлс на конференцијата COP28 во Дубаи поттикна шпекулации дека тоа е шифрирана...

Регион2 дена

Не сакав да седам на маса со земји кои не’ прогласија за непријатели, рече бугарската министерка која го напушти Скопје пред да стигне Лавров

Не можам да седам на иста маса со луѓе кои имаат антибугарски и антиевропски манифестации, изјави бугарската вицепремиерка и министерка...

Македонија2 дена

Шести ден ни трага ни глас од исчезнатата Вања, се пребаруваат и подруми и речни корита

Шести ден се трага по исчезнатата Вања Ѓорчевска, на која и’ се изгуби трагата на пат кон училиштето „Песталоци“. Во...

Свет2 дена

Војната во Газа повторно се разгорe: Израел нападна 400 цели, Хамас тврди дека се убиени 240 луѓе

Израелската војска соопшти дека погодила повеќе од 400 цели во Појасот Газа по истекот на прекинот на огнот, при што...