Контакт

Култура

„Жени пред нервен слом“ – нова премиера во НУ „Театар комедија“

Објавено пред

Во НУ „Театар комедија“ во изминатиов период се работи во полна пареа. Втората премиера од планираните пет за годинава е насловена: „Жени пред нервен слом“ (според филмот „Жени на работ од нервен слом“ на Алмодовар), а во режија на познатиот хрватски режисер Иван Лео Лемо.

Тимот што работеше на оваа претстава го сочинуваат и: кореограф: Лео Мујиќ; сценограф: Весна Режиќ; костимограф: Мирјана Загорец; асистент на костимограф: Ивана Каранфиловска – Угуровска; композитор: Звонимир Дуспер – Дус; превод и драматуршки соработник: Габриела Коцева Тулиев; лектор: Зорица Манаскова; соработник по пеење: Весна Гиновска-Илковска; дизајн на плакат: Сергеј Светозарев.

„Ме радува фактот што во нашата установа се оди по предвидениот план за работа на институцијата за оваа година. Оваа претстава ѝ нуди на публиката еден поинаков ракопис од вообичаеното што можат да го следат. Многу сум благодарен на целиот тим кој максимално се вложи за време на подготвителниот процес. Имаме голема хит претстава, која ќе ги освои срцата на публиката“ – истакна директорот на НУ „Театар комедија“, Сашо Ристовски.

Во „Жени пред нервен слом“ играат: Марина Поп Панкова, Ева Скендеровска, Кристина Ласовска, Жаклина Стевковска, Миа Кантарџиева, Жарко Димоски, Илија Илиоски, Едмонд Сотир, Дритон Вејсели, Александар Вељановски, Тони Денковски, Тино Костадиновски и Ема Давчева. Режисерот Иван Лео Лемо ни истакна: „Педро Алмодовар, по чиешто сценарио ја работевме оваа претстава, е најуспешниот и светски признат шпански режисер, автор и продуцент од својата генерација. Алмодовар е режисер на експлозивен колорит, а боите се светлина. Неговите ликови поминуваат низ турбулентни фабуларни лавиринти, но на крајот секогаш ја пронаоѓаат светлината. Исто како и во животот. Реката на човештвото, без обѕир на мрачните канони и опасните меандри, се влева во океанот на љубовта. Затоа Алмодовар создава мелодрами кои им се случуваат на ликови со впечатливи животни маски – глумици, проститутки, трансвестити, калуѓерки, хомосексуалци… И сите тие негови ликови успеваат да ги надлетаат животните пречки, кои често се многу радикални и на работ од возможното. Овие алмодоварски персони се посилни дури и од смртта или, во овој случај, посилни и од болниот прекин на љубовната врска. А психолозите велат дека разводот, исто како и смрт на некој близок, претставува најголем животен стрес.

Оваа година се навршуваат 31 година од првото прикажување на „Жени на работ од нервен слом“, кој таа година беше номиниран и за Оскар во категоријата Најдобар странски филм. Во меѓувреме ова сценарио беше адаптирано и за мјузикл, кој доживеа свои изведби и на Бродвеј во Њујорк и на Вест енд во Лондон. Што се однесува до регионалните постановки на Алмодовар, во Београдско драмско позориште во 2011 беше изведен еден од неговите најзрели текстови, „Сè за мојата мајка“…“

Со оваа претстава „Театар комедија“ се запишува на мапата на истражувачи на либералните можности на европската култура, која на нашиот патријархален Балкан е повеќе од потребна.

Првата реприза на претставата е закажана на 17 мај (петок), со почеток во 20 часот.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Култура

Операта „Тоска“ на 16 мај во рамките на 54. издание на „Мајски оперски вечери“

Објавено пред

Во рамките на 54. издание на престижниот фестивал „Мајски оперски вечери“ на 16 мај со почеток во 20.00 часот на сцената на Националната опера и балет ќе се изведе ремек-делото „Тоска“ од Џакомо Пучини, музичка драма во вистинска смисла на зборот, монументална, брилијантно оркестрирана, реалистична опера во три чина. Љубовта, страста, љубомората и политичките интриги се движечките драмски елементи на овој „оперски трилер“.

Гостинот од Полска, Марчин Наленч-Њесјоловски ќе диригира со изведбата на оваа драматична трагедија на Пучини, во режија на Огњан Драганов од Бугарија, сценографијата е на Зоран Николовски, а костимографијата на Марија Пупучевска, хор-мајстор: Ѓурѓица Дашиќ и Јасмина Ѓоргеска, а концерт-мајстор е Верица Ламбевска.

Во насловната улога (Флорија Тоска) ќе настапи Марија Јелиќ од Србија, во улогата на Каварадоси – Милен Бошков (Бугарија), во улогата на Скарпија – Иван Инверарди од Италија, во останатите улоги настапуваат: Владимир Саздовски, Драган Ампов, Марјан Николовски, Кристијан Антовски, Никола Чедомировски, Десанка Глигоријевиќ, заедно со хорот и оркестарот на Националната опера и балет.

„Тоска“ е опера во три чина од Џакомо Пучини, создадена врз либрето од Луиџи Илика и Џузепе Џакоза, инспирирано од драмата на Викториен Сарду. Од својата премиера до денес, делото го задржува вниманието на публиката со својата драмска напнатост и силен музички израз. И повеќе од еден век подоцна, „Тоска“ останува едно од најизведуваните оперски дела — силна приказна во која личната судбина се судира со моќта, љубовта и трагедијата.

Прикажи повеќе...

