Контакт

Изложби

Изложба на фотографии од македонски џез-музичари „Џезтетика“ во Белград

Објавено пред

На 24 ноември во главниот хол од Домот на младите во Белград ќе биде отворена изложбата „Џезтетика“ на Татјана Ранташа, а во организација на здружението „Номад-арт“ – Скопје. Изложбата се состои од 35 црно-бели фотографии од разни генерации македонски музичари, на кои Ранташа работела во изминатите 15 години. Ќе бидат прикажани фотографии од музичари, како Влатко Стефановски, Џијан Емин, Гоце Стевковски, Џоле Максимовски, Георги Шаревски, Кирил Кузманов, Тони Китановски, Гордан Спасовски, Мартин Ѓаконовски, Сашо Поповски, Сетстат, Бодан Арсовски, Кокан Димушевски и други. Во рамките на изложбата свој настап ќе има и „Гоце Стевковски квинтет“.

„Фотографијата за мене значи живот, радост, целосно исполнување на нештото што се случило, запис за визуелно паметење, кој останува да живее како слика, дури и ако не ја видам никогаш повторно. Всушност, ако не сум го фотографирала нештото, тоа е како да не се случило. За мене, помислата да се биде на концерт, претстава, планина или патување без фотоапарат е како да треба левата рака да ја оставам дома. Во фотографиите ја внесувам целата моја емоција, енергија, внатрешен дух, начин на гледање. Мојата надеж е е дека барем мал дел од тоа се пренесува и на публиката за која тие се наменети. Изложбата ‘Џезтетика’ е целосно посветена на посетителите. Тие ќе ја оценат, ќе ја оживеат и ќе ја понесат со себе. Изложбата опфаќа портрети на дел од современите македонски џез-музичари и навистина сакам тие емоции да се пренесат и кај луѓето што ќе дојдат да ја видат изложбата во Белград“, вели авторката на изложбата, Татјана Ранташа.

Татјана Ранташа е реномиран фотограф со 15-годишно искуство зад себе, најмногу на полето на сценската фотографија. Во 2005 година почнува професионално да се занимава со сценска фотографија 0како официјален фотограф на куќите „Авалон“ и „Литиум рекордс“. По нив следуваат Универзалната сала; „Десонанц фестивал“, Младинскиот културен центар – концерти, МОТ, „Синедејс“, „Пиволенд“, а денеска најчесто фотографира за „Пасворд продукција“, Конгресен центар „Aлександар Македонски“, како и за „Оф фест“ и за „Скопје џез-фестивал“, каде што е официјален фотограф. Главен фотограф и одговорен уредник е на независниот интернет-магазин за култура www.plagij.at.

Изложби

Старите занаети во фокусот на самостојната изложба на Коста Дупчинов

Објавено пред

Вечерва (петок), со почеток од 18 часот, во Кинотеката на Северна Македонија, ќе биде отворената втората самостојна изложба на фотографот Коста Дупчинов  -„Носталгија – втор дел“. Изложбата на уметнинички фотографии тематски е продолжение на првата изложба „Носталгија“ пред неколку години, а овој пат фокус на Дупчинов се старите занаети. Станува збор за 34 фотографии испечатени на фотоплатно.

Колекцијата на фотографии е составена од моменти и емоции доловени преку уметничка фотографија. Портрети на херои на едно време, занаетчии и нивните дела. Додека нивното време минува, нивните дела и занаети остануваат безвременски, со носталгичен став гледаат кон минатото. Овие занаети се инструментални за многу заедници во историјата, а услугата што им ја прават на луѓето е немерлива, но, за жал, умира во нашиот современ свет. Овие портрети зборуваат токму за тие занаетчии, фатени во околината на работата на нивните животи. Единствените занаети за кои ги поминале нивните животи сега стануваат минато, со моќно чувство на носталгиј,а што нè тера да сакаме овие занаети никогаш да не завршат.
Проектот е поддржан од Министерство за култура на РС Македонија.

