Контакт

Избори 2019

Мицкоски во Центар: Ветуваа алпски воздух, а реалноста е дека лажеа за пусти пари

Објавено пред

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денеска им се обрати на граѓаните од Центар. Тој рече дека СДСМ повторно ќе се појави пред граѓаните во Центар, ќе се појави насекаде во Република Македонија и ќе го бараи гласот од граѓаните и повторно ќе се обиде да игра на онаа проверена карта, карта на кратко помнење, ќе се обиде со некоја шарена лага, ветувајќи им на граѓаните дека државата ќе оди напред со Заев и со Пендаровски, едниот со инспекторите под мишка, евро по евро во торбичката, украдени пари од граќаните, а другиот ќе им слугува на Заеви и ќе ги убедуваат граѓаните дека ги чека блескава иднина.

dobivaj vesti na viber

„Вчера го гледав обраќањето на Заев, така насмеан, распеан, свесен дека губи и единственото нешто што му преостанува да го утеши неговиот деспотски избран кандидат во скап и луксузен хотел во Скопје со една песна во ноќта во Тетово и претпоставувавм дека истата таа вечер позади бината, тие двајца, на оние луѓе собрани надвор им ветија да не им се појавуваат пред нивните очи, со нивните сурати, нормално доколку не гласаат за нив“, истакна Мицкоски.

Мицкоски рече дека од Центар ќе се обиде да ги потсети сите на лагите коишто ги кажувале изминатите години.

„И денеска бесрамно лажат, потпевнуваат на плоштадите, иако и тие се свесни дека првиот голем чекор на граѓаните на Република Македонија ќе биде на 21 април и на 5 мај. Вториот голем чекор ќе биде по победата, на предвремените парламентарни избори, а третиот голем чекор ќе биде формирање на влдата на Република Македонија која ќе ја предводи ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата ‘За подобра Македонија’“, објасни Мицкоски.

Претседателот Мицкоски потсети и на ветувањето на СДСМ дека ќе го рестартираат „Југохром“.

„На прес-конференциии овој градскиот татко што требаше да биде, ни читаше прес-конференции дајте ни ја довербата и ние ќе донесеме чист алпски воздух ќе почне да дува по ливадите, по улиците, по булеварите. Но, реалноста е дека тоа го ветуваа само за пусти пари и лажеа, скопјанци и центарци немале позагаден воздух никогаш во историјата“, истакна Мицкоски.

Тој потсети и на некои други ветувања на СДСМ.
„Ветуваа гасификација, па на тој начин ќе го решеле затоплувањето во домовите, ќе пуштеле гас до секој еден дом, до секој еден граѓанин и ќе почнеле од Центар и главниот град. Зборуваа за економски раст од 5% , а од првиот ден до денеска два и пол пати е помал растот од тој што го ветуваа на македонската економија. Вчера Светската банка ги потсети колку блескаат во светот, осумдесет и осмо место сме заедно со Танзанија и Гвинеја. Ќе го реформирале даночниот систем во Република Македонија, да го реформираа, но наместо да одат даноците надолу тие, парите повеќе да бидат кај граѓаните, денеска даноците одат нагоре за 50 проценти од тоа што беше порано. Ветуваа нови работни места, ветуваа дека секој ќе добие шанса според квалитетот, ама денеска ако не сте некој седми братучед на Мира Дизел тешко дека ќе се вработите во државно. Ветуваа дека штом СДСМ ќе дојде на власт, Македонија ќе влезе во НАТО и ќе ги отпочне преговорите за ЕУ, без да го променат идентитетот, без да го променат тоа што прво го направија, посегнаа по идентитетот. Се колнеа во жицата, во дедовината, во татковината, се колнеа во најмилото дека нема тоа да го направат туку тии биле вешти политичари и само да падне режимот веднаш Македонија ќе биде примена во НАТО и ќе тпочнат преговори со ЕУ“.

Претседателот Мицкоски од Центар порача дека ВМРО-ДПМНЕ е за мотивирана, за една поинаква Македонија и ја побара поддршката од сите граѓани на Република Македонија за претстојните претседателски избори да гласаат за кандидатот за претседател професорката Гордана Сиљановска-Давкова.

