Контакт

Изложби

Изложба „Записи од АСНОМ“ по повод 11 Октомври

Објавено пред

По повод 11 Oктомври, Денот на народното востание на македонскиот народ, в петок, 9 октомври, во Музејот на РС Македонија ќе биде поставена изложбата „Записи од АСНОМ“.

На 11 oктомври 1941 година е означен почетокот на една нова етапа на националноослободителната борба на македонскиот народ, со цел преку вооружено востание да се извојува, како националното, така и социјалното ослободување од фашистичките окупатори. Како круна на оваа борба е АСНОМ и конституирањето на македонската национална држава во состав на југословенската федерација.

На изложбата „Записи од АСНОМ“ се поставени фотографии, документи и повеќе оригинални предемти, поврзани со овој значаен настан од нашата историја. Покрај тоа, посетителите ќе имаат можност да погледаат и голем број оригинални карикатури на истакнати партизански борци создадени од Василије Поповиќ – Цицо, како и неколку уметнички дела на Родољуб Анастасов, Радмило Поповски и Томо Владимирски, со тематика од НОБ.

Автор на изложбата е м-р Боро Бунтески, виш кустос во Одделението за историја, нa координатор на проектот е Илија Цурев, раководител на Одделението за историја.
Изложбата ќе биде отворена за посети од 13 октомври 2020 година и ќе биде поставена до февруари 2021 година.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Изложби

Заедничка изложба на Давор Кешќец и Стефан Младеновски

Објавено пред

Вечерва, со почеток од 20 часот во МКЦ (Галерија) ќе се отвори заедничка изложба на Давор Кешќец и Стефан Младеновски.

Давор Кешќец и Стефан Младеновски се колеги што заедно имаат завршено средно уметничко – оддел графика и се дипломирани графичари на Факултетот за ликовни уметности во Скопје. Членови се на ДЛУМ од 2020 год.

Ова е нивна прва заедничка изложба на која Давор ќе се претстави со серија дела под наслов Blue moon, а Стефан со неговите „Ликовни решенија“.
На изложбата ќе може да се видат две сосема различни гледишта кон ликовната уметност.

Настанот ќе биде организиран согласно протоколите за организирање настани во затворен простор. Ве молиме да се придржувате кон истите. Бројот на посетители е намален, носењето маски е задолжително за време на целиот настан.

Прикажи повеќе...

Изложби

Самостојна изложба на Филип Велковски – „Идиоми“

Објавено пред

Денеска од 18 часот во просториите на КСП „Центар – Јадро“ ќе се отвори самостојната изложба на Филип Велковски – „Идиоми“.

Изложбата насловена „Идиоми“ е втора самостојна изложба на визуелниот уметник Филип Велковски (1988, Скопје). Со новиот проект Велковски го продолжува своето истражување во сликарството, преку серија од 9 слики во поголем формат.работени во комбинирана, претежно маслена техника, под работниот наслов „Пораки на тунгстен“ во периодот 2017-2020 година.

За разлика од неговиот прв проект „Лиминални фигури“ (2017, МКЦ), каде што примарен предмет на сликарското истражување е фигурата, во циклусот „Идиоми“ фокусот е на бојата, на пресекот помеѓу текстурата и скриените текстуални и визуелни пораки, кои се откриваат под површината низ изгребаните и излупени слоеви на густите наноси боја.

Сликите на тој начин формираат палимпсестна структура, која е метафоричен приказ на комплексното функционирање на човековиот ум, на аморфноста и флуидноста на мислите во некоја претпоставена фаза пред кристализирање на идеите.
Со дисторзија на фигуративните елементи во чудни, композитни структури, како и со кратките елиптични наслови, се остварува јаз во можноста за експлицитно откривање на наративот. Меѓупросторот на сликовното и текстуалното го заземаат апстрактни форми кои се симулација на текст и осцилираат во морфирањето, напред и назад.

