Контакт

Избори 2019

ВМРО-ДПМНЕ: Царовска да каже дали донираната храна на деца без родители е злоупотреба

Објавено пред

Денеска, во обид да ја дефокусира јавноста од бегството на Пендаровски од дебатата на телевизијата „Алфа“, дебаклот од средбата во Берлин и катастрофално влошениот имиџ на власта, „министерството за вистина“ на СДСМ со злоупотреба на државни институции објави лажни обвинувања против кандидатката за претседател Гордана Силјановска-Давкова, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

dobivaj vesti na viber

„Во обвинувањето на Министерството за труд и социјална политика се реагира на хуманитарниот настан што го организиравме, но не се кажува која е наводната направена злоупотреба. Имено, кандидатката Гордана Силјановска-Давкова подготвуваше оброци што беа донирани во СОС Детското село. Во ниту дел од настанот директно не беа вклучени деца.

За разлика од кампањата на Силјановска-Давкова, СДСМ на конвенцијата на Пендаровски на сцената искористи деца спротивно на Изборниот законик и Конвенцијата за правата на детето. Истите деца што предходно министерката Царовска и премиерот ги искористија во политички настан, потоа г-ѓа Пендаровска учествуваше на настан кој како и нашиот имаше директни корисници – деца, но за разлика од нашата кампања продуктите за настанот #солидарноопштество вклучуваа деца, со што повторно директно се прекршија Изборниот законик и Конвенцијата за правата на детето.

За разлика од СДСМ и Пендаровски, тимот на професорката Силјановска-Давкова не објави ниту една фотографија од дете или мајка кои беа крајни корисници на настанот, нити ги вклучи во ниеден момент директно во кампањата. Тие, едноставно, останаа корисници на упатената помош.

Ги повикуваме СДСМ и нивната министерка Царовска да кажат во што се состои злоупотребата.

Дали тоа што беше донирана храна на деца без родители, дали тоа што настанот се случи откако фондацијата дозволи храната да биде донирана или тоа што како и во многу други случаи на децата им беше искажана љубов и хуманост, без воопшто да бидат објавени нивните идентитети?

Ги покануваме надлежните институции, кои се контролирани од партијата на власт, веднаш да ги испитаат сите случаи на злоупотреба на деца во политички цели, вклучително и Конвенцијата на, како што го нарекуваат, консензуалниот кандидат. Во спротивно реакцијата на министерката за труд и социјална полтика ќе ја сметаме за мешање на државата и партијата“, се наведува во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Избори 2019

(Видео) Заев со честитки до Пендаровски: Драг Стево, се гледаме наскоро во Скопје, на првото претседателско-премиерско кафе

Објавено пред

Премиерот Зоран Заев испрати честитка по повод инаугурацијата на претседателот на државата Стево Пендаровски. Честитката ви ја презентираме во целост:

dobivaj vesti na viber

„Почитувани граѓани, денес нашата земја добива претседател – тоа е нашиот Стево Пендаровски, лидер кој ни се приклучува во водството напред, во нашата заедничка иницијатива со која ја правиме Северна Македонија убаво место за живеење. Денес Пендаровски ја презема должноста да биде претседател на сите граѓани, натпартиски, да се бори за правда и правичност и да ја претставува земјата достоинствено насекаде низ светот.

,,Драг Стево, Нека е честито, успеавме, граѓаните потврдија дека мораме да продолжиме напред, преку заедништво. Ти посакувам успех и верувам во конструктивна соработка во интерес на развојот. Сега одговорноста е голема. Те поддржувам за да им служиш посветено и праведно на сите граѓани и на нашата држава.Честитки, се гледаме наскоро во Скопје, на првото претседателско-премиерско кафе и на првиот работен состанок. Нѐ чека многу заедничка работа, за нашиот народ”, се вели во честитката на Заев.

Прикажи повеќе...

