Контакт

Избори 2019

Мицкоски од Пробиштип: Победа најпрвин на претседателските избори, а потоа победа на предвремени парламентарни избори

Објавено пред

Вечерва, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, се обрати на митинг пред граѓаните од општина Пробиштип.
Мицкоски рече дека СДСМ воопшто не ги исполнил ветувањата што ги даваше пред граѓаните и дека мисли на граѓаните од едни избори на други и дава лажни ветувања.

dobivaj vesti na viber

„Ова не се само претседателски избори, затоа што можеби за врхушката на СДСМ ова се претседателски избори бидејќи тие за народот и за државата мислат од едни до други парламентарни избори, а потоа, ако им помина лагата, ако им помине измамата, тогаш фино заседнуваат во меките фотелји и, се разбира, за пусти пари се работело, тоа е целта, нема друго. Но, ние сме поинакви од нив, ние легнуваме со последна мисла за татковината и народот и се будиме со прва мисла за татковината и народот. Затоа, сакам да ги потсетам на сето она што го ветуваа, на сето она што го зборуваа, да ги потсетам сите оние снимачи кога ќе го прегледуваат денешниот настан, дали кога ќе го прегледуваат, ќе се засрамат од сите оние кажани лаги“, кажа Мицкоски.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ истакна дека на 21 април, а потоа и на 5 мај, ВМРО-ДПМНЕ победува убедливо на претседателските избори.

„Сакам овде во Пробиштип да ја соопштам онаа добра вест што изминативе 20 дена интензивно секаде во Македонија во домовите се зборува. А тоа е дека на 21 април, а потоа на 5 мај, ќе победиме со толку голема разлика што нема да знаат што ги снашло. Победа најпрвин на претседателските избори, а потоа победа на предвремени парламентарни избори“, истакна Мицкоски.

Тој исто така објасни дека состојбите во земјоделството се катастрофални и дека сите ветувања од гарантиран откуп до повисоки цени на производите и повисоки субвенции се само лаги на СДСМ на чело со Зоран Заев.

„Земјоделците мораат со пили да ги сечат крошните на јаболкниците затоа што немаат кому да му го продадат родот бидејќи еден килограм јаболка е 1 денар. Но, истовремено нè потсетија на сите лаги на Зоран Заев, сите лаги на Зоран Заев, дека ќе има загарантиран откуп, дека ќе има честита цена за трудот на земјоделецот, дека ќе има зголемени субвенции и поддршка за земјоделецот. Две години потоа овој политички измамник се срами и дури да спомене за ова ветување“, објасни Мицкоски.

Мицоски истакна дека поради катастрофалната состојба во земјата, предизвикана од владеењето на СДСМ и Зоран Заев, голем број луѓе се иселуваат од државата и тоа зазема сè поголем интензитет и замав.

„Разговаравме со нашите сограѓани, болката е голема, се сеќавате на овие ветувања пред Владата кога ги поставуваа чевлите дека луѓето се иселуваат. Во Виница луѓето ни соопштија дека само два дена пред ние да дојдеме повеќе од 500 луѓе ја напуштиле Македонија и заминале на друга дестинација во Европа. За една година 100.000 наши сограѓани ја напуштија Македонија и никогаш не се вратија“, рече Мицкоски.

Тој појасни дека ситуацијата во земјата е трагична и дека Македонија се движи во многу лоша насока и повика на масовен одѕив на претседателските избори за да се стави крај на оваа голгота низ која поминуваат граѓаните.

„Ситуацијата е трагична, Македонија, браќа и сестри, добри луѓе, се движи во многу лоша насока. Да не биде после дека повторно ние сме предупредиле, а тоа било само во нашите умови. Ајде заедно масовно да излеземе на 21 април, а потоа и на 5 мај. Онаа пролет, што ја најавивме во Охрид, да ја донесеме во Македонија, да ја обоиме со името на идниот претседател на Републиката, професорката Гордана Силјановска-Давкова“, рече Мицкоски.

Тој потенцира дека ВМРО-ДПМНЕ има јасна визија, програма, методологија и тим што знае како да ги направи неопходните реформи во државата на чело со кандидатот за претседател, професорката Гордана Силјановска-Давкова.

„Правна држава, враќање на правото и враќање на правната држава. Па има ли поголем гарант од идниот претседател на Републиката дека имаме јасен план, јасна визија, тим и методологија како да направиме вистински реформи за враќање на владеењето на правото и правната држава, од најинспиративниот професор на Правниот факултет, а тоа е идниот претседател на Републиката, професорката Гордана Силјановска-Давкова“, потенцира Мицкоски.