Коста Дупчинов е роден 1985 година во Битола, каде што живее и работи. Дипломира на Техничкиот факултет во Битола, отсек информатика и компјутерска технологија. Трета година е на постдипломските студии на ЈНУ Институт за филм, филмска академија – Охрид, отсек кинематографија.

Неговата љубов кон фотографијата почнала од најрана возраст, инспириран од својот дедо, кој често го гледал како фотографира и развива фотографии. Професионално се занимава со фотографија од 2006 година како фотограф во фотостудио во Битола, а исто така во тој период работи и како камерман за националната телевизија „Канал 5“. Во 2011 како еден од основачите на „Фотокино-клубот“ – Битола почнува со учества на меѓународни и државни изложби. Има учествувано на повеќе од 70 изложби, каде што има освоено 20-ина награди и признанија. Неколку години неговите фотографии се дел од колекцијата што ја претставува Македонија на ФИАП – Светскиот куп на фотографијата.

Неговата прва самостојна изложба „Носталгија“ во 2017 беше изложена во неколку градови во Македонија и беше дел од неколку филмски фестивали, а исто така како дигитална презентација во неколку земји во светот.

Прикажи повеќе...

Изложби

„Скопје постер фестивал“ се приклучува на глобалното дизајнерско движење против Ковид-19

Објавено пред

ПЛАКАРТ е еден од организаторите потткнувачи на создавањето глобална мрежа на дизајн-асоцијации и здруженија, кои имаат цел да инспирираат движење за поддршка во борбата со пандемијата предизвикана од Ковид-19 и сите предизвици поврзани со неа.

За таа цел, во склоп на годинешното 13-то издание на „Скопје постер фестивал“, ќе бидат изложени плакати од 75 светски дизајнери, од 56 земји од целиот свет, вклучувајќи ја и Македонија. Целата иницијатива се реализира во сорбаотка со Poster Тerritory од Калифорнија, Чешката асоцијација за графички дизајн, Московското биенале и реномираниот дизајнер Мирко Илиќ од Њујорк – познат на нашата публика како еден од најинспиративните дизајнери и стрип-уметници од бивша Југославија. Исто така, ќе бидат претставени и студентски плакати, кои се приклучија на повикот на нашата иницијатива и секако заеднички ќе дадеме придонос во ширењето на мисијата и гласот на уметникот.

Некои од дизајнерите, кои ќе бидат застапени, се: Јоси Лемел (Израел), Мирко Илиќ (Љу Јорк), Хавиер Борбола (Куба), Адек Сапутра (Индонезија), Петре Поч (Унгарија), Тирсо Цезар (Италија), Кристофер Скот (Еквадор), Луис Ривера (Бразил), Ерин Брајт (САД), Роберт Јанг (Велика Британија), Небојша Гелевски и Лазе Трипков (Македонија), Хитоши Мјура (Јапонија) и др.

Изложбата ќе биде поставена во МКЦ од 16 до 26 ноември, во долната галерија. Во согласност со препораките на Комисијата за здравство и Министерството за здравство, посебен термин за отворање нема да има, а сите заинтересирани ќе може да ја посетат според препораките за почитување на мерките од Ковид-19 во периодот од 10 до 20 часот секој ден. Проектот е поддржан од Министерството за култура на Македонија.

Прикажи повеќе...

Изложби

Изложба на скулптури на Слободан Милошески во Истанбул

Објавено пред

Во Културно-информативниот центар на Македонија во Истанбул, утре, со почеток од 14 часот, ќе биде отворена изложбата на скулптури од галериски формат со наслов „Метафора на телесното“ од авторот Слободан Милошески.

