Контакт

Култура

Изведба на претставата „Дримкечер“ во киното „Фросина“

Објавено пред

По распродадената премиера, претставата „Дримкечер“ се враќа повторно со нова изведба, на 28 октомври, во 20 часот. На платното во киното „Фросина“ уште еднаш ќе видиме една дистописка слика од Скопје од иднината, а пред него актерите Сара Климоска, Хари Михајловски, Тамара Ристоска и Стефан Петровски ќе ги играат улогите на четири улични музичари, чиј живот комплетно се менува под ефектите на новата sci-fi-технологија.

dobivaj vesti na viber

Во оваа иднина (дали е навистина иднина?), каде што креативноста и автентичноста се истрошени, светот бара нови методи за да ги задоволи ненаситноста и вечната глад на публиката. Па, така, водени од идеологијата на конзумеризмот, соништата на поединецот се сведуваат на обична трансакција, каде што мораш да продадеш еден сон за да оствариш друг.

Претставата е напишана од Натали Спасова, во режија на Виктор Бужаров и Натали Спасова, а процесот на подготовка се одвива во Прага со помош на културната организација D Theater и фондацијата Culture Moves Europe. За потребите на оваа претстава се користи зелен транспорт и се изработени музички инструменти од отпад, со цел да се намали конзумеризмот, од ирскиот музичар Деклан Гакиен, кој исто така е и композитор на музиката за претставата. Графичкиот дизајн за потребите на претставата е изработен од Стефан Петровски.

Култура

Парите од билетите за „Силјан Штркот шанца“ и „Сите сме птици“, МНТ ќе ги донира за Леонид

Објавено пред

МНТ хуманитарно ќе го одбележи својот 79. роденден со изведба на претставите „Силјан Штркот шанца“ и „Сите сме птици“.

dobivaj vesti na viber

Средствата од продадените билети ќе бидат наменети за лекување на нашиот Леонид, објавија од Театарот.

Прикажи повеќе...

Култура

Европска турнеја и светска дистрибуција на „Патување пеш“ на Тамара Котевска

Објавено пред

Документарниот филм THE WALK (Патување пеш) во режија на Тамара Котевска започнува со европска фестивалска турнеја. Најпрво, филмот ќе има европска премиера на најголемиот фестивал за човекови права FIFDH во Женева, Швајцарија, каде ќе има 2 проекции, а веднаш потоа, ќе се случат рекордни 5 проекции на еден од најголемите фестивали за документарен филм од А Категорија во Европа – CPH DOX во Копенхаген, Данска како дел од програмата Highlights.

dobivaj vesti na viber

Уште една добра вест е што реномираната компанија Together Films, со седишта во Лондон и Њујорк и значајно искуство во светска дистрибуција на филмови, ги обезбеди правата на „Патување пеш“ и истиот ќе го дистрибуира низ светот. Минатата недела филмот беше претставен за продажба на овогодинешниот филмски маркет во Берлин, а во следниот период ќе биде дел од маркетите на CPH DOX во Копенхаген и SXSW во САД, што беше екслузивно објавено на насловната страна на британското филмско списание Screen Daily.

Филмот „Патување пеш“ ја имаше својата светска премиера на најголемиот фестивал за документарни филмови во САД – DOC NYC во Њујорк во ноември минатата година, откако Тамара Котевска за прв пат го претстави филмот на филмскиот фестивал во Венеција со краток трејлер во септември 2023 година.

Таа е првиот автор од Македонија повикан да одржи говор на ексклузивниот настан LIGHTS CAMERA IMPACT, каде секоја година се поканети три светски реномирани автори чие последователно творештво се филмови кои имаат потенцијал да остварат општествен импакт. „Патување пеш“ го следи патувањето на Амал – џиновска кукла висока 3,5 метри, која претставува млада бегалка и која патува преку сириската граница во Турција, а потоа низ Европа, обидувајќи се да си најде дом. Филмот се снимаше две години на териториите на повеќе од 10 земји, помеѓу Сирија на исток и Обединетото Кралство на запад, како и на бреговите на Јужна Африка.

