Контакт

Актуелно

(Видео) Лилиќ за Беличанец: Бескрајно талентирана, ѕвер од актер и ангел од човек

Објавено пред

Бескрајно талентирана, ѕвер од човек. Многу те сакаме сите. И кога не беше на некои претстави, постојано те споменувавме, со овие зборови актерот Дејан Лилиќ се прости од својата колешка Билјана Беличанец, која почина во неделата.

„Биле моја, кога дојде од Прилеп во Драмскиот театар, јас те пречекав на оваа сцена. Игравме заедно во ‘Заводникот од западниот свет’. Еве, Биле, сега јас прв те испраќам од оваа сцена. Не е фер оти требаше уште долго да работиме. Билјана, ти никогаш нема да бидеш во минато време, туку овде присутна во сегашно време. Оние што добро те познаваат, Биле, знаат дека си огромен човек, со огромно срце и душа, за себе и сите нас. Несебично ни помагаше и на сцената и во приватниот живот. Кажав еднаш и ќе кажам пак. Никогаш не играше и не глумеше на сцена, ти живееше овде. Бескрајно талентирана, ѕвер од актер и ангел од човек. Многу те сакаме сите. Секогаш ќе биде присутна. Нека ти е лесна земја, Бог да те прости и вечна ти слава. Твоето име нема никогаш да згасне“, рече Лилиќ.

На почетокот на комеморацијата се емитуваа инсерти од претстави во кои глумеше и Беличанец.

Актуелно

Музичка бајка со оркестарот на Филхармонија и американската виолинистка Естер Ју

Објавено пред

„Бајка“ е насловен концертот кој оркестарот на Филхармонија ќе го одржи на 20 февруари, а на кој како солистка ќе настапи исклучителната американска виолинистка Естер Ју.

Диригент на оркестарот ќе биде Чарлс Оливиери Мунро од Малта, а на програмата се Концертот за виолина и оркестар од Глазунов, симфониската поема „Кампот на Валенштајн“ од Сметана и симфониската суита „Бајка“ од Сук.

Естер Ју го привлече вниманието на музичката јавност во 2010 година кога стана најмлада добитничка на интернационалниот виолински натпревар „Сибелиус“. Во 2012 година беше една од најмладите лауреати на натпреварот „Кралица Елизабета“. Од 2014 до 2016 беше „Уметник на новата генерација“ на Би-би-си и првиот резидент уметник во Кралскиот филхармониски оркестар.

Критиката ја опишува нејзината изведба како неверојатно моќна и драматична.

За диригентот Чарлс Оливиери Мунро критиката пишува дека е неверојатен спој на талент и харизма и дека поседува исклучителна музичка подготвеност.

Билетите се веќе достапни и можат да се набават на билетарницата на Филхармонијата или да се купат онлајн на www.filharmonija.mk

 

 

 

Прикажи повеќе...

Актуелно

Еден од најмоќните светски рок-бендови „Пласибо“ со настап во Скопје на 25 јуни

Објавено пред

„Пласибо“ доаѓа во Скопје на возобновениот рок-настан „Скопје гори фестивал 20.20“, со ексклузивно шоу во регионот.

„Како во моментов звучи во живо еден од најмоќните светски рок-бендови, публиката од Македонија и од регионот ќе може да види и да слушне на 25  јуни на стадионот на АРМ во Скопје“, се вели во најавата за настанот.

Организаторите истакнуваат дека задоволство е што „Пласибо“ на својата мапа ги ставиле и Скопје и Македонија, доколку се има предвид дека летово тие ќе настапат на големи фестивали како Rock Werchter во Белгија, BBK и Madcool во Шпанија, Park Live во Русија итн.

Бендот „Пласибо“ е основан во 1994 година и досега има продадено повеќе од 12 милиони албуми. Со нивниот специфичен звук кој претставува фузија на глам-рок и готик-поп жанровите, како и по уникатниот имиџ на пејачот Брајан Молко, „Пласибо“ доби статус на апсолутен миленик на алтернативната рок-популација, а меѓу нивните бројни обожаватели се вбројуваше и легендарниот Дејвид Боуви.

Влезниците за настанот ќе бидат пуштени во продажба утре (петок) во 9 часот наутро по цена од 1.500 денари за партер и 1.990 денари за фан-питот, за каде се предвидени вкупно 1.000 места.

Истите ќе може да се набавите исклучиво во Avalon music & ticket store во ГТЦ, продажните места во мрежата на „Авалон“ низ земјава и онлајн на avalon.mk.

АРМ стадионот ќе биде адаптиран на капацитет од 6.000 посетители, а специјалните гости на „Пласибо“ ќе бидат дополнително објавени.

 

 

Прикажи повеќе...

Актуелно

Во деновите на љубовта балетот „Самсон и Далила“ во НОБ

Објавено пред

Националната опера и балет ќе ја изведе балетската претстава „Самсон и Далила“, на музика на Камиј Сен-Санс, в сабота, 15 февруари, со почеток во 20 часот.

„Во деновите на љубовта Националната опера и балет ве кани да уживате во приказната што на сцената ги носи страста, заведувањето, предавството и смртта. Библиска приказна, која ја обработува вечната борба помеѓу доброто и злото“, стои во најавата за претставата.

