Контакт

Култура

Костадиновска-Стојчевска: Заводот и Музеј Битола е една од институциите што има најголема искористеност на европските фондови

Објавено пред

Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска и евроамбасадорот Дејвид Гир, вчера присуствуваа и се обратија на свеченото отворање на комплетно реконструираниот простор на централниот двор – пацио – во Национална установа Завод и музеј – Битола.

dobivaj vesti na viber

Во своето обраќање, Костадиновска-Стојчевска истакна дека ѝ претставува особена чест што во овој репрезентативен архитектонски објект познат како „Стара касарна“, а денес Национална установа Завод и музеј – Битола, уште еднаш се потврдува културното партнерство со Европската Унија преку соработката за унапредување на потенцијалите на заштитените културни добра.

„Пред битолчани со гордост можам да истакнам дека Министерството за култура и Заводот и музеј – Битола, со грантот од ИПА-програмата, ја спроведоа реконструкцијата на централниот двор – пацио – на Музејот како една од многубројните активности во рамките на проектот „Смарт фор ју ту“ (SMART4YOU2). Проектот за промоција на богатото културно наследство чија цел е да ги афирмира и да ги почитува културните вредности што ги поседува регионот со прекугранична соработка меѓу Република Северна Македонија и Република Албанија, а тоа ќе придонесе и за развој на туристичките потенцијали меѓу општините Битола, Корча и Пустец“, подвлече Костадиновска-Стојчевска.

Таа додаде дека лапидариумот, кој се наоѓа во пациото на Заводот и музеј – Битола, претставува уште еден нов изложбен простор во кој посетителите за првпат може да видат дел од мермерните споменици кои досега се наоѓале во музејските депоа од кои најголемиот дел датираат меѓу I и III век од нашата ера, како и надгробни стели.

„Во овој облагороден простор, кој сега е претворен во лапидариум, изложени се петнаесетина споменици кои биле откриени во различни временски периоди и на различни локалитети во Битола и Битолско. Верувам дека како светол одблесок на оваа успешна приказна, тие ќе побудат импресии и силни впечатоци кај сите влубеници во уметноста“, рече таа.

Министерката за култура изрази задоволство што Заводот и музеј Битола е една од институциите во државава што има најголема искористеност на европските фондови во доменот на своето културно дејствување. Таа изрази уверување дека и во иднина, во рамките на Годишната програма на Министерството за култура и со помош на европските фондови, ќе продолжиме да го следиме позитивниот имиџ на негување на европските културни вредности со цел постигнување подобри ефекти во културата и во уметноста.

Костадиновска-Стојчевска изрази благодарност до евроамбасадорот Дејвид Гир за неговите залагања во полн сјај да се разубави автентичниот изглед на овој извонредно значаен културен архитектонски објект.

„Благодарни сме што Европската Унија поддржува многу иницијативи и проекти за заштита на македонското културно наследство, за размена на знаења меѓу експертите и младите студенти идни конзерватори за чување на македонската уметност и традиција, како и за подобрување на квалитетот на туристичката понуда. Убедена сум дека од реализацијата на овој и на идните проекти ќе произлезе нова енергија за уште поголемо пријателство, добрососедство, на она што нè зближува и нè води кон заедничкиот европски дом“, подвлече министерката за култура.

Култура

Концерт на Националниот џез-оркестар и Васил Хаџиманов во Охрид

Објавено пред

На 11 август, со почеток од 22 часот, на сцената на Долни Сарај, Охрид, концерт ќе одржи Националниот џез оркестар, а гостин на концертот кој ќе биде диригиран од страна на маестро Џијан Емин, ќе биде истакнатиот српски пијанист со македонско потекло, композитор и лидер на бенд, познат по својот иновативен пристап кон џез-фјужн и светската музика – Васил Хаџиманов.

dobivaj vesti na viber

Роден на 1 ноември 1971 година во Белград, Србија (тогаш Југославија), Хаџиманов потекнува од семејство на музичари; неговиот татко е познатиот пеач, композитор и актер, Зафир Хаџиманов, а мајка познатата пејачка и актерка, Сенка Велетанлиќ.