На сличен начин фунционира и анимацијата, која е проектирана врз платно и претставува некој вид пунктум во целината, перцепциски крстопат: таа истовремено и припаѓа, но е и аномалија. Отстапувајќи од статичното, таа го открива и потенцијалот кај останатите слики.
Гледачот е соочен со еден вид отворено дело: просторот што авторот го замислува како реконструкција на „ќелија на умствени мапи“ ги поврзува поединечните слики заедно со насочената светлина и суптилниот звук, во една симбиотичка целина.
Владимир Јанчевски

Филип Велковски (1988) е визуелен уметник кој живее и работи во Скопје. Во фокусот на неговото уметничко истражување се умствените слики, соништата и маргиналната митологија. Ги користи медиумите на сликарство, инсталација и дигитална илустрација со цел да произведе измислени сценарија и субверзивни простори. Делата на Велковски се составени од густи слоеви на бои и разновидност на материјали, преку кои тој ги потенцира материјалните и метафизички аспекти на самиот медиум и нејзината поврзаност со општеството.

Делата на Филип неодамна биле претставени на XII биенале на млади уметници во МСУ, Скопје, Македонија (2018); работилницата и изложба во Neu Neu Gallerie – експериментален галериски простор како дел од Documenta XIV во Касел, Германија (2017); а истата година тој ја имаше и својата прва самостојна изложба „Лиминални фигури “ во галеријата на МКЦ, Скопје, Македонија.

Од 2012 година Велковски работи со уметничкиот колектив КУЛА (платформа за вкрстени уметнички тенденции и инвентивни иницијативи на културната агенда на Град Скопје).

Покрај неговата уметничка пракса, Филип работи и како кустос на мултимедијалниот уметнички фестивал „Под земја полесно се дише “ во Скопје. Заедно со група уметници, тој го иницираше фестивалот во 2013 година, кој го организираат на годишно ниво. Заземајќи место во подземна гаража, целта на фестивалот е да го окупира јавниот простор и да го претвори во галерија и платформа за перформанси. Во улогата на кустос на ликовниот дел на фестивалот, Велковски експериментирал со изложување на ликовни дела во неортодоксни поставки, при што главен фокус е тоа како се менува контекстот на делата во рамките на локацијата и на индустрискиот изглед на гаражата.

Оваа изложба е релизирана со финансиска поддршка на Министерство за култура и е дел од годишната програма на КСП „Центар -Јадро“.

 

Прикажи повеќе...

Изложби

Изложба „Метафизички слики“ на Иво Пецов во КИЦ на РСМ во Софија

Објавено пред

Изложбата „Метафизички слики“ на Иво Пецов ќе биде отворена денеска, 20 октомври, во Културно-информативниот центар на Република Северна Македонија во Софија.

Со 20 дела, изработени во техниката масло на платно, авторот ги разоткрива плодовите од својата дејност во последните 12 месеци.

Отворањето на изложбата ќе се одвива со почитување на мерките за справување со Ковид-19. Во таа смисла ќе биде регулиран бројот на посетителите во изложбената сала, во која ќе биде важно да се одржува дистанца од 1,5 метри меѓу секој од посетителите.

Поради големината на галеријата, во еден ист момент ќе можат да присуствуваат 10 -12 посетители, кои ќе се задржуваат најмногу до 20 минути. За настанот се обезбедени дезинфектанти и помошници ќе внимаваат за настанот да помине без собирање на многу луѓе на едно место. Заштитните маски остануваат задолжителни.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија6 часа

Филипче: Лабораториите за тестирање работат во три смени

Министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче информира дека силниот есенски бран ги оптерети лабораториите за тестирање, но се работи...

Македонија6 часа

518 нови случаи на Ковид-19 во земјава, починаа девет лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2367 тестирања, а регистрирани се 518 нови случаи на...

Регион7 часа

Бугарскиот премиер во самоизолација

Бугарскиот премиер Бојко Борисов е во самоизолација по контактот со заменик министерот за градежништво, Николај Нанков, кој беше позитивен на...

Македонија7 часа

(Видео) Северна Македонија и САД потпишаа меморандум за безбедност на 5G технологии

Премиерот Зоран Заев и потсекретарот за економски раст, енергија и животна средина во Владата на САД, Кеит Крач, потпишаа меморандум...

