Контакт

Актуелно

Почина рок легендата Чак Бери

Објавено пред


Легендарниот американски музичар Чак Бери почина во саботата на 90-годишна возраст, соопшти Управата на полицијата на округот Сент Чарлс, во сојузната држава Мисури, каде што живееше овој легендарен пејач, гитарист и автор на многу хитови.

Музичарот паднал во бесознание во својот дом, но точната причина за смртта засега е непозната.

„Полицијата на округот Сент Чарлс одговори на повик за помош на адреса на улицата Бакнер роуд во 12,40 часот (18,40 часот по македонско време). Првиот службеник кој дошол на местото затекнал маж кој не давал знаци на живот. За жал, обидите за реанимација биле безуспешни, смртта настапила во 13.26 часот“, прецизираше полицијата.

„Полицијата на дистриктот Сент Чарлс со тага ја потврдува смртта на Чарлс Едвард Андерсон Бери постариот, попознат како легендарниот музичар Чак Бери“, се наведува уште во полициското соопштение и притоа се бара да се почитува правото на приватност на семејството и блиските на музичката легенда.

Чарлс Едвард Андерсон Бери е роден во Сент Луис (Мисури) на 18-ти октомври, 1926 година. Тој почнал да покажува интерес за музиката уште од рана возраст во основното училиште учејќи да свири џез гитара. Во 1940-те години Бери не успеал да се здобие со повисоко образование, бидејќи бил осуден на затворска казна под обвинение за вооружен грабеж. По неговото ослободување, тој се оженил и се вработил во една фабрика за автомобили, свирејќи во вечерните часови во мали клубови.

Пресвртниот момент во неговиот живот и кариера се одиграл во 1955 година, кога заминал во Чикаго, каде што се запознал со значајната личност во светот на блузот Мади Вотерс, кој му предложил да го запознае со Леонард Чес, основачот на сега веќе непостоечката дискографска компанија „Chess Records“. Како резултат на таа соработка снимен е синглот „Maybellene“ продаден во над милион примероци, заземајќи го првото место на топ-листата на магазинот Billboard, во категоријата ритам-и-блуз. Кон крајот на 1950-те години, гитаристот, вокалист и композитор веќе го достигнал статусот на ѕвезда. Автор е на голем број рок класици од тој период, како „Sweet Little Sixteen“, „School Days“ и„Мy Ding a Ling”.

Музичарот кој поради подвижноста и брзото движење на нозете го добива прекарот „Луди нозе“, во овој период ги снима „Thirty Days“, „No money down“ и „Roll Over Beethoven“ (1956.), а потоа ги ниже хитовите „School Days“ и „Rock and Roll Music“ (1957), „Sweet Little Sixteen“, „Carol“ и „Johnny B. Goode“  1958), „Little Queenie“, „Memphis Tennessee“  и „Back in the USA“ (1959). На крајот 1950-те постигнува планетарен успех, а благодарејќи на едноставните и општочовечките теми на своите песни: забавата, љубовта, автомобилите, училиштето, станува херој на белата младина опиена од рокот.

На почетокот од следната деценија, неговата карира тргнала по надолна патека. Во 1961 година Чак Бери добил уште една затворска казна, две години минува во затвор поради врски со проституција, неговите плочи се продавале сé послабо, во 1970-те години веќе го сметале за веќе истрошен музичар. Но истовремено, музичките гиганти од другата страна на океанот како The Beatles, The Rolling Stones, Status Quo и Uriah Heep, кога тој минува тежок период, ги преземаат неговите музички стандарди, и редовно ги снимаат и исполнуваат на концертите своите верзии на делата на мајсторот. А манирите на славниот Американец за движење на сцената ги прифати лидерот на австралискиот бенд AC/DC, Ангус Јанг.

Чак Бери е еден од првите музичари чиешто име е овековеченово со Куќата на славните на рокенролот, отворена во Кливледн, во Охајо, во 1986 година. Покрај тоа, нему му припаѓа и признанието од колегите во „освојувањето на космичкото пространство. Имено во 1977 година САД во Вселената испратија две меѓупланетарни сонди „Voyager“ на кои се позлатени дисови со дијаметар од 30 см, фонографска капсула со игла за репродукција. Тие носачи содржат фото и аудио информации, коишто според замислите, траба да го запознаат потенцијалните вонземни цивилизации со нашата. Покрај различните звуци, како шепот на мајка и плач на бебе, гласови од птици и животни, кратки поздрави на неколку десетици јазици, снимени се и народни музики и најпознатите дела ба светската музичка култура. Меѓу нив е и хитот на Чак Бери од 1950-те „ Johnny B. Goode”.“

Боб Дилан го нарекуваше Чак Бери „Шекспир на рокенролот“, а Џон Ленон еднаш изјавил дека „доколку сакате на рокенролот да му дадете друго име, можете да го викате Чак Бери“. По веста за неговата смрт, Брис Спрингстин, кој добро го познавал, напиша на Twitter: „Чак Бери беше најголемиот рокер, гитарист и најголемиот текстописец на најдобриот рокенрол кој некогаш живеел“.