„Во основа на оваа изложба се сретнуваме со апропријација на идејата за визуелни поместувања и дезагрегација на структурата, која се трансформира во асоцијативно-симболичка форма. Со тоа авторот Милошески доста успешно покушува да ги разбие едноличните претстави на определени визуелно-естетски проблеми стварајќи притоа една духовна и енергетска опоненција, која се раѓа во првиот контакт со визуелната целина. Неговите дела, иако во конкретната поставка се со мали димензии, не се само апстрактно-асоцијативни формации, туку тие се и аксиолошки, вредносни системи.
Скулпторските дела претставени на оваа изложба концепциски се повеќе димензионално поврзани и претставуваат процес во тек, при што тие заеднички си потопомагаат во истрајноста на просторното коегзистирање. Секоја единка поставена е во однос на опкружувањето како елемент на комуникација, своевиден реквизит на уметничката акција. Овие уметнички дела се богати со неисцрпни енергетски потенцијали во изразување на субјективната визија.
Но, конечно, и можеби најважно, неговата скулптура има изразен динамизам во кој дури и гледачот е вклучен. Со тоа естетитиката на овие дела станува комплетна затоа што станува и естетика на рецепцијата. Гледачот е повикан да учествува во тој динамизам станувајќи просто вовлечен во растот со што овие на прв поглед рационални форми, сепак се доживуваат како длабоко човечки движења во потрага по спокојот. Иако геометриско-кубистички, делата на Милошоски сепак се човечки, премногу човечки“, вели проф. д-р Трајче Стојанов во својата критика по повод оваа изложба.

Слободан Молошески е роден во Охрид во 1977 година. Тој дипломира на Факултетот за физичка култура во Скопје во 2001 година. Во 2009 година дипломира на Факултетот за ликовни уметности во Скопје – вајарски оддел, а магистрира на истиот факултет во 2011 година. Во 2018 година докторира на Националната уметничка академија во Софија, Р. Бугарија, на катедрата за скулптура.

До сега има реализирано 22 самостојни изложби, а учествувал на повеќе од 70 групни изложби во земјата и странство. Добитник е на 14 награди и признанија, од кои најзначајни се: наградата за скулптура „Јордан Грабул“ доделена од Друштвото на ликовните уметници на Македонија во 2012 и 2015 година, наградата за скулптура мал формат „Димо Тодоровски“ доделена од ДЛУМ во 2014 година и награда за скулптура доделена од ДЛУМ во 2020 година.

Во неговата биографија се забележливи реализираните скулптури во јавен простор, меѓу кои: скулптурите на Живко Чинго, Ристо Шишков, Кузман Шапкарев, Јоаким Крчоски, спомен-облежјето на Првото заседание на АСНОМ, скулптура на муза наменета за фасада на објектот „Стар театар“, скулптури наменети за фасадата на објектот на МНР, како и скулптура поставена на Интернационалниот балкански универзитет во Скопје.
Авторот Милошески е член на ДЛУМ од 2009 година, а во моментот работи како доцент на Ликовната академија при Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија5 часа

Мицкоски повика на предупредувачки протест за одбрана на македонските црвени линии

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, преку социјалните мрежи повика на натпартиски протест за одбрана на црвените линии во преговорите со...

Македонија6 часа

1.288 новозаразени од Ковид-19, починаа 39 лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 3.349 тестирања, а регистрирани се 1.288 нови случаи на...

Македонија7 часа

Кај Тумбе Кафе има околу 10.000 гранати од Првата светска војна, уништувањето ќе почне во декември

Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) соопшти дека во декември ќе започне уништувањето на неексплодираните гранати од Првата светска војна...

Свет7 часа

Кинески експерти тврдат дека коронавирусот не потекнува од Кина

Кинескиот државен весник „Пиполс дејли“ тврди, повикувајќи се на изјави на кинески експерти, дека коронавирусот не потекнува од Вухан, град...

Меѓународен8 часа

Почина Диего Армандо Марадона

Легендарниот аргентински фудбалер, Диего Армандо Марадона (60) почина од срцев удар во родната земја, јавуваат тамошните медиуми. Легендарниот фудбалер починал...

