Контакт

Избори 2019

(Видео) Стоилковски: За една недела, Пендаровски бега од втор ТВ-дуел со Силјановска

Објавено пред

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски, на прес-конференција изјави дека кандидатот за претседател, Стево Пендаровски, соочен со лагите и прашањата, бега од ТВ-дуели. Тој рече дека за само една недела, Пендаровски вторпат бега и откажува телевизиски дуел со Гордана Силјановска-Давкова на македонските медиуми!

dobivaj vesti na viber

„Сите знаат зошто Пендаровски бега од вакви соочувања, Пендаровски бега затоа што нема одговор за сите криминали на власта за кои не смее да зборува, а се очекува да ги аминува!

Зоран Заев и Стево Пендаровски се истото лице на криминалот, корупцијата, партизацијата, девастацијата на државата. Тоа е лицето на криминалот, на „октоподот“ наречен СДСМ, што, за жал, повторно нова генерација Македонци ја преживува со нив. Затоа Пендаровски бега од ТВ-соочување, бега од дуел, бега од дебата!

Стево Пендаровски е второто лице на Заев, транзициски политичар кој ниту еднаш не ги осудил криминалот и корупцијата на СДСМ, ниту „октоподот во 90-тите, ниту криминалот за „Глобал“ за следната деценија, ниту за евро за Вицето, евро за црквата, односно евро кај на Мирчо-бишкарникот“, ниту сега има збор за најгрубата партизација и аферите за непотизам во државата.

Стево Пендаровски бил аналитичар во МВР за време на најголемото насилство против етничките Албанци во Македонија, гостиварските настани, и тоа е злоупотребено за прикривање на најголемата девалвацијата на денарот истиот ден на 12 јули 1997.

Стево Пендаровски сега нема ниту збор за изборниот криминал конструиран од СДСМ а констатиран од ДИК, исто како што во 2004 година Пендаровски го легитимира најголемиот изборен фалсификат кога и ОБСЕ нотира 8 отсто криминални гласачки ливчиња во изборните кутии, а тој како претседател на ДИК ги одби сите приговори за насилства со пиштоли, „калашникови“ и бомби!

Стево Пендаровски беше советник на претседател на државата кога беше заштитен криминал од осум милиони евра, Заев како чувар на фотелјата во СДСМ беше аболиран за криминалот за „Глобал“.

Пендаровски нема ниту збор за случајот „Поткуп“, очигледен криминал на градоначалник, на Заев кој бара 200.000 евра поткуп за приватизација на државно земјиште, да биде срамот уште поголем – нема ниту збор дека Заев од судот диктира наводни судски реформи!

Стево Пендаровски нема ниту збор за најгрубата партизација и непотизам спроведуван од првите луѓе на СДСМ, внимавајте, од најблиските соработници на Зоран Заев, од генерален секретар преку портпарол до пратеници, градоначалници, советници!

Стево Пендаровски нема ниту збор за кратењето на пензиите во минатото за 8 отсто, како ниту за сегашното скусување на парите на пензионерите! Стево Пендаровски никогаш немал ниту збор за криминалната транзиција, за „октоподот“, за ТАТ, но ниту за актуелните криминали што ги прави оваа власт во здравството, во пензискиот фонд, во системот на државната безбедност, културата, образованието.

Пендаровски нема и нема да има ниту збор за ова. Тој е кандидат, кој едноставно се очекува да го аминува криминалот на власта, тој треба да е вториот потпис на Зоран Заев, чувар што треба да ги помилува криминалите на СДСМ во иднина.

Криминалот, корупцијата, злоупотребите на позициите, присвојувањето, партизацијата на институциите, се единствената одлика на СДСМ во секое негово владеење. Транзициските политичари како Зоран Заев и Стево Пендаровски се истото лице на девастирањето на државата. Гласот за Пендаровски е глас за заштита на криминалот!

Пендаровски знае дека ниту има збор ниту зборот му вреди 5 пари! Дури и ветувањето за бркање од штабот на лицето од Зоолошката градина не го исполни!  Затоа и бега од ТВ-дуели! Нема одговори за прашањата, нема одговори за потребите на граѓаните и затоа бега криејќи се во лагите во кампањата! Македонија е на чекор до правна држава и таа ќе победи на 5 мај!