Избори 2019

(Видео) Заев со честитки до Пендаровски: Драг Стево, се гледаме наскоро во Скопје, на првото претседателско-премиерско кафе

Објавено пред

Премиерот Зоран Заев испрати честитка по повод инаугурацијата на претседателот на државата Стево Пендаровски. Честитката ви ја презентираме во целост:

dobivaj vesti na viber

„Почитувани граѓани, денес нашата земја добива претседател – тоа е нашиот Стево Пендаровски, лидер кој ни се приклучува во водството напред, во нашата заедничка иницијатива со која ја правиме Северна Македонија убаво место за живеење. Денес Пендаровски ја презема должноста да биде претседател на сите граѓани, натпартиски, да се бори за правда и правичност и да ја претставува земјата достоинствено насекаде низ светот.

,,Драг Стево, Нека е честито, успеавме, граѓаните потврдија дека мораме да продолжиме напред, преку заедништво. Ти посакувам успех и верувам во конструктивна соработка во интерес на развојот. Сега одговорноста е голема. Те поддржувам за да им служиш посветено и праведно на сите граѓани и на нашата држава.Честитки, се гледаме наскоро во Скопје, на првото претседателско-премиерско кафе и на првиот работен состанок. Нѐ чека многу заедничка работа, за нашиот народ”, се вели во честитката на Заев.

Прикажи повеќе...

Избори 2019

Напладне инаугурација на Пендаровски во Собрание, ќе присуствуваат повеќе државници од регионот

Објавено пред

Новоизбраниот претседател Стево Пендаровски денеска ќе ја преземе функцијата, по свечената инаугурацијата во Собранието, по што официјално ќе започне неговиот петгодишен мандат.

dobivaj vesti na viber

На давањето заклетва на петтиот по ред претседател на земјава во 12 часот во Собранието, ќе присуствува и претседателот на Србија, Александар Вучиќ, како и претседателите на Албанија, Бугарија и на Косово.

Во Кабинетот на претседателот „Вила Водно”, според најавата, во 13.45 часот ќе се одржи официјална церемонија на примопредавање на функцијата претседател со највисоки воени и државни почести.

По свечената церемонија, предвидено е претседателот Ѓорге Иванов и претседателот Стево Пендаровски да одржат тет-а-тет средба, по што ќе следува и заедничка средба на двајцата претседатели со вработените во кабинетот на претседателот.

Пендаровски ќе оствари билатерални средби со претседателот на Република Бугарија, Румен Радев, со претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ, со претседателот на Република Албанија, Илир Мета, со претседателот на Република Косово, Хашим Тачи.

Предвидено е претседателот Пендаровски да оствари билатерални средби и со Срѓан Дармановиќ, министер за надворешни работи и европски интеграции на Црна Гора, со Фарук Кајмакчи, заменик МНР на Република Турција и со Пјотр Вавжик, државен потсекретар во МНР на Република Полска.

Пендаровски вчера во Државната изборна комисија (ДИК) го доби уверението за избран претседател, пред неговата утрешна инаугурација во Собранието.

„По првпат, ако не се лажам, а памтам долго бидејќи имам доволен број години, од деведесетите па наваму, сите учесници во изборниот процес го признаа изборниот резултат и тоа е исклучително добра препорака за земјава. За тоа се заслужни не само моите двајца противкандидати на кои им благодарам за однесувањето во целата кампања туку и сите државни институции надлежни за организацијата, од Државната изборна комисија па сè до последниот гласачки одбор. Државата се однесуваше европски во целиот изборен процес“, рече Пендаровски.

Прикажи повеќе...

Избори 2019

Управниот суд пресече – нема прегласување во Ново Село

Објавено пред

Управниот суд ја одби како неоснована тужбата поднесена од ВМРО – ДПМНЕ за изборите за градоначалник на Ново Село. Тие на својата веб-страница соопштија дека го потврдуваат решението што претходно го донесе Државната изборна комисија.

dobivaj vesti na viber

ВМРО-ДПМНЕ бараше да се поништи гласањето на Избирачкото место број 1789 во постапката за избор на градоначалник на Општина Ново Село и гласањето да се повтори. Тоа го бараа оти констатирале дека во Избирачкиот список за тоа изборно место се потпишале вкупно 411 избирачи, додека во гласачката кутија биле пронајдени 412 ливчиња.

Државната изборна комисија на 11 мај го отфрли приговорот на ВМРО – ДПМНЕ за гласањето на ова избирачко место.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет5 часа

(Видео) Иран во пламен – објавени нови снимки од протестите, додека бројот на загинати надмина 500

Бројот на загинати во протестите во Иран се искачи на 538 лица, објави Ројтерс. Меѓу нив се 490 демонстранти и...