Васил уште од мали нозе покажува исклучителен музички талент и започува со своето формално образование по класичен пијано, но набрзо навлегува во џезот и фјужн-музиката, црпејќи инспирација од различни музички традиции, вклучувајќи ја балканската, африканската и индиската музика.

Во текот на 90тите години, Васил Хаџиманов е особено присутен и признат на српската музичка сцена со својот бенд, изведувајќи уникатен спој на џез импровизација со елементи на балканските народни ритми и мелодии. Неговата музика се карактеризира со сложени ритми, богати хармонии и длабока интеграција на различни музички култури.

Во текот на својата кариера, Хаџиманов има соработувано со бројни меѓународни музичари и има издадено повеќе албуми кои добиваат позитивни оцени од критиката, меѓу кои „Васил Хаџиманов бенд“ (2001), „7/8 & 11“ (2008) и „Alive“ (2016). Неговите композиции често ги рефлектираат неговите искуства и согледувања за културната различност на Балканот и пошироко. Во 2023 година го издава албумот “Keyf” чија промоција се одржа неодамна и во земјава и наиде на навистина добар прием од публиката.

Васил Хаџиманов продолжува да биде водечка фигура во современата џез и фјужн музичка сцена, признат како по неговото виртуозно свирење пијано, така и по неговата способност да ги премости културните поделби преку музиката.

На концертот во Долни Сарај ќе бидат изведени дел од најпознатите композиции на Хаџиманов, адаптирани за изведба со биг-бенд, како и композиции од неодамна промовираниот албум “Keyf.” Аранжманите на композициите се на Владимир Николов, Тони Китановски и самиот Хаџиманов.

Прикажи повеќе...

Култура

Австриска вечер со виенскиот квартет „Арпеџо“

Објавено пред

Фестивалот „Охридско лето“ со поддршка на Австриската амбасада во земјава вечерва ја организира традиционалната Австриска вечер на која ќе настапи музичкиот состав „Арпеџо“ од Виена.

dobivaj vesti na viber

Концертот на класична музика ќе се одржи во црквата „Света Софија“ со почеток во 21 часот, а на репертоарот ќе бидат дела за виолина, виола, виолончело и харфа. Ќе настапат Леонард Фурда, прва виолина, докажан виолинист и член на Виенскиот камерен оркестар.

Втората виолина е Јохана Лакроа, слободен уметник која настапува како солист, но и со Камерната опера во Виена, со барокни ансамбли и различни камерни формации.

Публиката ќе има можност да ужива и во музицирањето на виолистот Ентони Гилберт од Мемфис, Тенеси. Од 2020 година живее во Виена и редовно настапува како член на Виенскиот камерен оркестар.

Со овој музички состав ќе настапи и виолончелистката Мара Ахлајтнер која досега има остварено бројни турнеи во Јапонија и во Европа со Оркестарот на виенскиот бал, а редовно настапува со Виенскиот камерен оркестар и Ансамблот „Контрапункт“ во престижните Музикферајн и Концертхаус во Виена.

Вечерва ќе свири и словенечката харфистка Тина Жердин која е дел од оркестарот на Виенската академија, на Виенскиот камерен оркестар како на Австро-унгарската „Хајдн Филхармонија“ и на оркестарот „Синхрон“. Често е ангажирана и во Виенската опера како и во други виенски оркестри. Како солист и камерен музичар Тина Жердин е активна најмногу во Австрија и Словенија, но и во други земји во Европа и Азија.

Прикажи повеќе...

Култура

Вечерва на Охридско лето изложбата „Калиопе“

Објавено пред

Фестивалот „Охридско лето“ и Австриската амбасада во земјава денеска организираат изложба со наслов „Калиопе – Жените во општеството, културата и науката“.

dobivaj vesti na viber

Изложбата ќе биде отворена во малиот изложбен салон на Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид со почеток во 19 часот и 30 минути.