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Избори 2019

(Видео) Заев со честитки до Пендаровски: Драг Стево, се гледаме наскоро во Скопје, на првото претседателско-премиерско кафе

Објавено пред

Премиерот Зоран Заев испрати честитка по повод инаугурацијата на претседателот на државата Стево Пендаровски. Честитката ви ја презентираме во целост:

dobivaj vesti na viber

„Почитувани граѓани, денес нашата земја добива претседател – тоа е нашиот Стево Пендаровски, лидер кој ни се приклучува во водството напред, во нашата заедничка иницијатива со која ја правиме Северна Македонија убаво место за живеење. Денес Пендаровски ја презема должноста да биде претседател на сите граѓани, натпартиски, да се бори за правда и правичност и да ја претставува земјата достоинствено насекаде низ светот.

,,Драг Стево, Нека е честито, успеавме, граѓаните потврдија дека мораме да продолжиме напред, преку заедништво. Ти посакувам успех и верувам во конструктивна соработка во интерес на развојот. Сега одговорноста е голема. Те поддржувам за да им служиш посветено и праведно на сите граѓани и на нашата држава.Честитки, се гледаме наскоро во Скопје, на првото претседателско-премиерско кафе и на првиот работен состанок. Нѐ чека многу заедничка работа, за нашиот народ”, се вели во честитката на Заев.

Прикажи повеќе...

Избори 2019

Напладне инаугурација на Пендаровски во Собрание, ќе присуствуваат повеќе државници од регионот

Објавено пред

Новоизбраниот претседател Стево Пендаровски денеска ќе ја преземе функцијата, по свечената инаугурацијата во Собранието, по што официјално ќе започне неговиот петгодишен мандат.

dobivaj vesti na viber

На давањето заклетва на петтиот по ред претседател на земјава во 12 часот во Собранието, ќе присуствува и претседателот на Србија, Александар Вучиќ, како и претседателите на Албанија, Бугарија и на Косово.

Во Кабинетот на претседателот „Вила Водно”, според најавата, во 13.45 часот ќе се одржи официјална церемонија на примопредавање на функцијата претседател со највисоки воени и државни почести.

По свечената церемонија, предвидено е претседателот Ѓорге Иванов и претседателот Стево Пендаровски да одржат тет-а-тет средба, по што ќе следува и заедничка средба на двајцата претседатели со вработените во кабинетот на претседателот.

Пендаровски ќе оствари билатерални средби со претседателот на Република Бугарија, Румен Радев, со претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ, со претседателот на Република Албанија, Илир Мета, со претседателот на Република Косово, Хашим Тачи.

Предвидено е претседателот Пендаровски да оствари билатерални средби и со Срѓан Дармановиќ, министер за надворешни работи и европски интеграции на Црна Гора, со Фарук Кајмакчи, заменик МНР на Република Турција и со Пјотр Вавжик, државен потсекретар во МНР на Република Полска.

Пендаровски вчера во Државната изборна комисија (ДИК) го доби уверението за избран претседател, пред неговата утрешна инаугурација во Собранието.

„По првпат, ако не се лажам, а памтам долго бидејќи имам доволен број години, од деведесетите па наваму, сите учесници во изборниот процес го признаа изборниот резултат и тоа е исклучително добра препорака за земјава. За тоа се заслужни не само моите двајца противкандидати на кои им благодарам за однесувањето во целата кампања туку и сите државни институции надлежни за организацијата, од Државната изборна комисија па сè до последниот гласачки одбор. Државата се однесуваше европски во целиот изборен процес“, рече Пендаровски.

Прикажи повеќе...

Избори 2019

Управниот суд пресече – нема прегласување во Ново Село

Објавено пред

Управниот суд ја одби како неоснована тужбата поднесена од ВМРО – ДПМНЕ за изборите за градоначалник на Ново Село. Тие на својата веб-страница соопштија дека го потврдуваат решението што претходно го донесе Државната изборна комисија.

dobivaj vesti na viber

ВМРО-ДПМНЕ бараше да се поништи гласањето на Избирачкото место број 1789 во постапката за избор на градоначалник на Општина Ново Село и гласањето да се повтори. Тоа го бараа оти констатирале дека во Избирачкиот список за тоа изборно место се потпишале вкупно 411 избирачи, додека во гласачката кутија биле пронајдени 412 ливчиња.

Државната изборна комисија на 11 мај го отфрли приговорот на ВМРО – ДПМНЕ за гласањето на ова избирачко место.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет11 часа

(Видео) Иран во пламен – објавени нови снимки од протестите, додека бројот на загинати надмина 500

Бројот на загинати во протестите во Иран се искачи на 538 лица, објави Ројтерс. Меѓу нив се 490 демонстранти и...

Свет12 часа

Трамп размислува за можна воена интервенција во Иран, вели Си-Ен-Ен

Претседателот на САД, Доналд Трамп, разгледува низа можни воени опции за Иран по смртоносните протести во земјата, изјавија двајца американски...

