Контакт

Избори 2019

(Видео) Мицкоски на средби со туристичките работници во Охрид

Објавено пред

Денеска тука, во Охрид, во рамки на редовните активности поврзани со кампањата за предвремените локални избори и изборот на градоначалник имаме состанок со туристичките работници и ќе разговараме за она кое што во минатото беше успешен проект, но и сакаме да слушнеме и определени предлози коишто во иднина ќе ја зголемат самата туристичка понуда во Охрид, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

dobivaj vesti na viber

„Што можеме ние како идна локална власт овде во Охрид да понудиме нешто ново што ќе додаде вредност во процесот на привлекување на поголем број туристи. Поголем број туристи коишто практично ќе бидат зголемување на квалитетниот туризам во рамките овде, во Охрид.

Не само во Охрид туку и во целата држава, во Македонија во целост. Исто така ќе разговараме и за сето она коешто можеме да го добиеме како идеја и за другите туристички центри во Република Македонија. И, се разбира, исто така ќе разговараме и за фокусот овде, во Охрид, и нема како да не ги споменеме и сите оние негативни случувања коишто се секојдневие во Република Македонија. Зголемен криминал, гледаме застој во работењето на автопатиштата, особено оној автопат што се гради од Кичево до Охрид, кој исто така мора да го споменеме и да видиме како по добивањето на следните превремени парламентарни избори и формирањето на новата Влада од страна на ВМРО-ДПМНЕ како да го забрзаме целиот тој процес, а во насока на тоа да имаме поголем проток на туристи и зголемени можности за поголем проток на туристи овде во Охрид и во Охридско.

Очекуваме една квалитетна, конструктивна средба со туристичките работници и да добиеме нови идеи, нови сугестии како во иднина и како локална, но и како централна власт ќе можеме да помогнеме во овој процес во привлекување и поголем проток на туристи во Македонија, во Охрид, во охридско но исто така и во други туристички центри во Република Македонија“, порача Мицкоски од Охрид.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Избори 2019

(Видео) Заев со честитки до Пендаровски: Драг Стево, се гледаме наскоро во Скопје, на првото претседателско-премиерско кафе

Објавено пред

Премиерот Зоран Заев испрати честитка по повод инаугурацијата на претседателот на државата Стево Пендаровски. Честитката ви ја презентираме во целост:

dobivaj vesti na viber

„Почитувани граѓани, денес нашата земја добива претседател – тоа е нашиот Стево Пендаровски, лидер кој ни се приклучува во водството напред, во нашата заедничка иницијатива со која ја правиме Северна Македонија убаво место за живеење. Денес Пендаровски ја презема должноста да биде претседател на сите граѓани, натпартиски, да се бори за правда и правичност и да ја претставува земјата достоинствено насекаде низ светот.

,,Драг Стево, Нека е честито, успеавме, граѓаните потврдија дека мораме да продолжиме напред, преку заедништво. Ти посакувам успех и верувам во конструктивна соработка во интерес на развојот. Сега одговорноста е голема. Те поддржувам за да им служиш посветено и праведно на сите граѓани и на нашата држава.Честитки, се гледаме наскоро во Скопје, на првото претседателско-премиерско кафе и на првиот работен состанок. Нѐ чека многу заедничка работа, за нашиот народ”, се вели во честитката на Заев.

Прикажи повеќе...

Избори 2019

Напладне инаугурација на Пендаровски во Собрание, ќе присуствуваат повеќе државници од регионот

Објавено пред

Новоизбраниот претседател Стево Пендаровски денеска ќе ја преземе функцијата, по свечената инаугурацијата во Собранието, по што официјално ќе започне неговиот петгодишен мандат.

dobivaj vesti na viber

На давањето заклетва на петтиот по ред претседател на земјава во 12 часот во Собранието, ќе присуствува и претседателот на Србија, Александар Вучиќ, како и претседателите на Албанија, Бугарија и на Косово.

Во Кабинетот на претседателот „Вила Водно”, според најавата, во 13.45 часот ќе се одржи официјална церемонија на примопредавање на функцијата претседател со највисоки воени и државни почести.

По свечената церемонија, предвидено е претседателот Ѓорге Иванов и претседателот Стево Пендаровски да одржат тет-а-тет средба, по што ќе следува и заедничка средба на двајцата претседатели со вработените во кабинетот на претседателот.

Пендаровски ќе оствари билатерални средби со претседателот на Република Бугарија, Румен Радев, со претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ, со претседателот на Република Албанија, Илир Мета, со претседателот на Република Косово, Хашим Тачи.

Предвидено е претседателот Пендаровски да оствари билатерални средби и со Срѓан Дармановиќ, министер за надворешни работи и европски интеграции на Црна Гора, со Фарук Кајмакчи, заменик МНР на Република Турција и со Пјотр Вавжик, државен потсекретар во МНР на Република Полска.

Пендаровски вчера во Државната изборна комисија (ДИК) го доби уверението за избран претседател, пред неговата утрешна инаугурација во Собранието.

„По првпат, ако не се лажам, а памтам долго бидејќи имам доволен број години, од деведесетите па наваму, сите учесници во изборниот процес го признаа изборниот резултат и тоа е исклучително добра препорака за земјава. За тоа се заслужни не само моите двајца противкандидати на кои им благодарам за однесувањето во целата кампања туку и сите државни институции надлежни за организацијата, од Државната изборна комисија па сè до последниот гласачки одбор. Државата се однесуваше европски во целиот изборен процес“, рече Пендаровски.

Прикажи повеќе...