Претставата е во кореографија на Роналд Савковиќ (Хрватска), додека во главните улоги ќе настапат: Александра Мијалкова и Васил Чичијашвили (Грузија).

Во улогата на Крв: Саша Евтимова, Месо: Ендру Кук (Англија), Церемонијал мајстор: Мирослав Митрашиновиќ и Смрт: Олга Панго.

Билетите се во продажба на билетарницата на Националната опера и балет и онлајн.

 

Прикажи повеќе...

Најново

Топ18 минути

Тешко повреден градежен работник кој паднал во длабока дупка

Тешко повреден 52-годишен градежен работник од Скопје бил донесен вчера во Градската општа болница„Св. Наум Охридски“, откако паднал во дупка...

Топ5 часа

Пронајдени 47 мигранти во камион кај Струмица

Четириесет и седум мигрнати биле пронајдени во паркиран камион кај Струмица, возачот на возилото избегал. Вчера околу 21 часот на...

Европа6 часа

(Видео) Археолозите со неверојатно откритие – пронајдена гробницата на Ромул во Рим

Италијанските археолози соопштија дека во центарот на Рим откриле древна гробница која речиси сигурно е посветена на основачот на Рим,...

Топ6 часа

Приведени двајца дилери на дрога во Неготино

Полицијата поднесе кривична пријава против А.Т.(42) од Неготино и М.А.(29) од село Корешница, демиркаписко за неовластено производство и пуштање во...

Европа7 часа

Прва жртва на коронавирусот во Европа, почина пациент во Италија

Пациент заразен со коронавирус во градот Падова, на северот на Италија, почина, со што стана прва жртва на вирусот во...

Свет7 часа

СЗО: Земјите мора да дејствуваат брзо пред да биде предоцна

Шансите за сузбивање на ширењето на епидемијата на коронавирусот во светот се намалени, предупреди Светската здравствена организација (СЗО), нагласувајќи дека...

Топ22 часа

(Видео) Сеопфатното сексуaлно образование ќе превенира и скандали како „Јавна соба“

Порнографските материјали на малолетници дистрибуирани преку групата „Јавна соба“ на апликацијата „Телеграм“, бременост кај малолетнички, насилство базирано кон оние со...

Македонија24 часа

Спасовски: Владата разгледува две можни решенија за надминување на кризата со пасошите

Владата разгледува две можни решенија за надминување на пасошката криза, односно „Веридос“ што е можно побрзо да ги испорача обрасцирте...

Македонија1 ден

(Видео) Коалиција Села – Гаши: Ќе го победиме Ахмети, ние стоиме на зборот за разлика од ДУИ

Под мотото „Држава за сите“, Алијанса за Албанците на Зијадин Села и Алтернатива на Африм Гаши ќе настапат заедно на...

Македонија1 ден

Мицкоски: Идната коалиција ќе биде на база на програма, а не на победник со победник

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарски прашања најави дека доколку ВМРО-ДПМНЕ победи на изборите, тоа не мора да...

Економија1 ден

Запленети 113 килограми тутун и 415 кутии цигари во Скопје и Тетово

Царинската управа во соработка со Државниот пазарен инспекторат, денеска во две акции во Скопје и Тетово заплени 113 килограми тутун...

Топ1 ден

Шверцери на мигранти признаа вина, условно се казнети и ќе бидат протерани од земјава

По поднесен обвинителен акт од страна на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција за предметот во кој...

Македонија1 ден

(Видео) Падна пресуда за „Змиско око“ – четворица вработени на патарините починале за време на историското судење

По 13 години низ судските лавиринти, денеска падна првостепената пресуда за веќе историскиот случај „Змиско око“. Претходно, во два наврата...

Македонија1 ден

Работниците од Кина што влегоа во државата немаат коронавирус, но ќе поминат 14 дена во карантин

Двете лица од Кина, кои се работно ангажирани од кинеската компанија „Синохидро“, а кои вчера пристигнаа во државата, немаат симптоми...

Македонија1 ден

(Видео) Русковска: Адвокатите на обвинетите за организирање на 27 април предлагаат по 300 сведоци

Шефицата на Основното јавно обвинителство за организиран криминал, Вилма Русковска, по денешното рочиште за судење на организаторите на 27 април,...

Македонија1 ден

Судење за „Монструм“: Ахмети имал информации дека момчињата не биле само убиени, туку масакрирани

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, го почна своето денешно сведочење во случајот „Монструм“ претставувајќи се како пратеник. „За овој грозоморен...

Забава1 ден

Ѓоковиќ објави екстремен предизвик на „Инстаграм“

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ објави нов предизвик на „Инстаграм“ по капењето во ледена река.   View this post on Instagram...

Свет1 ден

Дуња Мијатовиќ е против екстрадицијата на Асанж во САД

Основачот на „Викиликс“, Џулијан Асанж, не треба да биде екстрадиран во САД затоа што тоа би имало ужасен ефект врз...

Регион1 ден

Јамајка демантира дека го признала Косово

Министерката за надворешни работи на Јамајка, Камина Џонсон Смит, ја демантира изјавата на косовскиот претседател Хашим Тачи дека државата ја признала...

Свет1 ден

Нови 889 случаи на заразени од коронавирус во Кина

Во Кина се забележани 889 новопотврдени случаи на заразени од коронавирус и 118 починати. Од смртните случаи, 115 се во...

Досие