Свет19 часа

Стармер преговара со европските сојузници за испраќање на воени сили на Гренланд

Британскиот премиер Кир Стармер е во преговори со европските сојузници за распоредување на воени сили на Гренланд, со цел да...

Свет19 часа

Францускиот министер за надворешни ги повика САД да престанат со „уцената“ за Гренланд

Францускиот министер за надворешни работи Жан-Ноел Баро ги повика САД да „престанат да ја уценуваат“ Данска за да добијат директна...

Свет19 часа

Иран ги предупреди американската војска и Израел дека ќе бидат „легитимни цели“ ако САД нападне поради протестите

Иранскиот парламент денеска се состана за да разговара за смртоносните антивладини протести кои беснеат повеќе од две недели. За време...

Свет19 часа

Болниците во Иран преплавени со повредени од протестите, доктори опишуваат „ужасни сцени“

Протестите во Иран продолжуваат, а улиците на градовите, особено Техеран, се исполнети со илјадници демонстранти, и покрај блокадата на интернет...

Свет20 часа

Вашингтон одржа „прелиминарни“ разговори за потенцијален удар врз Иран, објави Волстрит журнал

Американски официјални лица разговарале за планови за можни напади врз Иран, вклучувајќи потенцијални цели, објави Волстрит журнал, повикувајќи се на...

Македонија1 ден

Детален список: каде целосно ќе се забранат сите видови цигари со новиот закон за заштита од пушење

Државата подготвува целосно нов и значително построг Закон за заштита од пушење, со кој драстично се заоструваат правилата за употреба,...

Македонија1 ден

Состојба по обилните дождови во Македонија: пресек на ЦУК до 18:30 часот

Центарот за управување со криви направи пресек на состојбата по обилните врнежи до 18:30 часот. Источен регион – Штип Во...

Македонија1 ден

УХМР: Водостоите остануваат високи, вечерва се очекува заладување и снег

Според податоците од хидролошките станици се уште е висок водостојот на река Сатеска, како и на река Коселска кој почнува...

Македонија1 ден

ЈСП Скопје: Ниските температури и снегот може да предизвикаат изменето сообраќање на автобусите

Јавното сообраќајно претпријатие Скопје ги информира корисниците на јавниот превоз во Градот Скопје дека, поради ниските минусни температури и најавените...

Топ2 дена

18-годишникот кој со автомобил усмрти жена во Капиштец немал возачка, од Македонија избегал преку Табановце

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за – Тешки дела...

Македонија2 дена

Николоски на терен: Сите патишта се проодни, снегот редовно се чисти од Македонија пат

Сите патишта во државата се проодни благодарение на макотрпната работа на луѓето од Македонија пат, кои даваат се’ од себе...

Свет2 дена

Хамнеи ѝ нареди на Револуционерната гарда да ја преземе контролата: Иран во најголема готовност досега

Иранскиот врховен лидер, ајатолахот Али Хамнеи, ѝ нареди на Револуционерната гарда да ја преземе главната улога во справувањето со протестите...

Свет2 дена

Сè што треба да знаете за протестите во Иран

Ако штотуку дознавте за растечките протести во Иран, имаме брз преглед на тоа што стои зад оваа тековна ситуација. Протестите...

Топ2 дена

18-годишниот возач кој вчера прегази жена во Капиштец избегал од државата, МВР распиша потерница

СВР Скопје поднесе кривична пријава против четири лица во врска со вчерашната сообраќајна несреќа на ул. „Народен фронт“ во Скопје...

Македонија2 дена

Денеска гласаат болните и затворениците пред повторните избори за градоначалници во четири општини

Денес се спроведува гласањето на болните или немоќни лица и лицата кои се на издржување на казна затвор за повторните...

Свет2 дена

(Видео) „Се враќам во земјата за да бидам со луѓето“ – синот на поранешниот шах на Иран повика на протести

Реза Пахлави, син на покојниот поранешен ирански шах, кој живее во Вашингтон, ги повика демонстрантите во Иран да продолжат со...

Европа2 дена

Растат цените на становите во ЕУ – Унгарија рекордер со зголемување од 275%

Во периодот од 2015 до крајот на 2025 година, цените на становите во ЕУ во просек пораснале за 63,6%, додека...

Свет2 дена

(Фото+видео) Катастрофа во Викторија: беснеат стотици пожари, уништени куќи, илјадници без струја

Во австралиската сојузна држава Викторија во последните 24 часа избиле повеќе од 250 пожари, од кои 11 се класифицирани како...