Контакт

Книги

Објавен „Домот во кој…“, роман за деца со посебни можности

Објавено пред

 

Издавачката куќа „Антолог“ од Скопје неодамна го објави романот „Домот во кој…“ од руско-ерменската писателка Маријам Петросјан, нејзино прво и засега единствено дело, кое го пишувала цели 18 години.

Преводот на македонски е на Ѓорѓи Крстевски.

Едно момче ќе биде одведено во дом за деца со посебни потреби. Наеднаш пред него ќе се отвори сосем нов свет со сопствени ликови и правила на однесување, толку различни од „обичниот“ свет. Децата се доведени таму од своите родители и заборавени. Сепак, нивната детска фантазија и игри не може никој да им ги одземе. Сите тие имаат впечатливи прекари и карактери. Не сме сигурни дали Лорд навистина потекнува од благородничко семејство, но Слепиот навистина е слеп, а Сфинга е мудар. Тутунот не е лошо дете, но сака да заработи на туѓа сметка. А тука е и таинствената појава на детето со прекар Македонски.

Домот е многу повеќе од дом за деца со посебни потреби, тоа е еден засебен универзум, а штитениците на домот не се лица со посебни потреби – не, тоа се лица со посебни можности!

Романот многумина го споредуваат со „Хари Потер“, а според критиката „Петросјан им докажува на читателите дека постои магија во нивните животи“.

Книгата е објавена со поддршка на Институтот за книжевни преводи на Русија.

Маријам Петросјан (1969) е руска писателка со ерменско потекло. Родена е во Ереван, каде што работела во филмското студио „Ерменфилм“. Нејзиниот прв роман, „Домот во кој…“ станал бестселер уште со појавувањето во 2009 година, а таа ја освоила книжевната награда „Руска премија“, која им се доделува на автори што пишуваат на руски јазик./крај/со/бб



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Книги

Oбјавена книгата „За македонскиот јазик и философијата“ од академик Витомир Митевски – клучно дело за македонистиката

Објавено пред

Објавена е првата авторска книга со студии за македонскиот јазик и философијата, со акцент на македонската терминологија.

„Матица македонска“ објави едно од клучните дела со коишто го одбележува својот 35-годишен јубилеј – книгата „За македонскиот јазик и философијата“ од академик Витомир Митевски, потпретседател на Македонската академија на науките и уметностите. Ова дело е резултат на долгогодишното истражување на Митевски, посветено на оваа проблематика, со повеќестран приод кон јазикот како изразно средство во различни области, а во прв ред како медиум за изразување на апстрактни содржини.

– Ова дело на акад. Витомир Митевски претставува значаен прилог во нашата наука и култура, особено поради иновативните решенија во повеќе области, оценува во рецензијата, академик Ѓорѓи Поп Атанасов.

Еден дел од трудовите во книгата „За македонскиот јазик и философијата“ ја иследуваат генезата на македнската апстрактна терминологија која води кон нејзините корени во кирилометодиевската традиција. Бројните примери на преводи од грчки на теолошки и философски дела низ вековите покажуваат дека македонскиот јазик постапно се изградувал на тој план со што се подготвувал за завршната фраза на кодификација како модерен книжевен јазик на кој може да се изразат најсложените идеи од различни области. Како што укажува Митевски, сведоци за тоа посебно се објавените преводи кои се појавија во последниве три децении.

Некои од текстовите во книгата се посветени на поединечните философски поими кои нашле свој соодветен терминолошки израз. Тука во прв ред е обработен поимот на философијата во духот на кирилометодиевската традиција, а одделно се расправа и за посебните термини како што се: философија, доблест, благовремие итн. Се истражуваат и употребата и значењето на традиционалните епитети во епската поезија кои го изразуваат односот кон светот на другите како и проблемот на именувањето на земјите и народите кој претставува одраз на односот на народите едни спрема други. Посебно место во изданието зазема истражувањето на крупните поими од античката философија како што се душата, љубовта, светот и други, а исто така и нивниот јазичен израз во македонскиот јазик.