Според магазинот Rolling Stone, нумерата „Johnny B. Goode е најдобрата гитарска композиција на сите времиња. Чак Бери е лауреат на наградата Греми за особен придонес во развојот на музиката и музичката индрустрија.

На својот 90-ти роденден ја изненади јавноста најавувајќи го излегувањето на новиот албум, првиот по речиси 40 години. Албумот со едноставен наслов „Чак“ е снимен во студијата во близина на Сент Луис и треба да се појави оваа година. /крај/мф/сн



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Условите за користење.

Актуелно

Почнува втората фаза на изградба и внатрешно уредување на Турскиот театар

Објавено пред

Од

Министерот за култура, Роберт Алаѓозовски, денеска оствари средба со делегација на Генералниот директорат на државните театри на Република Турција, по што заедно со генералниот директор, Мустафа Курт, и министерот без ресор во Владата на Република Македонија, Аднан Ќахил, го посетија објектот на Турскиот театар, којшто влегува во втора фаза на внатрешно уредување и техничко опремување.

Како што информираат од владината прес-служба, при посетата на објектот на Турскиот театар, министерот Алаѓозовски ги информирал новинарите за преземените чекори за надминување на застојот во изградбата на објектот.

„Продолжуваме со нашата политика на одглавување на капиталните проекти. Како што ги одглавивме Тетовскиот театар, зградата на Албанскиот театар и Македонската филхармонија, ова е уште еден објект кој треба да го ставиме во функција. Интерес на Министерството за култура е да се работи брзо и во добра динамика за да може Турскиот театар да ги добие своите квалитетни услови за работа, но истовремено сите работи врз објектот да бидат изведени врз база на прецизни договори и квалитетно вградување на сите потребни материјали за што ќе разговараме со нашите пријатели од Турција. Сè уште расплеткуваме неколку ситуации околу плаќањата, дали правилно се исплатени одредени фактури, дали одредени барања дадени на суд се исправни, објективни. Се надеваме дека во многу скоро време и тоа ќе го расчистиме за да можеме за втората фаза да стартуваме со чиста ситуација“, истакна Алаѓозовски.

Министерот задолжен за странски инвестиции во Владата на РМ, Аднан Ќахил, посочи повеќе проблеми кои влијаеле на застојот на изградбата на театарот за време на претходната власт, која, според него, намерно ја оставила турската заедница на маргините на капиталните инвестиции во културата и културниот живот воопшто.

„Тоа можеше и требаше да се направи порано. Во минатата Влада, Турците беа ставени на маргините на настаните. Тие три години т.е. од 2008 година можеа не вакви театри, туку цел град да изградат, но не изградија. Дваесет илјади метри квадратни со една подземна катна гаража кажува дека дилетантски е работено. Секој кој испитувал геолошки знаел дека тука има подземни води“, рече Ќахил и праша зошто баш тука каде има подземни води почнала изградбата.

Тој најави дека со одлука на Владата и разговор со турската страна ќе има соодветна динамика за изградба и соодветна опременост на Турскиот театар. Според него, тоа го заслужува турскиот народ во Македонија, кој е оставен на забот на времето. Инаку, втората фаза на внатрешно уредување и техничко опремување на Турскиот театар ќе се реализира во соработка со Генералниот директорат на државните театри на Република Турција.

Прикажи повеќе...

Актуелно

Германско обвинителство дозволи да се игра претставата „Мојата борба“

Објавено пред

Од

Обвинителството во германскиот град Констанц, во име на уметничката слобода, одби да забрани изведба на сатиричната претстава „Мојата борба“, во текот на која е предвидено делење кукести крстови и жолти ѕвезди. Театарот вети бесплатен влез за сите оние што на ракавите ќе носат ленти со кукест крст на премиерата на 20 април, датумот на раѓањето на Хитлер.

На оние што ќе купат билети, предложено им е да носат Давидова ѕвеза додека се во театарот во знак на солидарност на жртвите на нацизмот. Нацистичките симболи се забранети во Германија, а од театарот навеле дека на овој начин сакааат да покажат колку е лесно луѓето да се корумпираат.

Претставата „Мојата борба“ е црна комедија на Унгарецот Георг Табори од 1987 година и се однесува на програмскиот памфлет што го напишал Хитлер кога бил во затвор пред да ја презеде власта.

Германско-израелското друштво во Констанц и Друштвото за еврејско-христијанска соработка побарале бојкот на претставата.

Прикажи повеќе...

Актуелно

Пролетно издание на филмскиот фестивал „Скопје синема сити“

Објавено пред

Од

Овој петок и сабота, 20 и 21 април, во Кинотеката на Македонија филмскиот фестивал за музички документарни филмови „Скопје синема сити“ ќе го организира пролетното издание на фестивалот . За време на овој филмски викенд ќе бидат прикажани четири документарни филма од домашна и странска продукција.

В петок во 20 часот ќе биде прикажан „Џеф Бакли: Сите тука те посакуваат“, а во 21.30 – „1959 -Годината што го промени џезот“.