Избори 2019

(Видео) Заев со честитки до Пендаровски: Драг Стево, се гледаме наскоро во Скопје, на првото претседателско-премиерско кафе

Објавено пред

Премиерот Зоран Заев испрати честитка по повод инаугурацијата на претседателот на државата Стево Пендаровски. Честитката ви ја презентираме во целост:

dobivaj vesti na viber

„Почитувани граѓани, денес нашата земја добива претседател – тоа е нашиот Стево Пендаровски, лидер кој ни се приклучува во водството напред, во нашата заедничка иницијатива со која ја правиме Северна Македонија убаво место за живеење. Денес Пендаровски ја презема должноста да биде претседател на сите граѓани, натпартиски, да се бори за правда и правичност и да ја претставува земјата достоинствено насекаде низ светот.

,,Драг Стево, Нека е честито, успеавме, граѓаните потврдија дека мораме да продолжиме напред, преку заедништво. Ти посакувам успех и верувам во конструктивна соработка во интерес на развојот. Сега одговорноста е голема. Те поддржувам за да им служиш посветено и праведно на сите граѓани и на нашата држава.Честитки, се гледаме наскоро во Скопје, на првото претседателско-премиерско кафе и на првиот работен состанок. Нѐ чека многу заедничка работа, за нашиот народ”, се вели во честитката на Заев.

Прикажи повеќе...

Избори 2019

Напладне инаугурација на Пендаровски во Собрание, ќе присуствуваат повеќе државници од регионот

Објавено пред

Новоизбраниот претседател Стево Пендаровски денеска ќе ја преземе функцијата, по свечената инаугурацијата во Собранието, по што официјално ќе започне неговиот петгодишен мандат.

dobivaj vesti na viber

На давањето заклетва на петтиот по ред претседател на земјава во 12 часот во Собранието, ќе присуствува и претседателот на Србија, Александар Вучиќ, како и претседателите на Албанија, Бугарија и на Косово.

Во Кабинетот на претседателот „Вила Водно”, според најавата, во 13.45 часот ќе се одржи официјална церемонија на примопредавање на функцијата претседател со највисоки воени и државни почести.

По свечената церемонија, предвидено е претседателот Ѓорге Иванов и претседателот Стево Пендаровски да одржат тет-а-тет средба, по што ќе следува и заедничка средба на двајцата претседатели со вработените во кабинетот на претседателот.

Пендаровски ќе оствари билатерални средби со претседателот на Република Бугарија, Румен Радев, со претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ, со претседателот на Република Албанија, Илир Мета, со претседателот на Република Косово, Хашим Тачи.

Предвидено е претседателот Пендаровски да оствари билатерални средби и со Срѓан Дармановиќ, министер за надворешни работи и европски интеграции на Црна Гора, со Фарук Кајмакчи, заменик МНР на Република Турција и со Пјотр Вавжик, државен потсекретар во МНР на Република Полска.

Пендаровски вчера во Државната изборна комисија (ДИК) го доби уверението за избран претседател, пред неговата утрешна инаугурација во Собранието.

„По првпат, ако не се лажам, а памтам долго бидејќи имам доволен број години, од деведесетите па наваму, сите учесници во изборниот процес го признаа изборниот резултат и тоа е исклучително добра препорака за земјава. За тоа се заслужни не само моите двајца противкандидати на кои им благодарам за однесувањето во целата кампања туку и сите државни институции надлежни за организацијата, од Државната изборна комисија па сè до последниот гласачки одбор. Државата се однесуваше европски во целиот изборен процес“, рече Пендаровски.

Прикажи повеќе...

Избори 2019

Управниот суд пресече – нема прегласување во Ново Село

Објавено пред

Управниот суд ја одби како неоснована тужбата поднесена од ВМРО – ДПМНЕ за изборите за градоначалник на Ново Село. Тие на својата веб-страница соопштија дека го потврдуваат решението што претходно го донесе Државната изборна комисија.

dobivaj vesti na viber

ВМРО-ДПМНЕ бараше да се поништи гласањето на Избирачкото место број 1789 во постапката за избор на градоначалник на Општина Ново Село и гласањето да се повтори. Тоа го бараа оти констатирале дека во Избирачкиот список за тоа изборно место се потпишале вкупно 411 избирачи, додека во гласачката кутија биле пронајдени 412 ливчиња.

Државната изборна комисија на 11 мај го отфрли приговорот на ВМРО – ДПМНЕ за гласањето на ова избирачко место.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет25 минути

(Видео) Американските ѕвезди на Греми наградите му испратија порака на Трамп: „Ние не сме животни, ICE надвор“

Музичарот од Порторико, Бед Бани, повика на „исфрлање“ на американската Служба за имиграција и царина (ICE) додека ја примаше наградата...

Свет42 минути

Премиерката Такаичи би можела да оствари убедлива победа на изборите во Јапонија

Партијата на јапонската премиерка Санае Такаичи веројатно ќе обезбеди убедлива победа на изборите за долниот дом на парламентот следната недела,...