Свет6 часа

Трамп размислува за можна воена интервенција во Иран, вели Си-Ен-Ен

Претседателот на САД, Доналд Трамп, разгледува низа можни воени опции за Иран по смртоносните протести во земјата, изјавија двајца американски...

Свет13 часа

Стармер преговара со европските сојузници за испраќање на воени сили на Гренланд

Британскиот премиер Кир Стармер е во преговори со европските сојузници за распоредување на воени сили на Гренланд, со цел да...

Свет13 часа

Францускиот министер за надворешни ги повика САД да престанат со „уцената“ за Гренланд

Францускиот министер за надворешни работи Жан-Ноел Баро ги повика САД да „престанат да ја уценуваат“ Данска за да добијат директна...

Свет13 часа

Иран ги предупреди американската војска и Израел дека ќе бидат „легитимни цели“ ако САД нападне поради протестите

Иранскиот парламент денеска се состана за да разговара за смртоносните антивладини протести кои беснеат повеќе од две недели. За време...

Свет14 часа

Болниците во Иран преплавени со повредени од протестите, доктори опишуваат „ужасни сцени“

Протестите во Иран продолжуваат, а улиците на градовите, особено Техеран, се исполнети со илјадници демонстранти, и покрај блокадата на интернет...

Свет14 часа

Вашингтон одржа „прелиминарни“ разговори за потенцијален удар врз Иран, објави Волстрит журнал

Американски официјални лица разговарале за планови за можни напади врз Иран, вклучувајќи потенцијални цели, објави Волстрит журнал, повикувајќи се на...

Македонија1 ден

Детален список: каде целосно ќе се забранат сите видови цигари со новиот закон за заштита од пушење

Државата подготвува целосно нов и значително построг Закон за заштита од пушење, со кој драстично се заоструваат правилата за употреба,...

Македонија1 ден

Состојба по обилните дождови во Македонија: пресек на ЦУК до 18:30 часот

Центарот за управување со криви направи пресек на состојбата по обилните врнежи до 18:30 часот. Источен регион – Штип Во...

Македонија1 ден

УХМР: Водостоите остануваат високи, вечерва се очекува заладување и снег

Според податоците од хидролошките станици се уште е висок водостојот на река Сатеска, како и на река Коселска кој почнува...

Македонија1 ден

ЈСП Скопје: Ниските температури и снегот може да предизвикаат изменето сообраќање на автобусите

Јавното сообраќајно претпријатие Скопје ги информира корисниците на јавниот превоз во Градот Скопје дека, поради ниските минусни температури и најавените...

Топ1 ден

18-годишникот кој со автомобил усмрти жена во Капиштец немал возачка, од Македонија избегал преку Табановце

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за – Тешки дела...

Македонија1 ден

Николоски на терен: Сите патишта се проодни, снегот редовно се чисти од Македонија пат

Сите патишта во државата се проодни благодарение на макотрпната работа на луѓето од Македонија пат, кои даваат се’ од себе...

Свет1 ден

Хамнеи ѝ нареди на Револуционерната гарда да ја преземе контролата: Иран во најголема готовност досега

Иранскиот врховен лидер, ајатолахот Али Хамнеи, ѝ нареди на Револуционерната гарда да ја преземе главната улога во справувањето со протестите...

Свет1 ден

Сè што треба да знаете за протестите во Иран

Ако штотуку дознавте за растечките протести во Иран, имаме брз преглед на тоа што стои зад оваа тековна ситуација. Протестите...

Топ1 ден

18-годишниот возач кој вчера прегази жена во Капиштец избегал од државата, МВР распиша потерница

СВР Скопје поднесе кривична пријава против четири лица во врска со вчерашната сообраќајна несреќа на ул. „Народен фронт“ во Скопје...

Македонија2 дена

Денеска гласаат болните и затворениците пред повторните избори за градоначалници во четири општини

Денес се спроведува гласањето на болните или немоќни лица и лицата кои се на издржување на казна затвор за повторните...

Свет2 дена

(Видео) „Се враќам во земјата за да бидам со луѓето“ – синот на поранешниот шах на Иран повика на протести

Реза Пахлави, син на покојниот поранешен ирански шах, кој живее во Вашингтон, ги повика демонстрантите во Иран да продолжат со...

Европа2 дена

Растат цените на становите во ЕУ – Унгарија рекордер со зголемување од 275%

Во периодот од 2015 до крајот на 2025 година, цените на становите во ЕУ во просек пораснале за 63,6%, додека...

Свет2 дена

(Фото+видео) Катастрофа во Викторија: беснеат стотици пожари, уништени куќи, илјадници без струја

Во австралиската сојузна држава Викторија во последните 24 часа избиле повеќе од 250 пожари, од кои 11 се класифицирани како...