Контакт

Избори 2019

Стоилковски: Недозволиво е среде кампања градоначалник и министер да ветуваат асфалтирање улици

Објавено пред

Продолжуваат злоупотребите на СДСМ во оваа изборна кампања за избор за претседател за 2019 година. Продолжуваат злоупотребите и на функциите и на државните ресурси, обвини портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.

dobivaj vesti na viber

„СДСМ ги злоупотребува позициите на државата, како министри и градоначалници коишто се појавуваат на средби со граѓани среде изборна кампања, среде претседателски избори во насока на поддршка на нивниот кандидат Стево Пендаровски. Ова е класична злоупотреба на државните ресурси.

На средба со граѓани од улиците 150, 151 и 152 во Куманово, Максим Димитриевски и Оливер Спасовски настапуваат како градоначалник и како министер за внатрешни работи, така се и најавени и во име на тие функции настапуваат на средбите со граѓани. На видеото објавено на македонските медиуми, но и на интернет се слуша како Димитриевски и Спасовски ветуваат правење на улицата, асфалтирање на улицата 150, како и градинки и друга инфраструктура, атмосферска канализација и дека сега сето тоа ќе го стави во програма за следната година. Среде кампања, Димитриевски ветува асфалтирање за догодина.

„Јас давам збор, ако го избереме Стево, ќе имам финансиска поддршка од Владата за да ги изработам проектите. Ако се врати ВМРО на власт, ќе дојдам тука и ќе кажам другари извинете јас не можам да ја направам цела улица затоа што немам пари. Ако е СДСМ на власт, ќе ми овозможи финансиски средства“, вели Максим Димитриевски, градоначалник од позиција на градоначалник на Куманово среде изборна кампања, барајќи ги гласовите на кумановци за поддршка на кандидатот на СДСМ Стево Пендаровски. Вонправно вели дека ќе имало европски фондови само и само ако дошол Пендаровски. Само Стево ‘проваѓал’ во ЕУ, вели Максим Димитриевски па го најавува министерот за внатрешни работи да каже за проектите на владата, кој, пак, ветува финансирање  проекти, од улици, водоводи, фекална канализација, ветува пари од државниот буџет, но и европски фондови, за градинки и за други проекти.

Ова е недозволиво, градоначалник и министер пред граѓани ветуваат проекти и улици и канализации за да се гласа за нивниот кандидат! Ова е спротивно на законот, спротивно на изборниот закон, спротивно на антикурупцискиот закон, спротивно на етиката политичка, спротивно на позитивните европски практики.

За ова ќе биде поднесена нова пријава до антикорупциската, кај која  деновиве имаме поднесено 7 нови поднесоци, за злоупотреби и на медиуми, и на градежни активности, и на државни ресурси, и на јавни претпријатија.

И јасно е зошто го прават ова. СДСМ соочен со поразот на 5 мај, нема друга опција освен да продолжи со притисоци и со лаги, со ветувања и поткупи да го ублажи поразот. Правото и правдата се на дофат. Правдата и правото ќе победат во Република Македонија!“ порача Стоилковски.

Избори 2019

(Видео) Заев со честитки до Пендаровски: Драг Стево, се гледаме наскоро во Скопје, на првото претседателско-премиерско кафе

Објавено пред

Премиерот Зоран Заев испрати честитка по повод инаугурацијата на претседателот на државата Стево Пендаровски. Честитката ви ја презентираме во целост:

dobivaj vesti na viber

„Почитувани граѓани, денес нашата земја добива претседател – тоа е нашиот Стево Пендаровски, лидер кој ни се приклучува во водството напред, во нашата заедничка иницијатива со која ја правиме Северна Македонија убаво место за живеење. Денес Пендаровски ја презема должноста да биде претседател на сите граѓани, натпартиски, да се бори за правда и правичност и да ја претставува земјата достоинствено насекаде низ светот.

,,Драг Стево, Нека е честито, успеавме, граѓаните потврдија дека мораме да продолжиме напред, преку заедништво. Ти посакувам успех и верувам во конструктивна соработка во интерес на развојот. Сега одговорноста е голема. Те поддржувам за да им служиш посветено и праведно на сите граѓани и на нашата држава.Честитки, се гледаме наскоро во Скопје, на првото претседателско-премиерско кафе и на првиот работен состанок. Нѐ чека многу заедничка работа, за нашиот народ”, се вели во честитката на Заев.