Австриското Сојузно Министерство за европски и меѓународни работи и Женскиот музеј во австриското гратче Хитисау во покраината Форарлберг ја промовираат работата и достигнувањата на жените од Австрија на секаде во светот. Оваа изложба е потсетник на тоа колку жените напредувале, но и истовремено претставува и осврт на она што се’ уште треба да се направи за да се обезбеди еднаквост.

Жените од Австрија често биле заборавани, занемарувани или маргинализирани во официјалната историја на својата земја. Оваа околност го зголемува значењето на изложбата, која е израз на заложбата да се прикажат последниве 200 години во светлина на биографиите за значајни Австријки, жени што со талентот, силата на волјата, храброста и борбеноста ѝ дале печат на својата земја и ја збогатиле. Со целосна свест за празнините, кои се делумно скандалозни, овде егземпларно ќе им се оддаде почит на нивниот живот и на нивните дела, кои сочинуваат најмалку половина од духовниот идентитет на Австрија.

На изложбата хронолошки ќе се рекапитулираат животните приказни на аристократки, уметнички, домаќинки на салони, научнички, активистки за женските права, политичарки, актерки, музичарки, режисерки и други жени. Временскиот опсег се протега од почетокот на XIX век до денес. Црвената нишка е еманципацијата на жената, со сите свои победи и порази.

Низ историјата, жените се занимавале со уметничко творештво низ различни култури, иако нивните дела често биле непризнаени или заборавени.

Тие во светот на историјата на уметноста, се претставени само во улогата на пасивни музи, нивната креативност и умешност засенети од машките колеги. Сепак, ова пасивно присуство на жените како објекти во уметничките дела на мажите ќе се промени кога храбрите жени ќе одлучат да станат активни уметнички учеснички. Со нивното присуство во уметничката сцена и преку нивните дела, за првпат се претставува светот гледан од „женска“ перспектива и се пренесуваат нивните лични искуства на платно.

Оваа промена на парадигмата е видлива и во периодот на првите македонски академски уметници, каде жените пионерки имаа значајна улога во формирањето на траекторијата на современата македонска ликовна уметност. Катја Ефтимова, Кераца Николова, Лена Стефанова и Борка Аврамова стојат како примери на ова трансформативно движење. Со преминувањето на постoечките граници во свет доминиран од мажи, тие се етаблираат како пионери на современата македонска уметничка сцена.

Група жени визионерки ги користеа своите четки за сликање како инструменти за промена, надминувајќи ги општествените бариери и создавајќи простор за себе во уметничкиот свет доминиран од мажи. Нивното пионерско присуство не само што го трансформираше уметничкиот пејзаж, туку служеше и како покана за други жени уметнички да се приклучат на движењето, засилувајќи го уметничкиот диверзитет во македонската современа уметност.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

Маж се удави во Дојранското Езеро, од чамец скокнал во водата, пливал кратко и исчезнал

Претпладнево, во 10.10 часот, во СВР Струмица било пријавено дека во Дојранското Езеро се удавил маж. Лицето скокнало во водата...

Македонија2 часа

Претседателката кај пожарите на Серта: Кога ќе престанат огновите, веднаш да го препрочитаме Законот за управување со кризите

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова бара веднаш да се препрочита Законот за управување со кризите и целосно преиспитување на организацијата внатре, со...

Македонија3 часа

И пет минути да се намали чекањето на Табановце е добро за транспортерите, Муратовска реагира зошто има две контроли од полицијата место една

Транспортерите, кои стојат заглавени на граничниот премин Табановце по пет-шест часа, денес добија уште едно ветување за скратување на времето...

Топ4 часа

МВР со детали за пукањето во Чаир: повреден е 31-годишник од Скопје

Вчера во 21.50 часот во СВР Скопје е пријавено дека во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“ бил донесен 31-годишниот...

Македонија6 часа

Ново пукање во Чаир, улиците станаа небезбедени за граѓаните со ВМРО-ДПМНЕ, велат од СДСМ

„Постајно се случуваат пукања и криминални пресметки и безбедносната состојба станува алармантно лоша. Сигурноста на граѓаните е во постојан ризик....