Култура

Со „Сестра Анџелика“ и „Џани Скики“ свечено отворени 54. Мајски оперски вечери

Објавено пред

Со изведбата на оперите „Сестра Анџелика“ и „Џани Скики“ од Џакомо Пучини, синоќа во Македонската опера и балет беше отворено 54. издание на фестивалот „Мајски оперски вечери“. Публиката премиерната изведба ја поздрави со долги аплаузи и овации.

Диригент на двете едночинки беше Џанлука Мартиненги, кој го водеше оркестарот низ две различни музички и драмски атмосфери – од трагичната и емотивна „Сестра Анџелика“ до сатиричната и комична „Џани Скики“.

Во главната улога во „Сестра Анџелика“ настапи сопранистката Валентина Бои, која ја донесе емотивната приказна за монахињата што се соочува со лична трагедија. Бенедета Мацето настапи како Принцезата, во улога што внесе силна драмска тензија во претставата.

Режијата е на Пјер Франческо Маестрини, сценографијата на Гиљермо Нова, костимографијата на Кристина Ачети, а светлото го потпишува Милчо Александров.

Во вториот дел од вечерта беше изведена комичната опера „Џани Скики“, во која главната улога ја толкуваше Роберто Де Кандиа. Настапија и Ана Дурловски како Лаурета и Гуо С-Жао како Ринучио.

Публиката особено ја поздрави изведбата на аријата „O mio babbino caro“, како и ансамбл сцените во операта.

Со ова отворање, Мајските оперски вечери ја започнаа новата фестивалска сезона со продукција што обедини силни вокални интерпретации, впечатлива сценографија и современ режисерски пристап.

Прикажи повеќе...

Култура

Самостојна изложба „Македонска Златна Азбука“ на Мaја Танева во Мобилната/Монтажна галерија во Скопје

Објавено пред

Денес во Мобилната/Монтажна галерија во Скопје, ќе биде отвотена самостојната изложба „Македонска Златна Азбука“ на уметницата Мaја Танева, проект кој ја истражува македонската азбука како простор на идентитет, културна меморија и современ визуелен израз.

Изложбата опфаќа 31 дело, по едно за секоја буква од македонската азбука, изработени во акрилна техника со златна фолија на акрилен хамер. Дел од буквите се врамени, додека други излегуваат од класичниот формат и го преземаат самиот галериски простор,претворајќи ја изложбата во визуелно и емоционално искуство.

„Азбуката е едно од ретките нешта што тивко нè следат низ целиот живот. Преку неа првпат го пишуваме сопственото име, првпат читаме и се препознаваме себеси во јазикот,“ вели авторката.

Златото во изложбата не симболизира материјално богатство, туку вредност која што не бледее, како јазикот, наследството и културниот идентитет. Во време на забрзана дигитална визуелна култура, „Македонска Златна Азбука“ отвора простор за повторно поврзување со сопствениот јазик преку уметноста.

Мaја Танева е визуелна уметница и скулпторка, препознатлива по својата работа со инокс и жичени форми. Иако нејзините последни години се обележани со скулпторски изложувања, „Македонска Златна Азбука“ претставува посебен авторски проект и изложување со слики, создадено како визуелно истражување на буквата, јазикот и културниот идентитет, но и продолжување на истражувањето на формата, симболот и просторот низ нов медиумски пристап.

Проектот е финансиски поддржан од Министерството за култура и туризам на РСМ, во рамки на програмата за развој на Креативни индустрии за 2026 година. По завршувањето на изложбата, делата продолжат да живеат и надвор од галерискиот простор преку дигитална архива, PDF-изданија и принтови достапни за пошироката публика и културни институции.

Изложбата е отворена од 11-ти до 17-ти мај во Мобилна/Монтажна галерија – Скопје.

Прикажи повеќе...

Најново

Забава7 минути

Пет земји ја бојкотираат Евровизија оваа година

Почна 70. издание на Eurovision Song Contest 2026, кое оваа година се одржува во Виена, Австрија, во салата Wiener Stadthalle....

Македонија18 минути

Утре променливо облачно време со дожд и грмежи, температурите во опаѓање

Времето утре ќе биде променливо облачно, а претежно во западните делови од земјата ќе има повремен дожд. Локално се очекуваат...

Свет60 минути

Трамп: Иранците рекоа дека ќе добиеме нуклеарен прав

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека е уверен дека Иран ќе престане да збогатува ураниум и ќе се откаже од...

Свет1 час

Пентагон објави колку војната во Иран ја чинела Америка досега

Американската војна во Иран досега чинела 29 милијарди американски долари, изјави денес висок функционер на Пентагон, што е зголемување од...

Македонија2 часа

Ученикот кој беше прободен во училиште во Ченто е во болница и е во добра состојба, вели Стефковски

Ученикот кој вчера беше прободен во основно училиште во Ченто е во болница и е во добра состојба, вели градоначалникот...

Економија2 часа

Мукаетов на Самитот „Македонија 2025“: „’Алкалоид’ е пример дека Македонија може да се натпреварува глобално“

Компаниите од земјава и од регионот треба да ги напуштат локалните практики и да работат според глобалните правила и стандарди,...

Македонија2 часа

Во завршна фаза е изградбата на боксерската сала во Битола

Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, изврши увид на изградбата, односно завршницата на еден капитален објект за Битола. Центарот за спорт...

Македонија2 часа

Средба на Сиљановска-Давкова со канадските претприемачи со македонско потекло, Џон Битов помладиот и Јордан Битов

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска прими претставници на македонската дијаспора во Канада, меѓу кои и канадските претприемачи Џон Битов помладиот и...

Свет2 часа

Кремљ го повтори тврдењето на Путин дека војната во Украина е речиси завршена

Кремљ денес го повтори тврдењето на рускиот претседател Владимир Путин дека војната во Украина е речиси завршена, откако украинскиот претседател...