Прикажи повеќе...

Избори 2019

Напладне инаугурација на Пендаровски во Собрание, ќе присуствуваат повеќе државници од регионот

Објавено пред

Новоизбраниот претседател Стево Пендаровски денеска ќе ја преземе функцијата, по свечената инаугурацијата во Собранието, по што официјално ќе започне неговиот петгодишен мандат.

dobivaj vesti na viber

На давањето заклетва на петтиот по ред претседател на земјава во 12 часот во Собранието, ќе присуствува и претседателот на Србија, Александар Вучиќ, како и претседателите на Албанија, Бугарија и на Косово.

Во Кабинетот на претседателот „Вила Водно”, според најавата, во 13.45 часот ќе се одржи официјална церемонија на примопредавање на функцијата претседател со највисоки воени и државни почести.

По свечената церемонија, предвидено е претседателот Ѓорге Иванов и претседателот Стево Пендаровски да одржат тет-а-тет средба, по што ќе следува и заедничка средба на двајцата претседатели со вработените во кабинетот на претседателот.

Пендаровски ќе оствари билатерални средби со претседателот на Република Бугарија, Румен Радев, со претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ, со претседателот на Република Албанија, Илир Мета, со претседателот на Република Косово, Хашим Тачи.

Предвидено е претседателот Пендаровски да оствари билатерални средби и со Срѓан Дармановиќ, министер за надворешни работи и европски интеграции на Црна Гора, со Фарук Кајмакчи, заменик МНР на Република Турција и со Пјотр Вавжик, државен потсекретар во МНР на Република Полска.

Пендаровски вчера во Државната изборна комисија (ДИК) го доби уверението за избран претседател, пред неговата утрешна инаугурација во Собранието.

„По првпат, ако не се лажам, а памтам долго бидејќи имам доволен број години, од деведесетите па наваму, сите учесници во изборниот процес го признаа изборниот резултат и тоа е исклучително добра препорака за земјава. За тоа се заслужни не само моите двајца противкандидати на кои им благодарам за однесувањето во целата кампања туку и сите државни институции надлежни за организацијата, од Државната изборна комисија па сè до последниот гласачки одбор. Државата се однесуваше европски во целиот изборен процес“, рече Пендаровски.

Прикажи повеќе...

Избори 2019

Управниот суд пресече – нема прегласување во Ново Село

Објавено пред

Управниот суд ја одби како неоснована тужбата поднесена од ВМРО – ДПМНЕ за изборите за градоначалник на Ново Село. Тие на својата веб-страница соопштија дека го потврдуваат решението што претходно го донесе Државната изборна комисија.

dobivaj vesti na viber

ВМРО-ДПМНЕ бараше да се поништи гласањето на Избирачкото место број 1789 во постапката за избор на градоначалник на Општина Ново Село и гласањето да се повтори. Тоа го бараа оти констатирале дека во Избирачкиот список за тоа изборно место се потпишале вкупно 411 избирачи, додека во гласачката кутија биле пронајдени 412 ливчиња.

Државната изборна комисија на 11 мај го отфрли приговорот на ВМРО – ДПМНЕ за гласањето на ова избирачко место.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија8 часа

Филипче до Димитриевски: Со предавници на социјадемократската идеја не дебатирам

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на трибината „Се бориме за нашиот дом“ од Прилеп, му одговори на Максим Димитриевски. „Слушам...

Македонија8 часа

Мицкоски: Венко и Стевчо тајно во седиштето на СДСМ премерувале како да обезбедат 2.000 гласа за Јакимовски од СДСМ

На денешниот митинг во Карпош во рамките на изборната кампања за локалните избори 2025 година со слоган „Вистинскиот избор! Твојот...

Македонија14 часа

Уапсена сопругата на докторот кој беше застрелан во Куманово, била вмешана во обидот за неговото убиство

Полицијата ја уапси сопругата на докторот кој беше застрелан вчера во Куманово. Тој со повреди беше пренесен во болница, но...