Со оглед на фудаменталното место на македонскиот јазик во истражувањата коишто резултираат со оваа, најнова книга на академик Витомир Митевски, но и со темелитиот, иновативен пристап во нив, „За македонскиот јазик и философијата“, веќе се издвојува како една од клучните публикации за македонистиката во овој период. Со своите над триесет книги, Митевски е еден од македонските филозофи со најголем научен опус, а со неговата посветеност на македонистичките теми, вклучително и долгогодишната посветеност на творештвото на Григор Прличев, меѓу нашите современици филозофи, тој има остварено и најголем влог во македонистиката.

По повод својот јубилеј, 35 години постоење, „Маица македонска“ најавува дека ќе бидат објавени голем број клучни дела од македонски автори.

Прикажи повеќе...

Книги

Единаесет романи во конкуренција за наградата „Роман на годината“

Објавено пред

Единаесет романи останаа во конкуренција за наградата „Роман на годината“ што ја доделува Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“.

Жири комисијата во состав Калина Малеска (минатогодишна лауреатка и претседателка на жирито), Иван Антоновски, Ивана Трајаноска, Иван Шопов и Катерина Богоева (претставничка на Фондацијата), во втората селекција ги одбраа 11-те романи што остануваат во трката за оваа престижна награда.

На годинашниот конкурс пристигнаа 46 романи. Во првата селекција беа одбрани 22 наслова.

Според пропозициите, насловот на наградениот роман и името на авторот ќе бидат соопштени на прес-конференција на 13 март што ќе се одржи во просториите на Друштвото на писателите на Македонија во Скопје.

Наградата, чиј генерален покровител е Комерцијална банка АД Скопје, а исто така е поддржана и од Министерството за култура и туризам на Република Северна Македонија, годинава се доделува 27-ми пат. Таа се состои од плакета, уникатна статуетка и паричен износ од 150.000 денари.

Минатата година наградата ја доби романот „Светот што го избрав“ на Калина Малеска, во издание на издавачката куќа „Или – или“.

Прикажи повеќе...

Книги

„Матица“ ја заокружува иницијативата „Подари книга, подари свет“ со голема донација за Македонците во Албанија

Објавено пред

Со голема донација од книги за Македонците во Албанија, издавачката куќа „Матица македонска“ денеска ќе ја заокружи иницијативата „Подари книга, подари свет“ по повод Меѓународниот ден на дарувањето книги и во рамките на чествувањето на 35-годишнината од нејзиното основање.

-Клучни книги за македонската историја, студии за македонскиот јазик, избрани дела од дел од најзначајните македонски поети и прозаисти, дела од и за македонската книжевна историја, монографски изданија за македонската култура и антологии се само дел од донацијата на „Матица македонска“ за Македонското друштво „Илинден“ од Тирана. Друштвото е формирано во 2009 година со цел да се заштити македонското национално малцинство во Република Албанија и е првото друштво на Македонци надвор од матичната држава што е рамноправен член со право на глас во Федералната унија на европските националности (ФУЕН). Донацијата од „Матица македонска“ е најголемиот и највреден дар од книги на македонски јазик што досега е даден за Македонците во Албанија, соопшти „Матица“.

Издавачката куќа информира дека Македонско друштво „Илинден“ – Тирана упатува искрена благодарност за вредната донација со македонска литература.

-Оваа значајна иницијатива претставува силна поддршка и дополнителен поттик за зачувување, негување и афирмација на македонскиот јазик, култура и идентитет меѓу Македонците во Република Албанија. Со вакви дела на солидарност и соработка се зацврстуваат културните врски и се создаваат нови можности за понатамошна поддршка и заеднички активности. Гестот и заложбата на првата издавачка куќа во самостојна Македонија, Македонците од Албанија, вклучително и младите генерации да имаат можност да читаат и да се едуцираат на македонски јазик од вредни дела, притоа осознавајќи многу за македонскиот идентитет, е од суштинско значење за нас и за остварување на нашата цел, истакнува претседателот на Македонското друштво „Илинден“ од Тирана, Никола Ѓурѓај.

Во соопштението е наведено дека донацијата од „Матица македонска“ содржи изданија што ќе можат да ги опфатат сите предели каде што живее македонското национално малцинство во Албанија и каде што Македонкото друштво „Илинден“ има активности, вклучително и преку органокот во Голо Брдо.