Избори 2019

Напладне инаугурација на Пендаровски во Собрание, ќе присуствуваат повеќе државници од регионот

Објавено пред

Новоизбраниот претседател Стево Пендаровски денеска ќе ја преземе функцијата, по свечената инаугурацијата во Собранието, по што официјално ќе започне неговиот петгодишен мандат.

dobivaj vesti na viber

На давањето заклетва на петтиот по ред претседател на земјава во 12 часот во Собранието, ќе присуствува и претседателот на Србија, Александар Вучиќ, како и претседателите на Албанија, Бугарија и на Косово.

Во Кабинетот на претседателот „Вила Водно”, според најавата, во 13.45 часот ќе се одржи официјална церемонија на примопредавање на функцијата претседател со највисоки воени и државни почести.

По свечената церемонија, предвидено е претседателот Ѓорге Иванов и претседателот Стево Пендаровски да одржат тет-а-тет средба, по што ќе следува и заедничка средба на двајцата претседатели со вработените во кабинетот на претседателот.

Пендаровски ќе оствари билатерални средби со претседателот на Република Бугарија, Румен Радев, со претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ, со претседателот на Република Албанија, Илир Мета, со претседателот на Република Косово, Хашим Тачи.

Предвидено е претседателот Пендаровски да оствари билатерални средби и со Срѓан Дармановиќ, министер за надворешни работи и европски интеграции на Црна Гора, со Фарук Кајмакчи, заменик МНР на Република Турција и со Пјотр Вавжик, државен потсекретар во МНР на Република Полска.

Пендаровски вчера во Државната изборна комисија (ДИК) го доби уверението за избран претседател, пред неговата утрешна инаугурација во Собранието.

„По првпат, ако не се лажам, а памтам долго бидејќи имам доволен број години, од деведесетите па наваму, сите учесници во изборниот процес го признаа изборниот резултат и тоа е исклучително добра препорака за земјава. За тоа се заслужни не само моите двајца противкандидати на кои им благодарам за однесувањето во целата кампања туку и сите државни институции надлежни за организацијата, од Државната изборна комисија па сè до последниот гласачки одбор. Државата се однесуваше европски во целиот изборен процес“, рече Пендаровски.

Прикажи повеќе...

Избори 2019

Управниот суд пресече – нема прегласување во Ново Село

Објавено пред

Управниот суд ја одби како неоснована тужбата поднесена од ВМРО – ДПМНЕ за изборите за градоначалник на Ново Село. Тие на својата веб-страница соопштија дека го потврдуваат решението што претходно го донесе Државната изборна комисија.

dobivaj vesti na viber

ВМРО-ДПМНЕ бараше да се поништи гласањето на Избирачкото место број 1789 во постапката за избор на градоначалник на Општина Ново Село и гласањето да се повтори. Тоа го бараа оти констатирале дека во Избирачкиот список за тоа изборно место се потпишале вкупно 411 избирачи, додека во гласачката кутија биле пронајдени 412 ливчиња.

Државната изборна комисија на 11 мај го отфрли приговорот на ВМРО – ДПМНЕ за гласањето на ова избирачко место.

Прикажи повеќе...

Најново

Регион14 минути

Нема да биде екстрадиран: Ацо Боцевски 28 години по убиството живее во Грција и издава соби

Солунскиот жалбен совет одлучи да не го екстрадира во Македонија 60-годишниот Ацо Боцевски, познат под прекарот Циганот, осуден на повеќегодишна...

Регион2 часа

(Видео) Тешка сообраќајна несреќа во Србија: четири лица загинаа во судир на комбе и работна машина – валјак

Во тешка сообраќајна несреќа што се случи рано утрово, околу 6:20 часот, на патот помеѓу Ириг и Рума во Србија,...

Топ2 часа

(Видео) Сообраќајна несреќа во центарот на Скопје: Пешак удрен од автомобил пред гимназијата „Јосип Броз – Тито“

Во текот на вчерашниот ден на улицата „Димитрие Чуповски“ пред гимназијата „Јосип Броз Тито“ во центарот на Скопје се случи...

Свет2 часа

Суспендирана миграцијата од Авганистан во САД откако Авганистанец застрела припадници на Националната гарда близу Белата куќа

Двајца припадници на Националната гарда на Западна Вирџинија се во критична состојба откако вооружен човек отвори оган врз нив во...