Македонија8 часа

(Видео) Заев – Хоти: Ако има потреба повторно ќе се воведат ПЦР тестови на граница

Северна Македонија и Косово традиционално позитивниот политички дијалог наскоро ќе го потврдат со прва заедничка седница меѓу Владите на двете...

Македонија8 часа

Мицкоски: Ако Заев се откаже од Гоце Делчев и јазикот, идната влада на ВМРО ќе ја поништи одлуката

Претседател на ВМРО-ДПМНЕ  Христијан Мицкоски, на денешниот протест, како што наведуваат, против „мафијата, за правда и слобода“, нагласи дека доколу...

Топ9 часа

Тепачка со ножеви и пиштоли меѓу две семејства во Кондово, двајца завршиле во болница

Две лица се повредени во тепачка меѓу две семејства во Кондово, во која биле употребени нож и пиштол. Како што...

Македонија13 часа

Свадба со 200 гости во Арачиново, полицијата најави пријави

Државниот пазарен инспекторат и полицијата растурија свадба во Арачиново со 200 гости и најавија кривични пријави за непочитување на мерките...

Регион14 часа

Во Словенија 1.656 нови случаи на коронавирус – се затвораат рестораните, хотелите, трговските центри

Во Словенија во последните 24 часа се потврдени 1.656 нови случаи на коронавирус, нешто помалку од претходниот ден. Бројот на...

Македонија15 часа

(Видео) Георгиевски за „Бгнес“: Сакаме зближување со Бугарија, Гоце Делчев нè обединува

И покрај „длабоката држава“ во Македонија, ние сакаме зближување со Бугарија, Гоце Делчев нè обединува, вели лидерот на ВМРО-Народна партија,...

Свет16 часа

Истражување: Лекувањето на Ковид-19 со крвна плазма дава слаби резултати

Употребата на таканаречената конвалесцентна плазма или антитела од крвта на пациенти кои оздравеле од Ковид-19 како потенцијален третман за хоспитализирани...

Македонија16 часа

Казнети рекордни 557 возачи за еден ден во Скопје

Полицијата вчера казнила рекордни 557 возачи во Скопје, од кои 93 за пречекорена брзина. Министерството за внатрешни работи во текот...

Свет16 часа

(Видео) Последна дебата пред изборите: Трамп вети вакцина до крајот на годинава, Бајден апелира да се носат маски

Доналд Трамп и Џо Бајден разменија сериозни обвинувања на последната дебата пред претседателските изборите во САД што се одржа во...

Македонија17 часа

Владата именува нови директори на јавни претпријатија и државни агенции

Владата на седница донесе одлука за именување директори, в.д. директори и членови на Управни одбори на повеќе јавни претпријатија и...

Македонија17 часа

23 Oктомври – Ден на македонската револуционерна борба

Во Македонија денеска се одбележува 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба, државен празник и неработен ден за сите...

Спорт1 ден

Во последната секунда Вардар пропушти победа над Порто и фантастичниот Митревски

Вардар во уште еден драматичен финиш, не успеа да ја забележи втората победа едноподруго во ЕХФ Лигата на шампионите, откако...

Македонија1 ден

Дурловски се повлекува од пратеничката функција

Пратеникот Игор Дурловски од ВМРО-ДПМНЕ го напушта Собранието. Тој на социјалните мрежи напиша дека негови приоритети се националните интереси по...

Македонија1 ден

Георгиевски во Софија на средба со Захариева

Лидерот на ВМРО-Народна партија, Љубчо Георгиевски, денеска имаше средба со министерката за надворешни работи на Република Бугарија, Екатерина Захариева. Информацијата...

Регион1 ден

Дачиќ е избран за претседател на српското собрание

Лидерот на Социјалистичката партија на Србија (СПС) и досегашен министер за надворешни работи, Ивица Дачиќ, е избран за претседател на...

Македонија1 ден

Нови 640 заболени и 12 починати од Ковид-19 во земјата

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2.634 тестирања, а регистрирани се 640 нови случаи на...

Досие