Контакт

Изложби

Изложба на фотографии на Дејан Колевски

Објавено пред

В среда, во 20 часот, во галеријата „Рудиќ“ ќе се отвори изложба на познатиот македонски фотограф Дејан Колевски.

dobivaj vesti na viber

Изложбата е во програмата на манифестацијата Денови на македонската фотографија, која 60 години по ред ја организира Фотосојузот на Македонија. Изложените фотографии се дел од колекцијата со која Дејан Колевски доби звање мајстор на фотографија при Фотосојузот на Македонија.

Дејан Колевски со фотографија интензивно се занимава од 1998. По професија е телекомуникациски инженер, а фотографијата за него е пасија и медиум за креативно изразување. Еднакво го интересира црно-белата и колор-фотографијата. Во разни временски периоди го интересирале повеќе типови на фотографија почнувајќи од пејзажи од преубавата Македонија па сè до експериментални техники на фотографија. Ако се направи пресек на неговото фотографско тврештво, во него тематски доминираат фотографиите во кои централното место го има човекот прикажан во урбана средина. Во оваа серија од фотографии се прикажани разни сцени од урбаниот живот и архитектура на разни меридијани на светот.

Со негови фотографии има учествувано на повеќе повеќе државни и меѓународни изложби и натпревари на фотографија. Автор е на повеќе самостојни изложби на фотографија.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Изложби

Европските уметници Жмијевски и Алтхамер ќе создаваат колажни дела во МСУ, дел од нив ќе му подарат на Музејот

Објавено пред

Полските уметници Артур Жмијевски и Павел Алтхамер, едни од најзначајните европски уметници од својата генерација, ќе бидат ексклузивни гости на Музејот на современата уметност – Скопје.

dobivaj vesti na viber

Во рамките на нивниот престој од 1 до 14 јули, ќе им биде овозможено да создаваат дела во самиот Музеј, а некои од нив ќе му ги подарат на МСУ. Куратор на проектот е Владимир Јанчевски.

Нивниот колаборативен процес на работа, како отворено студио, ќе се одвива во еден од галериските простори на МСУ Скопје секој ден од 14 часот до после полноќ.

Музејот е отворен за посетители во своите редовни термини од вторник до сабота, од 10 до 17 часот, и во недела од 10 до 13 часот. Оние посетители што ќе дојдат во Музејот во периодот меѓу 14 и 17 часот ќе имаат можност да посведочат на процесот на работа на Жмијевски и Алтхамер.

Уметничкиот тандем е меѓу најважните претставници на таканаречената критичка уметност – карактеристична струја на полската уметност, која се заснова на критичка обработка на актуелните теми од јавниот живот.

Во текот на овие две недели, колку што ќе креираат, уметниците ќе создадат 30-ина уметнички слики на картон со акрилна боја и колажи од стари историски книги, мапи, карти, атласи, постери, образовни графикони итн… Посетителите се добредојдени да донесат дел од овие материјали и со тоа да придонесат во создавањето на делата.

На 14 јули ќе биде отворена нивната изложба со наслов „Полска школа на колаж“ (Polish School of Collage), која ќе биде поставена до 25 август 2022 година.

Уште поголем куриозитет е што некои од создадените дела овие светски познати автори ќе му ги подарат на Музејот на современата уметност – Скопје и со тоа ќе ја збогатат вредната колекција на Музејот.

Улогата на Полска во создавањето на објектот на МСУ е од непроценливо значење. МСУ е симбол на солидарно Скопје, кога по катастрофалниот земјотрес во 1963 година, Обединетите нации носат резолуција, во која стои дека не е важна само материјалната помош, туку и културата за подигнување на духот на настраданите. Токму таа резолуција и одлуката на светскиот конгрес на уметници во Њујорк ги повикаа сите светски уметници да донираат свои дела за разрушеното Скопје и да се удрат темелите на новата зграда. На распишаниот конкурс првата награда ја добива познатото архитектонско студио „Тигри“ од Полска. Владата на Полска во знак на солидарност му го донира овој проект на Скопје, а денес МСУ во својата колекција помеѓу другите значајни дела располага со над 200 уметнички донации од полски уметници (212 дела од 135 уметници). Со оглед на тоа што досегашните донации се од периодот 1964-1990 година, Жмијевски и Алтхамер ја продолжуваат низата донации со современи дела.

Минатата година Жмијевски првпат имаше голема самостојна изложба во МСУ Скопје. Ова претставување следуваше по неговото учество во рамките на меѓународната групна изложба „Сè што ни е заедничко“ во 2019 година во Музејот. Уште еден ексклузивитет е што ова ќе биде првото претставување на Павел Алтхамер во Скопје.

Артур Жмијевски (1966) е визуелен уметник, кој живее и работи во Варшава, автор со богата уметничка кариера, кој е фокусиран на создавање инсталации, составени од фотографија, филм и видео.