В сабота во 20 часот ќе биде прикажан „Телма докубенд: ‘Суперхикс’“, во режија на Јордан Дуков, а влезот ќе биде слободен. Во 21.30 часот ќе биде прикажан „Девојката од Ипанема: Бразил, боса нова и плажата“.

Билетите ќе чинат 100 денари, освен за филмот за „Суперхикс“.

 

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија6 часа

ЕЛЕМ: Децата на Грчев и Џафери се ангажирани оти имаа исклучителни биографии

По вработувањето на Димитар Грчев, син на архитектот Мирослав Грчев, и Бесијана Џафери, ќерка на собранискиот спикер Талат Џафери, од ЕЛЕМ за „Макфакс“...

Македонија9 часа

Мицкоски појадуваше со Могерини – „Постои сомнеж дека власта е вмешана во криминал“

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денеска оствари работен појадок со високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Федерика Могерини,...

Македонија10 часа

Судењето за „Насилство во Центар“ одложено за 1 јуни

Судењето за предметот „Насилство во Центар“ е прекинато и одложено за 1 јуни поради неможноста на претседателот на кривичниот суд,...

Регион11 час

Харадинај побара од Хан визна либерализација за Косово

Косовскиот премиер, Рамуш Харадинај, побара од Европскиот комесар за проширување и добрососедство, Јоханес Хан, да ја вклучи Приштина во европскиот...

Македонија11 час

Могерини: Да се продлабочат реформите за да има позитивни вести во јуни

Високата претставничка на Европската Унија за надворешна политика, Федерика Могерини, во обраќањето пред пратениците во Собранието забележа дека треба да...

Македонија11 час

Кривична пријава за основките што претепаа соученичка во Неготино

Полицијата поднесе кривична пријава за насилство против трите ученички во основното училиште „Гоце Делчев“ во Неготино, кои истепаа своја соученичка....

Свет11 час

Трамп: Никој не е поостар од мене кон Русија

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека никоја не е остар кон Русија како што е тој и порача дека на...

Македонија1 ден

(Фото) Премиерите од Западен Балкан вечераа во Скопје

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, и високата претставничка за надворешни работи и безбедносна политика на ЕУ и...

Македонија1 ден

(Видео) Могерини: Може да славите половина ден, а потоа да се вратите на работа

Се вративте назад на патеката. Може да славите половина ден, а потоа да се вратите на работа. Ова го порача високата...

Македонија1 ден

(Видео) Заев: Препораката со години беше условена поради кризата и назадувањето со реформите

Македонските граѓани заслужуваат да бидат дел од Европската Унија, порача претседателот на Владата, Зоран Заев, на заедничката прес-конференција со високата...

Македонија1 ден

(Видео) ВМРО-ДПМНЕ: Позитивниот извештај од Европската комисија не е новина

„Корупцијата останува распространета во многу области и продолжува да претставува сериозен проблем. Политичкото мешање останува ризик“. „Се крие опсегот на...

Македонија1 ден

(Видео) Ахмети: Јас не сум препродавач на Бит-пазар за да давам или земам министерства

Јас не сум препродавач на Бит-пазар за да давам или земам министерства, вели Али Ахмети, одговарајќи на прашање дали ќе...

Македонија1 ден

На Јанкулоска ќе ѝ се суди одвоено за „Тенк“ поради потврдата за ризична бременост

На поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, ќе ѝ се суди одвоено за случајот „Тенк“, кој се однесува на...

Свет1 ден

Директорот на ЦИА се сретнал со Ким Џонг-ун

Директорот на ЦИА, Мајк Помпео, отпатувал за Пјонгјанг на таен состанок со севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун, пренесуваат американските медиуми. Според...

Македонија1 ден

(Видео) Заев: Датум за почеток на преговорите во јуни е нашата следна цел

Безусловната препорака од Европската комисија е мотив за следната цел, а тоа е одлука за почеток на преговорите со Европската...

Македонија1 ден

Уапсен Фејзи Азири обвинет во случајот „Монструм”

Фејзи Азири, кој е еден од обвинетите во случајот „Монструм“, вчера бил пронајден и уапсен со правосилна судска пресуда за...

Македонија1 ден

(Видео) Хан: Македонија се врати на европскиот пат, но има уште многу да се работи

Македонија се врати на европскиот пат, но има уште многу да се работи, изјави еврокомесарот Јоханес Хан на заедничката прес-конференција...

Македонија1 ден

Во кривичниот суд продолжуваат судењата за „Тенк“ и „Тарифа“

Во кривичниот суд денеска се очекува да продолжат судењата за предметите „Тенк“ и „Тарифа“ на специјалното јавно обвинителство. Во денешното...

Македонија2 дена

Откриени 38 мигранти во комбе кај тунелите кај Демир Капија

Триесет и осум мигранти биле откриени вчера на регионалниот пат Гевгелија-Скопје во товарно моторно возило „форд транзит“ во близина на базата...

Македонија2 дена

Хан и Могерини денеска во Скопје

Денеска во официјална посета на Република Македонија пристигнува делегација на Европската Унија предводена од комесарот за европска соседска политика и...

Досие