Контакт

Култура

Краткометражниот игран филм „Шеќерни луѓе“ на филмскиот фестивал Tous Courts во Франција

Објавено пред

Краткометражниот игран филм „Шеќерни луѓе“ во режија на Сузана Диневски – „Сузи Кју продукција“ ќе биде прикажан в среда. на 30 ноември 2022 годин.а во 16:30 часот и петок, 2 декември 2022 година, во 14 часот во меѓународната селекција на 40-тото издание на филмскиот фестивалот Tous Courts во Екс-ан-Прованс, Франција.

dobivaj vesti na viber

Веќе 40 години фестивалот е во потрага по филмови што го прикажуваат богатството и различноста на меѓународната продукција на кратки филмови. Целта на фестивалот е да им даде простор на креативноста и слободата, да ја зачува културната разновидност, да дозволи краткиот филм да се врати во кината, да придонесе за појава на нови таленти и да ѝ даде на публиката уметничко задоволство во повторно откривање на богатствата на кратките филмови. Преку своите бројни програми, фестивалот прикажува повеќе од 200 филмови, како современи нови дела, но и од етаблирани автори. Постојано барајќи нови хоризонти, овогодишното издание ветува уште еден збогатен и решителен нов состав.

Краткометражниот игран филм „Шеќерни луѓе ”, кој е реализиран со поддршка на Агенцијата за филм и „Сузи Кју продукција“, досега има освоено 6 награди на различни меѓународни фестивали за краткометражни филмови и е во селекција на уште 16 меѓународни филмски фестивали во САД, Канада, Франција, Германија, Албанија, Италија, Парагвај, Турција, Романија и Аргентина.

Главните улоги ги играат Сара Климоска и Филип Трајковиќ, сценариото е на Владимир Јанковски и Сузана Диневски, директори на фотографија се Димитар Попов и Дејан Димески, монтажата е на Гоце Кралевски, дизајнер на постерот е Коста Лазаревски, трејлерот е изработен од Горан Вуќиќ, тонски дизајнер е Дарко Спасовски и музиката компонирана за филмот е на Дуке Бојаџиев.

Култура

Љутков: Во наредниот период Охрид ќе стане центар со 365 денови културен туризам

Објавено пред

Министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, со в. д. директорот на Заводот и музеј – Охрид, Горан Патчев, направи увид во состојбата на Музејот на вода во Охрид, и со жалење констатира дека целиот музејски комплекс изгледа прилично запуштено и неодржувано, а тоа е потврда дека бил целосно заборавен во изминатите години.

dobivaj vesti na viber

Најавувајќи брза реакција за санација, министерот Љутков истакна дека во наредниот период Охрид ќе стане центар со 365 денови културен туризам.

„Ќе развиеме програма со многу културни и едукативни содржини и ќе го промовираме Охрид како Сесловенски духовен културен центар“, изјави министерот Љутков при денешната посета на Музејот на вода, кој е еден од најатрактивните и најпосетени локалитети во Охрид, каде што се спојува убавината на природата со нашето културно наследство.

Тој потенцираше дека за почеток ќе се обезбеди доекипирање и подобри услови за работа на вработените, со цел нормално функционирање на музејскиот комплекс, потоа ќе се изврши реконструкција и модернизација на оштетениот систем за наводнување кој во моментов не е во функција.

„Ќе се преземат и активности за повторно ставање во употреба на терасата пред музејската зграда, со што би се овозможил пријатен престој на посетителите и уживање во глетката кон наколната населба“, изјави министерот за култура и туризам, истакнувајќи дека санацијата на комплексот ќе продолжи и следната година, кога ќе се изврши санација на платформата на наколната населба и на покривите од колибите, со што ќе се овозможи овој уникатен музеј да си го врати стариот сјај.

Прикажи повеќе...

Култура

Со спектакуларен настап на светски познатиот виолинист, Џулијан Рахлин, и Македонската филхармонија отворен е фестивалот „Охридско лето“

Објавено пред

Литванскиот виолинист со светско реноме Џулијан Рахлин и Македонската филхармонија вчеравечер на Античкиот театар приредија незаборавна вечер за публиката на „Охридско лето“ отворајќи го 64. фестивалско издание.

dobivaj vesti na viber

Претседателката на државава Гордана Сиљановска -Давкова која е и покровител на фестивалот, прогласувајќи го за отворен, рече дека градот Охрид, покрај тоа што е природен споменик, пред повеќе од шеесет години, токму со раѓањето на фестивалот доби и културен споменик.