Во креативниот тим на филмот, покрај Тамара Котевска се и монтажерот Мартин Иванов, кинематограферот Самир Љума и композиторот Дуке Бојаџиев. Главен продуцент на филмот е Grain Media – една од најголемите британски филмски компании фокусирана на документарните филмови, а македонски копродуцент е ОХО ПРОДУКЦИЈА. Филмот е поддржан и од македонската агенција за филм.

Прикажи повеќе...

Култура

Промоција на монографија за Универзалната сала – „Скопскиот симбол на хуманоста“

Објавено пред

Книгата е издание на ЈУ Универзална сала – Скопје, а објавена е со поддршка на Град Скопје. Промоцијата е закажана за 6 март во 12 часот во Грдаската библиотека „Браќа Миладиновци“.

dobivaj vesti na viber

Книгата излегува по повод 60 години од зачетокот на благородната идеја да се изгради сала или културен простор што ќе има универзално значење и функција, наменет за организирање разни манифестации, културно-уметнички и помали спортски настани. Универзалната сала е замислена како мултифункционален простор што ќе служи како културен центар за скопјани. Проектот бргу го привлекува меѓународното внимание, па земјите од сите страни на светот ја нудат својата поддршка за да ја оживеат оваа амбициозна визија. Но, во текот на годините салата станува многу повеќе од објект, таа станува олицетворение на солидарноста на Скопје стоејќи како светилник на надеж потсетувајќи ги луѓето дека не се сами во соочувањето со предизвиците. Салата станува домаќин на историски настани поттикнувајќи го чувството на заедништво и единствена цел.

Многубројните архивски материјали, расфрлани по депоа, и сеќавањата на скопјани, кои остануваат само како усна традиција, со издавањето на оваа книга се материјализираат во трајно сведоштво за овој објект и институција од особено значење за културниот идентитет на градот. Оваа монографија собира на едно место дел од информациите, податоците, архивските материјали, сведоштвата за нејзината историја и културолошко значење преку текстови, фотографии, интервјуа, одгласи во медиумите… Книгата, покрај историјатот на институцијата, ги опфаќа и многубројните настани што традиционално се одржувале во овој простор, вкупно повеќе од 5.000 манифестации, кои ги проследиле над 5.800.000 посетители.

Ова е една од ретките монографии за културното наследство од периодот на солидарноста и единствена за Универзалната сала како еден од објектите што будат носталгични чувства и сентименталност кај скопјани како градски репрезент на постземјотресното наследство на градот. Со ова наследството и богатството од ваков тип на настани што се одржувале тука добиваат физичка форма во облик на книга, која е од особено значење за градот Скопје во областа на културата. Оваа книга ќе остане да ја раскажува историјата на овој објект во срцето на градот како негов најпрепознатлив симбол и траен сведок на антологиските случувања…

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија9 часа

Извршниот одбор на СДСМ го поддржа Стево Пендаровски за кандидат за Претседател на државата

На денешната седница во Штип, Извршниот одбор на СДСМ ја разгледа информација за спроведената постапка за можни кандидати за Претседател...

Македонија12 часа

(Видео) Средба Пендаровски – Зеленски: Македонија силно ја осудува руската агресија врз Украина

Претседателот Стево Пендаровски, во рамки на учеството на самиот Украина – Југоисточна Европа, денеска во Тирана оствари средба со претседателот...

Топ13 часа

Силувана малолетничка во Скопје

Вчера во 13.30 часот во Полициското одделение Шуто Оризари, 34-годишна жена од Скопје пријавила дека 23-годишниот М.К. од Скопје извршил...

Топ14 часа

Прегазен пешак во Неготино, мажот починал на местото на несреќата

Денеска во 12.25 часот во ОВР Неготино било пријавено дека на паркинг простор на улица „ЈНА“ во Неготино, товарно возило...

Топ16 часа

52-годишна жена починала во охридската болница, била примена во тешка состојба

На 27.2.2024, во 16.25 часот, во СВР Охрид е пријавено дека во ЈЗУ Општа болница Охрид во тешка здравствена состојба...

