Книги
Во „Матица“ се одбележуваат 95 години од раѓањето на Лазар Манчевски Пинџур

Во среда, во 19 часот, во мултимедијалниот центар „Матица еклсузив“ ќе се одржи чествување по повод 95-годишнината од раѓањето на писателот Лазар Манчевски Пинџур.
На свеченоста за литературното дело на авторот ќе зборуваат Раде Силјан и Паскал Гилевски, а стихови ќе интерпретира Антонио Павловски.
Лазар Манчевски (Неготино, 1922-1997, Скопје) е автор на дваесет поетски, прозни и мемоарски книги. Тој е автор и на повеќе обнародeни песни со патриотска тематика, меѓу кои и на антологиската песна „Ми заплакало селото Ваташа“./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Условите за користење.

Книги
Објавен автобиографскиот роман „Апнеја“ од Лоренцо Амури

На самиот почеток на „Апнеја“ (2013) го среќаваме младиот Лоренцо со лицето нурнато во мекиот јануарски снег, има вртоглавица и не може да дише. По удар во столб од жичница, останува квадриплегичар и животот му се превртува наопаку. „Апнеја“ раскажува за болката луцидно, без мелодраматични тонови, а на моменти дури и изнудува насмевки.
Амури, небаре води дневник, раскажува за периодот минат во болница во Италија и во една специјализирана клиника во Цирих, за многубројните операции, за мачната рехабилитација и за меѓучовечките односи изродени од болката. По враќањето во семејниот дом во Рим, мора да се соочи со еден нов свет, каде што наеднаш сè му е надвор од дофат и сите се станати многу повисоки, страшни џинови со впечатливи сенки.
Лоренцо тоне во самосожалување, па неговата девојка Јохана, која останува покрај него по несреќата, одлучува да го напушти, а тој решава да се самоубие. Или, пак, можеби нешто ќе го поттикне одново да ја освои и да си го поврати животот? Оваа вистинска животна приказна ја пренесува пораката дека слободата на мислата е слобода на движењето.
Книгата е објавена со поддршка на програмата „Креативна Европа“ на Европската Унија.
Лоренцо Амури (1971-2016) е италијански писател, како и музичар и музички продуцент. По тешка скијачка несреќа на дваесет и шестгодишна возраст, останал квадриплегичар, со парализирани осумдесет проценти од телото. Како писател се истакнал преку својот блог. Во 2013 година го објавува дебитантскиот роман „Апнеја“. Неговата втора книга, „Зошто не го однесете во Лурд?“, е своевиден дневник за патешествието до светилиштето на Богородица од аспект на човек без верба.
Книги
Промоција на детската илустрирана бајковита книга „Чудновија“ на Матеј Богдановски

Во културниот центар „Кино култура“ вчерва во 20 часот ќе се одржи промоција на книгата „Чудновија“ од ликовниот уметник Матеј Богдановски. Книгата ќе ја промовира Јана Јакимовска, академска сликарка и професорка на Ликовната академија при Универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип.
Станува збор за книга која содржи 17 приказни и 11 илустрации. Бајковитите приказни од имагинарниот свет на Богдановски се меѓусебно поврзани и раскажуваат за измислени и митски суштества кои се дел од неговиот интимен детски развој. Неговата примарна дејност, сликарството, ги надополнува овие кретивни нарации и уште повеќе ја доближува книгата до детскиот свет преку илустрациите.
„Светот на ‘Чудновија почнав да го создавам кога имав 10 или 11 години. Како и сè во детството и ова беше една моја игра и забава која ја искажував низ цртежи и досетки што ги правевме со брат ми Дамјан. Всушност, овој свет првично е измислен како Хелуинленд. Во почетокот на 90-тите години на минатиот вeк празникот Хелуин беше сè уште егзотика кај нас. Запознаен со него преку првите сателистски канали, цртани филмови и видеоигри, целиот амбиент што тој го носеше со себе, со изрезбаните тикви и со нивната стравичност, ликовите на вештерки, вампири, духови, костури и тиквоглавци, беше интересен за нашата возраст, а ете за мене дури инспиративен“, вели Богдановски во предговорот на книгата.
Книги
Промоција на новата книга на Ана Јовковска „Ехо на слободата“

Во МКЦ Клуб-ресторан утре во 20 часот ќе се одржи промоција на новата, втора книга на Ана Јовковска „Ехо на слободата“.
Илустрацијата на корицата ја направи уметникот Ване Костуранов. Промотори се проф. Владимир Мартиновски и проф. Ана Мартиноска, а музичкиот дел е на Бранислав Николов од „Фолтин“.
Ехото доаѓа длабоко однатре и како ефектот на пеперутката стигнува до другиот крај на светот, каде некој непознат човек, читајќи ги твоите зборови, ќе се препознае во нив. На пеперутката ѝ требаат крилјата за да го постигне ефектот на преносливост, но зар човекот ги нема? Крилјата на човекот се неговите мисли и зборови. Можеш да ги рашириш до каде што сака твоето срце и до каде што ти дозволува твојата храброст. На крајот сè се сведува на тоа: Умееш ли да сонуваш за подобар свет? Умееш ли да леташ високо над произаичното и медиокритетско секојдневие? Умееш ли да веруваш во луѓето? Умееш ли да го отвориш умот за да ги видиш нивните добри страни? Умееш ли да бидеш активен слушател за да го чуеш ехото на слободата?
Гласовите на моите соговорници, во оваа книга сите заедно потпишани под зборот ЧОВЕК, се ехо на слободата на едно време. Во обидот да ги спојам рационалното и емотивното, научното и интуитивното, актуелното и безвременското, ја создадов оваа збирка на културолошки дијалози кои танцуваат на тенкото јаже на слободата.
Слободата е МОЖАМ. Слободата е ЖЕЛБА. Слободата е ЉУБОВ.
Ана Јовковска е новинарка, колумнистка, ТВ-водителка, продуцентка, лицe за односи со јавноста и промоција, активистка и хуманистка. Авторка е на книгата „Пулсот и времето“ (2015).
Ужива да пишува поезија и да вози велосипед не само како рекреативно туку и како еколошко превозно средство. Им помага на луѓето и животните како начин да го оправда своето постоење.
- Македонија1 месец
(Видео) Фатиме Фетаи направи пародија со коментарите дека излегувала во дискотека
- Daily news1 месец
(Фото) Селфи со Путин предизвика внимание во јавноста
- Култура1 месец
Александар ќе го нема ни на филм
- Investigative story1 месец
(Видео) Патарини: Една пресметка за пратениците, друга за граѓаните
- Daily news1 месец
(Видео) Последна битка за планинарскиот дом Матка, црквата го презема со извршители, планинарите го бараат на суд
- Daily news1 месец
Заев: Можеме да им купиме возила и да им обезбедиме станови на пратениците во Скопје
- Македонија1 месец
Изјавата на Заев за отворање на грчкиот Устав – провокација за грчките медиуми
- Daily news1 месец
Учениците в година нема да учат по програмата „Кембриџ“