Македонија11 час

Заев: Бугарија не е фашистичка земја, туку наш пријател

Бугарија не е фашистичка земја, таа е наш пријател, вели претседателот на Владата, Зоран Заев, во интервју за бугарската новинска...

Македонија13 часа

Судот го опомена Бојан Јовановски, одбиено е барањето за изземање на судијката

Претседателот на Кривичниот суд, Иван Џолев, го одби барањето на обвинетиот Бојан Јовановски за изземање на судијката Софче Гаврилова-Ефремова од...

Македонија13 часа

Се очекува зелено светло од Пендаровски за војниците од утре да почнат да ги обезбедуваат болниците

Припадниците на Армијата ќе може уште утре да бидат распределени во здравствените институции, изјави министерката за одбрана, Радмила Шекеринска. „Вчера,...

Култура14 часа

Eкипата на „Медена земја“ тврди: На Атиџе ѝ обезбедивме дом, храна и лекови – здружението „Бекирлија“ и донациите ќе бидат затворени

Екипата на „Медена земја“ реагира по тврдењата што се појавија во јавноста дека Атиџе Муратова е заборавена од сите, без...

Европа15 часа

(Видео) Автомобил удри во оградата на канцеларијата на Меркел

Автомобил управуван од непознато лице удрил во оградата на канцеларијата на германската канцеларка Ангела Меркел во Берлин. Деталите за оваа...

Свет15 часа

Сингапур го искорени коронавирусот

Некогаш имаше најголема стапка на Ковид-19 во Југоисточна Азија, но кога во вторникот пријави 14 дена без нови локални случаи,...

Македонија16 часа

Во ковид-центрите во Скопје за 24 часа хоспитализирани 39 пациенти, слободни уште 20-ина места

Во изминатите 24 часа во ковид-центрите во Скопје хоспитализрани се 39 нови пациенти поради компликации од коронавирусот. Вкупно 486 лица...

Македонија16 часа

(Видео) Пендаровски: Пандемијата покажа дека домот не е најбезбедно место за многу жени и деца

Претседателот на државата, Стево Пендаровски, се вклучи во глобалната кампања „16 дена активизам против родово базирано насилство“ на Обединетите нации,...

Регион16 часа

Од денес стапува во сила полициски час во Црна Гора

Во Црна Гора од денес угостителските и услужните објекти ќе работат од 7 до 18 часот, а забраната за напуштање...

Европа16 часа

Финцитe мајстори во борбата против коронавирусот

Финска, со население од нешто помалку од 6 милиони жители, е една од земјите што најдобро се справуваат со пандемијата...

Свет16 часа

Трамп ќе го помилува поранешниот советник за безбедност, кој го лажеше ФБИ

Американскиот претседател, Доналд Трамп, планира да го помилува поранешниот советник за национална безбедност Мајкл Флин, кој во 2017 година призна...

Свет17 часа

Бајден: Сè уште не сум разговарал со Трамп

Новоизбраниот американски претседател, Џо Бајден, изјави дека сè уште не разговарал со актуелниот претседател Доналд Трамп. Бајден во првото интервју...

Свет17 часа

Макрон најави попуштање на мерките

Франција следниот викенд ќе почне со олабавување на мерките против ширењето на коронавирусот за до Божик продавниците, театрите и кината...

Свет18 часа

Австралија ги ублажува мерките, со денови нема нови заразени

Австралиската федерална држава Нов Јужен Велс ќе ги олесни ограничувањата за физичка дистанца и ќе ги отстрани условите за компаниите...

Свет18 часа

Голем метеж на аеродромите и во центрите за тестирање во САД во пресрет на Денот на благодарноста

Метежот на аеродромите и редиците пред центрите за тестирање покажуваат дека многу Американци планираат да го прослават Денот на благодарноста...

Досие