-Сведоци сме на богата програмска историја, плејада врвни уметници, бројни заслужени плакети за разбирање и соработка, дружење со посветени мисионери на културата. Колку ли национални уметнички вечери се одржале, колку ли музички и театарски кариери се крунисале? Колку ли слушатели и гледачи се израдувале? Колку ли срца се скршиле? Колку ли френетични аплаузи одекнувале, потсети претседателката Сиљановска-Давкова.

 

Уметноста, додаде претседателката Сиљановска-Давкова, е близначка на духовната слобода.

– Во музиката и во играта се вградени личната и колективната тага и радост, стремежот и надежта. Тука се изворот и причината за нашата страст кон пеењето и играњето. Уметноста е трезор на индивидуалната, но и на колективната меморија, влог во сегашноста, но и во иднината, рече Сиљановска-Давкова.

Министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, истакна дека една од главните карактеристики на модерното општество е неговатата идентификација преку културата и токму затоа, како што појасни, трајните вредности и посветената грижа за нив, претставуваат врвен интерес на новата влада и на министерството за култура и туризам.

-Овој фестивал претставува временска верига на високи уметнички вредности што се создаваат овде и само овде, во древниот Охрид. Тој како никое друго место на светот, умее да ја собере небесната амброзија на човечката мисла, што ги оживува вековите и нѐ поведува по патеките што единствено ја откриваат суштината на постоењето и иднината на вечната уметност. Убеден сум, дека и годинава заеднички ќе посведочиме настани, кои пред македонската публика, ќе ги принесат највредните дарови: од умешноста на зборот да се искова бесмртност, од музичкиот израз да се долови вонвременоста, а на сцената да се одигра вечната игра на животот. Градот Охрид и фестивалот „Охридско лето“, беа и остануваат епицентар на македонската култура во кој децении наназад се испреплетуваат илјадници културни збиднувања и настани.Тие се најдобра потврда за нашиот чекор со актуелните европски и светски трендови, кои подразбираат континуитет на квалитетна продукција и интензивна творечка енергија која уметниците ја разменуваат со публиката, истакна министерот за култура и туризам Зоран Љутков.

Уметничката порака годинава од сцената на Античкиот театар ја пренесе Владимир Костов, еден од најпознатите и најдобрите македонски виолинисти кој нагласи дека фестивалот „Охридско лето“ повеќе од шест децении ја рефлектира вечната борба за промоција на вистински вредности преку деликатен избор на најдобрите уметници кои на древните сцени во Охрид, секоја година го реинкарнираат духот на уметноста во неговата највозвишена форма.

-Креативност не значи да бидеш различен, ниту комплексен. Креативност значи да бидеш едноставен како Бах, восхитувачки едноставен во лавиринтот на комплексната звучна полифонија. Справувајќи се со комплексноста на современиот свет, да не ја заборавиме важноста на уметноста во нашите животи. Да ги поддржуваме и славиме уметниците, да инвестираме во уметничката едукацијата и да бидеме сигурни дека уметноста ќе остане длабоко интегрирана во нашето општество.Токму затоа е важно да ја препознаеме нејзината сила и да ја поттикнеме преку цврсто изграден систем на вредности да ја шири својата есенција, да едуцира, да создава здрав звучен амбиент кој ќе му пркоси на шундот и кичот, порача виолинистот Костов.

 

Шеесет и четвртото „Охридско лето“, по традиција беше отворено со интонирање на фестивалската химна напишана од композиторот Томислав Зографски и со палење на фестивалскиот оган.

До 20. август, љубителите на културата ќе уживаат во 36 уметнички настани, од кои 25 од областа на класичната музика, шест извонредни театарски претстави, едно стенд-ап шоу, и по една изложба и промоција на книга. Роденденскиот концерт годинава му е отстапен на салса ансамблот „Меркадонегро“, а во дополнителната програмата ќе настапи македонскиот виртуоз на гитара со светско реноме, Влатко Стефановски.

Прикажи повеќе...

Култура

На конкурсот за годишни награди на Друштвото на писателите пријавени вкупно 35 дела

Објавено пред

На конкурсот за годишни награди на ДПМ за 2023 година пријавени се вкупно 35 дела.

dobivaj vesti na viber

За наградата „Стале Попов“ за најдобро прозно дело во 2023 г. пријавени се 14 дела:

• „Ѕиркачи“ (кратки прози) од Даниела Андоновска-Трајковска, издание на „Ми-Ан“
• „Не кажувам“ (роман) од Петар Андоновски, издание на „Полица“
• „Мина“ (роман) од Игор Анѓелков, издание на „Или-или“
• „Параглајдери меѓу гулабите“ (роман) од Јован Дамјановски, издание на „Дијалог“
• „Единствен матичен број“ (роман) од Лидија Димковска, издание на „Три“
• „Во трка за животот“ (роман) од Петре Димовски, издание на „Дијалог“
• „Увозникот на бели ноќи“ (повест) од Трајче Кацаров, издание на „Матица“
• „Ако се родат некакви чувства“ (роман) од Блаже Миневски, издание на „Матица“
• „Заборав“ (роман) од Томислав Османли, издание на „ВиГ Зеница“
• „Сè уште можам нешто да сторам“ (роман) од Фросина Пармаковска, издание на „Или-или“
• „Полиглот“ (роман) од Игор Станојоски, издание на „Муза“
• „Топлица“ (роман) од Добре Тодоровски, самиздат
• „Вонземјанки“ (раскази) од Влада Урошевиќ, издание на „Или-или“
• „Туѓинци и браќа“ (роман) од Ивица Челиковиќ, издание на „Паблишер“

За наградата „Ацо Шопов“ за најдобра збирка поезија во 2023 г. пријавени се 7 дела:

• „Коњски житија“ од Зоран Анчевски, издание на „Арс ламина“
• „Ден-година“ од Тихомир Јанчовски, самиздат
• „Умоверзум“ од Фима Клетникова, издание на „Макавеј“
• „Други далечини“ од Сашо Огненовски, издание на „ПНВ публикации“
• „За сите времиња“ од Братислав Ташковски, издание на „ПНВ публикации“
• „На врв на јазикот“ од Катица Ќулавкова, издание на „Арс ламина“
• „Поинаков сон“ од Ивица Челиковиќ, издание на „Караманови средби“

За наградата „Ванчо Николески“ за најдобра книга за деца и млади пријавени се 6 дела:

• „На крилјата на самовилското коњче“ од Александра Велинова, издание на „Едука Мак“
• „Луѓето и змејовите“ од Владо Јаневски, издание на „Арс ламина“
• „Палавковците Влатко и Емче“ од Владо Јаневски, издание на „Стрип квадрат“.
• „Бајки на нишалки“ од Ели Маказлиева, издание на „Едука Мак“
• „Рокчето“ од Никола Маџиров, издание на „Арс ламина“
• „Земјата на заборавените сказни“ од Билјана С. Црвенковска, издание на „Чудна шума“

За наградата „Димитар Митрев“ на најдобра книга критика и есеистика пријавени се 8 дела:

• „Од онаа страна на небиднината“ од Иван Антоновски, издание на „Дијалог“
• „Просто и строго – Конески“ од Иван Антоновски, издание на „Матица“
• „Вертикали на македонската книжевност“ од Љубинка Донева, издание на „Восток“
• „Птици во аквариум“ од Лидија Капушевска-Дракулевска и Влада Урошевиќ, издание на „Полица“
• „Аспекти на македонскиот книжевен хронотоп“ од Мирјана Стојановска, издание на Битолски книжевен круг
• „Тажен и прекрасен свет“ од Дејан Трајкоски, издание на „Прозарт“
• „Живот во ролни“ од Горан Тренчовски, самиздат
• „Два опита (Конески и Старделов)“ од Ивица Џепароски, издание на Филозовски факултет

Имајќи ја предвид потребата дел од делото да биде преведен на македонски јазик, УО го продолжи, до крајот на месец јули 2024, рокот за достава на пријави за наградата „Мост“, која се доделува за дела напишани и објавени или двојазично, или на некој од јазиците на националностите.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет1 час

Бајден: Се молам за Трамп и неговото семејство

Американскиот претседател Џо Бајден изјави дека е „благодарен“ што неговиот ривал Доналд Трамп е безбеден по пукањето на митинг во...

Свет1 час

(Видео) Пукање на митингот на Трамп, поранешниот претседател изнесен раскрвавен, двајца мртви

На митингот на Доналд Трамп во Пенсилванија одекнаа истрели, објави Си-ен-ен. Поранешниот претседател и веројатен републикански претседателски кандидат во ноември...

Македонија6 часа

За само 12 дена во Македонија имало 173 поголеми пожари на отворено

За само за 12 дена, од почетокот на месец јули имало вкупно 173 пожари на отворен простор од пошироки размери....

Топ9 часа

40-годишникот им дал да пијат лекови во комбинација со алкохол – детали за случајот со децата кои завршија на Токсикологија

Скопското обвинителство донесе наредба за спроведување истрага против 40-годишниот Д.Ѓ. во чијашто куќа беа најдени четворицата малолетници, од кои две...