Свет2 часа

(Видео) Нови податоци: Најмалку 55 лица загинаа во пожарот во облакодер во Хонг Конг

Бројот на жртви од катастрофалниот пожар што зафати станбен облакодер во Хонг Конг се искачи на најмалку 55, потврди противпожарната...

Свет3 часа

Двајца гардисти застрелани во близина на Белата куќа; Трамп: Животното што го изврши злосторството ќе ја плати највисоката цена

Двајцата војници на американската Национална гарда кои беа застрелани во близина на Белата куќа во среда се во критична состојба,...

Свет4 часа

Девојка убиена, млад маж повреден во напад на ајкула во Австралија

Една жена загина, а еден маж е сериозно повреден во напад од ајкула во близина на популарно место за сурфање...

Свет4 часа

Хамас побара евакуација на неговите борци кои останаа заробени во тунелите

Палестинската екстремистичка група Хамас ги повика земјите-посредници да извршат притисок врз Израел да им дозволи на десетици нејзини борци да...

Македонија16 часа

Муцунски во Стразбур: Македонскиот јазик, идентитетот и достоинството на граѓаните не може да бидат предмет на преговарање

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, попладнево учествуваше и се обрати на 24-тиот состанок на Мешовитиот парламентарен...

Македонија19 часа

ДСЗИ нареди вонредно чистење и здравствени прегледи на вработените во училиштето „Димо Хаџи Димов“

Државниот санитарен и здравствен инспекторат освен затворање на кујната во училиштето „Димо Хаџи Димов“ во Влае како потенцијален извор на...

Македонија20 часа

Гаши: Ниедно билатерално прашање не смее да стане пречка на нашиот европски пат

Ниедно билатерално прашање не смее да стане пречка на нашиот европски пат. Ние остануваме подготвени за принципиелен дијалог со сите...

Македонија22 часа

Мицкоски: Нема да има нови ресори, еден човек ќе биде и вицепремиер и министер

Нема да има нови ресори, еден човек ќе биде и вицепремиер и министер за нешто, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски...

Македонија22 часа

Во развиените држави ги среќавам моите најдобри студенти, а на Клинички ме фаќа страв каква услуга ќе добијам, рече Беќаровски

Партизацијата тотално го деградира квалитетот на јавното здравство и затоа итно се потребни системски промени за кои мора посилно да...

Македонија23 часа

Повеќе од 900 жени годинава жртви на семејно насилство: „Оваа бројка е повик за итна акција“

Сега е време да се обединиме и да ја промениме приказната, да ставиме крај на насилството врз жените и девојките....

Македонија24 часа

Словенија ги призна возачките дозволи oд Македонија

Словенија усвои измени на Законот за возачите, со кои им се овозможува на носителите на возачки дозволи издадени во Македонија,...

Македонија1 ден

Се зголемува бројот на напуштени кучиња со активен микрочип

Јавното претпријатие „Лајка“ предупредува на континуиран и загрижувачки тренд на кучиња пронајдени на улица со активен микрочип, односно со јасно...

Свет1 ден

(Видео) Русија реагира на обелоденетиот телефонски разговор меѓу Виткоф и советникот на Путин

Кремљ се огласи утрово откако во извештај на Блумберг се наведува дека еден од претставниците на американскиот претседател Доналд Трамп...

Регион1 ден

(Видео) Шокантна сцена во Дубровник: што сѐ исфрли морето на брегот

Шокантни слики доаѓаат од Јадранот, каде што најпознатата плажа во Дубровник, Бање, е оставена покриена со ѓубре откако морето исфрлило...

Свет1 ден

(Видео) Дали, конечно, е блиску крајот на војната во Украина: остануваат три клучни пречки

Американската администрација оптимистички најавува голем напредок во преговорите за завршување на војната во Украина. Претседателот Трамп го пофали „огромниот напредок“...

Свет1 ден

(Видео) Новинар: Какви отстапки нуди Русија? Трамп: Ќе престанат да се борат

Американскиот претседател Доналд Трамп е убеден дека Русија, со запирање на својата офанзива, би направила „голема отстапка“ за Украина, што,...