Македонија16 часа

Уставниот суд го укина делот националност во матичните книги: „Се работи за приватно и внатрешно чувство на човекот“

Уставниот суд на денешната седница донесе одлука, со која се укинува делот националност во три члена од матичните книга на...

Економија18 часа

Од задутре нема повеќе гарантирани цени во маркетите, секое нелогично зголемување ќе биде санкционирано, порача Битиќи

Од задутре нема повеќе гарантирани цени на производите во маркетите. Но, вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи, порача дека секое...

Македонија19 часа

Ванковска поблиску до претседателска кандидатура, собра 7.876 потписи, Јакимовски досега има 6.676

Професорката Билјана Ванковска која е предложена од политичката партија Левица, досега има собрано 7.876 од потребните 10.000 потписи за претседателската...

Топ20 часа

Три лица повредени во сообраќајната несреќа на патот Росоман – Кавадарци

Три лица се повредени, од кои едно потешко во сообраќајната несреќа што се случи утрово на патот Росоман-Кавадарци. Две oд...

Македонија21 час

Законот за пасошите, законот за игрите на среќа и изборот на член на ДИК на дневен ред во Собранието

Денес на дневен ред на седница на Собранието се измените на Законот за патни исправи. Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека овие...

Македонија22 часа

Владата донесе одлука за приоритетно издавање пасоши за сите професионални возачи

Владата, синоќа на седница донесе одлука со којашто на професионалните возачи кои поседуваат валиден сертификат, Министерството за внатрешни работи треба...

Македонија22 часа

Вработените на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје од овој месец ќе добиваат повисоки плати

Владата ја разгледа и усвои и Информацијата за известување за склучен Колективен договор на Сојузот на синдикати на вработените на...

Македонија22 часа

Земјотрес во Албанија, почувствуван во Дебар и околината

Земјотрес синоќа во 23 часот и 37 минути ја погоди Албанија. Потресот бил со рихтерова магнитуда од 3,2 степени, на...

Македонија1 ден

Демири: Ќе разговарам со семејството на Леонид Индов за можните решенија за подмирување на досегашните трошоци за рехабилитација

Министерот за здравство д-р Илир Демири информира дека на денешната владина седница беше разгледан случајот на Леонид Индов и исто...

Македонија1 ден

Максим Димитриевски собра 10 000 потписи за кандидат за претседател

Градоначалникот на Куманово Максим Димитриевски собра 10 000 потписи за кандидат за претседател. „Над 10.000+ потписи за кандидат за Претседател!...

Македонија1 ден

Таравари влегува во трка за претседател, собра 10.000 потписи

Кандидатот на опозициските партии на Албанците, Арбен Таравари, е вториот од вкупно единаесетте кандидати кој досега успеа да ги собере...

Македонија2 дена

Македонските граѓани, сепак, ќе може да патуваат со личните карти со старото име во БиХ, информира Бојмацалиев

Дополнителниот заменик-министер за внатрешни работи, Митко Бојмацалиев, оствари телефонски разговор со министерот за безбедност на Босна и Херцеговина, Ненад Нешиќ,...

Македонија2 дена

ДНК собраа 690.000 денари за лекување на Лео со лицитацијата на статуетката од „Златна бубамара“

Музичарите Панчо и Андреј објавија дека успеале да соберат 690.000 денари за лекувањето на Леонид откога ја ставија на лицитација...

Македонија2 дена

ДИК потврди: Османи собра над 10 илјади потписи

Според последните податоци објавени на страната на Државната изборна комисија заклучно со вчерашниот ден, кандидатот на Демократската унија за интеграција,...

Македонија2 дена

(Видео) Јас можам да се туркам и на рацете: кочанчанец го продава својот инвалиден скутер, парите ќе ги намени за лекување на Лео

Кочаначанецот Благојчо Ѓоргиев реши да го проддаде својот скутер за хендикепирани и покрај здравствениот проблем, а парите, како што вели,...