Избори 2019

Управниот суд пресече – нема прегласување во Ново Село

Објавено пред

Управниот суд ја одби како неоснована тужбата поднесена од ВМРО – ДПМНЕ за изборите за градоначалник на Ново Село. Тие на својата веб-страница соопштија дека го потврдуваат решението што претходно го донесе Државната изборна комисија.

dobivaj vesti na viber

ВМРО-ДПМНЕ бараше да се поништи гласањето на Избирачкото место број 1789 во постапката за избор на градоначалник на Општина Ново Село и гласањето да се повтори. Тоа го бараа оти констатирале дека во Избирачкиот список за тоа изборно место се потпишале вкупно 411 избирачи, додека во гласачката кутија биле пронајдени 412 ливчиња.

Државната изборна комисија на 11 мај го отфрли приговорот на ВМРО – ДПМНЕ за гласањето на ова избирачко место.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија16 минути

Радост, љубов, хармонија и мир посака Силјановска-Давкова по повод големиот муслимански празник Курбан бајрам

Претседателката Гордана Силјановска-Давкова, по повод големиот муслимански празник Курбан бајрам, упати честитка до поглаварот на Исламската верска заедница, Реис-ул-улема х....

Македонија3 часа

Украс во Владата ќе биде и портрет од Талат Џафери, техничкиот премиер во заминување

Техничкиот премиер Талат Џафери на Фејсбук објави дека во Владата е истакнат и неговиот портрет како премиер на техничката Влада,...

Македонија15 часа

Муртезани, поранешниот генерален директор во МЕПСО и МЖ е кандидат за министер за европски прашања на Алтернатива

Орхан Муртезани е кандидатот од Алтернатива за министер за евроинтеграции, додека Љуљзим Алиу е предложен за заменик министер за образование,...

Свет16 часа

„Мамо, не те оставам“: oсумгодишно дете од Минесота убиено додека ја бранело мајка си од насилниот сопруг

Осумгодишно дете од Минесота било убиено додека ја бранело мајка си од сопругот насилник, минатата недела, соопшти семејството на детето,...

Македонија21 час

ОЈО за двојното убиство: Сопругот ја тепал, па зела нож и ги убила него и свекорот

Основното јавно обвинителство Куманово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 36 – годишна жителка на Кратово, осомничена дека сторила...

Топ24 часа

Детали за двојното убиство во Кратово: со години пријавувале семејно насилство и убиените сопруг и свекор и 36-годишната осомничена

Пријави за семејно насилство му претходеле на двојното убиство во Кратово.  За неколку години имало неколку пријави и од 36-годишната...

Спорт1 ден

Почина голманот на Црна Гора, му се слошило утрово во Будва каде што бил на одмор

Голманот на фудбалската репрезентација на Црна Гора, Матија Шаркиќ (26), почина утринава околу 6:30 часот во Будва, каде што беше...

Европа1 ден

Еден убиен и еден повреден во пукање во маркет во Грција

Во супермаркет во Пиреја, Грција, едно лице загинало во пукање, а друго е повредено, поради што итно е пренесенo во...

Македонија2 дена

Земјотрес вечерва почуствуван во подрачјето Штип-Радовиш

Земјотрес со локална магнитуда од 2,4 степени по Рихтер е регистриран вечерва во 19.54 часот со епицентар во подрачјето Штип...

Македонија2 дена

Гаши оствари средба со Пападополу: Северна Македонија има искрен пријател во Грција

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Африм Гаши, се сретна со заменик-министерката за надворешни работи на Република Грција Aлександра...

Македонија2 дена

Условно осудени седум лица за упадот во М-НАВ

Основниот кривичен суд Скопје денеска донесе пресуди врз основа на предлог-спогодби со седум лица обвинети како соизвршители на кривично дело...

Македонија2 дена

(Фото) Ослободено мече, кое утрово било заглавено на дрво во Маврови Анови

Утрово, во 7.35 часот, на 112 е добиена пријава за заглавено мече во гранките на дрво во двор на викендица...

Топ2 дена

Двојно убиство во Кратово: 36-годишна жена ги уби сопругот и свекорот

Вчера вечер, полицајците во Кратово уапсиле 36-годишна жена која е осомничена дека со остар предмет ги убила сопругот и свекорот,...

Македонија2 дена

ЦУК: 11 пожари на отворено, во Светиниколско изгореа куќа и четири помошни простории

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека имало вкупно 2 122 повици на Единствениот повикувачки број за итни случаи...

Европа2 дена

Украинската армија: Соборивме седум проектили и 17 руски беспилотни летала

Украинската армија денеска соопшти дека соборила седум од 14 проектили и сите 17 беспилотни летала кои Русија ги лансираше во...

Свет2 дена

Израел ја бомбардира Газа, тензиите растат и на границата со Либан

Војската на Израел денеска продолжи со бомбардирањето на Појасот Газа без напредок во разговорите за прекин на огнот, заедно со...

Регион2 дена

Четиригодишно девојче добило изгореници додека пливалo во Грција: откриено што ја каснало

Четиригодишно девојче добило страшни изгореници додека пливало во морето во Грција, а откриено е дека ја изгорела морска анемона додека...

Регион3 дена

Сахарски песок повторно доаѓа над Балканот: „Силно влијае на квалитетот на воздухот“

Според прогнозите на Службата за следење на атмосферата Коперник (CAMS), оваа недела се очекува нова епизода на сахарска прашина да...

Македонија3 дена

Несреќа кај мостот Беласица, огромни гужви кај Транспортен центар

Огромни гужви кај Транспортниот центар во Скопје поради сообраќајна незгода. Две возила се судрија кај мостот „Беласица“. Колони возила некое...

Македонија3 дена

Османи – Пападопуло: Почитувањето на преспанскиот договор и поддршката од Грција клучни за нашата европска интеграција

На маргините на Состанокот на министрите за надворешни работи на процесот за соработка на Југоисточна Европа кој се одржува во...