Во своите дела тој го разоткрива светот на „другите“, кои често минуваат незабележани. Тој го снима нивното секојдневие покажувајќи како физичките и психичките ограничувања ги осудуваат овие луѓе да бидат маргинализирани во општеството. Преку експерименти со учество на избрани групи тој се обидува да разбере тешки искуства и табу-теми. Има изложувано на некои од најважните уметнички манифестации, како што се Венециското биенале и Документа во Касел, а бил и куратор на Берлинското биенале во 2012 година. Неговите дела се вклучени во колекциите на некои од најреномираните уметнички институции во светот, како, на пример, Музејот на модерната уметност во Њујорк, „Тејт модерн“ во Лондон, потоа „Новата пинакотека“ во Минхен…

Павел Алтхамер (1967) е визуелен уметник, кој живее и работи во Варшава. Работи во разни медиуми, како скулптура, перформанс, инсталација, видео. Создава скулпторски автопортрети, се појавува во перформанси и видео настојувајќи да ја доживее материјалноста на телото и да ги дефинира сопствените ментални граници. Преку акции, во кои вклучува цели заедници, тој сака да создава општествени заедници соочувајќи се со луѓето преку уметноста. Тој го доведува во прашање значењето на монументалните споменици според обемот на неговите дела и случајноста на неговите материјали. Неговите дела повикуваат и на социјалната скулптура на Бојс и на наследството на „Отворената форма на Оскар Хансен“. Тој може да се опише и како уметник со афинитет за релациска естетика. Учествувал на најзначајните светски изложби, меѓу кои „Документа 10“ (1997), на Биеналето во Венеција (2003, 2013), Берлинското биенале (2012), Skulptur Projekte Münster (2017). Добитник е и на многубројни награди, како што е биеналната награда за современа уметност во Европа „Винсент ван Гог“ во 2004 година.

Прикажи повеќе...

Изложби

Изложба на графики, цртежи и колажи од Слободан Радојковиќ

Објавено пред

Културно-информативниот центар – Скопје има особена чест и задоволство да ве покани на отворањето на изложбата на графики, цртежи и колажи од академскиот графичар Слободан Радојковиќ (Србија).

dobivaj vesti na viber

На прв поглед станува збор за три наративи, циклуси, со кои Радојковиќ ѝ се претставува на ликовната публика. Но, тоа е привид зашто сите три циклуси („Лулиња и чешли“, „Колиби и дождови“, „Мрежи“), без оглед што се создавани во разни временски периоди, тие се тесно поврзани со потребата на Радојковиќ да ги надмине конечната форма и визуелната претстава притоа ослободувајќи се од стварноста и преминувајќи во состојба на оностраното – на нешто што е повеќе од слика по себе, што преминува во метафора, со која се напушта она што се гледа и она што е вообичаен тек на нештата.

Колибите и дождовите, мрежите, лулињата и чешлите се наметнуваат како прибежиште на човечкиот ум од хераклитовскиот тек на стварите, според кои моментите сместени во разни временски мигови не може да се доведат во врска.

Слободан Радојковиќ e роден 1967 во Ниш, Србија. Дипломирал на ФЛУ Скопје во 1992 година. Постипломски студии завршува на ФЛУ Белград, Србија, во 1996 година, а на истиот факултет докторира во 2016 година. Работи како професор по графика на ФЛУ Ниш, Србија. Од 1993 година е член на Здружението на ликовниte уметности на Србија – УЛУС. Има реализирано 25 самостојни изложби во Белград , Ниш, Пирот, Приштина, Прокупле, Кикинда, Смедеревска Паланка, Кралево, Крагуевац, Софија (Бугарија), Хјустон (САД), Бања Лука (БиХ), Николет (Канада), Котор (Црна Гора) Верчели, Вербанија, Карнаго (Италија) и Берн (Швајцарија). Од 1993 учествува на повеќе од 350 групни изложби во целиот свет. Некои од најпознатите излагања се во Белград, Ниш, Скопје, Солун, Токио, Харков, Софија, Пловдив, Буенос Аирес, Кочи, Мјанмар, Прага, Париз, Свонси, Александрија, Мексико Сити и др.

Прикажи повеќе...

Изложби

Вечерва отворање на изложбата „Форми на повторно создавање“ на Ирена Пејовиќ

Објавено пред

Вечерва во КСП Центар-Јадро во 20 часот ќе биде отворена изложбата „Форми на повторно создавање“ на Ирена Пејовиќ.

dobivaj vesti na viber

„Форми на повторно создавање“ е мултидисциплинарен настан кој наметнува перцептивни методи на организација при изработката на делото. Ја бара еластичноста во видеото како медиум и користи акции на повторување како повторени движења, повторени звуци, поделено пресликување, селективна поделба, селективно гледање и селективно слушање, за да го прошири разбирањето на субјектот од едно единствено тело во настан на формирање релации.

 

Настанот ќе трае до 24 јуни.

Пејовиќ создава настани кои водат надвор од визуелниот аспект, кореографирајќи движења кои ја претвораат публиката во истражувач на еден свет кој е активен и во создавање, како збир на релациони односи, на начин на кој тие го немаат доживеано претходно. Во нејзините дела, публиката се движи со сензори, користејќи вид, звук, навигација, чувство на текстура, боја, големина, и е подвижна и неподвижна. Делата, просторот и гледачот земаат рамноправен дел во изработката на настаните.