-Оваа акција на првата издавачка куќа во самостојна Македонија се случува во клучен период на предизвици за македонското национално малцинство во Албанија, а непосредно откако Македонското друштво „Илинден“, на 6 февруари, одбележа 17 години постоење, соопшти издавачката куќа.

Во текот на изминатите недели, во рамките на иницијативата „Подари книга, подари свет“, „Матица македонска“ донираше книги и за Друштвото на иселениците од Македонија „Егемакгоч“ во Измир, Турција,  за училиште во Света Недела, Хрватска, каде што се изучува македонскиот јазик, како и за Катедрата за македонски јазик и книжевност на Филолозофскиот факултет при Универзитетот во Љубљана

-Во ова Друштво, покрај иселеници Турци, кои иако отселени во 1957 година сѐ уште со гордост го зборуваат македонскиот јазик, членуваат и нивните потомци – до најмладите генерации родени таму во 21 век, коишто имаат желба да го научат и да зборуваат, читаат и пишуваат на јазикот на земјата од којашто потекнуваат – македонскиот, и љубовта кон него и кон Македонија да се пренесува од генерација на генерација. Само еден ден откако беше објавено дека во уште едно училиште во Хрватска, во градот Света Недела во близина на Самобор, ќе се изучуваат македонскиот јазик и култура, веќе се случи првата донација од Македонија за училиштето. „Матица македонска“ испрати голема донација од книги во Хрватска, за учениците што ќе го учат предметот Македонски јазик и култура во Света Недела. На Меѓународниот ден на мајчиниот јазик, заедно со „Алкалоид“, „Матица македонска’ донираше капитални дела за македонистиката на Катедрата за македонски јазик и книжевност на Филолозофскиот факултет при Универзитетот во Љубљана – првиот македонистички центар на универзитет надвор од Македонија. Во пресрет на јубилејот 65 години од отворањето на првиот лекторат по македонски јазик во светот, оваа донација е и првата поддршка во ваков формат упатена од Македонија до љубљанската македонистичка катедра по овој повод, соопшти „Матица македонска“.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет20 минути

Првата хуманитарна помош од почетокот на војната пристигна во Иран

Првата пратка медицински материјали за спасување животи и друга помош пристигна во Иран, првпат од почетокот на војната, објави денес...

Свет53 минути

(Видео) Инцидент во полскиот парламент, пратеник го покажа израелското знаме со свастика

Пратеникот од крајната десница Конрад Беркович предизвика инцидент во полскиот парламент кога покажа израелско знаме за време на својот говор...

Свет1 час

Трамп: Европските лидери би сакале да ја решат војната во Иран, но едноставно не знаат како

САД нема да се вратат во Пакистан за идните мировни преговори со Иран, изјави претседателот Доналд Трамп денес за „Њујорк...

Македонија2 часа

СДСМ: Би сакале ЗНМ да реагира и кога претседател на партија се споредува со убиец на деца

Би сакале ЗНМ да реагира и кога претседател на партија се споредува со убиец на деца, реагира СДСМ на соопштението...

Свет2 часа

Цените на нафтата паднаа под 96 долари

Цените на нафтата паднаа под 96 долари на меѓународните пазари денес, бидејќи инвеститорите беа уверени од сигналите за нова рунда...

Свет2 часа

Американска војска: Ниту еден брод не ја проби нашата блокада во Ормутскиот теснец

Американската војска тврди дека во првите 24 часа од почетокот на поморската блокада на Ормутскиот теснец, ниту еден брод не...

Свет2 часа

Шефот на Мосад: Опериравме во срцето на Техеран, но мисијата продолжува

Израелската разузнавачка агенција Мосад работеше „во срцето на Техеран“ за време на неодамнешната заедничка американско-израелска кампања против Иран, изјави директорот...

Македонија2 часа

Утре претежно облачно време со повремени локални врнежи од дожд

Времето утре ќе биде претежно облачно со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен...

Македонија2 часа

Хоџа: Усвоен Планот за управување со јагулата, важен чекор за зачувување на нашето природно наследство

Заменик-министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Албрим Хоџа, соопшти дека на денешната седница на Владата е усвоен Планот за управување...