Македонија16 часа

Стабилна е состојбата на тинејџерите кои беа најдени без свест во куќа во Скопје, користеле психотропни супстанци

Стабилна е состојбата на четворицата малолетници кои беа најдени без свет и со повреди по телото во куќа во Скопје....

Култура17 часа

Со спектакуларен настап на светски познатиот виолинист, Џулијан Рахлин, и Македонската филхармонија отворен е фестивалот „Охридско лето“

Литванскиот виолинист со светско реноме Џулијан Рахлин и Македонската филхармонија вчеравечер на Античкиот театар приредија незаборавна вечер за публиката на...

Македонија17 часа

Патничка јавно и’ се заблагодари на Македонка која и’ го спасила животот на пат кон Грција: „Застана со автомобилот и ми пружи прва помош“

„Сакам јавно да се заблагодарам на една исклучителна личност која ми го спаси животот во моментот кога ми требаше итна...

Македонија18 часа

(Видео) Со „ер тракторите“ ќе се гаснат пожарите кај Серта и бугарската граница, цела ноќ пожарникарите се бореа со огнот кај Неготино

Три ер трактори ќе полетаат во 10.00 кон пожарот на Серта а околу 15.00 ќе се упатат кон пожарот на...

Македонија19 часа

Семејство тврди дека нивното бебе било тепано на Педијатрија, Таравари најавува одговорност ако е вистина

Семејството на тримесечно бебе тврди дека детето било тепано на Клиниката за педијатрија. Министерот за здравство, Арбен Таравари изјави дека...

Македонија1 ден

Не бил киднапиран, ниту се самозапалил: полицијата го расчисти случајот со наводно киднапирање и самозапалување на момче од Скопје

СВР Скопје го расчисти кривично правниот настан за кој на 04.07.2024 околу 00.30 часот беше пријавено дека во индустриска зона...

Топ1 ден

(Видео) Тешка несреќа кај Хиподром

Тешка сообраќајна несреќа се случи попладнево на излезот од Скопје, кај Хиподром. Автомобилот е речиси смачкан и се наоѓа покрај...

Македонија1 ден

Само три жени во Владата на Мицкоски значат итна потреба од субвенции за повеќе сервиси за чистење, готвење и пеглање

Владата на Христијан Мицкоски, со само три министерки, ја врати земјата децении наназад во напорите за родово изедначување. Активистите за...

Македонија2 дена

Се укинува балансерот – министерот Минчев вели дека имало злоупотреби во минатото

Укинување на балансерот најави министерот за јавна администрација, Горан Минчев, соопштувајќи дека оваа дигитална алатка во минатото била предмет на...

Македонија2 дена

Марија Срцева ќе раководи со ТОАРИЛУЦ, Берат Лена со Нефрологија во Струга, именувани нови медицински директори

Министерството за здравство информира дека министерот, д-р Арбен Таравари, денеска именува нови в.д. медицински директори на неколку јавни здравствени установи...

Македонија2 дена

(Видео) Кривична против Иљази, ја оштетила Токсикологија за речиси 660 илјади денари

Денеска, Одделот за сузбивање организиран и сериозен криминал, Единица за корупција, во соработка со Одделот за криминалистичка полиција, поднесе кривична...

Македонија2 дена

Мицотакис ги информирал колегите од НАТО дека Мицкоски дома не употребува Северна, во Вашингтон бил примерен

Грчкиот премиер Киријакос Мицотакис за време на прес-конференција за грчките медиуми на самитот на НАТО во Вашингтон рече дека премиерот...

Македонија2 дена

(Видео) Лажна кампања на платформи за тргување со криптовалути, граѓаните да не отвораат сомнителни линкови

Секторот за компјутерски криминал алармира за зачестена појава, каде што непознати лица преку социјалните мрежи или преку своите приватни имејл-адреси...

Македонија2 дена

Таравари: На пет најдобри студенти од медицинските факултети, веднаш по дипломирањето, ќе им биде понудено вработување во државните болници

На пет најдобри студенти од медицинските факултети во Скопје, Тетово и од Штип, веднаш по дипломирањето, ќе им биде понудено...

Македонија2 дена

Средба Муцунски – Сијарто: Унгарија како претседавач со ЕУ ќе направи напори за забрзување на процесот на проширување на Унијата

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, оствари средба со унгарскиот колега, Петер Сијарто, во рамки на НАТО...

Македонија2 дена

ДУИ: Го поддржуваме зголемувањето на минималната плата на 450 евра

Демократската унија за интеграција во целиот период додека управуваше со државата докажа дека го поддржува зголемувањето на платите на работниците,...