 

 

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија54 минути

Османи добил уверување од Макрон – со употребата на Северномакедонци направил ненамерна грешка

Министерот за надворешни работи Бујар Османи имаше телефонски разговор со Кабинетот на францускиот претседател Емануел Макрон, од каде што доби...

Економија1 час

Намалување на цената на горивата

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе одлука со која се врши намалување на малопродажните...

Македонија1 час

Организацијата „Жени, мајки, родољупки на Македонија“ со протестно писмо до Османи – да се укинат преспанскиот и договорoт со Бугарија

Организацијата „Жени, мајки, родољупки на Македонија“ – „Ангелина Маркус“ упати протестно писмо до министерот за надворешни работи, Бујар Османи, во...

Македонија2 часа

Арсовски: Дали тим од МНР денеска е на тајни преговори во Софија за прифаќање на предлогот и протоколот?

„Тотален дебакл и перманентно нарушување на сите преговарачки позиции со Бугарија е резултат на оваа Влада, предводена од СДСМ и...

Топ2 часа

Две лица загинаа во Струмичко, со трактор излетале од патот

Две лица загинаа кога со трактор излетале од локалниот пат од с. Трибичино кон с. Едрениково, Струмичко, на местото наречено...

Македонија2 часа

Скопјанец со столче ја тепал сопствената мајка

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 31-годишен скопјанец осомничен за кривично дело тешка телесна повреда од член 131 став...

Регион4 часа

Петков ја поднесе оставката

Бугарскиот премиер Кирил Петков ја поднесе оставката до Владата, јави репортерот на „Бгнес“. Оставката е поднесена по курир, велат за...

Топ5 часа

Жена загина во тешка сообраќајна несреќа на скопската обиколница, повредени се и три лица

Скопјанка загина во тешка сообраќајна несреќа, која вчеравечер се случи на скопската обиколница. Таа била сопатничка на мотоцикл, кој се...

Свет5 часа

(Видео) Падна трибина за време на борба со бикови во Колумбија – има загинати, меѓу кои и дете

Најмалку четири лица загинаа, а повеќе од 300 се повредени кога во неделата се урна дел од трибината на арената...

Свет6 часа

Наркобанда опремена со тешко оружје ја нападна полицијата во Мексико

Шест полицајци загинаа, а четворица се ранети во пограничната држава Њу Леон на северот на Мексико кога биле нападнати од...

Свет6 часа

Од хемиската фабрика „Азот“ евакуирани 250 луѓе, меѓу кои и многу деца

Припадниците на милицијата на самопрогласената Луганска Народна Република (ЛНР) евакуирале уште речиси 250 цивили од комплексот на хемиската фабрика „Азот“...

Регион18 часа

Спречен собир на Парадата на гордоста во Истанбул, приведени десетици луѓе

Турската полиција спречи стотици луѓе да се соберат на годишната Парада на гордоста во Истанбул и уапси десетици откако локалните...

Свет19 часа

Путин ќе посети поранешни советски држави на состанок со своите колеги

Рускиот претседател Владимир Путин оваа недела ќе посети две поранешни советски држави во Централна Азија, објави руската државна телевизија. Ова...

Свет21 час

(Видео) Лидерите на Г7 се шегуваа на сметка на Путин

Лидерите на самитот на Г7 на најиндустриските земји во Германија се пошегуваа со изгледот на рускиот претседател Владимир Путин. Тие...

Свет21 час

Џонсон сака Велика Британија повторно да се вклучи во Европа

Британскиот премиер Борис Џонсон е заинтересиран за францускиот проект на Европската политичка заедница, кој ќе и овозможи на Велика Британија...

Свет22 часа

Г7 со иста цел – да се зголеми притисокот врз Русија

Земјите од Г7 делат исти цели – исклучување на кислородот од руската воена машина, истовремено додека се грижат за своите...

Македонија1 ден

„Брисел ја поддржа бугарската позиција“ – Петков образложи што ќе се случува ако Македонија го прифати францускиот предлог

Бугарскиот премиер Кирил Петков рече дека Скопје веќе има избор за сопствената иднина, а Бугарија успеала да ги заштити своите...

Топ1 ден

(Видео) Фатени дилери кои сакале да внесат кокаин, хашиш и марихуана преку граница

Доцна синоќа на  граничниот премин „Табановце“ полицијата и мобилен тим од Царинската управа, фатиле тројца дилери од кои две се жени...

Свет1 ден

Самит Г7: Во фокус војната во Украина и цената на нафтата

Во Германија денеска почнува самитот на Г7, а главна тема е војната во Украина и цената на нафтата. Авионот на...

Свет1 ден

(Видео) Би-Би-Си во база на странските борци во Украина, ги има околу 20.000 од повеќе од 50 земји

Повеќе од 20.000 странски борци од повеќе од 50 земји се приклучиле кон украинската армија од почетокот на конфликтот во...