Македонија8 часа

ЦУК: Oд рани зори се гаснат пожари од земја и со воздухопловна поддршка од сите летала што се на располагање

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека во последното деноноќие имаше вкупно 24 пожари на отворено. Утрово активни се...

Култура9 часа

Европски филмови на плажа и на брод во Охрид секоја вечер до недела – „Живи и здрави“ го отвори 7. издание на „Бич филм фестивал“

Под отворено небо, филмот „Живи и Здрави“ на црногорскиот режисер, Иван Мариновиќ, синоќа го отвори седмото издание на фестивалот „Бич...

Свет9 часа

(Видео) Шеснаесет лица загинаа во пожар во трговски центар во Кина

Шеснаесет лица загинаа во пожар во стоковна куќа во југозападната кинеска провинција Сечуан, објавија државните медиуми. Синоќа кинеската државна телевизија...

Европа9 часа

(Фото) Сателитите открија системи „Панцир“ и мистериозни објекти кај резиденцијата на Путин

Сателитските снимки открија дека нов систем за противвоздушна одбрана со краток дострел штити една од резиденциите на рускиот претседател Владимир...

Регион9 часа

Мажи од такси-возило пукале кон полицајци во Србија, еден убиен: напаѓачот се бара и со хеликоптер

Синоќа имало пукање во Лозница, град на западот на Србија. Се се случило при рутинска контрола на такси возила од...

Свет10 часа

Бајден има коронавирус

Американскиот претседател Џо Бајден е позитивен на тестот на Ковид-19, потврди Белата куќа, откако тој присуствуваше на настан во Лас...

Економија20 часа

ЈПДП, ЈСП, Железници и ЕСМ Димитриевска-Кочоска вели дека направиле грабеж на државата: Обезбедени се 5,1 милијарда денари за кредити кои ги зеле, но не можат да ги вратат

Со ребалансот на буџетот новата Влада обезбеди 5,1 милијарда денари за сервисирање на кредитни обврски кон меѓународни финансиски институции во...

Македонија1 ден

Петровска: Мицкоски реши своето синче да го почасти со патување во Вашингтон, ДПМНЕ го штити со лаги

„Последното соопштение на ДПМНЕ е резултат на нивниот очаен бес како да го заштитат лидерот Мицковски од службената злоупотреба што...

Македонија1 ден

(Видео) Пожарникарите и цивилите заробени на Огражден се евакуираат со словенечки хеликоптер

Градоначалникот на Ново Село, Ѓорѓе Божинов, преку „Фејсбук“ извести дека заедно со пожарникарите и цивилите се заробени на Огражден. „Во...

Македонија1 ден

Повторно отворен граничниот премин Богородица

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека повторно е отворен граничниот премин Богородица. Граничниот премин денеска беше привремено затворен...

Економија1 ден

Економијата е во клиничка смрт, но има 5 милијарди денари за пензии и ќе се зголемат платите на администрацијата, уверува министерката за финансии

Лошата состојба во буџетот ги надминала очекувањата на новата Влада, но министерката за финансии, Гордана Димитриевска-Кочоска, уверува дека со ребалансот...

Македонија1 ден

Романскиот авион „спартан“ со водни бомби ќе го гасне пожарот на Солунска Глава

Пристигнаа романските авиони „спартан“ и „херкул“, кои ќе помогнат во гаснењето на пожарите. Директорот на Центарот за управување со кризи...

Македонија1 ден

Oбјавени имињата на предлозите за заменик-министри

Владата до Собранието ги предложи следните имиња за заменик-министри, при што целосно се комплетира владиниот тим. За заменик-министер во Министерството...

Македонија1 ден

Владата именува директори на повеќе институции

Владата, вчера, на шестата седница донесе повеќе одлуки за разрешување на досегашните и именување нови кадровски решенија, и тоа: Фејсаљ...

Свет1 ден

Бајден го откри условот за повлекување од претседателската трка

Претседателските избори во САД ќе се одржат на 5 ноември. Американскиот лидер Џозеф Бајден во интервју изјави дека ќе се...