Македонија14 часа

Евакуации во објектите околу плоштадот „ВМРО“ поради куфер оставен на плочникот, полицијата утврди дека е празен

Обезбедувањето на Јавното претпријатие за државни патишта пријавило во полиција дека две лица денес оставиле куфер на плочникот пред нивниот...

Македонија17 часа

(Видео) Филипче до Мицкоски: Или сфати дека си избран да ја водиш државата или да си одиш

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, одговарајќи на новинарско прашање во врска со изјавите на премиерот Мицкоски, порача дека премиерот треба...

Македонија19 часа

Почина Панчо Минов, поранешен пратеник и градоначалник на Кавадарци

На 67-годишна возраст денеска почина Панчо Минов, поранешен градоначалник на Кавадарци и поранешен пратеник во Собранието. Панчо Минов беше дипломиран...

Македонија20 часа

Парични казни за три градинки и едно училиште по спроведени инспекциски контроли во кујните

Инспекциските служби на Агенција за храна и ветеринарство (АХВ), во септември годинава спроведоа инспекциски контроли во училишните и кујните во...

Македонија21 час

Кривична пријава за злоупотреби и малтретирање против две сопственички на приватни установи за сместување стари лица

Министерството за внатрешни работи поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство Скопје против Н.Ј.(47) и Т.И.(58), двете од Скопје поради...

Македонија21 час

Истрага против две сопственички на домови за стари лица: сместувале женски и машки лица заедно, дел од корисниците биле заклучувани, им биле служеби оброци со изминат рок

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје денеска донесе Наредба за спроведување истражна постапка против две лица осомничени за кривични...

Македонија21 час

Мицкоски до Филипче: Кажи јавно што мислиш за Зоран Заев, не биди лицемерен

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на синоќешниот митинг во Гостивар во рамките на изборната кампања за локалните избори 2025 година...

Топ21 час

Уапсени двајца скопјани: предизвикале пожар на две товарни и едно патничко возило кај спортскиот центар „Јане Сандански“

Денеска, во 02:20 часот во СВР Скопје е пријавен дека на паркинг простор од Спортскиот центар „Јане Сандански“ на подрачје...

Свет24 часа

(Видео) Нападнат автомобилот во кој се наоѓал претседателот на Еквадор, луѓе фрлаа камења, најдени траги од куршуми

Автомобилот на еквадорскиот претседател Даниел Нобоа бил опкружен од околу 500 луѓе кога тој пристигнал на настан во покраината Канар,...

Европа24 часа

Путин: Украинците се повлекуваат на целата фронтова линија

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека руските сили во 2025 година зазеле речиси 5.000 квадратни километри територија во Украина и...

Европа1 ден

Мелони: Пријавена сум во Меѓународниот кривичен суд за соучество во геноцид

Италијанската премиерка Џорџа Мелони вчера изјави дека таа и двајца министри се пријавени во Меѓународниот кривичен суд за наводно соучество...

Свет1 ден

Нетанјаху: Ќе продолжиме да ги постигнуваме сите воени цели, Газа повеќе нема да биде закана

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху вчера вечер им вети на Израелците дека ќе ги постигне сите цели на војната против Хамас...

Европа1 ден

Путин: Се докажа дека бевме во право во февруари 2022 година

Желбата на луѓето од Донбас и Новорусија да ја поврзат својата иднина со Русија докажа дека одлуките донесени во февруари...

Македонија1 ден

Тошковски: Нема да поднесам оставка

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски на неговиот „Фејсбук“ профил реагира соопштението на СДСМ во кое се бара негова оставка....

Македонија2 дена

Во вооружениот напад во Куманово е повреден докторот Зекирија Шаини, од Здравство велат дека е во стабилна состојба

Министерството за здравство со вознемиреност ја прими веста за вооружениот напад во Куманово при кој беше повреден нашиот колега, доктор...

Македонија2 дена

Нема индиции на политички мотиви зад оружениот инцидент во Куманово

Првичните индиции не упатуваат на политички мотиви зад оружениот инцидент во Куманово, соопштија од Јавното обвинителсто. „Во однос на настанот...

Македонија2 дена

Поради сериозни пропусти, Владата го раскина договорот за концесија на каменоломот во Страчинци

Првиот заменик на претседателот на Владата и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, информира дека Владата еднострано...