Свет49 минути

Иранскиот демонстрант Ерфан Солтани ослободен со кауција

Иранскиот демонстрант Ерфан Солтани, кој беше уапсен за време на антивладините протести и се стравуваше дека ќе биде осуден на...

Свет52 минути

Трамп: Мислам дека ќе постигнеме договор со Куба

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека САД се во дијалог со кубанските власти што би можел да доведе до договор,...

Македонија9 часа

(Видео) Безбеден град денес регистрираше 500 казни

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски вечерва преку објава на социјалната мрежа Фејсбук им порача на граѓаните дека треба да бидат горди...

Свет15 часа

Бројот на жртви во пожарот во Швајцарија се искачи на 41, меѓу жртвите и 18-годишно момче

Почина осумнаесетгодишно момче кое беше повредено во пожарот во барот во Кран-Монтана, соопшти денеска швајцарската новинска агенција Keystone-SDA, повикувајќи се...

Регион16 часа

Од денеска во Бугарија задолжително плаќање во евра, левот излегува од употреба

Од денеска, 1 февруари, еврото станува единствена официјална валута во Бугарија, додека левот повеќе нема да биде прифатлив за плаќање...

Македонија18 часа

Мицкоски најави дека ќе се чека уште 11 месеци да стигнат нови камиони на Комунална хигиена

Преку Министерството за транспорт и во соработка со Светската банка ќе се набават 40 нови возила за потребите на ЈП...

Свет20 часа

(Видео) Сведоштво на мајката и сопруга на уапсените за марихуаната поврзана со Македонија

Членови на семејството Спасојевиќ и нивни соседи се огласија по заплената на повеќе од пет тони марихуана на семеен имот...

Македонија21 час

Петте тони марихуана откриени кај Крушевац биле набавени во Македонија

Вишиот суд во Белград синоќа им одреди притвор на тројца уапсени по заплената на пет тони марихуана во селото Коњух...

Македонија23 часа

Од денес Безбеден град казнува, со три забрани за возење ја губите возачката дозвола

На територија на Скопје, Куманово и Тетово и на коридорите 8 и 10 од денеска стартува имплементацијата на системот за...

Свет2 дена

(Видео) Извлечени 51 лице заглавени на жичница на планината Улудаг во Турција

Технички дефект на жичницата на планината Улудаг, во близина на северозападниот турски град Бурса, предизвика блокирање на 51 лице кои...

Македонија2 дена

По реакции од граѓани, се чисти Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, информираше дека денеска градот е целосно мобилизиран во сеопфатна и темелна акција за чистење на...

Македонија2 дена

Скопјани бараат од Цементарница Усје да работи според еколошките стандарди

Еколошките активисти од иницијативата „Стоп за Усје“ и граѓани денеска протестираа поради загадувањето на воздухот и бараа од Цементарница „Усје...

Македонија2 дена

Во Кочани ќе се гради патека на бесконечност за загинатите во Пулс

Советот на Општина Кочани на вчерашната 9. седница едногласно ја поддржа иницијативата за изградба на спомен-обележјето „Патека на бесконечноста за...

Свет2 дена

Момче во Германија повлекло девојка под воз што доаѓал од спротивен правец, двајцата се мртви

Во Хамбург во четврток, две лица загинаа на метро станицата Вандсбек Маркт откако маж влечеше жена на шините пред воз...

Македонија2 дена

Од утре внимавајте, Безбеден град почнува официјално да казнува со суми од 20 до 500 евра и одземање на возачката дозвола

Од утре официјално започнува примената на системот Безбеден град, со што автоматското снимање и санкционирање на сообраќајните прекршоци влегува во...

Свет2 дена

Во текот на изминатото деноноќие, Русија извршила вкупно 1.019 напади врз Украина

Украинската противвоздушна одбрана соборила 64 од 85-те дронови што Русија синоќа ги лансирала, соопштија утрово Воздухопловните сили (ВВС) на Украина....

Регион2 дена

Државна секретарка од Црна Гора сакала да се самоубие поради секс скандал

Мирјана Пајковиќ, до неодамна државна секретарка во Министерството за човекови и малцински права на Црна Гора, поднесе оставка откако нејзините...

Свет2 дена

Нови откритија за Епстин и елитата: објавени документи за контакти со Бил Гејтс, политичари, принц – тврдел и дека цимерот во затворот сакал да го убие

Американското Министерство за правда објави нови милиони документи поврзани со случајот на Џефри Епстин, со што повторно се отворија прашањата...